In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Предуслови за барање на Божјата љубов – Нова година за Тахрик е џедид програмата

„Вие никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате; а што и да трошите вие, Аллах тоа сигурно добро го знае.“

(3:93)

Секој верник сака да ја стекне божјата близина со правење добро и Бог во напред спомнатиот ајет го свртува вниманието на верниците на тоа дека ако сакате да правите добро за да го барате Божјото задоволство тогаш запомнете дека правењето добро бара жртвување. Жртвување на тоа што човекот го сака, од што има придобивки, што му донесува удобност, што во неговите очи за неговите деца е извор на подобра иднина. Човекот отсекогаш го сакал својот имот и Бог рекол дека златото, среброто, имотот, посевите и овоштарниците на човекот му се драги и тој со тоа се чувствува горд.

Во ова време технологијата не само што го собрала светот заедно туку, исто така, со распространетиот финансиски систем на технологијата го олеснила порастот на личните желби без оглед на тоа дали поединецот има обилни средства или не. Овие желби ја досегнале точката до треска: да се има пристап кон секој луксузен предмет во светот; ова посебно е изразено во развиениот свет. Ако, чувај Боже, ситуацијата во развиениот свет се влоши или се соочат со војна, луѓето овде ќе бидат во незамислива состојба. Ова е случајна забелешка.

Луѓето кои живеат во сиромашен и неразвиен свет или во земјите во развој исто така се запознаени со овие придобивки и, ако ги оставиме на страна сиромашните желбата на луѓето од средната класа е да се дојде до тој луксуз. Материјализмот е на својата највисока точка. Во таква средина, жртвувањето на желбите и на удобноста нормалната световна личност ќе го смета за феномен и за застарено мислење. И, помагањето на сиромашните и давањето во добротворни цели ќе се смета за бесмислено, бидејќи, зошто човекот да го троши она што му е драго и со тоа да ги скратува сопствените желби поради некој друг или поради верата.

Светот не знае дека дури и во ова време и доба постојат луѓе кои се стремат кон Ал Бир (богобојазливоста) и кои постојано се во движење за да им бидат од корист на другите. Тие настојуваат да прават добро кое ги втемелува високите стандарди на жртвување на животот и имотот, се со цел да ја шират религија и доброта, што во нив ја зголемува послушноста и тие не го гледаат тоа што им е нај драго, тие само гледаат да му бидат послушни на Бог. Голем дел од светот не знае кои се тие луѓе. Навистина, тоа се луѓе кои му се придружиле на вистинскиот и верен поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и придружувајќи му се нему ја стекнале проникливоста во постигањето на она што навистина значи побожност. За да ја досегнат побожноста тие настојувале да ја бараат светлината и упатството од овие сјајни столбови на светлината кои директно ја барале добрината на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Кога ајетот: „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“ бил објавен, асхаб хазрети Абу Талхар р.а., кој бил богат граѓанин на Медина и бил сопственик на многу овоштарници на урми, понудил да го даде својот најубав овоштарник кој многу го сакал и кој бил блиску до џамијата на Пратеникот, а кој Чесниот Пратеник с.а.в.с. често го посетувал. Тој на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му рекол дека овој овоштарник е негов најубав дел од имотот и тој сака да го даде на Божјиот пат. Такви светли ѕвезди биле асхабите и Ветениот Месија а.с. многу пати ги истакнувал нивните примери и ни ги разоткрил учења на Чесниот Кур‘ан во кои ни се пренесува проникливоста во стекнувањето на побожноста и степените на жртвување. Тој рекол дека е неопходно да го следиме примерот на асхабите.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Никој не може да тврди дека правиме добро со трошењето на она што е бескорисно и невредно. Влезот кон побожноста е тесен и затоа бидете внимателни бидејќи никој не може да влезе преку трошењето на она што е бескорисно бидејќи смислата е: „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“ Доколку не го трошите она што ви е најдраго и најдрагоцено, не можете да го стекнете нивото на омилените и драгите. Како ќе бидете успешни ако не сакате да поднесете болка и не сакате да ја прифатите вистинска побожност? Дали асхабите својата положба ја постигнале бесплатно? Се поднесуваат многу трошоци и тешкотии за да се постигнат световни титули, за да се добие обично звање кое не може да ни даде мир и спокој на умот. Тогаш размислете: дали титулата Радиаллахуанху – ’Нека Аллах биде задоволен со нив‘, која донесува внатрешен мир и спокој и знак е на Благородниот Господар, ќе биде постигната само така. Факт е дека задоволство на Возвишениот Бог, кој е извор на вистинска среќа, не може да се постигне доколку не се издржи привремената болка. Благословени се оние кои, за да го стекнат Божјото задоволство, не се грижат за болката затоа што верникот го наоѓа светлото на вечната среќа и удобност по привремената болка.“

(извештај од Џалса Салана 1897, стр.79)

Ветениот Месија а.с. исто така рекол:

„Човекот има голема љубов кон својот имот. Затоа, толкувањето на соништата вели дека ако некој види како го вади својот црн дроб и го дава некому тоа значи имот/посед. Од таа причина во поглед на вистинска преданост на Бог и стекнување на вера е кажано: „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“

Ова е поради тоа што голем дел на сочувство и на сожалување кон Божјото создавање е нужно и го бара трошењето на имотот затоа што сочувството кон луѓето и кон Божјото создавање е важен елемент на верата без кое верата не може да биде потполна и не може да биде всадена. Човекот не може да му биде од корист на другиот доколку не направи жртва. За жртвата е неопходно да се биде од корист на другиот и да му се покаже сочувство. Ајетот: „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“ поучува и упатува кон таквото жртвување. Според тоа, трошењето на имотот на патот на Возвишениот Аллах е стандард и е ознака на висината на човековата доброта и богобојазливост. Овој стандард и ознака на висината на преданоста на Бог во животот на Абу Бакр р.а. била кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. спомнал некакво барање и тој донел и дал се што имал во куќата.

(Ал Хаким, том 4/30, стр. 4, 24 август 1900)

Заедницата која Ветениот Месија а.с. ја создал не ги само слушнала овие зборови за да потоа го сврти вниманието на друга страна. Всушност, тие ги втемелиле стандардите на жртвувањето.

Ветениот Месија а.с. многу пати зборувал за тоа. Тој еднаш рекол:

„Јас гледам стотици луѓе во нашиот Џемаат кои одвај можат да си дозволат облека и одвај можат да си дозволат по едно облекло. Тие немаат никаков имот но нивната неограничена искреност, преданост, љубов и верност предизвикуваат изненадување и запрепастеност.“

Тој исто така рекол:

„Напредокот и промената кои се наоѓаат во нашиот Џемаат не можат да се најдат на ниту едно друго место.“

Дали оваа искреност ја снемало во текот на времето? Сигурно не. Денес се тука мажи, жени и деца во Џемаатот на Ветениот Месија а.с. кои се надминуваат во искреноста. И тоа не е случај на неколку места или на некои посебни места. Всушност, Ахмади муслиманите раширени секаде во светот се тие кои ја имаат вистинската проникливост. „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“ Меѓу нив се и долгогодишните, и новите Ахмади муслимани, дури и оние кои Ахмадијатот го прифатиле пред неколку месеци чии приоритети биле световни но сега тие се подготвени она што им е драго да го жртвуваат поради верата. Оваа револуционерна промена во ова доба ја направил Ветениот Месија а.с. чии зборови денес се покажале вистинити и во исполнувањето изненадувачки. Подолу се некои од примерите за ова.

Нашиот мисионер од Сиера Леоне пишува  дека една слепа жена ветила дека ќе даде 2000 леони за Тахрик е џедид. Таа била загрижена дека поради нејзиниот инвалидитет нејзиниот приход не бил голем и ѝ било тешко да го исполни ветениот износ но сепак таа ветила и сакала да го плати. Размислувала да земе заем од сестрата која не била ахмад но таа ја одбила бидејќи сметала дека нема да биде во состојба да го врати. Кога тие отишле да го земаат придонесот од оваа жена таа ги прашала дали можат да дојдат друг пат. Се зафатила со довите. Еден ден додека седела пред куќата видела како поминува непознат човек. Го повикала и му рекла дека има облека која ја употребувала за покривање на главата и го молела да ја купи од неа за 2000 леони. Вредноста на облеката била 10 000 до 15 000 леони, и човекот ја прашал зошто ја продава толку евтино. Таа му кажала дека тој износ треба да го плати за Тахрик е џедид. Човекот ја купил облеката а потоа и ја вратил.

Мисионерот на должност во Рајастхан, Индија, отишол во обиколка. Се сретнал со еден болен Ахмад кој имал 65 години и немал редовен приход туку работел само по 100 дена во годината како работник во владата. Неговата жена оди да работи за да му помогне на семејството. Кога го прашале за финансиското жртвување тој ветил 1050 рупии. Знаејќи ја неговата финансиска ситуација го прашале зошто ветува толкав износ и му предложиле да задржи дел од парите. Кога го слушнал тоа заплакал и рекол дека штедел пари поради Аллах и правел дови за да биде со добро здравје за да може да даде повеќе.

Амир сахиб од Бенин пишува, кога еден долгогодишен Ахмад муслиман бил потсетен за својот придонес за Тахрик е џедид дошол во мисионерската куќа и рекол дека цела недела не јадел и плачел цела ноќ бидејќи немал пари да даде. Платил мал износ на придонес а тие за возврат му дале нешто пари како помош. Тој ги вратил сите 10 000 франци кои му биле дадени и рекол дека тој износ го должел за својата редовна членарина и затоа сега го дава.

Во Индија е спомнато значењето на Тахрик е џедид  на худба во петок како во вој поглед се постапувало на повикот на зборот на хазрети Муслех Мауд р.а. По ова локална претседателка на Лаѓна ги дала своите тешки златни нараквици за Тахрик е џедад.

Националниот секретар за Тахрик е џедид во Германија пишува дека по присуствувањето на семинарот за Тахрик е џедид еден Ахмад како придонес го донел накитот на својата жена. Рекол, кога од семинарот се вратиле дома и кажал на жената дека ќе даде ветување и ја прашал што таа ветила. Неговата жена одговорила дека во склад со: „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“, таа сака да го даде својот накит и го дала својот венчален накит.

Амир сахиб на Лахор пишува дека една жена ветила придонес за Тахрик е џедад но кога и бил побаран додатен придонес таа ја донела својата кутија со накит и рекла дека целата нејзина содржина треба да биде дадена на Божјиот пат. Извадила тешка златна нараквица и ја дала за Тахрик е џедид.

Нашиот мисионер пишува дека еден човек во областа на Мали му рекол на нашиот маулам (учител) како на радиото ја слушнал хутбата на хазрети Халифа-тул Месих и дека дошол да ја плати членарината. Нашиот маулам му го навал ајетот: „Никако нема да постигнете добрина се додека не трошите од она што го сакате…“, и овој човек бил изненаден и рекол дека на радиото го слушнал истиот ајет на хутба во петок. Рекол дека на почетокот размислувал да даде 5 000 франци но шејтанот го завел и тогаш помислил да даде 2 000. Меѓутоа, откако го слушнал истиот ајет бил уверен дека ова е Божјиот систем и дал 5 000 франци.

Еден човек од Конго рекол дека е земјоделец и дека одгледува зеленчук. Тој порано давал малечок придонес но, откако почнал да дава повеќе неговите посеви имале многу поголем придонес и му станало јасно значењето на давањето. Рекол дека тоа му го сменило животот.

Една госпоѓа од Конго вели дека исто така и таа се занимава со земјоделие и дека сега почнала да дава придонес во времето на секоја жетва. Таа искусила дека давањето на членарината го удвојува нејзиниот принос.

Нашиот мисионер од Конго пишува дека еден Ахмад ветил 2 000 франци за Тахрик е џедид иако кога ветил не бил вработен. Недела дена подоцна нашол работа и сега работи како раководител во својата професија и редовно ја плаќа членарината и вели дека сето тоа е поради благословот на членарината.

Помошникот на директорот за финансии во Кадијана пишува дека еден Ахмад од Керала Џемаатот телефонски рекол дека кога хазрети Халифа-тул Месих ја најавил нова година за Тахрик е џедид спомнал како великодушно давале сиромашни луѓе од Африка.  Рекол, бидејќи може да си дозволи, ќе го зголеми своето ветување од 200 000 рупии на 500 000 рупии. Додека го давал ветувањето станал многу емотивен и му пишал и на Хузур како прави дови за да биде во состојба да го исполни ветувањето. Подоцна, кога помошникот за финансии го сретнал тој му рекол дека го платил својот придонес и дека неговата работа толку се зголемила што му станало тешко да се носи со тоа.

Инспекторот за Тахрик е џедид на Карнатак пишува дека во одговорот на зборовите на Муслех Мауд р.а. еден кхадим од Гулберг Џемаатот ја ветил едномесечната заработка од околу 73 000 рупии. Меѓутоа, кога дошло време да плати тој дал извонредно поголем износ од 100 511 рупии. После тоа Бог му покажал чудо: човекот кој му должел огромна  сума на пари и кој ѝ наспроти постојаното потсетување не плаќал, поради што овој кхадим изгубил секаква надеж дека ќе му биде платено, наеднаш се појавил и извинувајќи се го вратил целиот износ.

Еден Узбек, нов Ахмад, вели дека долго време живеел во Москва и секогаш знаел колкав ќе биде неговиот придонес. Меѓутоа, откако го дал баи‘атот и почнал да ја плаќа членарината неговиот приход толку се зголемил што оваа година заработил толку колку што не заработил во последните 13 години. Тој искрено верува дека тоа е поради благословот за трошењето на Божјиот пат.

Еден Ахмад на нашиот маулам во едно село во Буркина Фаса рекол дека сакал да направи аџилак но немал пари. Му било советувано редовно да ја плаќа членарината и дека Бог лично ќе  му ги овозможи средствата за аџилак. Овој човек почнал редовно да дава придонеси. Пред некое време известил дека Бог му ја исполнил желбата да направи аџилак. Тој сега не само што е редовен во плаќањето на членарината туку исто така и го направил аџилакот.

Претседателот од Буркина Фасо рекол дека некој човек имал финансиски тешкотии и поради тоа не можел да започне проект кој сакал да го работи. Се случило да присуствувал на Џалса Салана во Буркина Фасо каде слушнал за заслугите на финансиското давање. Одлучил дека кога ќе се врати дома ќе почне да ги плаќа придонесите. По враќањето веднаш го платил целиот долг за членарина и ветил дека ќе биде редовен и во иднина ќе плаќа на време. Поминало месец дена кога сите неговите тешкотии почнале да се решаваат и со Божја милост тој бил во состојба да го заврши својот проект. Сето тоа се случило поради благословот на членарината.

Амир сахиб од Канада пишува дека пред неколку години еден Ахмад имал загуба на работа од некои 250 000 долари. Му било советувано да биде редовен во својата задолжителна членарина бидејќи тоа ќе ја благослови неговата заработка. Тој почнал да ја плаќа задолжителната членарина. По некое време го прочитал говорот на хазрети Муслех Мауд р.а. за тоа дека Тахрик е џедид придонесот треба да биде платен на почетокот на годината. Последните три години тој на почетокот на годината го плаќал Тахрик е џедид. Со Божјата милост тој го платил целиот долг и неговата финансиска ситуација почнала да се подобрува.

Амир сахиб од Канада пишува дека еден Ахмад го започнал сопствениот бизнис и ветил дека ќе даде 1000 долари за Тахрик е џедид. Го советувале наредната година да вети барем 5 000 долари и да му пишува на хазрети Халифа-тул Месих дека прави дови. Кога дошло време да плати на крајот на годината рекол дека неговиот бизнис одел многу добро и дека сака и за првата година да даде 5 000 долари и дека во иднина ќе настојува износот да го зголеми.

Амир сахиб од Америка пишува дека еден Ахмад рекол како во време на тешкотиите во 1974 и 1985 година им била запалената работа во Пакистан но секој пат кога имале загуба, со посебна Божја милост Он уште повеќе ги благословува нивните средства. (Сега во Америка) Оваа година тој ветил 100 000 долари и рекол дека нивниот бизнис толку се проширил што не можеле ниту да го замислат.

Еден Ахмад од Чикаго на чекот дал придонес од 38,415.00 долари. Кога го прашале зошто токму тој одреден износ тој рекол дека дава се што имал во банка.

Ахмад од една Арапска земја дал баи‘ат во 2009 година додека неговата жена баи‘атот го дала минатата година. Финансискиот секретар пренел дека мажот и жената помеѓу себе зборувале дека Ахмадија Џемаатот на најдобар можен начин троши на Божјиот пат и затоа луѓето треба да трошат на Божјиот пат преку Џемаатот. Со Божјата милост овој пар оваа година за Тахрик е џедид дал придонес од скоро 14 000 фунти што е најголем придонес во ова подрачје.

Амир од Лондон пишува дека кога Ворчестер Парк Џемаатот молел за поголеми придонеси за да ги постигне целите, едно семејство дало се што биле заштедиле за одмор и одморот го поминале дома.

Нашиот мисионер од Уганда пишува дека еден Ахмад го потсетиле за придонесот за Тахрик е џедид. Во тоа време тој имал само еден петел и за Тахрик е џедид дал толку пари колку што била цената на петелот. Исто така кажал дека треба да ја плати школарината за децата но сепак сакал прво да плати за Тахрик е џедид.

Национален секретар на Тахрик е џедид од Америка пишува дека едно момче кое имало единаесет години заштедило пари за да купи видео игра. Хазрети Халифа-тул Месих потсетил дека момчињата во тие години се заинтересирани за видео игри и не можат да видат ништо надвор од нив. Меѓутоа, кога од ова момче било побарано за Тахрик е џедид тој ги дал стоте долари кои му биле заштедени за играта и го исполнил ветувањето дека ќе ја даде предноста на верата над световните нешта.

Нашиот мисионер од Уганда пишува дека едно момче го научил намазот и сега го предводи намазот и џума намазот во својот Џемаат. Како охрабрување Амир сахиб му дал подарок кој тој го дал како придонес за Тахрик е џедид. Подоцна, ова момче поради џеназа заминал некаде. Додека бил таму било време за намаз и тој многу мелодично го проучил езан. Еден човек кога го слушнал овој езан бил толку задоволен што му дал нешто пари како подарок. Ова момче тоа исто така го дало за Тахрик е џедид. Кога тоа го виделе другите момчиња и тие биле поттикнати да платат за Тахрик е џедид и некои од нив рекле дека и ќе одат да копаат за да ги платат своите придонеси. Оваа година шест момчиња дадоа повеќе одошто ветија.

Нека Аллах продолжи да го зголемува овој дух и нека секој ја зголемува богобојазливоста.

Потоа, хазрети Халифа-тул Месих најавил почеток на нова година за Тахрик е џедид програмата и дал извештај за минатата година.

Со Божја милост ова е почеток на 82-та година за Тахрик е џедид програмата. Според извештаите кои се примени до сега вкупниот износ на придонеси за минатата година изнесува 9,217,800.00 фунти. Ова е зголемување за 147,000.00 фунти од минатата година.

Наспроти ложата ситуација Пакистан го одржа својот дух на жртвување и е прв меѓу сите земји.

После Пакистан следуваат првите десет земји за оваа година: Германија, Велика Британија, Америка, Канада, Австралија, Индија, една земја од Средниот Исток, Индонезија, Средно-Источна земја и Гана. Оваа година Швајцарија е единаесетта.

Во Германија постои голем дух во финансиското давање. Тие исто така прават жртви за многу нови џамии и насекаде ги надминуваат придонесите.

Гана оваа година ги зголеми придонесите за 60% во согласност со локалната валута.

Што се однесува до придонесите по глава Швајцарија е прва, после неа следуваат две земји од средниот исток. Америка го држи четвртото место, потоа следува Австралија, Велика Британија, Германија и Норвешка на осмото место.

Оние кои се истакнуваат во помалите Џемаати се: Сингапур, Финска, Јапонија и четири земји од Средниот Исток.

Земји кои се истакнуваат во Африка се: Гана, Нигерија, Маурициус, Буркина Фасо, Танзанија, Гамбија и Бенин.

Хазрети Халифа-тул Месих секогаш ги охрабрува членовите кои даваат придонес да го зголемат своето давање дури и ако платат симболичен износ. Со Божја милост оваа година бројот на оние кои даваат придонес се зголемил за 100.000 и сега изнесува 1,311,000. Австралија оваа година работи многу напорно во овој поглед и има 94% даватели на придонеси додека бројот на даватели на придонеси во Канада изнесува 91%. Исто така, и Индија оваа година напорно работела и иако извештајот од нив не е примен се очекува бројот на оние кои даваат придонес ќе биде со сличен процент.

И во некои земји во Африка напорно се работело на таа тема а посебно се истакнуваат следните земјите: Буркина Фасо, Конго-Бразавил, Гвинеа Конакру, Камерун, Гана, Сенегал и Јужна Африка.

Дафтер Авал има 5,927 регистри од кои 85 припаѓаат на луѓето кои лично плаќаат додека 5,842 плаќаат семејствата во име на роднините.

Следните џемаати се првите три во Пакистан: Лахоре (Lahore), Рабва (Rabwah) и Карачи (Karachi).

Исто така се истакнуваат : Исламабад (Islamabad), Мултан (Multan), Куетта (Quetta), Пешавар (Peshawar), Худерабад (Hyderabad), Мирпур Кхас (Mirpur Khas), Дера Гхази Кхан (Dera Ghazi Khan), Бахавалпур (Bahawalpur), Бахавалагар (Bahawalangar) и Јханг (Jhang).

Се истакнуваат и следните десет области: Сиалкот (Sialkot), Фаисалабад (Faisalabad), Саргодха (Sargodha), Умеркот (Umerkot), Гујранвала (Gujranwala), Гујрат (Gujrat), Тоба Тек Сингх (Toba Tek Singh), Мирпур Азад Кашмир (Mirpur Azad Kashmir), Окара (Okara), Нанкана  Сахиб (Nankana Sahib) и Сангхар (Sanghar).

Во Америка се истакнуваат: Силиконска долина (Silicon Valley), Детроит (Detroit), Лос Ангелес (Los Angeles), Сиетл (Seattle), Централна Виргинија (Central Virginia), Јорк (York) и Харисбург (Harrisburg).

Во Велика Британија на чело се петте области: Лондон А (London A), Лондон Б (London B), Мидландс (Midlands), Северен Исток (North East) и Југ (South).

Во поглед на придонеси по глава редоследот е по овие области: Исламабад (Islamabad), Мидландс (Midlands), Јужен Запад (South West), Северен Исток (North East) и Шкотска (Scotland).

Десетте големи џемаати се: Фазл Џамија (Fazl Mosque), Рајнес Парк (Raynes Park), Ворчестер Парк (Worcester Park), Њу Малден (New Malden), Гилингхам (Gillingham), Бирмингем Хам Саут (Birmingham Sout), Торнтхон Хеат (Thornton Heath), Вимблдон Парк (Wimblendon Park), Брадфорд (Bradford) и Глазгов (Glasgow).

Помеѓу помалите  џемаати се истакнуваат следните: Леамингтон Спа (Leamington Spa), Волверхамптон (Wolverhampton), Спен Долина (Spen Walley), Ковентри (Coventry) и Њукасл (Newcastle).

Што се однесува до придонесите исто така се истакнуваат и: Девон и Корнвел (Devon and Cornwel), Леамингтон Спа (Leamington Spa), Спен Долина (SpenValley), Свенси (Swanse) и Волверхамптон (Wolverhampton).

Во Канада се истакнуваат: Калгари (Calgary), Долина на Мирот (Peace Village), Торонто (Toronto), Ваугхам (Vaughan) и Ванкувер (Vancouver).

Во однос на собраните придонеси се истакнуваат: Едмонтон (Edmonton), Дурам (Durham), Јужен Саскатон (Saskatoon South), Милтон (Milton), Џорџ Таун (George Tow) и Отава Запад (Ottawa West).

Во Австралија се истакнуваат следните: Кастл Хилл (Castle Hill), Мелбурн Југ (Melburne South), Брисбејн Логан (Brisbane Logan), Брисбејн Југ (Brisbane South), Канбера (Canberra), Аделаида Југ (Adelaide South), Хамптон (Hampton), Блек Таун (Black Town), Моунт Друит (Mount Druitt) и Марсден Парк (Marsden Park).

Во Индија се истакнуваат првите десет џемаати: Керала (Kerala), Худерабад (Hyderabad), Калкут Керала (Calicut Kerala), Кадијана (Qadian), еден град во Керала (Kerala), Каннур Таун Керала (Kannur Town Kerala), Пангади Керала(Pangadi Kerala), Калкута (Calcutta), Бангалор (Bangalore), Карнатака (Karnataka) и Сулур Тамил Наду (Sulur Tamil Nadu).

Во Индија се истакнуваат и следните провинции: Керала (Kerala), Тамил Наду (Tamil Nadu), Карнатака (Karnataka), Андхра Прадеш (Andhra Pradesh), Јамму Кашмир (Jammu Kashmir), Орисса (Orissa), Пенџаб (Punjab), Бенгал (Bengal), Делхи (Delhi) и Махарасхтра (Maharashtra).

Нека Аллах продолжи да ги зголемува благословите за сите учесници!