In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Вакф-е-Џадид 2017

Денешната хутба Халифа-тул Месих V, нека Аллах биде негов Помошник, ја одржа во Баит-ул Футух џамијата во Лондон. После ташахуд и сура Ал Фатиха Хузур а.т.б.а. рече:

Личноста своето богатство на овој свет го троши за да стекне сопствено задоволство и да ги изврши своите световни работи а исто така и да дава и во добротворни цели, но во денешниот свет не постојат такви заедници или групи чии членови кои се наоѓаат во различни држави и градови низ светот и кои се собрани под една рака своето богатство го даваат да биде потрошено за добри работи. Целта за собирање на ова богатство е единствена, а тоа е да се шири Аллаховата вера и да му се помогне на човештвото.

Постои само еден џемаат кој работи таква работа. Тоа е Џемаат кој е создаден со таква цел. Тоа е Џемаатот на искрениот слуга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., нека е мир на него. Тоа е Џемаатот на Ветениот Месија а.с. кој бил одговорен да го шири исламот насекаде низ светот. Тоа е Џемаатот кој веќе 128 години своето богатство го троши на Аллаховиот пат и за добробит на човештвото. Тоа е затоа што Ветениот Месија а.с. својот Џемаат го подучил преку учењата на Чесниот Кур’ан на праведен начин на трошење на богатството и го посеал семето на финансиското жртвување на Аллаховиот пат.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Јас нагласувам редовно да трошите на Аллаховиот пат. Тоа е Аллахова наредба, бидејќи исламот во овој момент е во пропаст. Незадоволувачки е да се сфатат внатрешните и надворешните слабости кои доведуваат до тоа исламот да биде нападнат од други противнички религии.  Во таква ситуација зарем не треба да работиме на напредокот и развојот на нашата вера, исламот?“

Ова е вистинската цел поради која Аллах го создал овој Џемаат. Џемаат кој треба да работи за добробит  на сите и да ги прати Аллаховите наредби. Овие ветувања се од Аллах и секој кој троши на Аллаховиот пат Аллах богато ќе го награди на овој свет и ќе биде благословен со мирен живот на Ахирет. На тој начин сакам да ви го свртам вниманието на овие причини на трошење на своето богатство за напредок на исламот.

Вашите следбеници ги разбрале овие причини и своето богатство го трошеле на Аллаховиот пат. Ова многупати е признато и спомнато од страна на Ветениот Месија а.с.. На пример, во текот на градењето на минарето на Месијата, Ветениот Месија а.с. го спомна жртвувањето на Мунсхи Абдул Азиз Патвари и Схади Кхан велејќи:

„Помеѓу моите приврзаници има двајца многу искрени членови на Џемаатот кои своите пари ги дале поради овој повод, што преставува вистински пример за останатите членови на Џемаатот.“

Едниот од нив е Мунсхи Абдул Азиз кој бил сметководител во Гурдаспур, кој и покрај тоа што имал мали приходи понудил 100 рупии за таа цел. Сигурно му требале многу години за тој да заштеди 100 рупии. Тие двајцата се посебен пример бидејќи понудиле уште дополнителни 100 рупии кои биле наменети за други цели.

Уште една личност која покажала посебна љубов бил Миан Схади Кхан, кој се занимавал со продавање на дрва и живеел во Сиалкот. Тој веќе претходно дал 150 рупии добротворни цели а сега за градбата на минарето додал уште 200 рупии. Ако ја процениме вредноста на тоа што тој поседува од куќа и имот тоа сигурно не вредело повеќе од 50 рупии. Кхан сахиб пишувал дека поради тешката сезона и светската трговија тој бил во тешкотии поради тоа одлучил дека за него е подобро да вложи во верската трговија така да пратил сè што имал.

Исто така, Ветениот Месија а.с. во своите книги спомнал безброј други примери за оние кои дале предност на жртвувањето на своето богатство на Аллаховиот пат и кои не се грижеле многу за сопствените потреби.

Членовите на Џемаатот на Ветениот Месија а.с. се толку внесени во финансиското жртвување што тоа се следи и зајакнува од генерации на генерации. Жители на други држави кои подоцна му се приклучиле на Џемаатот после слушањето и следењето на многу инспиративни приказни и случувања од своите следбеници, и после слушањето на Аллаховите наредби биле охрабрени и покажувале лични примери кои биле изненадувачки. Освен богатите луѓе, оние кои се борат и кои се сиромашни се тие кои покажуваат најубави примери на финансиско жртвување. Тие не се грижат за тоа дали нивниот мал придонес ќе направи некоја разлика или нема да направи, но тие се оние кои ги разбираат Аллаховите наредби кои велат:

„Ако тие своето богатство го трошат само за да го бараат Аллаховото задоволство и да ги зацврстат своите души наликуваат на градина која е на високо место. Силен дожд ќе заврне на неа и таа ќе даде двојни плодови. А ако на неа не заврне силен дожд тогаш и росата е доволна. А Аллах гледа што работите вие.“

(2:266)

Овие мали жртви се како капки од роса во градините на исламот кои донесуваат многу овошје на Аллаховата милост. Ние гледаме дека и покрај тоа што сме сиромашен Џемаат работата за ширење на исламот се извршува во целиот свет. Со Аллаховата милост нашите работи се толку благословени што може да се постигнат големи цели со ограничени финансии, што дури и го изненадува светот. Тоа е затоа што луѓето кои се жртвуваат се трудат да бидат помеѓу луѓето кои се спомнати во Чесниот Кур’ан како:

„… луѓе кои го трошат своето богатство за да го добијат Аллаховото задоволство …“,

а кога целта е да се добие Аллаховото задоволство тогаш сигурно и резултатот е многу плоден. Вакви примери има и во денешниот свет и ќе спомнам некои од нив.

Живеејќи илјадници километри далеку од Кадијана девојка која го прифатила Ахмадијатот го променила начинот на размислување и развила разбирање за жртвувањето кое го преставила со свои зборови. Таа живее во Уганда и студира на факултет. Рекла дека минатиот јуни требало да купи некои работи пред да отиде на факултет но дека немала доволно пари за тоа, а било и време да даде садака. Таа сите свои пари ги дала за садака и имала цврсто верување дека Аллах сигурно ќе и помогне, и била задоволна што ги платила своите долгови за садака. После еден месец, три дена пред почетокот на факултетот, една од нејзините тетки ја повикала нејзината мајка да дознае кога ќе започне факултетот и ја поканила во својата куќа. Таа ја посетила тетка и која и дала одредена сума на пари што била многу поголема од онаа што и била потребна за да купи сè она што и било потребно за на факултет. Сумата била десет пати поголема од онаа што ја дала за садака. На тој начин Аллах ги слушнал нејзините молитви и ѝ помогнал на начин кој не го очекувала.

Ќе го спомнам и инспектор Камар-уд-Дин сахиб од Индија. Тој пишувал за една личност, од Керала Џемаатот, која се бави со вакцинирање. ’Отидов во неговата канцеларија да соберам пари за садака а човекот ми рече дека овие денови финансиската ситуација била многу тешка но сепак напиша чек со висока сума на пари. Рече дека на неговата сметка нема доволно пари но ме замоли да се молам за тој да биде во можност да исплати за садака. Следниот ден ме повика да ми каже дека примил добар износ на пари и дека го реализирал чекот. Рече дека примањето на толкава сума на пари единствено е можно поради благословите добиени од давањето на садака.‘

Ќе спомнам пример за вдовицата која живее во Танзанија. За неа пишувал локалниот Амир сахиб. Тој лично отишол кај вдовицата по име Амеена за да земе пари за садака но таа со тажно срце му рекла дека нема пари. Кажала дека доколку добие пари таа лично ќе отиде да ги расчисти своите долгови. Локалниот Амир сахиб на враќање уште и не стигнал до куќата а жената веќе дошла со десет илјади шилинзи и рекла дека кога ги добила тие пари најпрво помислила дека на прво место треба да ги реши своите долгови за садака а потоа да размислува за своите сопствени потреби. Рекла дека остатокот од износот ќе го плати веднаш кога добие други пари, со оглед на тоа дека се обврзала дека ќе плати 25.000 шилинзи. После некое време повторно дошла кај Амир сахиб и го платила остатокот од долгот. Рекла дека Аллах е многу добар. Само што десет илјади на Неговиот пат не стигнала ниту до куќата а веќе примила 35.000 шилинзи. Го платила својот долг и ѝ останале 20 000 шилинзи, што навистина преставува посебен Аллахов благослов. Од тој настан нејзината вера многу се засилила.

Мисионерот од Конго, држава во Централна Африка, пишува дека Саееди сахиб кој ги ширел Аллаховите зборови, посетил пет локални џемаати. Тие денови сигурносната состојба во земјата била алармантна но тој сепак успеал да ги посети сите џемаати. Иако бил во лоша финансиска состојба тој сам ги платил сите трошоци во текот на работењето. Успеал да собере 53 илјади Вакф-е-Џадид. Тој рекол, јас сум стар Ахмади муслиман и треба да бидам пример за помладите. Тој има повеќе од 60 години но многу посветено работи на ширењето на Ахмадијатот и собирањето на садака. Ова е ентузијазмот и добрата волја кои се појавиле во нив после прифаќањето на Џемаатот. Тие живеат во многу далечни подрачја каде што не постојат патишта. Тие патуваат со бродови и им треба доста време за да стигнат од едно место на друго.

Локален мисионер пишува за личност од Бенин која штотуку го прифатила Ахмадија џемаатот (нема ниту година од прифаќањето на Ахмадијатот а нејзината вера за финансиското жртвување преставувал пример за секого), која живее во место каде луѓето се риболовци и ловат и продаваат риба за да заработат за живот. Локалниот мисионер ги повикал луѓето да дадат финансиско жртвување после што една личност која неодамна го прифатила Ахмадијатот, а која не стоела финансиски баш најдобро, понудила 1 000 франци за садака. Рекла дека иако не е во добра финансиска ситуација не сака да ја пропушти приликата да даде придонес за садака во Ахмадија џемаатот во кој била неодамна прифатена.

Ќе наведеме пример за неколку личности од Буркина Фасо кои покажуваат како хутбите во петок и врските со Халифатот влијаат на животот на луѓето и како ги наведува кон финансиското жртвување. Тие неодамна го прифатиле Ахмадијатот.

’Халифата на времето го објасни начинот како да ја започнеме новата година и затоа ние ги нудиме овие пари за добротворни цели и новата година ќе ја започнеме со кланање на Тахаџуд намаз.‘ Тој ден тие дале придонес во износ од 76.000 франци за Тахрик-е-Џадид.

Тука е и примерот за луѓето од едно мало село од Брегот на Слоновата Коска. Локалниот мисионер пишува дека луѓето од тоа село оваа година го прифатиле Ахмадијатот и мисионерот ги поттикнал да се придружат на Вакф-е-Џадид програмата и на Џалса Салана. На новите припадници на Ахмадија џемаатот им е кажано дека Халифата на времето ги советувал сите Ахмади муслимани да се придружат на Тахрик-е-Џадид и Вакф-е-Џадид програмите. Тој пишува дека некои луѓе ќе платат во добротворни цели поради сиромаштијата во таа област. Но ситуацијата се сменила во спротивното. Секој поединец од селото платил за Вакф-е-Џадид а еден од нив не само што платил Вакф-е-Џадид туку патувал повеќе од 600 км за да присуствува на Џалса Салана.

Мисионерот од Танзанија пишува како еден брат по вера, кој е инвалид и не може да оди, заработува средства за живот на начин што на луѓето ги полни батериите на мобилните телефони преку соларен колектор. Многу области во Танзанија се уште немаат струја и луѓето често своите куќи ги осветлуваат со сијалици наполнети преку соларен колектор. Тој на време го плаќал својот придонес за добротворни цели со она што го заработувал. Кога локалниот мисионер му обрнал внимание на оваа обврска за садака тој рекол дека последните два дена заработил 2.000 шилинзи и дека сите ќе ги даде на Аллаховиот пат. Мисионерот сахиб му рекол: „Ако целата заработка ја дадеш како придонес на кој начин ќе ги прехраниш своите деца?“

Тој му одговорил дека Аллах е Резак и дека Он сигурно ќе ги обезбеди со сè. Мисионерот рекол дека кога му напишал потврда за плаќањето на придонесот бил сведок на тоа дека многу луѓе дошле кај него да им ги наполни батериите на мобилните телефони и така заработил многу повеќе отколку што дал за добротворни цели.

Ќе наведеме уште еден пример на Аллаховите благослови на луѓе кои се жртвуваат на Неговиот пат. Во едно село во Танзанија синот на еден од локалните членови на Џемаатот добил маларија. Тој имал само 1.500 шилинзи за да може да се лекува. Кога секретарот за финансии го посетил во неговата куќа тој за добротворни цели ги понудил сите пари што ги имал. Тој рекол дека на почетокот помислил со тие пари да набави лекови за својот син но подоцна се премислил и својата доверба за синот му ја доверил на Аллах. После извесно време неговиот постар син, кој живеел во друг град, го повикал и му кажал дека му пратил 80.000 шилинзи. Со тие средства и помладиот син бил излечен и им биле задоволени и други потреби. Тој после тоа случување и на другите им раскажува за тоа и ја истакнува важноста на давањето во добротворни цели.

Друг пример се однесува на личност од Мали за која пренесува локалниот мисионер. Тој кажува дека овој човек Ахмадијатот го прифатил во 2013 година но неговата финансиска ситуација во тој период била многу лоша. Освен што бил оптоварен со заеми имал и некои домашни проблеми а му се приближувало и времето да оди во пензија. Знаејќи го значењето на давањето на добротворни прилози тој самиот на себе си ветил дека ќе биде точен во давањето за добротворни цели. Тој тоа и го сторил, со Аллаховата милост, тој го исплатил целиот заем, домашната ситуација му се подобрила, добил унапредување на работата и дури и неговото пензионирање било одложено. Тој сега се приклучил на програмата Завештание.

Минир Хуссеин сахиб, мисионер од Сиера Леоне пишува како некоја жена од локалното село ветила дека ќе плати 4.000 леони но немала редовен извор на приходи. Имала мала градина во која одгледувала овошје. Продавала тропски растенија  за да може да обезбеди средства за живот. Кога се наближило времето за плаќање секретарот за финансии ја посетил за да го земе ветениот износ, меѓутоа, износот кој таа го подготвила за плаќање некое од нејзините деца и го зело и го потрошило целиот износ. Таа била многу вознемирена поради тоа. Погледнете го нивото на нејзината вера! Еден од нејзините синови работел во продавница за вино. Можеби околностите го присилиле или не ја достигнал правата вера. Тој се понудил да плати наместо неа. Мајката ја одбила понудата и рекла дека такви постапки се недозволени и дека не може да даде придонес со такви пари. Ова е пример на верата. Тогаш, погледнете каков бил одговорот од Аллах. Целта на придонесите е да се побара Аллаховото задоволство – затоа погледнете како Аллах постапил со неа. За тоа време кај неа дошол непознат човек. Жената тој човек воопшто не го познавала. Тој и дал 10.000 леони. Наместо 4.000 леони таа за придонес дала 10.000 леони и рекла дека Аллах тие пари ги пратил да се искористат за придонеси. За наредната година таа ветила 10.000 леони за придонеси.

Хаким сахиб, мисионер од Сиера Леоне кажува за еден нов член на Ахмадија Џемаатот за проблемите во постапката околу решавање на имот која долго траела. Спротивната страна во постапката имала големо влијание. Не постоел начин во блиско време овој случај да се добие. Во меѓувреме овој човек во џамијата слушнал за благословите кои се добиваат од финансиското жртвување. Тој вели дека слушнал за благословите од финансиското жртвување и сакал да учествува во тоа, и помислил дека овој придонес ќе му помогне и ќе доведе до решавање на спорот со имотот. Тој пред да го прими Ахмадијатот бил христијанин. Дал придонес во склад со своите можности. Кратко време после тоа тој добил известување дека случајот бил одлучен во негова корист што претходно  тоа изгледало невозможно. Тој кажува дека е сигурен оти сето тоа се случило поради благословите од финансиското жртвување.

Схахид сахиб, мисионер од Конго Киншаса, пишува дека една жена тргувала со нешто но сето тоа била на ситно. На почетокот на годината поради случувањата во земјата не изгледало дека ќе има било каква заработка во нејзината работа но таа на почетокот на годината го исполнила своето ветување за Вакф-е-Џадид и мислела дека ова финансиско жртвување кон Аллах не може да доведе до загуби. Таа кажува дека во текот на годината работата и донела заработка и покрај тешките услови кои владееле во земјата и дека работата не претрпела никакви загуби.

Како жртвувањето на Ахмади муслиманите влијае на другите? Ова исто така отвора авении за понатамошно зближување.

Амир сахиб од Бангладеш кажува дека познава три личности кои ја пренесуваат пораката но ниту еден од нив не бил наклонет да го прифати Ахамдијатот. Последниот петок сите тројца заедно дошле во џамијата. Во текот на хутбата било обратено доста внимание на Вакф-е-Џадид програмата. После намазот членовите на Ахмадијатот стоеле во ред за да дадат придонес. Кога овие луѓе на кои им била пренесена пораката го виделе овој призор и тие прокоментирале како оџите викале и го одрале грлото и јазикот за барање на придонеси а сепак луѓето не давале придонеси. Овде бил даден краток проглас и сите членови на Ахмадијатот застанале на ред. Ова е вистинскиот дух на исламот. Откако го виделе и почувствувале овој призор и тројцата му се приклучиле на Ахмадијатот и дале придонес за Вакф-е-Џадид.

Абдуллах сахиб, мисионер од областа на Бенин, пишува како еден нов член на Ахмадија Џемаатот патувал за да собере придонеси. Ал-Хаџ Абу Бакр, новиот член на Ахмадијатот прашал: „Како и каде овие придонеси ќа бидат употребени?“ Тој се уште не го познавал финансискиот систем (на Џемаатот). Кажано му е дека Заедницата гради џамии од овие придонеси, објавува преводи на Чесниот Кур’ан и дека објавува книги за верата. Болници, училишта и сиропиталишта се изградени од овие придонеси. Секој фенинг од придонесите е употребен во корист на верата и социјалната помош. Кога го слушнал сето ова Абу Бакр рекол: „Оџите дојдоа кај мене да земаат зекат и придонеси но никогаш не ми кажаа каде овие придонеси ќе бидат потрошени.“ Тој веднаш по тоа дал придонес во добротворни цели и ветил дека од сега со задоволство ќе дава придонес.

Ние можеме да видиме дека дури и во ова доба Аллах му дава на Ветениот Месија а.с. такви предани луѓе кои се надминуваат во жртвувањето. На Ахмадијатот му се придружуваат нови членови и помеѓу нив за кратко време се создава ревност за жртвување. Ова е повод за размислување на оние кои живеат во повластени околности. Всушност, ова е работа за разбирање и стравопочитување. Аллах им дал богатство, тие живеат во богати земји но нивното жртвување е занемарливо. Меѓутоа, и овде постојат такви кои даваат занемарливи придонеси. Во светот постојат многу богати луѓе кои посветуваат малку или воопшто не посветуваат внимание на тоа. Тие во иднина треба да посветат внимание на оваа тема.

Како што е вообичаено за првата хутба во годината да најавиме нова година на Вакф-е-Џадид програмата. После изнесувањето на некои примери и случки од многуте јас ја најавувам шеесеттата година на Вакф-е-Џадид програмата.

Јас претходно преставив многу благослови од минатата година кои беа потврда на тоа. Вакф-е-Џадид годината се завршува на 31 декември. Значи, на 31 декември се завршува педесет и деветтата година од Вакф-е-Џадид програмата.

Со Аллаховата милост според примените извештаи ограноците од целиот свет преставиле жртва од 8.020.000 фунти за Вакф-е-Џадид програмата. Овој износ е за 1.129.000 фунти поголем од износот кој бил добиен во минатата година.

Пакистан повторно е на врвот на листата меѓу сите земји во светот. Во поглед на локалната валута земјите кои значително се подобриле во текот на минатата година се: Гана, Западна Африка кои се на врвот, потоа Германија, следуваат Пакистан и Канада. Меѓу африканските земји значајно жртвување направиле: Мали, Буркина Фасо, Либерија, Јужна Африка, Сиера Леоне и Бенин. После Пакистан земји кои се меѓу првите десет се: Велика Британија, Германија, Соединетите Американски Држави, Канада, Индија, Австралија, една земја од средниот Исток, Гана, Белгија и Швајцарија.

Во поглед на придонесите по поединец на врвот се Соединетите Американски Држави, следуваат Швајцарија, Финска, Австралија, Сингапур, Франција, Германија, Тринидад, Белгија и Канада.

Велика Британија, иако е на врвот, што се однесува на вкупните придонеси е многу назад во поглед на придонесите кои се  гледаат по поединец.

Оваа година, со Аллаховата милост, 1.340.000 членови дале придонес за оваа програма, што преставува 105.000 членови повеќе од минатата година. Канада, Индија и Велика Британија водат по бројот на членовите кои даваат придонеси а тука се и Гвинеја Конакри, Камерун, Гамбија, Сенегал, Бенин, Нигер, Конго Киншаса, Буркина Фасо и Танзанија во Африка. Нигерија не се потрудила најдобро минатата година и таму бројот на членови кои даваат придонес се намалил. Бројот на даватели на придонеси би достигнал 1.400.000 членови доколку Нигерија го одржала нивото од претходната година. Тоа значи дека таму е покажана слабост во работењето или извештајот не е подготвен онака како што треба, или пресметките не се точни. Во останатите земји нема намалување на искрени членови кои дале придонеси. Во Нигерија можеби приодот кон членовите не бил како што треба. Често причина за тоа е и неактивноста на секретарот.

Еден член од Рабва ми напиша дека го посетил претседателот на секцијата и му рекол дека ниту дал ветување ниту платил придонеси. Тој одговорил. „Како тоа може да се случи? Јас редовно плаќам.“ Тој кажал дека секретарот бил толку мрзлив што не забележал писмено ниту едно ветување ниту придонесите се собрани онака како што треба. Станува очигледно дека понекогаш членовите не учествуваат во програмата поради немарноста на секретарот.

Има намалување на бројот на членови кои даваат придонеси во Соединетите Американски Држави а за тоа таму не постои никаков изговор. Ниту постои изговор за Нигерија бидејќи бројот на членови треба да се зголеми. Но, кога ги спомнав Соединетите Американски Држави таму значајно се зголемиле придонесите по поединец и во тоа се на прво место.

Сите овие земји кои покажуваат намалување во однос на претходната година треба да обрнат внимание на бројот на членови кои даваат придонес и да ги утврдат своите слабости, не кај членовите туку кај службениците.

Лахор е на врвот во давање на придонеси кај возрасните во категоријата Вакф-е-Џадид, потоа следуваат Рабва, Карачи, Исламабад, Гујранвала, Гујарат, Мултан, Умаркот, Пешавар, Мирпур Кхас, Окара и Дера Гхази Кхан.

Лахор е на врвот и во жртвувањето од страна на децата во категоријата Вакф-е-Џадид, потоа следуваат Рабва, Карачи, Сиалкот, Равалпинди, Гујранвала, Хаидерабад, Дера Гхази Кхан, Котли (Азад Касхмир), Мироур Кхас, Мултан и Бахавалнагар.

Во поглед на вкупните придонеси десетте кои се на врвот во Велика Британија се: Ворстер Парк, Месјид Фзал, Биминхам Југ, Путни, Раинспарк, Брадфорд, Њу Молден, Глазгов, Бирмингхам Запад, Јиллингхам, а по области следуваат: Лондон Б, Лондон А, Мидландс, Нортхеаст, Соутх.

Што се однесува до собраните придонеси во Германија, Хамбург се наоѓа на врвот, следуваат Франфурт, Висбаден, Валдорф и Диселдорф.

Потоа Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна имиња на ограноци  кои имале значаен придонес во Германија.

Првите десет во Соединетите Американски Држави се: Силиконска долина, Сиетл, Детроит, Силвер Спринг, Централна Вирџинија, Лос Ангелес Исток, Далас, Хјустон, Филаделфија и Лаурел.

Најголеми придонеси во Канада дале: Калгари, Пис Вилиџ, Вогх, Ванкувер и Мисисуга.

Ограноци кои дале најголеми придонеси во Канада се: Дурхам, Хамилтон Исток, Саскатон Запад, Саскатон Север, Винсдор, Лојдминистер, Отава Запад, Отава Исток, Бери и Регина.

Десет ограноци во кои децата се најголеми донатори се: Дурхам, Братфорд, Сакстон Југ, Сакстон Север и Лојдминистер.

Области во кои најголеми донатори се децата се: Калгари, Пис Вилиџ, Брамптон, Вогх и Вестон.

Во Индија најголеми даватели на придонеси се: Керала, Џамму Кашмир, Тами Наду, Карнатака, Телангана, Орисса, Западен Бенгал, Пенџаб, Уттер Парадеш, Делхи и Махарашта.

Десетте ограноци кои се водечки во Индија се: Керала, Каликут, Хаидербанд, Патха Паруам, Кадијана, Канул Таун, Калкута, Кангол, Бангалоре, Салоре и Пагарди.

Кастел Хил е на врвот во Австралија а потоа следуваат Брисбејн, Логан, Азам Парк, Парвик, Азитх, Аделаида Југ, Ламптон, Канбера, Лонгвик и Аделаида Запад.

Нека Аллах наголемо ги благослови богатството и личностите кои се жртвувале во Негово име. Нека оние кои ја извршуваат оваа задача станат поактивни и својата работа да ја работат правилно и нека настојуваат да ги поправат недостатоците, посебно бројот на членовите кои даваат придонес да биде зголемен. Вистина е дека износот се зголемува но ние треба да се потрудиме и да направиме сè за сите да учествуваат во донирање во добротворни цели, макар со многу мали придонеси.

Јас, после џума намаз ќе клањам две џенази во отсуство.

Првата е за Асма Тахиру која била жена на уважениот Мирза Кхалил Ахмад. Таа починала во Канада на 23 декември 2016 година, во 79-та година од животот.

„Навистина на Аллах му припаѓаме и нему му се враќаме.“

(2:157)

Таа била родена во Бхагалпур во месец јуни 1935 година. Нејзин татко бил уважениот маулви Абдул Баки, а нејзина мајка била почитуваната Сафијја Кхатоон. Нејзиниот татко многу години и служел на Ахмадија муслиманската заедница и бил претседател на еден од ограноците. Нејзин дедо бил хазрети Али Ахмад. Тој му дал завет на баи’ат на Ветениот Месија а.с. и бил негов асхаб. Почитуваната Аматул-Нур вели дека достигнал 9-ти степен (на школување) кога дошол во Кадијана. Хазрети Халуфа-тул Месих V а.т.б.а. ги наброја активностите и служењата кои ги имала во Ахамдијатот.

Уважениот Цхаудхри Хамеед Насруллах Кхан (бивш амир на Лахор) умрел на 4 јануари 2017 година во Лахор на 83 годишна возраст. Хазрети Халуфа-тул Месих V а.т.б.а. ги наброја неговите активности и служења кои ги имал во Ахамдијатот и го молеше Аллах да ја воздигне положбата на мртвите на Ахирет.