In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

88 години на Тахрик-е-Џадид

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека денес е првиот петок во ноември, ѝ, како што е обичај, најава на нова година  на Тахрик-е-Џадид.

Во минатите години Возвишениот Аллах ги истурил Своите благослови. За да се продолжи со сите работи потребни се финансиски средства.

Пропагирање на верата бара финансиска жртва

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Ветениот Месија а.с. рекол оти е потребно верниците да даваат финансиски жртви за да се исполнат сите цели.

Возвишениот Аллах јасно ставил до знаење дека имотот кој ќе се потроши на Аллаховиот пат станува средство на благослови на овој и идниот живот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Возвишениот Аллах кажал:

„Сличноста на оние кои својот имот го трошат на Аллаховиот пат е како зрно од пченка во кое растат седум класа, во секој клас по сто зрна. А Аллах уште повеќе го зголемува на кого тој сака; А Аллах е Величенствен и Сезнаен.“

(Чесниот Кур’ан, 2:262)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. објасни дека Возвишениот Аллах го пратил понизниот слуга, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., на светот да ја заврши мисијата, а за да ја постигне истата верниците мора да се жртвуваат и на тој начин ќе се стекнат со многу благодати на Семоќниот Аллах.

Само жртвување на богатството не е доволно

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, освен финансиското жртвување мора да настојуваме да се реформираме, да се воздржиме од лоши работи и да му бидеме предадени на својот ибадет, инаку Возвишениот Аллах не благолсовува само обична парична жртва.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не треба да бидеме задоволни само со финансиско жртвување туку мора да се анализираме самите себе. Тоа е знак на вистинскиот верник.

Постојат многу вакви примери во Ахмадија муслиманската заедница а и примери од минатото.

Примерот на хазрети Рабија Басра, кога еднаш и дошле 20 гости, а дома имала само две парчиња леб. Хазрети Рабија со доверба во Аллах џ.ш. му кажала на слугата тие две парчиња леб им ги даде на сиромашните. Слугата бил збунет со ова, но набргу се слушнал женски глас кој кажал дека донела 20 парчиња леб.

Хазрети Рабија рекла дека пратила 2 парчиња леб верувајќи дека Аллах џ.ш. ќе и врати десеткратно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халифа-тул Месих I р.а. објаснил оти Возвишениот Аллах понекогаш враќа десеткратно, а понекогаш  и 700 пати повеќе, зависно од ситуацијата и природата на доблеста на верникот.

Хазрети Рабија рекла дека на овој начин Возвишениот Аллах ги дава Своите благослови, но не треба на овој начин да се тестира Аллах џ.ш., туку тоа треба да биде исклучиво поради Аллаховото задоволство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека преку Ветениот Месија а.с., кој бил пратен во ова доба, служењето на верата се врши ширум светот.

Со Аллаховата милост милиони фунти се примаат и трошат на оние на кои им е потребна помош и на сиромашните земји.

Возвишениот Аллах тогаш покажува како ги благословува оние кои се жртвуваат, било да се богати или сиромашни.

Исклучителен пример на финансиско жртвување 

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе наведе неколку примери на такви луѓе, дури и на некои од нив кои неодамна и се придружиле на Заедницата и ја сфатиле важноста на финансиското жртвување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Момон Џонсон од Либерија, кој бил христијанин, рекол дека до пред само неколку месеци, по одредени тешкотии на теренот во селото до кое било тешко да се дојде, а во кои имало многу сиромашни, решиле оваа година да не ги прашуваат за финансиски придонеси за Тахрик-е-Џадид за ова година.

Еден ден имамот од селото дошол во мисионерската куќа и предал износ на пари кажувајќи дека парите се собрани од 21 член од селото. Откао го прашала од каде тој знае за тоа бидејќи не отишол да побара пари, тој рекол дека ја слушал радио програмата на Заедницата, а луѓето сами решиле да се потрудат и да дадат финансиски придонес.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Емир (национален претседател) на Заедницата во Гамбија рекол дека кога биле вложени напори за собирање на Тахрик-е-Џадид, една жена од 57 години извадила 200 далиси, наведувајќи дека тоа е единствен начин вистинските учења на Ахмади муслиманите да се шират, како што тоа бил случај во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Таа кажала дека тоа е целата сума која и останала а која ја штедела за купување на храна за семејство, но сепак сакала да ја даде за ширењето на исламот. Токму тогаш примила повик од својот син од Швајцарија кој и кажал дека и пратил 12.200 даласи. Плачејќи пред луѓето, рекла како Возвишениот Аллах ги благословил, а потоа кажала дека ќе жртвува уште пари. Кога луѓето тоа го виделе се увериле дека во Ахмадијатот е вистинскиот ислам.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се случил инцидент на северозапад на Танзанија.

Локален муаллим пишува дека таму постои момче по име Абдуллах, кој дал Баи’ат и слушнал дека е последен месец за донирање за Тахрик-е-Џадид. Абдуллах тогаш немал пари но ветил дека следниот ден ќе даде. Отишол да побара работа и почнал да работи на полето. Со голем труд цел ден работел и сè што заработил дал за Тахрик-е-Џадид. Рекол дека Возвишениот Аллах му овозможил да има чисти намери и да се жртвува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мисионер од Гвинеја Конакрим пишува дека на една хутба на луѓето им го свртел вниманието за Тахрик-е-Џадид, и после тоа оделе од куќа до куќа за исполнување на договореното.

Момче, по име Мухамед, рекол дека има 10.000 гвинејски франци кои ги чувал за следниот оброк, но сака да ги донира и ако треба и гладен ќе остане.

Четири дена по ова момчето се јавило и рекло дека Возвишениот Аллах ја прифатил неговата жртва бидејќи се пријавил за работа како возач во рударска компанија и добил петгодишен договор од 5.5 милиони гвинејски франци месечно, и на тој начин Семоќниот Аллах му вратил илјада пати повеќе од тоа што донирал.

Значи, на тој начин Возвишениот Аллах враќа повеќекратно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Садр Лејна од Нигер пишува дека многу жени учествувале во првиот национален Тарбијат час, каде биле прашани да донираат за Тахрик-е-Џадид. И покрај тоа што им било кажано дека останало уште малку време до крајот на финансиската година, жените и тогаш почнале да даваат пари, и поради тоа сè повеќе и повеќе жени се јавувале да се жртвуваат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека генерално, во однос на износот, жените даваат повеќе придонес од мажите.

Всушност, во некои земји постои потреба Худамите и Ансариите да се потсетуваат на давање придонес бидејќи женита на големо ги надминале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потоа кажа дека локален муаллим во северниот град на Камерун пишува дека еден многу сиромашен човек, по име Абдуллах, подарил пола кофа, или 5 кг Пченка за Тахрик-е-Џадид. Рекол дека за возврат Возвишениот Аллах му дал 5 вреќи пченка, од 350 кг. Вели дека оваа година бил многу загрижен бидејќи цените пораснале, и стравувал дека посевите нема да успеат.

Во секој случај, тој се потрудил и Возвишениот Аллах истурил благослови при што посевите родиле двократно и на тој начин дал 70 кг пченка.

Сега своето семејство го потсетува како Возвишениот Аллах ги благословува неговите посеви преку Тахрик-е-Џадид.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Амеер од Гамбија пишува за некој човек од некое село кој дал Баи’ат во 2014 година. Тој рекол дека пред влегувањето во Заедницата редовно бил неуспешен во пронаоѓањето на работа, но откако се придружил на Заедницата и станал редовен во давањето на месечна членарина и помагал во ширењето на пораката добил стабилна работа, и сега има и куќа и пари. Луѓето зборувале дека Заедницата финансиски го помагала, но тој секогаш одговарал дека Возвишениот Аллах му помогнал поради неговото финансиско жртвување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Емир од Индонезија пишува како еден Ахмади муслиман, кој поседува фабрика, западнал во тешка ситуација.

Тој кажува дека минатата година слушањето на хутбите за Тахрик-е-Џадид му оставиле длабок впечаток. По тоа го удвоил своето ветување и веднаш го дал овој придонес. Недела дена подоцна Возвишениот Аллах неизмерно го благословил и неговата продажба почнала многу да расте, а неговата фабрика која готово била затворена станала многу успешна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мисионер во Германија пишува за една жена од Висбаден која била отпуштена од работа и немала средства за живот. Братот и кажал да се моли и да подарува. Таа го продала својот накит и донирала за Тахрик-е-Џадид. Четири дена подоцна нашла добра работа за која била платена 2 000 евра и така можела да го издржува и мажот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Вакил-ул-Маал во Индија пишува за еден Ахмад кој секогаш бил на чело во давањето на финансиски жртви. Кога го замолиле да ги зголеми своите придонеси, прашал за колку треба да зголеми. Му било кажано тоа да го направи во рамките на своите можности. Тој веќе донирал 5 000 рупии и ветил дека ќе даде уште 10 000 рупии. Рекол дека има продавница која не работела добро и се плашел дека ќе има голема загуба, но по зголемувањето на неговите придонеси почнал да заработува многу повеќе и веќе немал загуби.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е јасно како Возвишениот Аллах не гледа кој е богат, а кој сиромашен, туку на секому му дава.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Татарстан, во Русија, постои личност која минатата година дала Баи’ат и нешто чудно се случило со неговиот телефон. Откако ја проверил својата онлајн сметка, бидејќи примил некакви приходи на тој начин, наеднаш на неговиот телефон се појавила хутбата на Халифата за финансиското жртвување. Тоа се случило неколку пати и тој сфатил дека Возвишениот Аллах сака да му даде доказ за Неговото постоење и да го потсети за давање на придонеси. Тој рекол дека е голема чест да се прифати Ветениот Месија а.с. и да се учествува во финансиските жртви по придружувањето на неговата Заедница.

Извештај за 88-та финансиска година на Тахрик-е-Џадид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова се само неколку примери како Возвишениот Аллах ги благословува оние кои се жртввуаат финансиски.

Хузур а.т.б.а. рече дека сега ќе ја најави новата година на Тахрик-е-Џадид.

На 31 октомври се завршува 88-та година на Тахрик-е-Џадид и сега започнува 89-та година.

Во текот на претходната година вкупниот износ кој Заедницата придонела за Тахрик-е-Џадид изнесува 16,4 милиони фунти. И наспроти лошата ситуација во светот, овој износ е за 1,1 милион фунти поголем во однос на претходната година.

Германија е прва по уплатениот износ.

Заедницата во Пакистан, исто така, поднела големи жртви, но поради лошата економска состојба и пониската вредност на валутата, тие дополнително паднале.

Наспроти тоа што се на прво место, според нивната локална валута нивниот придонес е помал од претходно, а ако Велика Британија и Соединетите Американски Држави продолжат да растат на овој начин на кој тоа се случува, тогаш би можеле да го надминат големиот раст кој е забележен во Канада, Австралија, Индија и Гана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека меѓу африканските народи, по вкупен собран износ се истакнале Гана, Марициус, Нигерија, Буркина Фасо, Танзанија, Гамбија, Либерија, Уганда, Сиера Леоне и Бенин.

Што се однесува на учеството, на првото место се Соединетите Американски Држави а потоа Велика Британија и Австралија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со Аллаховата милост 1.596.000 луѓе учествувале во Тахрик-е-Џадид.

Најголем раст на учесници во Африка е забележан во Нигерија, потоа во Гвинеја Бисао, Конго Бразавил, Гвинеја Конакрим, Танзанија, Конго Киншаса, Гамбија, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Нигер, Сенегал и Буркина Фасо.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. потоа ги именуваше десетте најдобри Заедници во Германија, како и локалните Заедници според учеството.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во вкупниот износ најголема Заедница во Пакистан бил Лахор, потоа Рабва и Карачи.

На нивото на окрузи Сиалкот е прв, а следат Исламабад, Гујранвала, Гујрат, Умаркот, Хајдерабад, Мирпуркхас, Саргодха, Куета и Лодхран.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и покрај поплавите кои се случиле во некои од овие подрачја Заедницата и понатаму принесува големи финансиски жртви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги истакна најдобрите градови во Пакистан во врска со соберените износи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. тогаш кажа дека првите 5 региони во Велика Британија се Баит-ул Футух, а потоа следат Исламабад, Масџид Фазл, Мидландс и Баитук Ихсан.

Што се однесува до првите 10 поголеми заедници тие се, Фарнхам, Соут Чеам, Исламабад, Ворчестер Парк, Валсал, Гилингам, Масџид Фазл, Евел, Алдершот Соут и Питнеј.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги претстави и 10те најдобри мали Заедници во Велика Британија во одно на придонеси кои ги дале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека според придонесите во Соединетите Американски Држави на прво место е заедница на Мериленд, а следуваат Лос Ангелес, Северна Вирџинија, Детроит, Силиконска Долина, Чикаго, Сијетл, Ошкош, Јужна Вирџинија, Аталанта, Џорџија, Северен Џерси и Јорк.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. во однос на дадените придонеси ги претстави првите 10 Заедници во Индија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. според дадените придонеси во Австралија на прво места е заедницата во Каст Хил, а пота следат Мелбурн Лонг Варен, Мелбурн Бервик, Марсден Парк, Пемворт, Перт, Парамата, Аделаида Вест, АЦТ Канбера и Брисбејн.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах неизмерно да го благолсови богатството на сите оние кои учествувале во Тахрик-е-Џадид.

Отворање на нова веб страна – Историја на Ахмадијатот во Велика Британија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. најавил дека Заедницата во Велика Британија стратувала нова страница која се однесува на историјата на Ахмадија заедницата во Велика Британија. Работата на истражување на историјата на Ахмадијатот се одвивала низа години, а статиите биле работени според упатството на Ветениот Месија а.с. за ширење на пораката на исламот на западот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се смета дека историјата на Заедницата во Велика Британија започнала во 1913 година, кога хазрети Чаудхари Фатех Мухаммад Сиал сахиб р.а. стасал таму, кој бил како порака за доаѓањето на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе примери на познати личности во Велика Британија кои ја примиле пораката, а која била покриена и пропратена во весниците и пред 1913 година.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и на оваа веб страница била подготвена временска рамка. Достапена е и друга временска рамка за мисонерите. Со оваа и во другите статии постои и многу длабинско истражување за претскажувањето на Пигота.

Веб страницата е www.histori.ahmadiyya.uk која официјално денес ќе биде стартувана.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше оваа веб страна на сите да им биде корисна.