In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Вакф-е-Џадид II – Извештај од 2022 година

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) го проучи следниот ајет од Чесниот Кур’ан:

„Никогаш нема да ја постигнете побожноста додека не трошите од она што го сакате; а што и да потрошите, Аллах тоа добро го знае.“

(Чесниот Кур’ан, 3:93)

Постигнување на побожност по пат на финансиска жртва

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека, објаснувајќи го овој ајет, Ветениот Месија а.с. рекол дека вистинската доблест која води до спасување не може да се постигне сè додека, заради човештвото, не се потроши од она што се сака.

Ова е големо значење кое Семоќниот Аллах го дал на финансиското жртвување, до таа мера што без тоа не може да се постигне спасување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вистинската финансиска жртва не е да се троши од она што веќе не користи, туку да се троши од богатството кое најмногу го сакаме, и тоа да го правиме од љубов кон човештвото.

Ветениот Месија а.с. објаснил дека трошењето и жртвувањето на имотот на Аллаховиот пат е знакот на човечката богобојазливост.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил одличен пример за тоа, бидејќи, кога се укажала потреба, жртвувал сè што имал во домот, поради Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на ерата на Ветениот Месија а.с., кога се работело за жртвување поради пропагирање на исламот, најголем пример покажал хазрети Хаким Маулви Ноор-уд-дин р.а..

Хазрети Хаким Маулви Ноор-уд-дин р.а. еднаш му пишувал на Ветениот Месија а.с. кажувајќи дека, ако целото негово богатство би било потрошено за исламот и неговото ширење, ќе ја постигнал својата цел.

Имало и многу други асхаби на Ветениот Месија а.с. кои правеле финансиски жртви.

Зошто тоа го правеле?

За да бидат помагачи на Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во подоцнежната институција на Халифатот, по Ветениот Месија а.с., во текот на ерата на секој следен Халифа, постојат безброј примери на оние кои даваат примерни финансиски жртви.

Целта на Вакф-е-Џадид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека обично првата хутба во јануари е посветена за најавата на новата година на Вакф-е-Џадид.

Вакф-е-Џадид го покренал вториот Халифа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. во 1957 година, со цел за ширење на исламот во оддалечените подрачја во Пакистан.

Подоцна, во времето на четвртиот Халифа р.х., ова било проширено во сите земји.

Тој наредил собраните средства во рамките на Вакф-е-Џадид, од побогатите земји, да се трошат на земјите во развој, како што е Африка.

Ова, исто така, не значи дека тие кои живеаат во сиромашните земји не придонесуваат, туку, нивните жртви се за пофалба.

Сите оние кои даваат жртва го разбираат тоа што е спомнато во хадис-и-кудсиј, во кој Аллах џ.ш. на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) му рекол дека по давањето на богатството на Аллаховиот пат треба да бидат задоволни, бидејќи нема страв оти ќе биде ограбено, туку е сигурно. Секое богатство дадено на Аллах џ.ш. ќе биде вратено оној ден кога тоа ќе биде најпотребно.

Значи, не само што паричните откажувања помагаат на овој свет туку помагаат и на идниот.

Аллах џ.ш. во Чесниот Кур’ан вели:

„И тоа што од имотот ќе го потрошите, целосно ќе ви биде вратено и нема да ви биде направена неправда.“

(Чесниот Кур’ан, 2:273)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. дава ветување и Он ѝ го исполнува тоа ветување. Он го покажува исполнувањето на Неговото ветување на овој свет, така што луѓето можат да бидат задоволни знаејќи дека тоа ќе се исполни и на овој и на оној свет. Не е како во световните работи во кои некој може да вложи пари само за да ги загуби, па и после краток период на заработка.

Институциите го преземаат поголемиот дел од богатството, оставајќи им на луѓето загуба на повеќе инвестиции, како што неодамна бил случајот со луѓе кои изгубиле милијарди во биткоинот и крипто валутите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во секој случај крипто валутата ја смета како вид на коцкање.

Неверојатни примери на Аллаховата награда на оние кои се жртвуваат на Неговиот пат

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе наведе примери на луѓе кои даваат финансиски жртви, кои не само што им овозможуваат да добијат награда, туку и верата им се зголемува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постои пример од Либерија каде локалниот мисионер отишол во ново Ахмади село поради собирање донации за Вакф-е-Џадид. Таму бил еден млад човек кој отишол дома да донесе пари, но неговат амајка кажала дека ништо немаат. Потоа, младиот човек дотрчал зборувајќи дека има 250 либериски долари кои таткото му ги дал за школо и не сака неговото семејство да остане без учество во овие благослови. Подоцна, младиот човек рекол дека дека еден роднина му дал 2500 либериски долари за да го покрие школувањето и така 10 пати повеќе бил награден.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за една жена во Танзанија која отишла на пазар. По пат го сретнала локалниот мисионер кој и зборувал за Вакф-е-Џадид. Со себе имала две илјади шилинзи, и илјада од нив му ги дала на мисионерот а за останато кажала дека ќе го употреби за домашни трошоци. Само неколку минути подоцна ја повикала некоја жена и таа сфатила дека се работи за некого кој пред многу време позајмил пет илјади шилинзи а таа изгубила надеж дека некогаш долгот ќе и биде вратен.

Меѓутоа, токму во тој момент госпоѓата дошла и го вратила долгот од пет илјади шилинзи. Откако жената ги примила парите веднаш се вратила кај локалниот мисионер и му кажала за случката, и дека тоа е поради благословите од принесувањето на финансиски жртви и затоа дава уште илјада шилинзи за Вакф-е-Џадид.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден Ахмад од Нигерија три години без успешно барал работа. Поради недостаток од приходи не бил во можност да даде финансиска жртва, но сепак решил уште еднаш парично да се жртвува. После само три месеци откако почнал да дава финансиски жртви, од една компанија добил понуда за работа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Того еден човек немал многу пари, а бил последен месец за Вакф-е-Џедид. Дома имал мала коза и имал намера да ја продаде и парите да ги искористи за финансиска жртва. Во меѓувреме, локалниот мисионер дошол кај него за собирање на средства за Вакф-е-Џедид и во исто време дошол и човек кој одамна позајмил пари од него, а тој изгубил надеж дека некогаш ќе му ги врати. Целиот тој износ го дал за Вакф-е-Џедид.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека човекот сакал да го потроши саканото богатство и затоа Аллах џ.ш. му помогнал и добавил средства за него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една госпоѓа од Маурициус рекла дека од своите родители добила пари како подарок. Парите ги чувала во пликови од по 500 во секој, со намера да го даде за финансиска жртва. Во меѓувреме се разбоелела и некои роднини дошле да ја посетат. Како дар и донеле два плика во кои имало по 5000 во секој, и на тој начин десеткратно го зголемиле влогот за тоа што таа го намерувала.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден човек во Индонезија рекол оти ја загубил работата, и, бидејќи годината за Вкаф-е-Џадид била пред крај, тој немал доволно финанасиски средства да ги исополни своите ветувања. Поради тоа му пишувал на Халифата за ситуацијата и се молел за дови. Во меѓувреме, некако успеал да собере доволно средства кои одговарале на неговите ветувања и да ги даде за Вакф-е-Џадид. Само неколку дена подоцна добил повик со понуда за работа, и тој бил изненаден од тоа имајќи ги во предвид неговите години.

Значи, благодарение на овие благослови, тој успеал да обезбеди сигурен приход за себе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа за еден Ахмади муслиман од Гамбија кој се грижел за работите во своето село, бидејќи неговиот татко, кој бил главен на тоа село, бил болен.

Муслиманска невладина организација дошла во неговото село и кажала дека сака да донира 30.000 даласи за неговото село, но таа донација сепак не им била дадена бодејќи тој бил Ахмади муслиман. Му бил поставен услов да се одрекне од Ахмадијтот како би го добил тој износ. Тој им одговорил дека не му е потребен никаков износ бидејќи Аллах џ.ш. е Оној кој дава. Тој им рекол дека нема да ја напушти Ахмадија заедницата, и дека, всушност, тој на Заедницата и дава 15.000 даласи како финансиска жртва.

Останатите биле запрепастени од неговиот одговор и го прашале зошто тоа го чини иако е доста сиромав, а тој им кажал дека ако ги запознаат благословите кои Аллах џ.ш. му ги дава тогаш и тие би се придружиле на оваа Заедница.

Ова е начинот на кој Аллах џ.ш. им дава цврста вера дури и на оние кои живеат во најоддалечените краишта на светот.

Ова им било дадено на многумина Ахмади муслимани во различни ситуации.

Извештај за 2022 година и најава на 66-та година на Вакф-е-Џадид

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе некои статистички податоци од претходната година за Вакф-е-Џадид.

Со Аллаховата милост, на 31 декември завршила 65. година за Вакф-е-Џадид. Ахмадија заедницата собрала повеќе од 12,2 милиони фунти, што преставува зголемување за 928.000 фунти во споредба со претходната година, и покрај сите тешкотии и тешки финансиски услови во светот.

Редослед на земјите во однос на собраните средаства

  1. Велика Британија
  2. Канада
  3. Германија
  4. Соединетите Американски Држави
  5. Индија
  6. Австралија
  7. Блискоисточна земја
  8. Индонезија
  9. Блискоисточна земја
  10. Белгија

Според процентите по глава на жител редоследот е следен:

  1. Соединетите Американски Држави
  2. Швајцарија
  3. Велика Британија
  4. Австралија
  5. Канада

Земји, кои според своите придонеси се истакнуваат во Африка се:

  1. Гана
  2. Маурициус
  3. Нигерија
  4. Буркина Фасо
  5. Танзанија
  6. Либерија
  7. Гамбија
  8. Уганда
  9. Сиера Леоне
  10. Бенин

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа година дошло до зголемување на бројот на донатори на членарина за 61.000 луѓе, со што вкупниот борој на донатори изнесува 1.56 милиони луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. престави списоци на истакнати Џемаати во водечките земји и се молеше Аллах џ.ш. да ги благослови сите оние кои дале финансиски жртви.