In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Финансиско жртвување и Вакф-е-Џадид

На Ветениот Месија а.с. му било објавено: „Нема Бог освен Мене, затоа само Мене земајте ме за свој Старател.“ (Тадхкирах, стр. 626) Така Бог го уверил Ветениот Месија а.с. дека не треба да се свртува кон никој друг, дека единствено Бог ќе направи сите нешта да работат за него, единствено Он ќе биде старател и единствено Он ќе му ги обезбеди сите средства. Бог го уверил дека единствено Он има моќ сите нешта да ги направи добри и дека Он тоа навистина ќе го направи.

Ветениот Месија а.с. рекол дека низ оваа објава Бог рекол како Он е единствен Старател и дека Ветениот Месија а.с. смета дека во неговата работа никој друг не е вмешан. Ветениот Месија а.с. рекол дека секој член на Џемаатот треба да води сметка за оваа објава – дека Бог не зависи од никаква помош, услуга или жртва. Он ја основал оваа Заедница и Он Лично ќе направи таа да работи. Начинот на кој членовите му служат на Џемаатот треба да се смета за Божја милост. Во тоа време луѓето во Џемаатот тоа го разбирале и биле подготвени за секоја жртва поради исполнувањето на оваа мисија и покажувале високи идеали на финансиско жртвување. Жртвите кои ги правеле не ги сметале за некаков вид на услуга, всушност, му биле благодарни на Бог бидејќи ги оспособил за жртвување. Овој дух и денес  живее.

Оваа објава исто така укажува на Халифат кој уследил по Ветениот Месија а.с., а тоа е дека поради духот на човековата преданост на Бог, треба да се бара помош од Бог. Ние денес продолжуваме да ја доживуваме Божјата помош и милост. Бог во срцата на Ахмади муслиманите го вметнува значењето на финансиското жртвување и тие покажуваат извонредни примери на тоа. Тука се разни финансиски програми во Џемаатот од кои едниот е Вакф-е-Џадид.

Вакф-е-Џадид на големо се проширил и покажува изненадувачки примери на финансиско давање. Оваа програма започнала да работи како помош во напорите за воспитанието и ширењето на пораката во зафрлените краеви во Пакистан, но подоцна се проширила и на остатокот од светот. Програмата има специфични цели кои се наменети за одредени области кои од тоа би имале корист. Така, само одредени земји и области се финансирани со придонесите собрани од Вакф-е-Џадид програмата. Општо, тоа се Африкански земји и зафрлени подрачја во Индија каде Вакф-е-Џадид финансира многу проекти.

Со Божја милост, се навршија 58 години од Вакф-е-Џадид програмата. На 31 декември 2015 година придонесите собрани во текот на годината изнесуваат 6,891.155 фунти што е за 682,000 повеќе од минатата година.

Пакистан е на врвот на листата на земјите кои дале придонес.

Третина од средства собрани од Вакф-е-Џадид програмата се потрошени во земјите кај што се и собрани. Еден дел од останатите пари потрошен е во Кадијана и во останатите делови на Индија а остатокот во Африка и некои други земји. Во минатата година во Индија се изградени 19 џамии и 23 мисионерски куќи финансирани од Вакф-е-Џадид придонеси. Исто така, исплатени се трошоци за местото на одржување на Џалса во Кадијана како и за други проекти.

Во Непал се изградени две џамии и два привремени објекти со кои управувал џемаатот на Индија. Од Вакф-е-Џадид придонесите посебно се издвојува за изградба на џамии и мисионерски куќи. Трошоците за маулами (учители) исто така се исплатени од овие придонеси. На пример, во Индија има преку илјада маулами а и во 26 Африкански земји исто така има преку илјада маулами. Во Африканските земји минатата година беа изградени 130 нови џамии и 82 мисионерски куќи.

Во Африканските земји исто така се одржани опширни програми за воспитание. Минатата година биле направени 200 такви програми и одржани се многубројни курсеви за обука во кои учествувале сто илјади нови Ахмади муслимани.

Во 2010 година 600 000 луѓе од целиот свет учествувале во Вакф-е-Џадид програмата. Во тоа време хазрети Халифа-тул Месих советувал  финансиското помагање да биде составен дел на воспитанието и поттикнувал да се зголеми бројот на учесници кои го даваат овој придонес. Со Божја милост, во 2015 година бројот на учесници се зголемил за 1,200.000. Хузур рекол дека во овој поглед се уште има простор за подобрување.

Потоа, Хузур навел многу искази за финансиско помагање во Африкански земји, Финска, Индија, Маурициус, Австралија, Норвешка, Германија и Канада.

Во поглед на придонесите после Пакистан следуваат овие десет земји: Велика Британија, Америка, Германија, Канада, Индија, Австралија, Индонезија, една земја од Среден Исток, Белгија и Гана.

Во поглед на зголемување на придонесот врз база на локални пари први три земји се следните: Гана, Америка и Велика Британија.

Во поглед на придонес по глава, првите неколку земји се: една земја од Средниот исток, Америка, друга земја од Средниот исток, Швајцарија, Велика Британија, Австралија, Белгија, Германија и Канада.

Во поглед на зголемување на придонесот, освен Африка следни земји се: Индија, Канада, Велика Британија и Америка.

Во Африка, каде придонесот бил со најголем пораст, се земјите: Нигерија, Камерун, Гунеја Конакри, Нигерија, Буркина Фасо, Мали, Бенин, Танзанија и Уганда.

Првите три џемаати во Пакистан се: Лахор, Рабва и Карачи. Главните области се: Фаислабад, Исламабад, Саргода, Гурјанвала, Гујрат, Мултан, Умеркот, Наровал, Хидерабад и Бахавалпур.

Првите три џемаати во Пакистан за Атфал придонеси се: Лахор, Карачи и Рабва. А области се: Исламабад, Фаисалабад, Гурјанвала, Гујрат, Хидерабад, Дера Гхази  Кхан, Мултан, Котли, Мирпур Кхас и Пешавар.

Во Велика Британија главни џемаати се: Ворчестер Парк, Рајенс Парк, Западен Бирмингам, Фазл Москуе, Вимблдон Парк, Гилингам, Јужен Шеам, Њу Младен, Јужен Брадфорд и Глазгов.

Главни области се: Мидлланд, Северен Исток, Лондеон А, Лондон Б и Миддлесех.

Главни Џемаати во Америка се: Силиконска долина, Сиетл, Детроит, Централна Вирџинија, Лос Ангелес, Сребрена Пролет, Јорк, Харрисбург, Бостон, Северен Хјустон и Далас.

Првите неколку места во Германија се: Хамбург, Франкфурт и Висбаден.

Главни места во Канада се: Калгари, Ваугхан и Ванкувер.

Петте главни Џемаати во Канада се: Милтон-Џорџтаун, Дурхам, Западен Едмонтон, северен Сасктон и Западна Отава.

Што се однесува до придонесите Атфала, првите неколку Џемаати се: Дурхам, Северо Западен Калгари, Милтон-Џорџтаун, Пеаце Вилиџ Исток и Вудбриџ.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека претходно обрнал внимание на тоа другите земји со големи Џемаати дека треба да работат во склад со организиранаљта работа која е извршена во Канада за Вакф-е-Џадид за Атфал. Хузур објаснил дека во Вакф-е-Џадид има одделно одделение за Атфал, додека во Тахрике Џадид нема одделно одделение за Атфал.

Главни области во Индија се: Керала, Тамил Наду, Џамму Кашмир, Телангана, Карнатака, Источен Бенгал, Орисса, Пенџаб, Уттер Прадеш, Делхи и Махараштра.

Главни Џемаати во Индија се: Керала, Каликут, Худерабад, Патхапиријам, Кадијана, Каннур Тов, Калкута, Солор, Бангалоре, Гади и Ришинагер.

Во Австралија главни Џемаати се: Јужен Мелбурн, Кастел Хил, Моунт Друит, Јаужна Аделаида, Ламбтон, Јужен Бризбејн, Логан, Морсден Парк и Блектаун.

Нека Аллах ги благослови дарителите на овие придонеси и нека им подари уште повеќе и да бидеме во состојба оваа година да се жртвуваме кога се работи за придонесите и бројот на дарители на придонеси.

Потоа е најавена џеназа во отсуство за:

Мухаммед Аслам Схаад Мангла сахиб кој умрел на 31 декември 2015 година. Имал скоро 71 година.

Ахмад Схер Џоја кој умрел на 67 години. Тој живеел во Белгија.