In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Финансиско жртвување и Вакф-е-Џадид во 2018 година

По учењето на ташахуд, тауза и сура Ал-Фатиха Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

„Во Чесниот Кур‘ан на многу места можеме да прочитаме како на верниците им се свртува внимание на финансиското жртвување. На едно место Возвишениот Аллах вели:

Wa maa tunfiqoo min khairan fa li-anfuskikum.

И што и да потрошите од богатство, тоа е за вас.“

(2:273)

Покрај тоа, исто така се спомнува дека верниците трошат единствено поради задоволството на Аллах. Чесниот Кур‘ан вели:

„Wa maa tunfiqoona illabtighaa‘a wajhillah.“

„Трошете за да ја најдете Аллаховата милост.“

Значи, среќни се луѓето кои своето богатство го трошат на Аллаховиот пат. На Возвишениот Аллах лично не му е потребно никакво богатство. Да трошиме поради Неговото задоволство значи да трошиме поради подобрување на состојбата на Неговите суштества и за унапредување на Неговата вера.“

Додека зборувал за Семоќниот Аллах, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во кудси хадис рекол:

„О сине Адемов! Остави го своето богатство со мене и биди мирен бидејќи не е во опасност од пожар или од поплава, ниту од кражба. Целото богатство кое си го оставил со мене ќе ти го вратам на Денот кога најмногу ќе ти биде потребно.“

Ова значи дека што и да потрошиме на Аллаховиот пат, тоа оди на наша лична сметка. И кога ќе имаме потреба од тоа Возвишениот Аллах ќе ни го врати.

Исто така се спомнува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„На Судниот ден, оние кои трошеле на Аллаховиот пат ќе останат под сенката на богатство кое го потрошиле на Аллаховиот пат сè додека пресудата не заврши.“

Меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. исто така нагласил дека Возвишениот Аллах не го сака нечистото богатство. Така, секогаш треба да имаме на ум дека нашето богатство секогаш треба да остане чисто. Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и  сиромашните и богатите, заработувале и давале садака и работеле за да го постигнат задоволството на Возвишениот Аллах.

Постои едно предание во врска со Абу Бакр Сиддик р.а. во кое се вели дека кога тој го прифатил исламот имал заштеда од 400 илјади асхрафиси (тогашна валута), а имал и бизнис и имот. Ако го споредиме златниот асхраф во тоа време со денешната вредност, тоа би било еднакво на 11 или 12 милиони фунти.

Такви нешта ги забележуваме и кај следбениците на Ветениот Месија а.с.. Ние слушаме за примери на жртвување на Халифа-тул Месих I р.а. кој дал безбројни жртви кога тоа и да го побарал Ветениот Месија а.с.. Тој по професија бил лекар и државен службеник. Бил прилично богат и многу заработувал. Ветениот Месија а.с. го вклучил меѓу своите 12 ученици. Жртвувањата на хазрети Муслех Мауд биле толку големи што Ветениот Месија а.с. му одал чест зборувајќи дека тој толку многу се жртвувал за Џемаатот што повеќе не било потребно понатамошно жртвување.

Во секој случај, ова биле луѓе кои го нуделе жртвувањето. Меѓутоа, иако ја добил оваа чест, тој не престанал со жртвување. Напротив, продолжил тоа да го прави. Кога Ветениот Месија а.с. бил на судење во Гурдаспур, ги повикал своите пријатели на финансиско жртвување бидејќи трошоците се зголемиле. Халифата Рашид-уд-Дин сахиб, кој случајно тој ден ја зема платата, станал свесен за овој повик и целата плата му ја пратил на Ветениот Месија а.с.. Платата во тоа време изнесувала 450 рупии што е еднакво на стотици илјади. Еден негов пријател му рекол дека треба нешто да сочува за своите потреби и потребите на семејството. На ова тој одговорил дека ако Божјиот Месија кажува дека тоа е поради религијата, тогаш од која причина тој би требало нешто да задржи. Значи, ако тоа е потребно за верата тогаш сето тоа ќе оди за верата.

Слично на тоа, Ветениот Месија а.с. исто така го спомнал и жртвувањето на некои сиромашни Ахмади муслимани. Ветениот Месија а.с. вели:

„Со чудење ги гледам љубовта и искреноста на мојот Џемаат, како што се Миан Јалал-уд-Дин, Кхаир-уд-Дин и Имам-уд-Дин од Кашмир, кои живеат во близина на моето село; тие се три сиромашни браќа, кои можеби дневно заработуваат три или четири аннаси (тогашна валута), но сепак активно придонесуваат за месечната чанда (финансиско жртвување).

Ветениот Месија а.с. исто така вели:

„Јас исто така сум зачуден од искреноста на нивниот пријател, Миан Абдул Азиз, кој бил собирач на приходи. Без оглед што бил сиромашен, понудил 100 рупии и рекол дека сака тоа да биде потрошено на Божјиот пат.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Овој сиромашен човек овие стотина рупии можеби ги собирал со години, но неговата љубов кон Бог создала страст кон Божјото задоволство.“

Со милоста на Возвишениот Аллах ова дури и денес може да се види во Џемаатот на Ветениот Месија а.с.. Возвишениот Аллах во Џемаатот на Ветениот Месија а.с. ставил такво разбирање за овој систем на жртвување, кое не може да се најде кај никој друг. Денес согласно со традиција на најавување на почеток на новата Вакф-е-Џадид годината во првата хутба во месец јануари, јас ќе раскажам за со вера инспирирани случки во врска со финансиското жртвување кон Вакф-е-Џадид и како Возвишениот Аллах ги благословува на овој свет, што за возврат станува средство за засилување на верата.

Амир сахиб (претседател) на Буркина Фасо пишува дека Кхуддам кој живее во близина на џемаатот на кари Кхуддам направил ископи за електрични кабли во износ од милион франци, што е еднакво отприлика на илјада двесте и педесет фунти, и тоа го уплатиле според чанда на Вакф-е-Џадид.

Значи, оваа е страст која како што веќе кажав не можеме да ја видиме на ниту едно друго место освен во Ахмадија џемаатот.

Хузур а.т.б.аа раскажа за многу случки инспирирани со верата и за тоа како Возвишениот Аллах ја засилува верата кај младите и кај децата преку благословот на чанда (финансиско жртвување), и за тоа како многу луѓе забележале дека по учеството во чанда нивната финансиска ситуација се подобрува.

Една жена имала само едно нешто а тоа била кокошка и ја дала за чанда, но Возвишениот Аллах нејзиното семејство го ослободил од многу тешки проблеми.

Со редовните придонеси за членарина, студентите примиле неочекувани приходи, на хронично болните луѓе здравјето им се подобрило, а оние кои биле во долг, а сепак давале, нашле финансиска удобност. На оние кои редовно плаќале членарина приходите од земјоделството им се зголемиле, нивната работа станала поуспешна и им донела повеќе награди и задоволства. Имало и такви кои биле на границата на сиромаштија но сепак дале финансиска жртва и потоа Семоќниот Аллах им помогнал и величествено ја засилил нивната вера.

Хузур а.т.б.а. исто така наведе примери за оние кои дале членарина и Бог на чуден начин го сочувал нивниот имот, наспроти огнот кој сите соседни полиња ги изгорел.

Тука е и студентот кој и покрај големите тешкотии дал членарина и бил награден со добра школарина (стипендија) и еден човек известил дека неговиот приход неочекувано се зголемил по плаќањето на членарината.

Луѓето прават огромно жртвување за членарината. За пример е работникот кој живее во изнајмен стан и го продал својот фрижидер за да даде придонес за членарина, една млада жена била упорна во барање нејзиниот татко да ги даде парите за членарина кои всушност ги чувал за нејзините зимски кондури. Така, наместо тоа платила придонес за Вакф-е-Џадид и рекла: „Кондурите можат да се купат и подоцна но сега дај за членарина.“

„Тука наведов неколку примери кои го откриваат не само финансиското жртвување направено поради верата, туку тука се докази за вистинитоста на Ветениот Месија а.с. и Ахмадија џемаатот, и фактот дека токму Семоќниот Аллах го основал. Нека Семоќниот Аллах ги оспособи членовите на Џемаатот да ја зголемат својата вера и верување и нека продолжат да ги зголемуваат жртвувањата за да го стекнат задоволството на Семоќниот Аллах.

Јас сега ќе ги спомнам жртвувања кои разни џемаати ги направиле во минатата година и ќе ја објавам нивната положба.

Со милоста на Семоќниот Аллах, 60-тата година на Вакф-е-Џадид програмата заврши на први јануари 2018 година и започна 61-та година. Ахмадија заедницата ширум светот за Вакф-е-Џадид направила жртва од вкупно 8.862 милиони фунти. Ова е зголемување од 842,000 фунти од минатата година. По Пакистан кој секогаш останува на прво место, првите десет места во земјите од остатокот од светот во поглед на вкупните придонеси се следните:

Прва е Велика Британија, втора е Германија (меѓутоа за тахрик-е-џадид местата биле обратни), потоа трета е Америка, Канада е четврта, пета е Индија, шеста Австралија, седма е една земја на Средниот Исток, осма е Индонезија, деветта е земја од Среден Исток и Гана е десетта. Гана оваа година многу напредувала.

Во поглед на локалната валута со значајно зголемување од минатата година се: Канада, која е прва на листата и која многу напредувала. Меѓу африканските земји Нигерија направила голем напредок со зголемување од 83%, Мали достигнал 55% зголемување, Сиера Леоне 45%, Камерун 45%, Гана 24%, односно, сите овие земји направиле зголемување во вкупниот износ од минатата година.

Во термините учесник (давател на придонеси) – основна точка е дека бројот треба да се зголеми, и со Аллаховата милост повеќе од 1,6 милиони луѓе дале придонес за Вакф-е-Џадид програмата. Тоа преставува зголемување за 268,000 учесници. Во овој поглед Нигерија е прва, потоа следуваат Сиера Леоне, Нигер, Бенин, Мали, Камерун, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Буркина Фасо, Гамбија, Гвинеа Бисао, Кенија, Танзанија, и Зимбабве. Сите тие значајно работеле во овој поглед.

Што се однесува до бааган членарината, во Пакистан и Канада постојат две врсти на таква членарина: Атфал (финансиско жртвување кое го даваат децата помлади од 16 години) бааган членарина (финансиско жртвување кое го прават деца постари од 16 години),  а во оваа прилика кога се однесува до тие членарини учествувала и Австралија.

Во Пакистан во однос на булгхан членарината редослед по места е следниот: на прво место е Лахор, на второ место е Рабва а трет е Карачи.

Во термините по област редоследот е следниот: Исламабад е прв, следуваат Равалпинди, Саргода, Гујурат, Умаркот, Хздрерабад, Мирпу Кхас, Деар Гхази Кхан, Котли Азад Касхмир и Куета.

Првите десет џемаати се: Исламабад Товсхип, Гулсхан Икбал Карачи, Саманабад Лахор, Равалпинди таун, Азизабад Карачи, Делхи гате Лахор, Мугхалпура Лахор, Саргодха таун и Деар Гхази Кхан таун.

Првите три џемаата (во термините на положба) за Афтал се: прв е Лахор, на второ место е Карачи а на трето место е Рабва.

Положбата во термините на области е по следниот распоред: Саргода, Равалпинди, Гујурат, Фаислабад, Худерабад, Наровал, Деар Гхази Кхан, Котли Азад Кашмир, Схеисхапура и Бадин.

Први десет големи џемаати (во термините на положба) во Велика Британија се: прв е Ворчестер Парк, втор е Месјид Фзал, трет е Биминхам Југ, четврти е Гиллингхам, петти е Бирмингхам Запад, шести е Њу Молден, седми е Глазгов, осми е Ислмабад, деветти е Путнез и десетти е Хајас.

Во терминитењ по област се истакнуваат: прв е Лондон Б, втор е Лондон А, потоа следуваат Мидландс, Нортх Исток, Миддлесекс, Јужен Лондон, Исламабад, Источен Лондон, Нортх запад, Хартфордсхире и Скотланд.

Први десет џемаати (во термините на положба) во Соединетите Американски Држави се следните: Силиконска долина, Сиетл, Детроит, Силвер Спринг, Централна Вирџинија, Бостон, Лос Ангелес Исток, Далас, Хјустон Север и Орвел.

Во термините за собран износ први пет локални заедници во Германија се: Хамбург, Франкфурт, Висбаден, Грос-Герау, Морфелден Њаллдорф.

Во термините за вкупен износ први десет џемаати во Германија се: Родермарк, Неусс, Махдиабад, Нидда, Фрајбург, Кобленц, Флорсхеим, Веингартен, Пиннебург и Ланген.

Положбата на локалните џемаати во Канада во однос на вкупниот износ се: Ваугхан, Калгари, Пис Вилиџ, Брамптон, Ванкувер, Миссиссауга.

Десет големи џемаати се: Дурхам, Едмонтон Запад, Саскатоон Југ, Виндсор, Брадфорд, Саскатоон Север, Монтреал Запад, Лојдминстер, Едмонтон Исток и Абботсфорд.

Пет истакнати џемаати во Дафтар Атфал (пари соберени од лица помлади од 16 години) се:  Дурхам, Брадфорд, Саскатоон Југ, Саскатоон Север и Лојдминстер.

Пет истакнати локални џемаати во Дафтар Атфал се: Пеаце Вилиџ, Калгари, Ваугхан, Ванкувер и Вестен.

Во Индија положбата на провинциите е следната: Керала, Јаму Кашмир, Телангана, Карнатака, Тамил Наду, Одисха, Западен Бенгал, Пенџаб, Уттар Прадеш, Махарасхтра.

Во термините за вкупен износ од џемаатите во Индија редоследот е следен: Каликут, Худерабад, Патхапиријам, Кадијана, Колката, Бангалоре, Каннур таун, Пангади, Карвалаи и Карунагаппалли.

Десетте големи џемаати во Австралија се: Кастле Хилл, Брисбане Логан, Марсден Парк, Мелбурн Лонг Варрен, Бервицк, Пезитх, Плумптон, Блацк таун, Аделаида Југ и Канберра.

Истакнати џемаати во Австралија за Дафтар Атфал се: Брисбане Логан, Пезитх, Брисбане Југ, Мелбурн, Бервик Аделаида Југ, Мелбурн Лонг Варрен, Плумптон, Кастле Хилл, Марседн Парк и Моунт Друитт.

Нека Семоќниот Аллах им подари голем имот и благослови на сите оние кои дале голем придонес. Нека нивната вера и нивната искреност се зголемат  и нека секоја личност го бара Аллаховото задоволство преку сопственото однесување, преку зборови и дела.“

По џума намаз јас ќе клањам џеназа намаз за починатиот чие тело е присутно а тоа е Али Гохар Муневер, синот на Вајих Муневер сахиб од Алдерсхот, Велика Британија. Тој на 23 декември 2017 година со семејството патувал во Германија. Кога стасале близу до Келн се случила несреќа кога на автомобилот пукнала гума. Неговата мајка го возела автомобилот. Тој починал на 5 години. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме. Со Аллаховата милост неговите родители многу трпеливо ја примиле оваа загуба а посебно неговата мајка. Децата се невини и несомнено дека Аллах џ.ш. веднаш им дозволува да влезат во Џеннет. Нека Аллах им даде на родителите трпение и цврстина и нека им подари извонреден надоместок.