In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Во потрага по Аллаховото задоволство

После учењето на шехадет, тауза, бисмилла и сура Ал-Фатиха Хазрети Емирул-Му’минин Халифа-тул Месих IV (нека Аллах биде негов помошник) го проучи ајет 15 од сура Ал-Ирман. Преводот на тој ајет гласи:

„На луѓето им е разубавена љубовта кон посакуваните нешта – жените и децата, натрупаното злато и сребро, обележенит коњи, стоката и посевите. Ова е привремено ??????? на земскиот живот; а Аллах е Оној кон кого е убаво да се вратиме.“

 (3:15)

Возвишениот Аллах џ.ш. ја опишал состојбата на оние кои го напуштиле возвишениот Бог. Приближувањето и стекнувањето на овој свет за нив станува единствена цел. Кога човекот го заборави Возвишениот Аллах него го заробува шејтанот. Сите овие нешта ги создал Семоќниот Бог  и тие се сметаат за Аллахови благослови, и од нив треба да имаме голема корист.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Запомнете дека Бог не сака вие тотално да се одвоите од овој свет. Негова посакувана желба е ’Он навистина вистински да успее некој да ја исчисти својата душа‘.“

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Продолжете со трговијата, земјоделието, со своите занаети и други работи, работете го она што вас ве задоволува. Како и да е, настојувајте да го контролирате својот нефс (своите желби, страсти, барања) за да не дојдете во ситуација и до непослушност кон Возвишениот Бог, и не превземајте било какви промени за овие нешта да ве наведат да бидете непослушни и невнимателни кон Него.“

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Исполнување на своите права е дозволено но кршење на своите права не е дозволено.“

Поради тоа верникот секогаш тоа треба да го има на ум, и така љубовта кон материјалното да не порасне до тој степен кој ќе не доведе до заборавање на Бог.

Шахват значи силна желба или страст за нешто и постојана грижа во врска со тоа. Исто така, обележува работа или цел кој е насочена кон себичност, гнасотија и тоа нешто или оној кој има зголемена страст може да биде опишан како шахват.

Тогаш кога Аллах кажува (во погоре наведениот ајет) дека страста по таквите работи е внесена во човечките срца ова не значи дека оваа љубов и страст доаѓа од Аллах, тоа се шејтански страсти бидејќи го одвлекуваат човекот далеку од Бог. Ваквите работи чести ги гледаме кај луѓето во овој свет. Поради трупање на богатства, статусот во општеството и да можат да имаат не шеријатски (недозволени) врски со жените, ваквите луѓе ги преминуваат сите можни граници.

И кога се женат тоа го прават за да добијат богатство. Копнеат да се оженат со богати сопруги. Слично е и во другите ситуации и тие само копнеат по материјална добивка. Иако Возвишениот Аллах муслиманите ги наградил со преубаво и чисто учење и исто така ги предупредил да се сочуваат себе си од таквите работи, за жал можеме да видиме дека поголемиот дел од муслиманскиот свет е зафатен со негување и стекнување на материјални придобивки и ја заборавиле целта на нивното создавање.

За да дојдат до богатство водачите бараат место во високите владини кругови говорејќи дека ќе служат за општо добро на населението. Но, кога ќе заземат високи позиции тие стануваат толку алчни што посакуваат да имаат сè во своите раце на неверојатен начин и смисла.

Зналците се многу малку загрижени за верското и моралното образование на општеството. Повеќе тие сакаат општеството да ги следи во името на верата и кога ги добијат позициите во владата тие ги користат тие ситуации за собирање ан богатство и имот.

Се повикуваат на Аллаховото име, но всушност, нивното однесување и дела не покажуваат никаков страв од Возвишениот Аллах.

Која е причината муслиманските земји и покрај толкавото богатство и материјални средства да се наоѓаат во таква состојба? Се вели дека Саудиска Арабија е богата земја. И покрај тоа сиромаштијата и таму постојано се зголемува. Наспроти толкавото богатство со нафта сиромаштијата ја преминува секоја мерка. Единствено принцовите, богаташите и водачите таму се привилегирани. Трошат по неколку милиони долари за еден ден.

Нека Возвишениот Аллах им подари мудрост на овие водачи, кралеви и на сите вакви луѓе наместо да трупаат богатство треба да станат такви што собраното богатство го трошат на правилен начин. Кога ќе почнат тоа да го прават и така да се однесуваат тие не само што ќе го добијат задоволството на Возвишениот Аллах туку и ќе постигнат авторитет кај својот народ и во светот. На овој начин, наместо да ги следат наредбите од лидерите на други не-муслимански држави и да работат според нивните желби не-муслиманските водачи ќе почнат нив да ги слушаат.

Овие денови се дигна голема прашина откако Претседателот на Соединетите Американски Држави нареди амбасадата на САД да биде преместена во Ерусалим и го прогласи Ерусалим за главен град на Израел. Практично сите Израелски уреди и администрација се веќе присутни во градот. Но и покрај тоа останатите држави во свето не го признаваат за главен град. После овие настани во голем дел од светот се одржуваат протести.

Ваквите нереди, настани и однесувања на одредени влади ни покажуваат колку муслиманите се слаби. Саудиска Арабија изјавува дека на Претседателот на САД е неприфатлива, но кога коват планови и интриги против Иран и Јемен и добиваат поддршка од Америка тогаш тоа е во ред.  За да добијат привремени материјални добивки тие ги напуштаат наредбите на возвишениот Бог. Ова мораше да се случи поради непочитување на наредбите на Возвишениот Аллах, кое ние моментално го гледаме.

Ветениот Месија а.с. ни ја преставил ваквата личност која сака да постигне само материјално богатство и световни задоволства, и ја споредил со личност кој боледува од пруристус (кожна болест, како чешање) и се чувствува малку полесно ако постојано се чеша. Но тоа му дава само привремено олеснување а во исто време си наштетува на сопствената кожа, остава лузни и крвари од тие рани.

Бог ваквата состојба ја спомнал на друго место и на следниот начин:

„Знајте дека животот на овој свет е само игра и забава, и сопнување на желбите на душата кои ве чинат немарни кон главната цел, и украс и меѓусебно фалење и натпревар во богатството и децата; (овој живот е) како дожд чие растение го веселат (срцето на) неверникот. Тие брзо растат и потоа го видиш пожолтено; после тоа остануваат скршени делчиња. А на другиот свет остра казна е одредена, а и проштевање од Аллах, и задоволство. А животот на овој свет е само една привремена привидна корист.“      

         (57:21)

Според тоа, должност на верникот е да бара проштевање и прифаќање на Семоќниот Аллах наместо да се гордее со световните богатства и имот и сите свои напори да ги насочува барајќи такви работи и задоволства. Тие не треба да ги уништат своите световни животи и животот после смртта постапувајќи онака како болниот кој пати од чешањето.

Додека на еден собир зборувал за обезбедувањето и за состојбата во световниот живот Ветениот Месија а.с. рекол:

„Желбите на лицето биваат исполнети до таа мера до која досегнуваат нивните напори кон воздржување од световните желби.“

Тоа е борбата во која треба да се воздржуваме од световните (неморални) желби.

Ветениот Месија а.с. понатаму вели:

„Во срцето на оние кои се борат да се воздржат од добивање и поседување на световни работи  се наоѓа оган. И тие се заробени во овој проблем. Личноста може да најде задоволство на овој свет само со отстранување на ваквата постојана борба (за стекнување на материјални средства).“

Личноста не треба да ита кон световните материјални средства повеќе од што и е потребно (да преживее).

Ветенит Месија а.с. вели:

„Еднаш некој човек јавал на коњ и сретнал просјак кој бил толку скромно облечен што алиштата едвај го покривале неговото тело. Коњаникот застанал и го прашал просјакот: ’Добар човеку, како си?‘ Просјакот му одговорил: ’Се чувствувам како личност на која сите желби и се исполнети.‘ Коњаникот видно изненаден од одговорот го прашал: ’Како можат сите твои желби да бидат исполнети?‘ Просјакот му одговорил:’Кога личноста ги напушти сите желби тоа е исто онака како сите да ги остварил‘.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Накратко, кога личноста сака да стекне сè тогаш тоа за неа почнува да станува повод за неудобност, меѓутоа, кога некој е задоволен и напушта сè тогаш тој се чувствува како да постигнал сè.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Избавувањето и спасението се случува кога личноста чувствува радост а не тага. Живот во тага и жалост не е добар ниту во овој живот ниту во идниот.“

Тој понатаму вели:

„Животот секако ќе заврши бидејќи е како парче лед. Дури и ако го чувате затворен на сигурно во кутија и го штитите така што го завиткувате во облека, тој ќе продолжи да се топи.“

Ветениот Месија а.с. вели:

„Човечките суштества се немарни во младите години и забораваат на смртта. Исто така, некој кој е на власт мисли дека неговата состојба (на моќ) ќе трае вечно. Тој продолжува да чини зли дела и на крајот кога дојде до спознание за своите дела не е во состојба да стори било што во врска со тоа. Затоа, треба да гледаме на своите млади години како на драгоценост.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Единствената работа е во тоа личноста да мора да спознае дека периодот на старост е тешко време и во тоа време дури и некои блиски пријатели посакуваат таа личност да умре, и дека пред смртта човекот го напушта силата.“

Што се однесува до самиот живот Ветениот Месија а.с. вели:

„И покрај сето ова, човек кога е млад и полн со енергија, кога е време да заработува пари и има сила за тоа, тој останува невнимателен кон тоа што може да му се случи во иднина. Понекогаш дојде до сознание дека неговиот живот поминал залудно. Во текот на тој момент на спознание тој чувствува дека било подобро да ги следел наредбите на Семоќниот Бог и својот живот да го живеел според нив, наместо што бил задлабочен во светот и го занемарувал Семоќниот Бог.“

Во некои религии луѓето прифатиле физички божества и кипови а некои луѓе дури ги прифаќаат и световните работи како што се децата, моќта и власта ако блиски на Семоќниот Бог. Тука се случуваат и пријателства, или како примерот што дадов претходно кога некои нации сакаат да бараат заштита од други помоќни нации. Тие ги прифаќаат за свои богови, но сепак, сите тие работи е одредено да се завршат а и самиот, Семоќниот Бог, рекол дека нивното пребивалиште ќе биде Џехеннемот.

Затоа, должност на верникот е да се грижи за оваа состојба на Ахирет и за постигнување на љубовта на Семоќниот Бог, наместо да се плетка и задлабочува во световните грижи. Наше единствено божество е Оној Кој е нашиот вистински Бог. Верникот треба нај веќе да го сака Семоќниот Бог и љубовта кон Бог е тоа што доведува до богобојазливост и задоволство во човекот. Семоќниот Бог самиот Лично ни кажал дека знак на верникот е оти тие се први во љубовта кон Семоќниот Бог.

Он вели:

АРАПСКИ ТЕКСТ

„Но, оние кои веруваат имаат посилна љубов кон Аллах.“

(2:166)

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека треба да станеме Муттаки (богобојазливи) луѓе и да бидеме понапредни во ибадетот. Само тогаш љубовта кон Семоќниот Бог и стравот ќе се развијат во срцата и само тогаш човекот ќе биде во состојба да ја исполни должноста на ибадетот кон Семоќниот Бог. Должноста е вистинскиот роб да развие задоволство.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ако развиете задоволство тогаш ќе бидете благодарни.

Оние кои изговараат дека му се благодарни на Бог а се изгубени во потрагата по материјални работи и задоволства, всушност, се вплеткани во АРАПСКИ ТЕКСТ (љубовта кон посакуваните работи). Тие никогаш нема да бидат вистински благодарни.

Опишувајќи ги овие луѓе како материјалисти, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една прилика рекол:

„Кога синот на Адем би имал долина полна со злато тој би сакал да има две долини, па сепак ништо не може да ги задоволи неговите желби се додека не отиде во гроб.“

Потоа тој вели:

„Семоќниот Бог прифаќа покајание на оној кој се кае. Така, во текот на животот човекот може и треба да се покае ако направил било какви грешки.“

Додека ги објаснува стандардите на задоволства на верникот Аллаховиот Веровесник с.а.в.с. вели:

„Оној кој своето утро го помине во задоволство и во физичко здравје и во дневната храна, тоа е како да го постигнал целиот свет и сите негови удобности.“

Според тоа, ова е нивото на задоволства на верникот. Нека наша цел биде попрво да ја стекнеме љубовта на Семоќниот Аллах одошто љубовта кон материјалните работи и задоволства, и да бидеме приматели на Аллаховото проштевање и задоволство.

После ова сакам да обрнам внимание на намазот. Муслиманите од овој проглас на Америка – да ја преместат амбасадата во Ерусалим – треба да научат дека истиот е даден само со цел да ги засилат своите односи со Израел и да му дадат поголема моќ и нивниот углед и понатаму да расте. Меѓутоа, напорите на муслиманите да возвратат во ваквите околности може само да ги зголеми и компликува работите. Затоа треба да правиме дови за муслиманите во светот Аллах да им подари разбирање да станат здружени и веројатностите околу можна војна помеѓу нациите да биде отстранета.

Покрај тоа, борбата помеѓу муслиманските нации каде се загубени илјадници животи, а според некои анкети и стотици илјади животи, нека Аллах на тие нации им даде разбирање и нека им помогне да можат да живеат како една нација. Повеќе од сè, сите мораме да правиме дови муслиманите да го прифатат ветениот Месија и Мехди кој е пратен од Бог, и ако се поврзат со него можат да втемелат мир помеѓу себе и во светот, воопшто.