In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Барање на Аллаховата помош со трпение и молитва

По учењето на ташахуд, та‘уза, тасмиа и сура Ал Фатиха, хазрети Амеер-ул-Му‘минеен а.б.а. го проучи следниот ајет:

„О вие кои верувате, барајте помош со трпение и намаз, сигурно Аллах е со трпеливите.“

(2:154)

Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето во текот на животот се соочуваат со многу искушенија. Во текот на животот човекот минува низ многу тешкотии и во одредени случаи не постои друг излез освен да биде трпелив. Ова го вклучува загубата на богатството, децата и световните работи. Додека некои викаат и плачат и ги изговоруваат зборовите на неверство и жалење, постојат и оние кои се соочуваат и ги прифаќаат тешкотии и искушенија поради прифаќањето на Божјиот Пратеник. Токму како што нивните загуби во световен поглед се поради Возвишениот Аллах џ.ш. губењето на животот е исто така поради Семоќниот Аллах џ.ш., но и наспроти сето тоа тие низ овие тешкотии поминуваат без изрекување на жални зборови.

Несомнено тие на Возвишениот Аллах џ.ш. му се молат говорејќи:

„О Аллах, кога сето тоа ни се случи затоа што го прифативме оној кого Ти го прати, тогаш зголеми ја нашата трпеливост и Ти ни помогни и сочувај не од тиранското угнетување. Дај ни цврстина за ова искушение кое го поднесуваме поради Тебе.“

Хузур а.т.б.а. рече дека луѓето ја читаат историја на Божјите пратеници, меѓутоа само Ахмади муслиманите се тие кои практично поминуваат низ овој период затоа што го прифатиле Ветениот Месија а.с., искрен поклоник на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кого Возвишениот Бог го одбрал да го оживее исламот. Иако одредени групи и секти исто така поминуваат низ верско прогонување и самите возвраќаат на ист угнетувачки начин, онака како што другите се однесувале кон нив. Ахмади муслиманите се тие кои никогаш законот не го земаат во свои раце и затоа ги одразуваат вистинските карактеристики на верниците кои покажуваат трпение кога се соочуваат со суровости, молејќи се на Возвишениот Аллах џ.ш. и барајќи ја Неговата поддршка. Така, ова е голема разлика помеѓу Ахмади муслиманите и останатите луѓе во светот.

Хузур а.т.б.а. рече дека никогаш не треба да го напуштаме трпението кога се соочуваме со било какви световни искушенија, бидејќи ние крајно сме свесни дека Возвишениот Аллах џ.ш. е Оној кој може да ни ги олесни тешкотиите и да ја ублажи болката. Во текот на тешкотиите не треба да се поклонуваме пред световните луѓе, туку треба да клекнуваме пред Семоќниот Бог и да ја бараме Неговата помош. Он е Тој кој може да ни подари спас од такви тешкотии со помош на трпение и молитви, ако Бог даде.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ако верникот доживее среќа, тој благодарноста ја покажува фалејќи го Возвишениот Аллах џ.ш. и клекнува пред Него. Така, тоа станува извор на добрина за него. Ако се соочува со искушенија и покаже трпение, тогаш и тоа станува средство за добри нешта за него.

Хузур а.т.б.а. рече дека ако претрпиме тешкотии на Аллаховиот пат и ако покажеме трпение преку молитва, тогаш тоа станува средство за добри работи на човекот. Сепак, Возвишениот Аллах џ.ш. е Оној кој на човекот му дава дури и кога се соочува со најмали искушенија и не го остава со празни раце. Така, во една прилика Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека каква и да болест, тешкотија, умор или тага дојдат до муслиман, па макар тоа и да е убод на трн, тогаш Возвишениот Аллах џ.ш. ги опростува неговите недостатоци како надомест за тоа.

Така, ако некому му е предизвикана штета поради лични работи или поради припадноста на  Џемаатот а сака да го добие задоволство на Возвишениот Аллах џ.ш., да ја добие љубов на Возвишениот Аллах џ.ш., треба да се придржува до принципот кој го поставил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а тоа е поклонувањето пред Аллах џ.ш. и покажување трпение кое ќе не однесе поблиску до Него. Затоа, во овие тешки и вознемирувачки услови со кои се соочуваат членовите на Џемаатот во сите држави, наша одговорност е да бараме помош од Семоќниот Бог преку трпеливост и молитва. Он е Тој, кој е најспособен да ги запре водачите на неверниците и да не сочува од нивните зли планови и намери.

Хузур а.т.б.а. рече дека во историја на Џемаатот постојано го посматраме овој посебен аспект каде непријателите, и покрај моќта и покрај средствата кои ги поседуваат се неуспешни и доживуваат пораз, а Џемаатот сепак напредува. Ако Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и неговите асхаби морале да се соочат со тешкотии и неволји за да постигнат успех, тогаш кои сме ние да бидеме успешни без соочување со било какви тешкотии?

Во однос на тоа време исполнето со тешкотии со кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се соочувал, Ветениот Месија а.с. вели:

„Периодот од 13 години не е краток период. Не е лесна задача дури ниту само да се спомнат тешкотиите кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. морал да ги поднесе во тој период. Луѓето правеле секакви напори да ги предизвикаат овие неволји и оваа болка. Од друга страна, Возвишениот Аллах џ.ш. наредил сето тоа да се поднесе со трпение и цврстина. Оваа наредба постојано е повторувана и е нагласувано дека, како и претходните пратеници што биле трпеливи, и нам ни е потребна истата трпеливост. Затоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги поднесувал сите овие тешкотии со крајна трпеливост и не бил невнимателен во поглед на Таблигх, на ширењето на пораката на исламот. Уште повеќе, тој продолжувал упорно и понатаму.“

Хузур а.т.б.а. рече дека кога ќе дадеме завет на личност која дошла по препорака на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., на личност која дошла да го оживее исламот, да докаже дека исламот е надмоќна вера, да го отстрани секташтвото меѓу муслиманите, и да ги обедини под една рака за да се направи една нација, ние исто така мораме да се соочиме со противењето, како од нашите луѓе така и од останатите.

Моментално не муслимани во повеќе земји не се спротивставуваат толку отворено во споредба со спротивставувањето со кое во првиот период на исламот морале да се соочат муслиманите.

Всушност тоа сега се прави со други средства па и ние самите мораме да ги менуваме средства како што е печатење на литература и пропагирање на порака (Таблигх).

Кога исламот ќе почне да се шири во не муслимански свет, не муслимански земји исто така ќе почнат да му се спротивставуваат на Џемаатот, во момент кога ќе видат дека локалните луѓе го прифаќаат исламот. Факт е дека во одредени места токму тоа и се случува на места кај што на почетокот црквите со отворено срце самите се нудеа својот простор да го дадат за одржување на нашите програми. Меѓутоа, кога забележаа дека на тој начин наклонетоста на луѓето расте почна со спротивставување и понудите престана.

Хузур а.т.б.а. наведе неколку примери на спротивставување кон Ахмадија муслиманската заедница, вклучувајќи ги Азад Кашмир, Кашмир, Алжир, Бангладеш, Индонезија и некои Арапски земји. Неодамна еден мисионер на Џемаатот во Бангладеш, Мустафеез-ур-Рахман сахиб, беше нападнат со нож од страна на група свештеници и беше тешко повреден. Според извештајот, тој моментално е во стабилна но се уште критична состојба. Нека Аллах џ.ш. му подари здрав, мирен и долг живот и потполно и брзо оздравување.

Хузур а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. веќе не предупредил за таквото спротивставување од другите. Тој рекол дека оној кој го прими Ахмадијатот мора да биде подготвен на соочување со тешкотии. Мора да остане зафатен со дови како и да моли непријателите Аллах џ.ш. да ги упати.

Хузур а.т.б.а. кажа дека примил некакви приговори во кои се вели дека има луѓе кои воопшто не се соочуваат со овие прашања. Тие живеат овде (на Запад) и имаат прилика да ја пренесуваат пораката, но кога ќе се зафатат во таа работа, било тоа лично или на социјалните мрежи, во расправа со оџите или со некои други, во дебатите со нив тие користат таков јазик кој не им доликува на Ахмади муслиманите, и луѓето му пишуваат за тоа дека се вознемирени поради употребата на толку навредливи и грди зборови кои тие ги изговараат против своите противници, не ахмади верските зналци или било кој друг учесник на дебатата.

Хузур а.т.б.а. рече дека ако тоа е вистина тој ќе им каже на таквите Ахмади муслимани дека е подобро да престане со ширење на пораката. Ширењето на пораката на тој начин, наместо луѓето да ги привлече поблиску до Аллах џ.ш., ќе стане причина за оддалечување од Него.

Хузур а.т.б.а. рече дека секогаш треба да запомниме она што Ветениот Месија а.с. го рекол:

„Јас сум одреден постојано да ве предупредувам дека мора да останете подалеку од сето она што може да ве вознемири и сето она што е неред, и требате да покажете трпение дури и кога ви се упатени грди зборови. Одговорете со добро на злото и ако било кој заговара неред за вас е подобро да го напуштите тоа место и љубезно да одговорите.“

Во однос на спротивставување кое тој го поднесувал, Ветениот Месија а.с. рекол:

„Тие издадоа фетви прогласувајќи дека сум неверник, измислуваа судски процеси и многу измислици и лаги. Тие можат да ја употребат сета своја моќ и сето влијание против мене, но погледнете кој на крајот ќе ја има врховната власт. Ако почнам да покажувам грижа за нивните пцовки и клетви тогаш вистинската должност која Семоќниот Бог ми ја доделил ќе остане неисполнета. Затоа, токму како што јас не покажувам никаква грижа за нивните вербални навреди, му налагам на својот Џемаат да ги поднесува нивните пцовки и клетви. Никогаш не одговарајте на нивните пцовки со уште по грди зборови, бидејќи ако така правите ќе ги изгубите сите благослови. Преку личниот морал покажете трпение и самоконтрола.“

Според тоа, ние засекогаш треба да запомниме: ако е вистина дека поради грижа некои Ахмади муслимани одговараат употребувајќи остри зборови, тогаш тоа е погрешно. На овој начин тие не само што прават грев туку исто така и се виновни за оддалечување на новите генерации од Ахмадијатот. Може да се случи одредени млади да поверуваат дека ние немаме доволно докази и затоа употребуваме грди зборови, а тоа не е точно. Овие луѓе веднаш мора да го променат своето однесување.

Хузур а.т.б.а. рече дека нашата должност е да го развиваме односот со Семоќниот Аллах џ.ш. и секогаш да се држиме до Неговите наредби. Ние мораме да останеме трпеливи додека ги даваме жртвите на Неговиот пат. Нека Аллах џ.ш. не оспособи да одиме по патот на Неговото задоволство со трпение и ибадет и секогаш да бидеме приматели на милоста и наградата на Семоќниот Аллах џ.ш..

По џума намаз Хузур а.т.б.а. клањаше џеназа намаз во отсуство (на телото) за П.П. Назим-Уд-Дин сахиб од Пингардиј, Керала, Индија. Тој починал на 3 мај во судир со воз. Навистина, на Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме. Кога се случил немилиот настан тој бил во својот автомобил и се враќал од состанокот за изложба на Чесниот Кур‘ан.

Бил искрен и верен поединец кој секогаш и давал предност на верата над световните работи. Бил муси (член на програмата на Завештание) и зад себе оставил ќерка која тука живее и син кој живее во Дубаи. Нека Аллах џ.ш. ја воздигне положбата на починатиот и нека ги оспособи неговите деца да продолжат да прават добри дела и да останат цврсто врзани со Халифатот.