In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на обожавањето на Аллах

После учењето на тахаџуд и сура Фатиха, Хузур Акдас рекол:

Во последната хутба спомнав како Аллах вели дека за прифаќањето на молитвата е потребно да имаме целосна вера во Него, да го сметаме за Владар на севкупноста, да делуваме според Неговите наредби и само од Него да бараме. Кои се Божјите наредби? Тоа исто така беше кажано во последната хутба. Бог ни ја дал совршената книга, а тоа е Чесниот Кур‘ан кој ги содржи сите дови и сите Аллахови наредби.

Бог од човекот бара да ги прифати сите Негови наредби од Чесниот Кур‘ан за да бидат прифатени неговите молитви, како би одел по правиот пат и низ тој пат би ја постигнал Неговата близина, би правел добри дела, би се воздржувал од злото и би го исполнил заветот следејќи ги високите морални стандарди. Дали овие работи се потребни само во текот на Рамазан? Дали треба да мислиме дека сме на правиот пат ако делуваме според Божјите наредби само во текот на Рамазан? Рамазан е тука за да не потсети за овие работи самите себе да се подучиме, со заеднички напор гледајќи едни во други, и да го бараме патот кој води кон Божјата близина.

Некои од нас се подобри во правењето на добри дела, во извршувањето на намаз и во поглед на моралот. Во текот на овие денови ние сме заедно и добивме прилика меѓусебно да се посматраме и постојано да обрнуваме внимание на нашата состојба. И двата, и лично и заедно, треба да станеме добри во овој свет и во оној потоа следејќи ги Божјите наредби и постигнувајќи ја Неговата близина додека се обидуваме да го постигнеме ’стандардот за прифаќањето на молитвите‘.

Постојат безброј заповеди  во Чесниот Кур‘ан во кои Аллах наредил да правиме или да не правиме одредени работи и од време на време ние повторно треба да ги прегледаме. За денес избрав неколку од нив. Првата и најистакнатата наредба која секогаш треба да ја имаме на ум и која исто така е суштина на нашето создавање е ’обожавањето на Бог‘. Онака како што Аллах вели, и како што Ветениот Месија а.с. изјавил, дека Он ги создал џиновите и луѓето за да Го обожаваат. Јас тоа го повторив неколку пати, свртувајќи го вниманието на оваа работа, но многумина на тоа се сеќаваат само неколку дена и потоа забораваат. Според она што јас го знам оние кои ги посветиле своите животи, кои ја знаат верата и ја знаат нејзината важност, не обрнуваат внимание на тоа.

И оние кои работат во канцеларии, кои на состаноците се обидуваат да ја покажат големината на своето знаење, и тие кои ја објаснуваат светлината на Чесниот Кур‘ан и на хадисите кога расправаат за некаков случај… некои од нив ги немаат основните работи на ум онака како што треба. Ветениот Месија а.с. рекол оти добро треба да разбереме дека целта на нашето создавање е обожувањето на Аллах и трудот да станеме ’Негови‘, на таков начин што светот сам по себе повеќе не треба да биде нашата цел. Тоа не значи дека во профаното не треба да бидеме вклучени. Тоа можеме да го правиме, но одговорноста за обожавање и целта на нашето создавање треба да има предимство. Во овие денови на Рамазан секаде се однесуваат поинаку. Во западните земји, во 11 часот навечер е јација намаз. Некои клањаат теравих намаз, и кога после тоа ќе дојдат дома веќе стасала полноќ. Потоа на сехур стануваат околу 2 часот, и некои клањаат нафила намаз и доаѓаат во џамија на молитва. Ова значи дека, кога постои желба и напор а не само свест за знаењето, тогаш луѓето нема да покажуваат сонливост кон намазот, кој е врв на обожавањето. Така, во овој Рамазан оние кои ги посветиле своите животи, оние кои се обврзале дека ќе бидат тркачи помеѓу оние кои и даваат предимство на верата пред профаното, ќе се наведнуваат со сите свои средства.

Тие кои имаат канцеларии, кои имаат луѓе и кои избрале да бидат најдобрите меѓу нив, треба да им бидат пример за нив. Не само во текот на Рамазан тие треба да молат според наредбите на Аллах, да ги бројат деновите и да кажуваат дека останало само уште дванаесет дена, а потоа ќе се вратат на старата навика и на старите навики. Таа обука во Рамазан, борбата и вниманието кон намазот за стално треба да се вметне во животот.

Што се однесува до овој предмет сега ќе ви раскажам за размислувањата на Ветениот Месија а.с.. Ветениот Месија а.с. рекол дека не е во ред верникот да има цел да направи нешто друго додека Бог човечките суштества ги создал само Него да го обожаваат. Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека нашето ’јас‘ има право над нас. Ветениот Месија а.с. рекол дека ова право треба умерено да се спроведува. Ние треба да го извежбаме поради нашето сопствено добро, бидејќи кога одредени работи не потполно ги искористуваме одредени сетила престануваат да работат. Потребно е да ги користиме особините и моќите кои Бог ни ги дал, заедно со молитвата; ако не ги користиме тоа е исто како да ги одрекуваме Неговите благослови.

Една жена, следбеничка на Чесниот Пратеник с.а.в.с., била во лоша состојба. Никогаш не се дотерувала и не си ја чешлала косата. Некој на Чесниот Пратеник с.а.в.с. му кажал за нејзиното однесување. Кога Чесниот пратеник с.а.в.с. ја прашал за причината, таа одговорила дека нема потреба да се средува кога нејзиниот маж постојано се моли, и ноќе и дење. Чесниот Пратеник с.а.в.с. го повикал нејзиниот маж и му рекол дека жената има право на него. Сите видови на право треба да се земат предвид. Здравјето ќе се одржува и молитвите ќе се извршуваат онака како што треба доколку правото ’на себе‘ е исполнето.

Ветениот Месија а.с. вели дека непримерната употреба алал ќе го преврти во арам. Човекот е создаден да го обожава Аллах. Очигледно е дека за исполнувањето на оваа цел, ако се направи нешто повеќе одошто е потребно, поради тој вишок на алал станува арам. Како човекот кој постојано ужива може да биде праведен и да обожава? Потребно е верникот да се соочи со горчината на животот, што не може ако стално ужива во човечките задоволства. Жалосно е што мнозинството луѓе штом станат полнолетни, наместо да ги разберат своите одговорности и на ум да ја имаат целта поради која се создадени, го напуштаат Бог и се свртуваат кон материјалниот свет. Тие толку се вдлабочени во светот што забораваат дека Бог постои. Тие на Него се сеќаваат во времето на смртта, но мнозинството од нив и во тоа време учествуваат во управувањето на материјалното богатство.

Сите ние треба да се грижиме да ја исполниме целта на сопствениот живот. И во текот, а и по овој месец на Рамазан, ние треба да се сосредоточиме на обожавањето на Бог и поради таа цел треба да размислуваме за наредбите кои се во врска со доаѓањето во џамија. Ветениот Месија а.с. рекол дека луѓето треба да имаат желба да ја постигнат Божјата близина што пред Бог ќе ги направи повредни. Така, ако човекот му е вреден на Бог, тој ќе го најде правиот пат.

Аллах во сура Ан-Нуур вели:

„Мажите кои не ги спречува трговијата и купопродажбата од споменувањето на Аллах, од клањањето на намаз, од давањето на зекат, тие се плашат од Денот во кој срцата и очите ќе бидат превртени (од стравот).“

(24:38)

Овој ајет е пример за луѓето кои стануваат вредни за Бог, како што тоа го спомнал Ветениот Месија а.с.. Таквата одлика повеќе од било кој друг ја постигнале следбениците на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Тие на Бог му станале драги и за нив Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека тие нас не водат. Ветениот Месија а.с. наведува пример на човек кој бил вклучен во бизнис, располагал со илјадници рупии но ниту во еден момент не го заборавал Бог. Луѓето се успешни во световните работи кога не го заборават Бог. Коњот за ништо не служи ако, кога не е натоварен, добро се движи, а седне кога товарот ќе се стави на него!

Понатаму, Ветениот Месија а.с. вели дека сиромавиот, кој ќе го напушти светот поради бизнисот кој е составен дел од светот, покажува слабост. Во исламот нема повлекување. Ние никогаш не кажуваме да се напуштат жените и децата и да се престане со световните работи. Вработените треба да ги исполнат должностите а трговецот треба да си ја извршува својата работа, но тие сепак треба да и дадат предимство на верата над светот. И двете работи треба да идат рака под рака.

Аллах од нас бара да ги чуваме своите намази, посебно средниот намаз. Ако поради доцното одење на спиење постане тешко придружувањето на фаџр (сабах) намаз, тогаш тоа станува среден намаз и, ако потоа поради работата е тешко да се изврши зухр (пладне) и аср (икиндија) намаз, тогаш тие стануваат средни намази. Да се чува значи да ги заштитиме нештата за да не бидат изгубени. Верникот е послушен само ако намазите ги извршува во одредено време и ако ги извршува онака како што треба, а не само да доаѓа на брзина и да заминува наведнувајќи се како со главата да удира од земја.

Тука е и наредбата за исполнување и придржување до договорот. Ова ја вклучува обврската кон Аллах и договорите со луѓето. Потоа, тука се условите на баи‘атот и ветувањето дека ќе и дадеме предност на верата пред светот. Сите овие наредби не потсетуваат за нашите обврски кон Бог. Тие исто така го свртуваат нашето внимание на обврските кон Неговите луѓе. Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:

„Исполнете го ветувањето кога сте го дале; и не изневерувајте ги ветувањата кога ги утврдивте, и кога Аллах за заштитник го земавте. Навистина Аллах го знае она што го работите.“

(16:92)

Ова не значи дека ако јасно не го изговорите Божјото име ќе можете да го прекршите својот завет (ветување). Прво, секој договор кој го правите мора да биде втемелен на правдината и вистината. Аллах вели дека верникот мора да биде разумен и вистинољубив. Секој договор кој е базиран на правдината и вистината ќе ја има Аллаховата гаранција. Ако се разбере значењето на ова, општеството може да ги избрише сите видови на караници (спорови), измами и обвиненија.

Проблеми во семејствата никогаш нема да има бидејќи и тие се производ на ветувањата кои не се исполнети. Јас забележав дека поради материјалната алчност, примерите на кршење и на ветување, измамите и неисполнувањето на вербалните ветувања растат дури и помеѓу нас. Овие случаи не само што нанесуваат штета на нашата Заедница туку понекогаш таквите луѓе ја губат верата.

Кога човекот го прекршува договорот, тој е зависен од лагата. Аллах лагата ја забранил со строго предупредување. Аллах вели:

„Затоа чувајте се од срамотијата на идолите, и чувајте се од лажниот говор.“

(22:31)

Во поглед на ова Ветениот Месија а.с. вели дека нема потреба да кажува како не треба да пролеваме крв или да убиваме, бидејќи, освен исклучително превртливата личност, никој не крева рака неправедно да пролева крв. Но јас велам: „Не убивајте ја вистината инсистирајќи на неправдата.“ Прифатете ја вистината дури и ако некое дете зборува, и не бидете тврдоглави. Дури и, ако вистината ја пронајдете на страната на противникот, напуштете ја сувопарната логика и прифатете ја вистината. Останете покрај вистината и сведочете вистинито дури и ако е тоа против вашите татковци, браќа или пријатели. Лагата не е ништо помалку од припишување на партнери на Аллах. Сè што ве оддалечува од вистината е идол.

Потоа, во еден момент Ветениот Месија а.с. вели дека Бог лагата ја споредил со идолопоклонството. Како што глупавиот го напушта Бог и се клања пред каменот, така и човекот кој ја напушта вистината и го напушта вистинскиот пат лагата ја прави својот идол, сметајќи дека на тој начин ќе ја постигне целта. Ветениот Месија а.с. продолжува и вели дека е несреќа кога бараме од личноста да ја напушти оваа нечистотија, и тој вели дека без тоа не може да работи. Но, тој (Ветениот Месија а.с.), сака да не увери дека на крајот сепак вистината победува. Запаметете дека не постои ништо по омразено од лагата. Често луѓето кажуваат дека тие што ја зборуваат вистината завршуваат во затвор. Но, како јас можам да верувам во тоа кога неколку судски процеси кои беа покренати против мене, со Аллаховата милост  никогаш не морав да напишам ниту еден лажен збор и никогаш не бев поразен во овие случаи. Ако вистинољубивиот човек биде казнет, никој никогаш нема да ја зборува вистината. Оние кои ќе бидат казнети кога ќе ја зборуваат вистина, тоа е само поради нивните скриени лоши дела. Затоа, наведнувајќи се пред Бог секогаш треба да продолжиме да бараме проштавање за да не бидеме фатени поради некакво скриено лошо дело.

Една од Божјите наредби е дека знакот на исправната и богобојазлива личност е нејзиното потиснување на лутината и проштавање на луѓето. Проштавањето значи целосно да ја заборавите неправдата направена против вас и да опростите. Набројувајќи ги наградите за проштавањето, Ветениот Месија а.с. објаснува дека треба да запомниме како помеѓу интелектот и лутењето постои опасно непријателство. Кога ќе надвладеат страста и лутината, интелектот не може да се избори. Но, на оној кој е трпелив и покажува трпение, му се дава светлина која повторно ја осветлува моќта на интелектот и размислувањето. Потоа, преку светлината се создава бистрина. Бидејќи срцето и мозокот се помрачени од лутината и страста, над мракот се спушта ноќта.

Потоа, Хузур на друго место вели: „Запаметете дека човекот  кој е груб и запаѓа во бес никогаш не може да зборува во корист на мудроста и проникливоста.“

Устите кои пцујат и се разуздани се усти лишени и оддалечени од изворот на суптилноста. Мудроста и бесот не можат да останат заедно. Бесот е половина лудило. Кога ќе се запали тоа станува потполно лудило. Човекот ги користи своите моќи примерно и во оправдани околности. На пример тука е моќта на страста. Кога таа е надвор од мера тоа му претходи на лудило. Мала е разликата помеѓу лутењето и лудилото. Дури ниту со противникот не зборувајте со бес; зборувајте мудро. Така, кога Аллаховите наредби не доведуваат поблиску до Бог, тие исто така ја оживуваат нашата мудрост и со тоа човекот се спасува од непријателството и загубата.

Ветениот Месија а.с. вели дека постојат две сили, односно, сомневањето и бесот кои човекот го прават луд ако ја помине мерата. Аллах во Чесниот Кур‘ан вели:„О, вие кои верувате, избегнувајте ги претераните сомневања,бидејќи некои сомневања навистина преставуваат грев. Не испитувајте се и не озборувајте се едни со други. Посакува ли некој од вас да го јаде месото од мртвиот брат? Вие, тоа навистина би го мразеле. И стравувајте од Аллах, сигурно Аллах често прима покајувања (и) милостив е.“

(49:13)

Првото работа која е наредена во овој ајет е да го избегнуваме сомневањето. Ветениот Месија а.с. вели дека сомневањето е таква болест и несреќа која човекот го прави слеп и го фрла во темниот бунар на смртта. Запомнете дека сите мани и пороци потекнуваат од сомневањето. Од таа причина Аллах тоа строго го забранил. Ако се роди сомнеж против некоја личност, треба многу да се бара проштавање од Бог за да се избегне тој грев и неговите последици.

Друга работа која Аллах ја забранил е следењето. Извлекувањето на нечии слабости или следењето на другите, и обидот нешто да најдете за некој што тој го таи, создава порок.

Третата наредба е да не озборувате, озборувањето е како да го јадете месото на мртвиот брат а ние тоа го мразиме. Кога бил запрашан, Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека озборување е кога ја зборуваме вистината за некој, но на таков начин што ако тој е присутен тоа нема да му се допадне. И, ако тоа не вистината за него тогаш тоа станува клевета. Верникот не прави работи кои создаваат проблеми или нарушувања во општеството. Ниту озборува ниту клевети.

Во Рамазан, кога сакаме правилно да се однесуваме, да бидеме поблиску до Бог, и да видиме како нашите дови се примени кај Бог, треба да вложиме напор да се воздржиме од овие пороци и енергично да настојуваме да се однесуваме според Аллаховите наредби. Нека Аллах ни подари способност да Му се приближиме и да продолжиме да правиме добри дела и после Рамазан. Нека бидеме оние кои совршено Го следат.

Хузур најавил дека по џума намаз ќе се клања џеназа за Каликуе Ахмад сахиб кој е убиен во Карачи.