In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Суштината на благодарноста на Аллах џ.ш.

Денешната хутба во петок се одвиваше во Нусрат Јахан џамијата, во Копенхаген во Данска.

Хазрети Халифа-тул Месих рекол дека тој последен пат Данска ја посетил пред единаесет години. Децата од тоа време веќе станале млади луѓе а младите луѓе од тоа време сега се веќе родители. Многу благослови во материјален поглед се однесуваат на Џемаатот во Данска. Тие сега покрај џамијата имаат и канцеларии, сала и библиотека. Куќата е проширена и сега се состои од простории за мисионерите, куќа за гости и сали. Сето ова е постигнато со Аллаховата милост. Ако се зголемил бројот на Ахмади семејства, и нивното богатство се зголемило и Џемаатот пораснал во материјална смисла,  а за тоа тогаш сите треба да бидеме благодарни. Како да ја изразиме таа благодарност? Ние кои го прифативме Имамот на ова доба веруваме дека сме го прифатиле оној за кој Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол дека тој ќе ја врати верата од Плејадите. Поради тоа, ние мораме да ги усогласиме нашите проповеди со мислите на искрените верници и не треба да бидеме задоволни само со тоа што нашите усти изговараат алхамдулиллах. Ние всушност, треба да размислиме за себе, дали навистина ги практикуваме Божјите наредби? Дали животот го поминуваме како искрени верници, како што тоа го објаснил Чесниот Пратеник с.а.в.с., и како што тоа во ова доба ни го претставил Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих рече дека во текот на својата посета во Данска пред единаесет години ги посетил Ахмади муслиманите таму, и тој често потсетува на тоа дека сега многу полесно со Божјите благослови за МТА телевизија, зборовите на Хузур стасуваат до секој Ахмади муслиман, дека Бог на нив и на нивните предци им овозможил да го прифатат Ахмадијатот, што е посебно голем благослов. Многу е важно за да продолжат овие благослови да ја развиеме побожноста и да ја подобриме нашата духовна состојба. Во спротивно, треба да имаме на ум дека ако застанеме и ги занемариме верските работи ние следната генерација ќе ја оддалечиме од верата и ќе им ја оневозможиме посебната Божја милост која Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја претскажал. Ако нашите идни генерации се оддалечат од Ахмадијатот и на нив ќе им бидат оневозможени благословите на молитвите на нивните предци кои го прифатиле Ахмадијатот. Бог сигурно ја наградува побожноста и децата исто така имаат корист од оваа награда, но Бог исто така вели дека човекот мора да ја подобри својата пракса. Нашите предци заминале од овој свет со надеж дека нивните семејства ќе го исполнат ветувањето на баи‘атот.

Многумина меѓу Ахмади муслиманите во Данска треба да размислат дали во тој дух го исполниле ветувањето на баи‘атот. Мораме сами за себе да размислиме дали навистина сме го исполниле ветувањето на баи‘атот или сме тука само поради семејна или општествена врска. Во меѓувреме, оние кои лично го прифатиле Ахмадијатот треба да размислат дали се обиделе да напредуваат во верата или нивното прифаќање е само некаква моментална фаза и тие се уште стојат на почеток! Оние кои мигрирале во развиениот свет треба да размислат дали нивниот економски успех ги оддалечил од верата!

Со Божјата милост, оние кои во Данска дошле од Косово или од источна Европа го прифатиле Ахмадијатот. Треба да имаат на ум дека е голем Божји благослов што го прифатиле поклоникот на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Накратко, сите Ахамди муслимани, било да се родени како Ахмади или подоцна го прифатиле Ахмадијатот, оние кои се доселиле или се родени во Данска, сите треба да размислат дека треба да ги практикуваат искрените учења на исламот за да ја исполнат обврската на земањето на баи‘атот од искрениот поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с.. Оние кои се родени како Ахмади, оние кои веќе долго време се Ахмади или оние кои се нови, секој Ахмад маж или жена треба да размислат дали ги исполнуваат обврските на баи‘атот или барем се обидуваат тоа да го прават. Дали се обидуваат да ги исполнуваат одговорностите кои Ветениот Месија а.с. ги очекувал од нас, или, дали се обидуваат својата состојба да ја усогласат со желбите и децата да ги воспитуваат на начин секогаш да и даваат предност на верата над световните нешта и тоа од почеток, или, дали нашиот живот е пример за нашите деца во согласност со учењето на исламот, и дали нашето обожавање на Бог со секое наше дело е во согласност со учењето на Бог и на Неговиот Пратеник с.а.в.с.? Секој може да најде одговор на овие прашања само ако размисли. И Ветениот Месија а.с. детално ни ги објаснил овие нешта.

„Ветениот Месија а.с. рекол дека во овие бурни времиња кога лутањето, невниманието и измамата се раширени, нашиот Џемаат треба да ја истакнува праведноста. Божјите заповеди не се одржувани во својата величина и не постои грижа за одговорностите и за дадените совети. Луѓето се премногу задлабочени во светот и во она што е световно. Секоја мала световна загуба прави луѓето да ја изгубат верата. Ова може да се забележи во судските предмети и во прашањето за наследството. Меѓусебните бизниси се засновуваат на алчност и многумина покажуваат слабост кога се соочени со себични желби. Немаат храброст да направат грев кога се во слаба состојба но штом некоја слабост се намали и не постои шанса да направат грев, тие веднаш се заплеткуваат во тоа. Без оглед кај и да погледнете денес, ќе видите дека вистинската праведност е загубена и дека недостасува искрената вера. Меѓутоа, бидејќи Бог никогаш не дозволува да го снема семето на праведноста и верата, секогаш кога Он ќе види дека полето е скоро уништено, Он подготвува ново поле.

Токму како што Возвишениот Бог кажал:

„Ние навистина ја објавивме опомената и Ние навистина ќе ја чуваме.“

(15:10)

Чесниот Кур‘ан останува во недопрен облик, и голем дел од хадисите остануваат како и благословите, но срцата се без вера и не постои пракса. Возвишениот Бог ме пратил овие нешта да бидат оживеани. Кога Бог видел дека полето е празно, благодарејќи на Неговото Божество, не бил задоволен полето да остане празно и луѓето да се оддалечат. Така, за да се бори сонив Бог создал нови луѓе кои живеат и затоа ние се шириме за да се постигне живот во праведност.“

(Прераскажано од Малфузат, том 4, стр. 395-396)

Хазрети Халифа-тул Месих, рекол дека ова не е само слика на времето на Ветениот Месија а.с. туку е и слика на денешнината. Колку од нас во секојдневниот живот ја почитува Божјата реч, ги остава другите и што е со оние кои го прифатиле Ветениот Месија а.с.? Возвишениот Бог рекол дека ги создал џиновите и луѓето Него да го обожаваат, но дали ние световната работа ја жртвуваме во името на обожавање на Бог, или е спротивното, и ние го жртвуваме обожавањето на Бог поради световните нешта. Постојат и такви кои кога го прават намазот на време, само сакаат бргу да се растоварат. Ова е многу одвоено од оние кои не го прифатиле Ветениот Месија а.с..  Возвишениот Бог рекол едни кон други да се однесуваме со љубезност но многумина не само што не се љубезни кон другите туку и ги вознемируваат. Постојат и такви кои не можат да поднесат нешто да изгубат во световниот живот но со духовната загуба лесно се носат. Многумина од нас не можат да ги контролираат чувствата кои се распалуваат во секојдневните нешта. Некој друг тоа да го направи ние ќе речеме дека тие се незнајковци, но, ако тоа се луѓето меѓу нас тогаш тоа навистина е жално.

Така, секој самостојно може да размисли за овие нешта и секогаш треба да ги имаме на ум зборовите на Ветениот Месија а.с., дека Возвишениот Бог сакал да ги создаде луѓето кои живеат. За да го исполниме ова ние мораме да обрнеме внимание на неговите зборови.

„Ветениот Месија а.с. рекол дека кога човекот се труди да го бара патот на Возвишениот Аллах џ.ш. само поради стравот од Бог и моли за решителноста во таа работа тогаш Семоќниот Лично, во согласност со Неговиот закон, односно со ајетот: „А оние кои се борат за Нас ќе ги упатиме по патиштата Наши“ (29:70),  ја држи раката на таквиот човек за да му го покаже патот и да му подари внатрешен мир. Ако срцето на човекот е исполнето со слабост и ибадетот му е тежок на јазикот, и припишува партнери на Бог и е заплеткан во погрешни работи во религијата – како тогаш неговите дови и неговите барања можат да донесат добри резултати! Човекот не ја заслужува Божјата помош и поткрепа доколку од Семоќниот Бог не бара со чисто срце и искрено, откако ќе ги затвори сите недозволени патишта и надежи. Кога тој ќе се покори на прагот на Семоќниот Аллах џ.ш. и кога само Него ќе го моли, тој тогаш ја привлекува Божјата помош и милост. Семоќниот Бог има увид во зафрлените места на човековото срце и ако таму постои било каква безбожност, припишување партнери на Бог или било каква штетна нова работа во било кој од овие зафрлени места, довата и ибадетот на таквиот човек Бог ги фрла назад на него. Ако Бог види дека срцето на човекот е ослободено од сите видови на себични мотиви и од безбожноста, Он за него ја отвора вратата на милоста и земајќи го под Своето крило Он Лично презема одговорност да го храни.

Семоќниот Бог ја основал оваа мисија/движење со Своите сопствени раце, а сепак се уште гледаме како многу луѓе се придружуваат од интерес. Ако нивните интереси бидат задоволени, тоа е добро и е во ред, а ако не, нивната вера и верување одат преку прозорецот! Од друга страна, ако погледнеме на животот на асхабите р.а. не можеме да најдеме ниту едно такво сведоштво. Тие никогаш не се однесувале на тој начин. Мојот баи‘ат е работа на покајување, но, баи‘атот на асхабите им налагал своите животи да ги стават на коцка. Тие давале баи‘ат и наскоро потоа го напуштале сиот свој имот, почит и чест како ништо да не поседувале. Тие така ги пресекувале сите свои световни надежи и желби. Тие се откажувале од сите планови само за да ја стекнат честа и величественоста. Никој од нив не ни помислувал дека ќе станат управители или дека ќе бидат победници над друга земја. Тие никогаш не ги замислувале овие нешта, всушност, тие се оддалечувале од сите видови на желби и биле подготвени на патот на Возвишениот Бог со задоволство да поднесат секаква болка и секаква тешкотија. Во толкава мера што секогаш биле подготвени да ги дадат своите животи. Тие лично останувале отсечени од сè што е световно. Меѓутоа, друга работа е што Семоќниот Бог ги благословил. Он илјадници пати повеќе им подарил на оние кои на Божјиот пат  жртвувале сè што имаат.“

(Прераскажано од Малфузат, том 5, стр. 396-398)

„Ветениот Месија а.с. рекол дека кога човекот покажува голема промена во однесувањето кон соседите, тоа е како да покажува чудо. И тоа остава убав впечаток кај соседот. Нашиот Џемаат се критикува дека нашите членови фрлаат клетва и дека се склони на лутење. Зарем за нив не е срамно што дошле во ова движење мислејќи добро за него. Добриот побожен син го зголемува угледот на таткото. Човекот кој дава баи‘ат е како синот, токму како што жените на Чесниот Пратеник са.в.с. се познати како мајки на верните, како што Чесниот Пратеник а.с.в.с. е татко на верните. Биолошкиот татко е причина детето на свет да дојде во физичка смисла но духовниот татко е причина човекот да оди на небото и тој го упатува кон средишната точка. Дали некој би сакал синот на таткото да му предизвика озлогласеност? Да посетува жени со лош углед и да се однесува неморално, да зема алкохол или на другите да им прави срамни дела кои предизвикуваат срамота на неговиот татко? Јас знам дека ниту еден човек ова не би го посакал. Меѓутоа, кога заблудениот син така се однесува, озборувањето не може да се сопре и луѓето таквиот син го припишуваат на таквиот татко. Така, заблудениот син лично ја предизвикува озлогласеноста на таткото. Слично на тоа, кога некој ќе се придружи на ова движење и не размислува за славата и честа на движењето и се однесува спротивно, тој во Божјите очи заталкал. Тој не го предизвикува само своето уништување, туку давајќи лош пример, тој и другите ги лишава од правиот и упатениот пат. Барајте помош од Бог со сета сила која ја имате и трудете се да ги отстраните слабостите со сета своја сила и храброст. Кога се чувствувате беспомошни кренете ги рацете во дова со вистина и верување. Рацете кренати во дова со понизност, вистина и верување не се враќаат празни. Јас од искуство ви кажувам дека илјадници мои дови биле примени и продолжуваат да бидат примени.

Сигурно дека човекот е злобен ако во него нема сожалување кон другите луѓе. Ако најдам пат кој е добар мојата должност е постојано  да ги повикувам луѓето и да им раскажувам за тоа без да се грижам дали ќе прифатат или не.“

(Прераскажано од Малфузат, том 1, 146-147)

„Во поглед на објавата која Ветениот Месија а.с. ја примил за чумата која зборувал, дека секој кој ќе биде примен во неговата куќа ќе биде спасен, но, што се однесува до оние кои биле горделиви, коментирајќи во еден дел за горделивите тој рекол дека тоа е строго предупредување. Затоа е важно постојано да ја читате неговата книга ’Лаѓата на Нух‘, да го проучувате Чесниот Кур‘ан и во согласност со тоа да го обликувате своето практично делување. Кој знае што ќе се случи. Вашиот народ на вас го фрлил целото проклетство кое го имал. Сепак, колку сурово и тешко ќе биде ако по ова проколнување вашето однесување со Возвишениот Бог не биде чисто и ако не дојдете под Неговата милост и благослов. Колку се бучни новинарите против нас и како се трудат сè што можат во секој контекст. Но, тие треба да знаат дека работата на Семоќниот Бог е благословена. Иако е неопходно, со цел да имаме дел во овој благослов, да се подобриме и да се смениме на подобро. Затоа анализирајте ја вашата вера и вашата пракса. Дали сте прочистени како треба за да Семоќниот Бог се спушти на вашето срце и поради тоа да дојдете во Неговата заштита и поткрепа.“

(Прераскажано од Малфузат, том 4, стр. 69-70)

„Ветениот Месија а.с. напишал дека понизноста за верата работи како семе. Понатаму, кога човекот ќе ја напушти простотијата се покажуваат меки никулци на верата. Тогаш кога човекот го дава својот имот како зекат, дрвото на верата се исполнува со нови гранки кои на големо го засилуваат. Напуштањето на страсните желби и себичните склоности овие гранки стануваат цврсти и посилни и чувајќи ги сите аспекти на својот завет и доверба, дрвото на верата стои на своето силно стебло. Кога дрвото ќе донесе плод, тоа ја доживува добротата на уште една сила бидејќи без ваква сила тоа не може да донесе, ниту плод ниту цвеќе.“

(Барахине е Ахмадијат, дел 5, забелешка на стр. 209)

Ветениот Месија а.с. рекол дека ова е исто така доба за духовна борба. Борбата е со шејтанот кој ја напаѓа тврдината на исламот со сето свое наоружување, планови и желбата да се извалка исламот. Меѓутоа, Семоќниот Бог, го основал ова движење засекогаш да го порази шејтанот во оваа последна војна. Благословени се оние кои тоа го препознаваат. Наскоро ќе дојде време кога Семоќниот Бог ќе ја осветли вистинитоста на ова движење која е посветла од сонцето. Тоа ќе биде време кога прифаќањето на верата нема да биде повод за духовната награда. Оној кој мене ме прифати мора да води голема борба со својата внатрешна личност. Тој ќе види дека понекогаш ќе мора да го остави семејството и ќе има пречки во својата световна работа и вербално ќе биде навредуван. Тој ќе го поднесува проколнувањето, но, за сите тие работи ќе биде награден од Семоќниот Бог. Но, кога ќе дојде друга ера светот силно ќе му биде наклонет на ова движење, како што водата паѓа од висока планина и никој нема да го одрекува. Каква ќе биде вредноста на признавањето во такво време? Прифаќањето во таквото време нема да биде храбар чин. Харети Абу Бакр р.а. го прифатил Чесниот Пратеник с.а.в.с. и ја напуштил идејата да биде поглавар на Мека но Семоќниот Бог му подарил големо кралство. Хазрети Омер р.а. исто така ја примил понизноста и го прифатил Чесниот Пратеник с.а.в.с. со гледиштето ’а што ќе биде‘, и Семоќниот Бог не задржал ниту еден дел од наградата која му припаѓала! Ако човекот направи и најмал напор поради Бог, тој светот не го напушта доколку не биде награден. Условот е само да се труди. Хадисот пренесува дека кога човекот оди кон Бог, Бог ита кон него. Верата е верување во нешто невидливо. Човекот кој ќе ја забележи полумесечината се смета за човек кој има орлово око, но оној кој вика кога ќе ја види полната месечина се смета за луд.

Нека Аллах з.ш. даде да се држиме до Божјите наредби и да ја исполниме должноста на нашиот биа‘ат. На светот да му го покажеме  патот кон вистината низ нашата пракса и да бидеме вистински благодарни на Бог за Неговите наклонетости кон нас!