In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Махмоод Џамија – Малме џамија

Денешната хутба во петок се случуваше во новоизградената џамија во Малме, Шведска. Хазрети Халифа-тул Месиха започна со учењето на следните два ајета:

„Аллаховите џамии ги одржува единствено оној кој верува во Аллах и во Судниот ден и извршува намаз и дава зекат, и не стравува од никој освен од Аллах; а ова се луѓе кои се меѓу упатените.“

(9:18)

„…Оние кои Ние ќе ги зацврстиме на Земјата, извршуваат намаз и даваат зекат, и наредуваат добро а забрануваат зло. А кај Аллах е Џеннетот на овие работи.“

Алхамдулиллах, Бог овозможил шведскиот Џемаат да изгради втора џамија која ја нарекоа Махмоод џамија. И мажите и жените покажаа голема искреност во изградбата на оваа џамија. Со оглед на тоа дека Џемаатот во Шведска е многу мал, ова е голем проект. Многумина во Џемаатот се невработени, тука се и постари луѓе, деца и домаќинки. Покрај членовите кои заработуваат и кои се жртвуваа, и децата и жените не заостанаа и беа пример за давање на предност на верата над световните работи во изградбата на Божјата куќа.

Секој има сопствени потреби и желби. Посебно во ова доба кога светските и материјалните работи стануваат средиште на нечие внимание, така човекот останува запрепастен кога ќе го види духот на финансиските жртви на Ахмади муслиманите. Изградбата на џамии, мисионерски куќи и места за намаз продолжува ширум светот, додека редовната чанда исто така оди рака под рака. И покрај своите сопствени потреби, богатите Ахмади муслимани кои живеат во развиениот свет исто така помагаат и ги подржуваат Ахмади муслиманите кои се загрозени, и го помагаат Џемаатот ширум светот таму кај што е потребна финансиска поддршка. Со Аллаховата милост многумина во Џемаатот се наклонети желно да направат финансиски жртви. Ова е духот на трошењето на Божјиот пат кој во Џемаатот го всадил искрениот поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

Токму како што Ветениот Месија а.с. бил воодушевен со финансиските жртви на Џемаатот, истите жртви продолжуваат и дене денес да не воодушевуваат и сето тоа се случува благодарение на Аллаховата милост. Ова е манифестација на исполнувањето на Божјото ветување кое му е дадено на Ветениот Месија а.с., дека Бог ќе ги исполни сите негови потреби.

Изградбата на џамијата како и на двособен стан, канцеларија и библиотека чинело 37.5 милиони круни, или 3.2 милиони фунти. Куќата за Имамот и кујната се уште не се потполно завршени и менаџментот смета дека тоа ќе чини дополнителни осум до десет милиони круни. Како што е случај со сите проекти во Џемаатот, голема работа е завршена од страна на Вакар е Ами (системот за помош), што намалило многу трошоци. Волонтерите неуморно работеле и дома оделе само на кратко за да работата се заврши брзо и да се направи свечено отворање. Сепак, некои делови се уште не се завршени. Кога градежниците почнат да работат тие си одат, завршуваат кога нив им одговара. Менаџментот требало да ја разгледа состојбата пред да го повикаат хазрети Халифа-тул Месих.

Бог нека ги награди оние кои направиле финансиски жртви или на било кој начин учествувале во изградбата на џамијата! Џамијата е преубава и мештаните се воодушевуваат на нејзиниот изглед. Пред два дена весниците и претставници на радијата ја посетија и дадоа коментар дека џамијата е преубава и дека ја истакнала убавината на овој предел. Ќе раскажам за некои примери на духовни жртви кои ги покажале и возрасните и децата.

Девојче (од единаесет години) дала неколку стотини круни и рекла дека подолго штедела за тоа. Уште едно девојче, помеѓу десет и дванаесет години, дало 500 круни. Рекло дека продало два папагала за да даде пари за џамијата. На децата им се важни милениците во овие држави, но ова Ахмади девојче не им дала предност на милениците како останатите деца туку дала предност на Аллаховата куќа. Навистина, вистинската ревност и предност е барање на Аллаховото задоволство што Ахмади децата го разбираат. Тие од самиот почеток имаат увид дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол како оној кој учествува во изградбата на џамија, прави куќа за во Џеннетот. Чесниот Пратеник с.а.в.с. исто така рекол дека џамиите се најубавиот дел од градот и рекол дека џамии треба да градиме и меѓу племињата. Затоа ние се трудиме секаде да изградиме џамии. Новинарите често прашуваат за целта на градењето на џамии во нивните подрачја и ние им одговараме дека џамиите ги градиме за Ахмади муслиманите да се собираат и да го обожаваат Бог.

Млада жена направила И‘тикаф и својот накит го дала за џамијата. Немала многу накит, но тоа било се што имала и побарала од нас да не им кажуваме на родителите дека го дала накитот, бидејќи тој бил подарок од нив. Уште една вакфе нау млада жена му напишала писмо на таткото и го ставила под неговата перница заедно со накитот и малата заштеда. Во писмото напишала дека таа само тоа го има што може да го даде на Аллаховиот пат. Штотуку омажената жена, која се уште била во период на уживање во накитот, целиот свој накит го дала за изградба на џамијата. Девојки чии мажи им ветиле и ги исплатиле придонесите, исто така го дале својот накит како и заштедата. Две жени немале што да дадат но имале имот во Пакистан кој го наследиле од татковците и тој имот го продале и парите ги дале за изградба на џамијата. Кхадим ветил голема сума, и еден дел бил и од неговата сопруга. За жал мажот и жената се развеле. Сепак, кога бил воспоставен контакт за исплата, таткото на кхадимот рекол дека бидејќи се развеле сопругата ќе го плати својот дел. Сепак, и кхадим  рекол дека штом дал ветување тој и ќе го исполни.

Постојат луѓе кои на жените не им го дават дури ниту она што според правото се задолжителни да им го даваат, а и оние кои, како што е спомнато, и наспроти разводот го исполнуваат ветувањето. Навистина тие луѓе се достојни на тоа да бидат наречени искрени верници.

Кхадим, кој работел на скратено време сепак го зголемил својот залог од 100.000 на милион, тогаш кога му било побарано тоа да го направи. Тој исплатил 50 000 круни веќе следната недела. Кога го прашале како тоа успеал да го направи, рекол дека го продал својот автомобил и на тоа ја додал и заштедата. Не само дека е благословен подоцна со постојана работа туку си дозволил и да си купи подобар автомобил. Овој дух на жртвување може да се види меѓу Ахмади муслиманите во различни делови на светот.

Проектот за изградба на џамијата започнал во 1999 година кога Ахсан Уллах Сахиб купил нешто земја и ја претставил на Џемаатот. Тоа е  блиску до прометен автопат и преубавата џамија може да се види од далечина. Нека Бог овозможи секој Ахмади муслиман да ги исполни своите обврски по изградбата на џамијата, и нека џамијата преку напорите на таблигх биде извор на ширење на Божјото единство и на неговата вистинска убавина, а тоа е убавината на учењето на исламот и нека сјае.

Комплексот на џамијата е 2.000 квадратни метри и има пет големи згради. Тука се наоѓа и џамијата и спортска сала. Џамијата има две сали за молитва, една за мажи и една за жени. Некои приговараат дека во исламот жените не можат да бидат сместени во иста зграда, и еве тука е одговорот за нив. И двете сали се во иста зграда и со иста големина. И двете можат да примат по 500 верници, додека спортската сала може да прими 700 верници кои клањаат. Така, во сито време 1700 луѓе можат да клањаат и да го извршуваат намазот.

Со многуте гости кои денес беа присутни џамијата беше преполна, но за дневна употреба ова е голема џамија и дури и целиот шведски Џемаат да се собере, повторно само половина би била пополнета. Одговорност на Ахамди муслиманите во Шведска е да го зголемат бројот и да ги отстранат погрешните сфаќањана швеѓаните во поглед на исламот и да ги доведат до Божјото единство. Тоа е нивно право, и поради нивната симпатија кон нас и поради тоа што не прифатија, ние треба да им возвратиме на прекрасен начин, а тоа е да ги доведеме до Бог. Обврските кои треба да се исплатат за изградба на џамијата ќе бидат платени кога таа ќе биде наполнета со што повеќе Ахмади муслимани и со мештаните, така што ние ќе им пренесуваме порака, таблигх.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Нашиот Џемаат во ова време има голема потреба од џамии. Џамиите се Божји куќи. Кога џамијата на нашиот Џемаат се изгради во село или град, треба да се смета дека е поставен темел за напредок на Џемаатот. Ако постои село или град каде има само неколку муслимани и на тоа подрачје е потребен напредок на исламот, тогаш тука изградете џамија.

Самиот Бог ги навел муслиманите на тоа. Сепак, услов за изградба на џамијата е искреноста и тоа да се прави само поради Аллах џ.ш.. Бог ќе ја благослови ако не постои никаков елемент на зло или на некаков интерес. Џемаатот треба да има своја сопствена џамија со Имам кој ќе одржува хутби итн. И, луѓето од Џемаатот треба да се состануваат во џамијата за ја извршат заедничката молитва. Голем е благословот во  молитва и слога. Расфрлањето создава неслога, а ова е време во кое мораме да се држиме до единство и слога, и да внимаваме на нештата кои можат да доведат до раздор.“

(Малфузат, том 7, стр. 119-120)

Ние земавме баи‘ат на раката на Ветениот Месија а.с. и затоа треба да ја научиме лекцијата од другите кои не само што ги заборавиле искрените учења на исламот туку во верата вовеле и многу други не исламски обичаи. Не само да ги заборавиле исламските вредности туку ги заборавиле и моралните вредности. Треба да се заштитиме од ова а не да се вплеткуваме во проблемите на личноста, ние треба да го бараме Аллаховото задоволство токму како што Он не подучил.

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Заедничкиот намаз е повреден бидејќи создава единство. За поттик на ова единство деталите на упатството и советите идат до таму што дури и стапалата треба да се согласат во времето на намазот, и сафовите треба да бидат рамни, и луѓето треба да стојат точно рамо до рамо. Ова е значајно бидејќи една личност се прати и духовната светлина се пробива од еден во друг човек и не постои различност која создава себичност.

Добро водете сметка дека човекот има способност да ја впие духовната светлина од другиот. Со цел за единство наредено е дневните намази да ги извршуваме во локална џамија и, неделните намази да ги извршуваме во градска џамија, и потоа два пати годишно поради Бајрам намаз да се собереме и сите муслимани кои живеат на Земјата еднаш во година да се соберат во Аллаховата куќа (Каба). Целта на сите овие наредби е иста: Единството.“

(Малфузат, том 8, стр. 247-248)

Ветениот Месија а.с. рекол:

„Вистинската убавина на џамиите не е во зградите туку е во оние кои клањаат извршувајќи го вистинскиот намаз. Инаку, толку многу џамии се напуштени. Џамијата на Чесниот Пратеник с.а.в.с. била мала. Нејзиниот покрив бил направен од листови на палма и прокиснувал кога паѓал дожд. Убавината на џамиите е во оние кои клањаат. Световните луѓе изградиле џамија во времето на животот на Чесниот Пратеник с.а.в.с., но таа била урната по наредбата на Семоќниот Аллах џ.ш.. Оваа џамија се нарекувала Месџид Заррар, што значи нешто штетно. Оваа џамија била срамнета со земја. Во поглед на џамиите наредено е дека тие треба да бидат изградени поради богобојазливоста.“

(Малфузат, том 8, стр. 170)

Со цел да го стекнеме Божјото задоволство треба да водиме сметка дека по постигнувањето на една цел не треба да бидеме немарни за основната цел. Вистинската работа ќе започне по изградбата на оваа џамија и ова е она што секој Ахмади муслиман треба да го запомни; секогаш имајте ја во вид наредбата: „А Јас не ги создадов џиновите и луѓето освен Мене да ме обожаваат “ (51:57). Најдобар начин од сите должности кон обожавањето на Бог е должноста за исполнување на џамиите. Хадисот пренесува дека намазот направен во џемаатот е 25 пати помоќен одошто намаз кој е направен поединечно, дома или на пазар. Бидејќи, кога човекот ќе земе абдест како треба и тргне кон џамијата поради цел да клања намаз, не направи ниту еден чекор а да не е воздигнат за еден степен во статусот, и по еден грев му бива отстранет во секој нареден чекор. И, се додека е на сеџда, мелеките ќе праќаат благослови на него. Се смета дека човекот е во состојба на намаз се додека чека на намаз.

Друг хадис наведува дека за човекот кој оди во џамија и наутро и навечер е направено гостопримство во Џеннетот.

Благодарноста за изградба на нова џамија во Шведска треба да биде изразена преку развивање на взаемна љубов и наклонетост, повеќе одошто порано. Сега, кога џамијата е изградена, мора да бидат покажани подобри примери на учење на исламот. Како што Ветениот Месија а.с. рекол, џамиите се повод луѓето да ги направиме муслимани.  Ако нашата пракса не биде во согласност со исламот и ако на другите не ја упатуваме пораката на исламот, луѓето ќе бидат привлечени кон светлата купола на џамијата која од далеку може да се види, но ќе бидат привлечени само во надворешна, физичка смисла. Вистинската привлечност може да се случи само преку духовната  убавина. Жртвите направени при изградбата на џамијата се вредни за внимание, посебно жртвувањето на децата и младите. Меѓутоа, периодот на постојано жртвување сега започнува каде физичка убавина на џамијата треба да биде пренесена во духовна убавина. А ова е огромна задача која бара постојано исполнување. Секој Ахмади муслиман треба да вети дека ќе ја одржува непрекинатоста на духовната убавина.

Првиот ајет од Кур‘анот кој го проучив на почетокот на оваа хутба вели дека, само оние кои веруваат во Бог се достојни да ги одржуваат џамиите. Според тоа, целта за изградба на џамијата е верата во Бог, а таа вера е усовршена кога човекот себе си ќе се заштити од сите облици на ширк (припишување на партнери на Бог) и само Бог го смета за Снабдувач за сè. Покрај тоа, тука е и верувањето во Ахирет. Меѓутоа, ако човекот се осврне и размисли само за еден поглед на верувањето дека Ахиретот е подобар одошто овој живот, тој наместо да се труди во световниот живот ќе работи на тоа да стане примател на наградите на Ахиретот. Бог вели: „…а навистина Другиот свет е подобар за оние кои се богобојазливи…“ (6:33). Едно такво живеалиште кое вистинскиот верник го прави е изградба на џамија, но одржувањето и исполнувањето на џамијата е поврзано со богобојазливоста, и Ветениот Месија а.с. за богобојазливоста рекол:

„Со цел човекот да стане богобојазлив важно е по решително напуштање на изворните гревови како што се браколомството, грабежот, одземањето на правата на другите, лицемерството, егоизамот, надменоста и скржавоста, треба да ги избегне и неморалните нешта и наспроти тоа да го развие високиот морал. Тој со луѓето треба да се однесува пристојно, учтиво и со сочувство и да покажува вистинска верност и искреност кон Возвишениот Аллах џ.ш. и да бара пофални места за служење на луѓето. Со следење на ова човекот се нарекува богобојазлив. Луѓето кои ги имаат сите овие атрибути вистински се богобојазливи. Односно, ако човекот има само еден од овие атрибути тој нема да биде наречен богобојазлив. Тој не може да биде богобојазлив доколку во него не се споени сите високи морали.“

Нашата одговорност навистина се зголемува и со цел да ја исполниме должноста кон новата џамија мора да биде направена револуционерна промена.

Ајетот проучен на почетокот, исто така, го свртува вниманието на зекатот и на задоволување на потребите на сиромашните. Никој друг освен Ахмади муслиманот нема вистинска проникливост за финансиското жртвување. Чесниот Кур‘ан го свртува вниманието на зекатот. Се зборува дека Џемаатот не се сосредоточува на зекатот туку на другите членарини.  Постојано им се свртува внимание на оние за кои зекатот е задолжителен. Хазрети Халифа-тул Месих исто така го објаснил овој предмет во своите хутби во петок. Зекатот има голема поврзаност со системот на Халифатот. Во ајетите кои следат ајетот за Халифатот во Чесниот кур‘ан, познат како ајет истакхлаф (24:56), се свртува вниманието на извршување на намаз и на зекат. Зекатот не е задолжителен за сите. Тој има услови, правила и одредби. Зекатот не би можел да ги покрие сите трошоци (на Џемаатот) и затоа е важно да се плаќа редовната членарина и Завештание членарината. Навистина, Ветениот Месија а.с. основал систем на месечна членарина.

Било како било, со изградбата на џамијата нашата одговорност пораснала и целосно внимание треба да се посвети на тоа исполнување. Тоа може да се постигне со засновање на врската со Бог, вниманието кон Другиот свет и со воздигање на нивото на богобојазливоста. Ние ова можеме да го направиме со правење напор да го стекнеме Божјото задоволство и со извршување на намазите и со служењето на луѓето.

Предвидено е дека религијата ќе има достоинство преку Ветениот Месија а.с., и навистина го има, бидејќи него Бог го пратил во ова доба како вистински поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с. повторно да ја втемели веродостојноста на исламот. Самата цел за неговото доаѓање била на светот да му се покаже убавината на исламот.

Друг ајет, проучен на почетокот на хутбата, спомнува дека кога Бог дава достоинство тоа бара извршување на намазот, давање на зекатот, наредување на доброто и забранување на злото. Достоинството во сегашното доба ќе биде дадено преку Ветениот Месија а.с.. Системот на Халифатот требало да биде основан благодарејќи на него, и затоа е основан. Денес, само Халифатот основан во Ахмадија муслиманската Заедница во светот ги шири вистинските учења на исламот, гради џамии поради извршување на намазот, а не места за зло и раздор, и сите овие џамии создаваат почит, чест и сила на исламот. Огромна е одговорноста на секој Ахамди муслиман да размисли за ова и додека ги исполнува своите ветувања, да настојува своите мисли да ги обликува во согласност со барањето на Божјото задоволство. Во светлината на овој ајет, треба да се има во предвид дека кога Божјите суштества бараат помош од Него, тие и ја добиваат. Тие, својата способност и својата сила ја трошат за грижа кон луѓето и така ја исполнуваат должноста кон Бог. Тие стравуваат од Бог и напредуваат во верата  и животите ги трошат во богобојазливоста, им зборуваат на другите да прават добро и ги оттргнуваат од злото.

Нека Аллах џ.ш. даде да ги разбереме овие нешта, да ја исполниме должноста кон Бог и да ја развиеме взаемната љубов. Исто така да ја исполнуваме должноста кон џамијата како и кон ширењето на пораката. Да имаме благовремена љубов за финансиско жртвување, да ја посвоиме непрекината љубов за духовен напредок и така да го исполниме заветот кој сме го дале на вистинскиот поклоник на Чесниот Пратеник с.а.в.с..