In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Халифат во Ахмадијатот

После учењето на тахаџуд и на сура Ал Фатиха, Хузур кажа: „Денес е 27 мај, и како што секој Ахмади муслиман знае дека по смртта на Ветениот Месија а.с. започнал Халифат во Ахмадија Џемаатот, од тие причини Џемаатот овој ден го слави како ден на Хилафатот. Благодарни сме Му на Бог за Неговото ветување, на претскажувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на радосната вест која Ветениот Месија а.с. ја дал за другата манифестација на божествената моќ. Бог не спасил од распаѓање и не споил да бидеме заедно. Покрај оваа врска, ние исто така ветуваме дека ќе бидеме подготвени да понудиме секаков вид на жртва за воспоставувањето и продолжувањето на Халифатот на Ахмадијатот.

Сто и осум години од историјата на Ахмадијатот сведочат за тоа дека од генерација во генерација решително се прават жртви за да се исполни ова ветување. Бог секогаш ќе дава можности сегашните или идните членови на Џемаатот да го одржат ова ветување. Ветениот Месија а.с. рекол дека целта на неговото доаѓање е човештвото да го приближи до Бог, и луѓето да ги исполнат сите обврски кон Бог или обврските кои ги имаат еден кон друг.

Во тезата ’Ал-Васијјат‘, откако ги кажал добрите вести за воспоставување на Халифатот, Ветениот Месија а.с. исто така кажал овие нешта да ги направиме да бидат дел од нашиот живот. Значи, тој на друго место вели дека, ако потполно се поклониме пред Бог, ви велам, дека во согласност со Божјата волја ќе станеме Негова побожна Заедница. Поставете ги вашите срца кон Божјата величина и покажете го Неговото единство не само со зборови туку и практично За Он практично да ве благослови со Неговите благослови.

Ветениот Месија а.с. ни кажал да се воздржиме од злобата и кон луѓето да се однесуваме со искрена наклонетост. Во секој поглед треба да ја покажуваме благородноста, бидејќи не знаеме на кој начин ќе бидеме спасени. Ако се држиме до единственоста на Бог и направиме поместување во благородноста кон луѓето, ако бидеме поврзани за Халифатот на Ахмадијатот, тогаш би требало да го видиме сиот напредок кој Бог го ветил на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. добил радосна вест од Бог и рекол дека не треба да мислиме дека Он ќе допушти да пропаднеме. „Вие сте семето посеано со Неговата рака.“ Бог рекол дека ова семе ќе изрти и ќе расне и дека неговите гранки ќе се шират во сите насоки и ние ќе стане големо дрво. Нема никакво сомневање дека Заедницата која ја воспоставил Ветениот Месија а.с. ќе напредува. Ова е Неговото ветување. Сите мораме да се преиспитаме за тоа што го правиме, да ги преиспитаме нашите обврски кон Него и кон нашите блиски. Светот не гледа. Аллах џ.ш. ни дал одговорност да го воспоставиме Божјото Единство. Треба да му се приближиме на Бог и да им помогнеме на Божјите суштества истото тоа да го направат. Човечките вредности треба да ги прилагодиме на здрави основи.

Во последните неколку дена јас ги посетував скандинавските држави. Таму новинарите и други образовани луѓе ме прашуваа кои се нашите цели. Продолжив да им зборувам дека целите на Халифатот и на Џемаатот се истите оние поради кои Бог го пратил Ветениот Месија а.с.. Нашите цели се однесуваат на тоа човештвото да го приближиме кон Бог и да му служиме на човештвото. Ние немаме никакви други цели освен тие. Гледаме дека светот го заборава Бог и општата љубезност кон човештвото се засновува на сопствените интереси. Ова создава повеќе немир. Врските помеѓу државите и нациите се распаѓаат.

Световните луѓе ова тешко го разбираат, како без сопствените интереси можеме да служиме само за да го добиеме Божјото задоволство. Можеби световните луѓе мислат дека во името на љубовта и наклонетоста Ахмади муслиманите им се приближуваат или се обидуваат да им се приближат за да после некое време ја преземат власта по обединувањето на моќта и дека тоа е нашиот модус операнди (начин на работата). Професорот, кој на универзитетот во Стокхолм предава ислам, во една прилика ми го постави ова прашање. Одговорив,  цитирајќи го стихот од поезијата на Ветениот Месија а.с.: „Јас немам никаква врска со државите, мојата држава е поинаква од останатите и не ме интересираат сите овие круни, мојата круна е Божјото прифаќање.“

Со Божјата милост, во текот на овие патувања дадов многу интервјуа во медиумите. Имаше два приеми во Данска и во Стокхолм на кои зборувавме за исламот, искрените учења на Чесниот Кур‘ан, примерното однесување на Чесниот Пратеник с.а.в.с. и за примерите од исправно упатениот Халифат. Многу луѓе отворено рекоа дека сега станале свесни за вистинското учење на исламот. Вака луѓето реагираа на состаноците и конференциите кои овие денови во името на мирот ги одржа Џемаатот. Тоа дека во различи делови на светот, на запад како и на исток, на свој начин на таа тема Џемаатот се труди неуморно е благодарение на фактот што се поврзани со Халифатот и затоа што работат во согласност со неговите упатства.

После Ветениот Месија а.с. системот на Халифатот не само што ги води своите следбеници туку и на другите им ги покажува вистинските примери на исламските учења, вклучувајќи ги и противниците на Ахмадијатот, или оние кои се плашат од исламот. Овде ќе претставам неколку примери за тоа колку луѓето остануваат запрепастени кога присуствуваат на состаноците на Џемаатот.

Имаше прием во еден хотел во Данска на кој имаше и членови на парламентот заедно со министерот за култура и религија, градоначалникот, политичари, учени луѓе како и претставници на амбасадите. Сите без исклучок рекоа дека ги научиле вистинските учења на исламот.

Еден гостин од Данска рече дека исклучително е задоволен со говорот на Халифата. Беше среќен бидејќи таквата порака овие денови е итно потребна и тој замоли зборовите не Халифата вистински да се разберат во Скандинавија.

Градоначалникот, политичарите и учените луѓе од друг град во Данска исто така дојдоа во посета и членот на нивното собрание рече дека говорот на Халифата бил многу впечатлив и беше среќен што стотици илјади муслимани храбро стојат како светилник само за да го воведат мирот во светот, а тоа се Ахмади муслиманите.

Еден гостин кажа дека после неговиот говор сите луѓе кои седеле заедно со Халифата на подиумот разговарале за вистинското знаење на исламот. Сите зборуваа дека се многу задоволни што исламот е претставен на толку убав начин. Луѓето во Данска не знаат дека многу секти во исламот посакуваат мир. Еден гостин рече оти тој смета дека е неопходно сите денешни гости да одат дома со нова решителност – посебно во Данска каде е направена карикатура на Чесниот Пратеник с.а.в.с. со погрешно гледиште. Им реков дека тоа ќе создаде омраза, дека мирот ќе се разниша, дека ќе се случи разурнување и дека ништо нема да се постигне. Тие тоа го прифатија, иако проблемот со карикатурата за нив е многу чувствителен предмет, но начинот на кој јас тоа го објаснив им се допадна и тие многу добро го разбраа.

Еден гостин кажа дека после денешното обраќање мислењето за муслиманите сигурно ќе се промени. Тој кажа дека го нарачал  Чесниот Кур‘ан за да го разбере исламот подобро. После оваа вечер тој сфатил дека има недостаток во знаењето и рекол дека ќе го проучи Чесниот Кур‘ан.

Како што кажав, луѓето дојдоа од Ногск (Nogsk) и се вратија после извршувањето на должноста. Еден од гостите напишал дека тие се многу благодарни што овој состанок ќе се запомни како незаборавен настан и искуство. Тој понатаму рекол дека при враќањето била посебна атмосфера. Во текот на патувањето се воделе расправи на темата од состанокот. Сите се согласиле дека поминале убав ден и дека многу научиле.

Еден новинар ги изрази своите чувства изјавувајќи дека многу научил и дека говорот на Халифата го натерал да размисли, посебно за сликата на исламот која е претставена во медиумите, а која всушност е поинаква од тоа. Рече дека не може да најде никаква грешка во она што Халифата го зборуваше бидејќи сè она што тој го кажал се однесувало на љубовта и почитувањето на едни кон други. И Халифата кажал дека ова е клучот за мирот. Рекол, дека нè предупредил за опасноста од светска војна и рекол дека сега е загрижен бидејќи луѓето зборуваат дека сме се поблиску до светска војна, но не верувал во тоа. Сега неговите размислувања се промениле и мора сериозно да се размисли за тоа. Рече дека начинот на кој Халифата го претставил тоа го натерал на размислување.

Уште една личност која присуствуваше рече дека зборовите на Халифата го натерале да размисли, но исто така и се загрижил бидејќи тој ја претставил темна слика за иднината. Тој не предупреди за опасностите од војната и рече дека сега е време да направиме нешто за мирот, инаку подоцна ќе зажалиме.

Една госпоѓа од Данска рече дека сè до денес имала негативно мислење за исламот но тоа што тој ден го слушнала било добро и имало порака полна со љубов. Научила дека ИСИС не е ислам. Исламските учења подразбираат да ги заштитиме сите места на обожавање. Рече дека сретнала таква личност која докажала дека медиумите дават погрешна слика за исламот. Беше навистина среќна што и се објаснило вистинското значење на џихадот. На неа и се допаднале неговите идеи за слободата на говорот и за придонесувањето на мирот во светот.

Потоа еден гостин од Данска рече дека Халифата се ослонува на Чесниот Кур‘ан, што покажува дека тие зборови не се негови сопствени туку се базирани на реалноста. Тој рече дека интеграцијата на муслиманите на Западот е можна, бидејќи, тоа што тој го зборувал докажува дека исламот не е спротивен на западните вредности. Мирот, толеранцијата и почитта на едни кон други се заеднички вредности. Потоа кажа дека, ако искрено зборуваме, луѓето во Данска се плашат од муслиманите и од војните на Блискиот исток. Но денес разбравме дека што и да се случува таму не е вина на Чесниот Пратеник с.а.в.с. или на неговата религија, туку, неговите учења се изобличени.

Еден студент од универзитетот рече дека сите точки се јасни и дека исламските вредности се претставени на таков начин што сите треба да се држиме до нив. Понатаму, рече дека Халифата целите на Џемаатот ги направил многу јасни и, цитирајќи го Чесниот Кур‘ан, животот на Чесниот Пратеник с.а.в.с., и давајќи ги примерите од Халифатот, докажал дека исламот е религија на мирот.

Уште еден гостин ги изрази своите чувства зборувајќи дека Халифата зборувал за нашата генерација, за решенијата за проблемите на совршен начин базиран на Чесниот Кур‘ан. Гостинот не знаел дека Чесниот Кур‘ан толку многу зборува за правдата и рекол дека неговото мислење за исламот се променило. Пред тоа знаел само за она што медиумите зборувале за исламот, но сега ја согледал реалноста. Халифата се осврна на ајетот од Чесниот Кур‘ан кој вели дека треба да бидеме праведни кон луѓето кои дури и не ни се допаѓаат. Исто така, му се допаднало кога Халифата рекол дека поранешните муслимани кон Евреите и христијаните се однесувале со љубов. Тоа го допрело неговото срце.

Уште еден член на едно друштво рече дека луѓето многу малку знаат за пораката на мирот. Медиумите изнесуваат само лоши работи и ништо не зборуваат за убавите нешта. Сите медиуми во Данска денес требало да бидат тука, и овој член беше разочаран од нивниот став.

Госпоѓата, која беше гостин од Данска, рече дека Халифата е нејзин учител и дека е среќна бидејќи денес многу научила. Таа прифатила дека исламот е мирољубива религија. Таа сака луѓето да обрнат внимание на оваа порака и побара да го добие преводот на говорот на дански јазик за да се вдлабочи во зборовите и да ги пренесе на другите. Потоа рече дека оваа порака треба да се рашири насекаде во Данска и дека тие треба да се согласат со оваа порака и да учат од Халифата. Таа, пред тоа, сметала дека сите муслимани се терористи но сега и е жал што имала такви идеи бидејќи мнозинството муслимани се мирољубиви. Рече дека мажот и забранувал да дојде тука но таа и него го наговорила да дојде и сега ѝ тој е многу возбуден. Рече и дека оној кој не дошол, а имал покана, е глуп.

Еден дански политичар рече дека за прв пат се среќава со Халифата. Неговото искуство со него било сосема поинакво од средбата со било кој друг муслиман. Халифата јасно објаснил дека исламот дава слобода на сите религии и, иако нашиот Џемаат е мал, неговата порака е голема. Тој исто така рече дека научил како Чесниот Пратеник с.а.в.с. им дозволил на христијаните да извршат молитва во џамија и дека бил против сите видови на непријателство или предрасуди против Евреите.

Претставникот на американската амбасада рече дека Халифата го покажал вистинското лице на исламот и рече дека терористите немаат никаква врска со исламот. Тој рече дека на амбасадорот ќе му ги пренесе сите точки вклучувајќи ги и деталите за суровостите кои Халифата ги спомнал.

Госпоѓата од Данска, која по професија е учителка, рече дека на своите ученици ќе им пренесе сè што научила. Рече дека не знаела како Чесниот Пратеник с.а.в.с. убаво се однесувал кон Евреите и христијаните. И понатаму кажа дека исламот и тероризмот се одвоени едно од друго.

Друга госпоѓа, гостин, рече дека од говорот на Халифата забележала дека тој добро ги слушал останатите говорници. Потоа, кажа дека говорот на Халифата за третата светска војна бил предизвикувачки и таа била малку нервозна, но таа од целиот говор во целост беше задоволна.

Во Малме, исто така, беа присутни повеќе од 1400 гости меѓу кои беа и членови на Парламентот, градоначалникот на Малме, шефот на полицијата, претставници на шведската црква, универзитетски професори и луѓе од најразлични професии. Еден гостин евреин рече дека на овој свет наголемо преовладува лошо милење за муслиманите. Рече дека бил изненаден кога од муслимански поглавар слушнал порака на љубов и само љубов. Рече дека после говорот на Халифата тој смета дека муслиманите се нивни браќа и чувствата на милост за Палестинците пораснале во неговото срце и сега мисли дека можеби не се сите лоши.

Една госпоѓа, христијански свештеник, која работи во болница рече дека е вистина како луѓето во Малме и во Европа се плашат од муслиманите и џамиите, но дека Халифата ја уверил за целите на џамијата и се надева дека ќе има успех во уверувањето и на другите.  Најдобриот дел на говорот на Халифата беше делот во кој зборуваше за тоа како луѓето треба да го препознаат и (признаат) својот Создател и дека треба да имаат цврста вера во Бог, што всушност е и нејзината идеја.

Градоначалникот на Малме рече дека Халифата ги уверил за мирот и ги објаснил целите на џамијата. Тој рече дека тие џамијата ја сметаат за извор на мир и здружување.

Еден новинар изрази изненадување од фактот дека од својот џеб го поднесовме трошокот од извонредни 30 милиони круни. Тој рече дека видел случаи на тероризам и суровост но дека ние сме поинакви луѓе. Наведе случка каде некој муслиман на друг човек му рекол дека ќе оди во Џехеннемот (Пекол) бидејќи е христијанин, но тоа кај Ахмади муслиманите не го нашол.

Две личности од универзитетот на Малме го пофалија мојот говор бидејќи е со позитивно дејство и содржи порака на љубов и толеранција. Еден професор рече дека говорот на Халифата е многу интересен и дури побара и копија од говорот. Тука беа и луѓе од различни религии. Еден гостин кажа дека има една реченица која Халифата ја кажал и која му се допаднала, а тоа е дека поради поголемо добро своите лични интереси треба да ги ставиме настрана. Еден наш пријател, Полјак кој живее во Шведска, рече дека овој говор во секој поглед бил потполн. Тој рече дека верува во Бог додека мнозинството луѓе кои овде живеат не веруваат и тој е горд што сретнал личност која цврсто верува во Бог. Еден гостин муслиман од Југославија рече дека се согласува со сè она што Халифата го кажал бидејќи исламот го бранел на начин како никој друг не би можел.

Еден гостин од Шведска го изрази своето размислување и рече дека никогаш и никого не слушнал да го брани исламот како што тоа го направил Халифата. Еден политичар рече дека овде навистина чувствува мир. Еден христијански свештеник се согласи со говорот на Халифата и рече дека кога на почетокот се учел Чесниот Кур‘ан на него тоа имало духовно влијание и тој треперел. Друг гостин рече дека се чувствува како да бил на друг свет. Централната тема беше дека ние треба да водиме грижа еден за друг. Халифата преку Чесниот Кур‘ан докажа дека религијата е работа на срцето. Еден гост од Шведска рече дека медиумите говорат дека исламот е религија на насилство но дека тој овде слушнал нешто сосема спротивно. Халифата ги отстрани нашите стравови и докажал дека Мухаммед с.а.в.с. бил исполнет со мир.

Другата гостинка рече дека пред да дојде овде многу се плашела. Сега нештата ги гледа на сосем поинаков начин. И се допадна учењето на исламот за правата на соседите. Многу луѓе изразија слични мислења.

Еден член на Парламентот рече дека Халифата треба да ги претстави сите платформи и дека луѓето треба да обрнат внимание на него. Ако некој до сега се плашел од исламот тој сега мора да се ослободи од тој страв. Еден од нив рече дека овој говор треба да им се даде на Австријците бидејќи тие фанатично станале анти исламски. Тој исто така кажа дека му се допаднал фактот дека Џемаатот нема никаква врска со политичарите и дека се грижи само за основањето на мирот,  и дека Ахмади муслиманите настојуваат да им помагаат на луѓето и да и ослободат од тешкотии. Беше интересно да се забележи дека една џамија била урната во времето на Пратеникот с.а.в.с. што докажува дека џамијата е местото на мирот.

Во Стокхолм се одржа прием каде што дојдоа шест члена на Парламентот. Еден од нив рече дека Халифата на нив оставил силен впечаток дека не треба да ги затворат очите наспроти судирите мислејќи дека тие сами од себе ќе се решат. Тој беше благодарен на таа порака. Еден гостин кажа дека на овој свет постојат некакви моќи кои луѓето ги држат оддалечени но дека ние на секој начин сме успеале да ги соединиме. Еден христијанин, бегалец од Ирак, рече дека никогаш и никого во Ирак не слушнал вака да зборува. Луѓето таму исламот не го претставуваат онака како тоа го прави Халифата. Тој зборува за очигледната вистина која се случува во светот. Потоа, еден гост рече дека тоа што Халифата го зборува секоја религија го зборувала на почетокот. Секоја религија има исто основно учење. Ако и имаме разлики со муслиманите тие се базирани на културата а не на религијата.

Известувањето на електронските и печатените медиуми во Данска е следното. Националните весници со тираж од 50 000 објавија вест за програмата. Радио новинар направи интервју со Халифата во траење од 45 минути и истото интервју го пренесе на дански јазик. Оваа радио станица има 25 до 40 илјади слушатели. Телевизијата исто така ја пренесе веста а таа има 2 милиони гледачи. И преку другите медиуми ова порака на исламот стасал до 3 милиона луѓе.

Слично на тоа, во Шведска преку весниците и телевизијата направени се шест интервјуа. Вкупно оваа порака стаса до 8 милиони луѓе.

Начинот на кој луѓето ги изразија своите мислења кои јас ги изнесов, зборуваат дека тие ја дознале реалноста за исламот. Луѓето сега знаат дека Ахмадија Џемаатот е поврзан со Халифатот и затоа ги исполнува Божјите права и правата на Неговите луѓе. Така, секој Ахмади муслиман треба да го разбере овој факт дека овие права целосно можат да бидат исполнети преку поврзување со Халифатот.

Тоа е вистинскиот Халифат кој не само дека го менува стравот на луѓето во мир туку исто така го менува стравот на другите во мир. Јас ја опишав кратката содржина на чувствата на страв кај луѓето кој е променет во мир преку нашата програма. Тоа е Аллаховото ветување. Неговите благослови идат со тоа и тие и на другите го одлеваат своето дејство на преубавото учење на исламот. Затоа, некои од нив изразија желба да го читаат Чесниот Кур‘ан.

Ако во ова време некој, освен Ветениот Месија а.с., се обиде или сака да заснова Халифат тој нема да успее и нема да биде во состојба да го втемели мирот.

Ние гледаме што се случило во времето на хазрети Омер р.а.. Во времето на исправно упатените Халифи тој во Сирија и во Ирак донел таков вид на мир што дури и христијаните биле посреќни под муслиманска одошто под Римска власт. А што сега таму се случува. Движењето кое било започнато во името на Халифатот немал моќ и каква моќ и да претставувал на почетокот, ја изгубил. Тој е сведен само на организација и тоа само за две до три години. Тој не овозможил мир ниту на своите ниту на другите. Многумина таму заминале од Европа со голем занес во името на исламот и Халифатот. Биле разочарани кога ги видел не исламските постапки. Тие таму живеат во страв и наспроти на желбата не можат да се вратат назад. Еден пример ќе ја објасни состојбата на насилството таму. Била некоја жена и нејзиното мало дете плачело бидејќи било гладно а куќата и била далеку. Застанала на страна под некое дрво и почнала да го дои детето. Војник на таканаречениот Халифат отишол таму, го грабнал детето и ја убил жената поради нејзиното ’не исламско‘ однесување според нивното толкување на исламот. Тие им го одземале мирот на своите сопствени граѓани а истото им го направиле и ма другите.

Ахмадија Џемаатот е тој кој стравот го заменува во мир за своите сопствени луѓе како и за другите. Од изразите на другите докажано е дека Аллаховите благослови се со Ахмадија Халифатот и тие никогаш не се смалиле. Историјата на Џемаатот долга 108 години сведочи за она што јас го изнесов. Така, основањето на Џемаатот на Ветениот Месија а.с и Халифатот се Божјо ветување. Онака како што било во времето на Ветениот Месија а.с., она што некои луѓе се обиделе да го уништат во времето на Ветениот Месија а.с. а не било уништено тие денес ќе се обидат да го уништат, но со Аллаховата милост никогаш нема да бидат во состојба тоа да го направат.

Ахмадија Халифатот и системот, со Аллаховата милост, засекогаш ќе останат. Ако ги погледнеме нашите средства, не можеме дури ниту да замислиме оваа порака на исламот да ја шириме до голем број на луѓе. Кога Аллах џ.ш. одлучил оваа порака да ја упати до сите краишта на светот, кој на Земјата може да го спречи овој напредок? Ние треба да го молиме Аллах џ.ш. секој Ахмади муслиман да го држи верно поврзан со Ахмадија Халифатот и да бидеме во состојба да видиме дека Божјото ветување се исполнило со уште поголема величественост за се пократко и пократко време. Амин!

Хузур потоа најави џеназа за три личности која ќе се клања после џума намаз.