In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ХАЛИФАТ И ИСЛАМСКИ УММЕТ

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Ветениот Месија а.с. му се заблагодарил на Семоќниот Аллах за искрената Заедница која Тој му ја подарил.

Постојат безброј примери кои се однесуваат на искреноста и лојалноста на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а тоа се однесува и на Ветениот Месија а.с..

Ветениот Месија а.с. изјавил дека му е објавена радосната вест за Халифатот кој ќе се воспостави после неговата смрт, во книгата Ал-Вассијат. Ова ветување се однесува на веста дека ќе се формира вечен Халифат кој ќе опстане сè до Судниот ден, под услов Заедницата да остане лојална и искрена кон Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. дека сите Ахмади муслимани ширум светот мора да ги развијат овие чувства на преданост и да сторат сè што можат за да постапуваат според упатствата на Халифата.

Постои силна поврзаност помеѓу Халифата и неговата Заедница, и обратно. За тоа сведочат илјадници различни забележани случувања.

Хазрети Маулана Хакиим Нур-уд-Дин (р.а.) Халифа-тул Месих I

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека уредникот на магацинот Ал-Бадр за хазрети Халифа-тул Месих I (р.а.) напишал дека и денес постојат многу луѓе кои ја искажуваат својата љубов кон него и предано се молат за него.

Еден човек го замолил хазрети Халифа-тул Месих I (р.а.) за совет, на што тој му одговорил:

„Вие го извршивте сето она што јас го барав од вас. Остана само уште една работа, а тоа да го научиш Чесниот Кур’ан напамет.“

И покрај тоа што тој човек, во тоа време, имал 65 години, тој станал Хафиз според упатствата на хазрети Халифа-тул Месих I (р.а.).

Хазрети Мирза Башир-уд-Дин (р.а.) Халифа-тул Месих II

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халифа-тул Месих II (р.а.) на членовите на Џемаатот им наредил да го зголемат таблик, пренесувањето на пораката на Заедницата.

Еден млад член на Џемаатот отишол во Авганистан да ја изврши таа задача, но тој заминал без пасош. Поради тоа, тој бил притворен од властите, но и покрај тоа продолжил со своите проповеди за пораката, но набрзо бил протеран од земјата и вратен во Индија.

По враќањето тој не отишол веднаш да ја посети својата стара мајка, туку отишол да го извести хазрети Халифа-тул Месих II (р.а.) за случувањата, и да му ја покаже својата спремност и желба да отпатува во други земји каде ќе ги продолжи своите активности според наредбите на хазрети Халифа-тул Месих II (р.а.).

Хазрети Мирза Насир Ахмад (р.а.) Халифа-тул Месих III

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на Халифатот на хазрети Халифа-тул Месих III (р.а.) една жена, по име Наима Латиф сахиба, покажала голема храброст, искреност и покорност бидејќи била единствената во пошироката околина која носела исламски превез (хиџаб), и тоа го сторила веднаш после слушањето на говорот на хазрети Халифа-тул Месих III (р.а.) кој се однесувал на темата за користењето на исламскиот превез.

Во 1974 година, кога Ахамди муслиманите биле на мета и биле прогонувани, еден Ахмади муслиман ја продал својата земја и сакал да купи друга земја во близина на Рабва. Меѓутоа, кога го известил  хазрети Халифа-тул Месих III (р.а.) за таа работа Халифата покажал разочарување и му рекол дека требал да си остане на своето старо место. После тоа, Ахмади муслиманот сторил сè за да може да си ја откупи својата земја, но тоа го постигнал за многу поголема цена од онаа за која претходно ја продал својата земја. После тоа го известил хазрети Халифа-тул Месих III (р.а.) дека постапил според неговите упатства.

Хазрети Мирза Тахир Ахмад (р.а.) Халифа-тул Месих IV

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на Халифатот на хазрети Халифа-тул Месих IV (р.а.) во Африка дошло до извонредни промени и развој поради дејствувањето и работата на мисионерите кои престојувале таму. Народот изразувал голема љубов и преданост кон Халифатот. Мисионерите рекле дека тоа не се случува поради нивните активности и труд, туку дека сето тоа дошло поради милоста на Семоќниот Аллах.

Хазрети Мирза Масроор Ахмад (нека Аллах биде негов помагач) Халифа-тул Месих V

Кога хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја посетил Нигерија, имал само два часа време да помине со луѓето кои сакале да бидат со него. и наспроти краткото време околу него се собрале 30.000 луѓе кои сакале да го запознаат. Мажите и жените возбудено се труделе да воспостават контакт со него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Гана купиле огромно земјиште на кое се одржала Џалса Салана (годишен собир). И покрај големата посетеност и големиот број на луѓе, ниту едно лице не се пожалило на условите и сите присутни покажале големо трпение. Кога ги прашувале во врска со случувањата на Џалса Салана најголемиот број од нив одговориле дека се среќни затоа што имале прилика да присуствуваат на Годишниот собир и дека ситните проблеми и тешкотии кои се појавувале во текот на собирот не преставувале товар за нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа дека Ахмади заедницата во Буркина Фасо била основана пред неколку децении и го потенцира напредокот на Заедницата во однос на својата љубов и преданост кон Халифатот. Иако поголемиот дел од членовите не биле родени како Ахмади муслимани тие во последните неколку години покажале голема искреност и љубов кон Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека членовите на Ахмади заедницата во Америка се многу повеќе свртени ко овоземското и материјалното и многу помалку ја почитуваат верата. Меѓутоа, и покрај тоа, тие покажуваат голема искреност и преданост, што најчесто го покажуваат преку своите писма наменети кон Џемаатот, и понекогаш отсуствуваат и од работа за да можат да и служат на Заедницата и Халифата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе уште многу примери на таква љубов и преданост на членови на Џемаатот ширум светот кои се жртвуваат поради Халифатот.

Семоќниот Аллах е оној кој всадува љубов и верност во срцата на членовите на Заедницата ширум светот.

Нека Возвишениот Аллах на сите нас ни овозможи за да подржуваме нашата вера, љубов и искреност.

Нека Возвишениот Аллах ни овозможи да продолжиме да сведочиме како се исполнуваат Неговите ветувања.

Амин.

Најава за МТА

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. најави дека досега бројот на каналите на МТА бил 4, но од скоро МТА почнала да емитува програма на 8 канали.

  1. МТА 1 Свет, ќе емитува програми на англиски и урду јазик и програми во живо.
  2. МТА 2 Европа, ќе емитува програми на европските јазици.
  3. МТА 3 Ал-Арабија, ќе емитува програми на арапски јазик.
  4. МТА 4 Африка, ќе емитува програми за жителите на Африка на англиски, француски и сфахили јазик.
  5. МТА 5, ќе емитува програми за жителите на Африка на англиски и други јазици кои се зборуваат во Африка.
  6. МТА 6 Азија, ќе емитува програми за азиските земји на урду, хинду, јапонски и други азиски јазици.
  7. МТА 7 Азија, е ХД канал за Пакистан, Индија, Бангладеш, Шри Ланка и други соседни земји.
  8. МТА 8 Америка, ќе емитува програми за жителите на Северна Америка на англиски, француски и шпански јазик.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се помоли на Аллах џ.ш и понатаму да се шири пораката преку овие канали.

Амин.