In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

АСХАБИТЕ НЕ ЧЕСНИОТ ПРАТЕНИК С.А.В.С.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи со хутбата која се однесува на асхабите кои учествувале во битката на Бедр.

Пред да почне да зборува и за правата на жените кои исламот ги воспоставил, како и за моменталната ситуација во Америка, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. хутбата ја започна со приказната за двајца асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Сухаиб бин Синан р.а.

Во врска со хазрети Сухаиб бин Синан р.а. хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа:

Неговиот татко бил пратен во Иран поради работа; Римјаните го заробиле и тој станал роб. Некое време како роб останал меѓу нив сè додека не го откупил ‘Абдуллах бин Џад’ан Кураиши, мекански главатар и го ослободил.

Хазрети Сухаиб бин Синан р.а. бил сметан за оние рани мислимани кои се сметале за слаби во Мека и као резултат на тоа трпел интензивни прогони поради верата во Семоќниот Аллах.

Според еден хадис, хазрети Аммар бин Јасир р.а. бил толку мачен што се онесвестил и не бил свесен што му се случувало. Иста ситуација била и со останатите асхаби р.а..

Следниот ајет од Чесниот Кур’ан е објавен токму во врска со нив:

„И навистина, Господарот твој е од кај оние кои се иселиле откако биле прогонувани и потоа се бореле и биле трпеливи –  сигурно, после тоа твојот Господар најмногу простува (и) милостив е.“

(16:111)

Хазрети Са’д бин Раби’ р.а.

Другиот асхаб кој го спомна хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. беше хазрети Са’д бин Раби р.а.. Хазрети Са’д бин Раби р.а. учествувал во битката на Бедр и Ухуд, а во битката на Ухуд станал шехид.

По битката на Ухуд, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Кој ќе ми ја донесе веста за Са’д бин Раби?“ Хазрети Убајј бин Ка’б р.а. тоа доброволно го направил. Кога хазрети Убајј бин Ка’б р.а. го барал хазрети Са’д бин Раби р.а. помеѓу мртвите тела, хазрети Са’д бин Раби р.а. го видел и му рекол:

„Јас сум овде.“

Хазрети Убајј бин Ка’б р.а. рекол:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ме испрати да те најдам.“ Хазрети Са’д бин Раби р.а. одговорил:

„Пренеси му го мојот селам (порака на мирот) на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и спомни му дека се здобив со 12 рани од копје, но дека моите противници ја запознаа својата судбина. И кажи му на мојот народ:

’Ако Чесниот Пратеник с.а.в.с. биде убиен а некој од нив остане жив, нема да имаат оправдување пред Семоќниот Аллах’.“

Правата на жените

Хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде негов помагач) рече дека светот денес зборува за почит кон правата на жените, но крева обвиненија против исламот укажувајќи на одредени аспекти кои воопшто не се поврзани со слободата.

Всушност, ограничувањата пропишани во исламот постојат за да се утврди честа на жената, мирот внатре во семејството и правилното воспитание на идните генерации.

Тој се молеше светот да ја сфати оваа вистина и да се спаси од неред, и Ахмади жените тоа да го сфатат, бидејќи понекогаш некои од нив го следат светот и својата лична дефиниција на слобода. Треба да го сфатаат вистинскиот статус кој исламот им го дал, бидејќи, тоа ниту една друга религија не го одобрила, или, движења за правата на жените.

Нека Аллах џ.ш. им дозволи на мажите да ги поддржуваат правата на жените согласно на учењето на исламот, за во општеството да постои мир.

Упатства во врска со пандемијата и ситуацијата во Америка и светот

После тоа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., исто така, се молеше светот да се спаси од корона вирусот и светот да разбере дека неговиот спас исклучиво се состои во молба до Единиот Бог да ги поддржат правата на другите и да стават крај на нередот. Тој се молеше владите да ја досегнат мудроста и праведно да постапуваат.

Потоа, се молеше сите Ахмади муслимани да бидат заштитени од нередот кој беснее во Америка.

Нека на луѓето им се овозможи да ги изнесаат своите барања и да се здобијат со своите права. Изјави дека, сепак, ако Афро американците ги палаат своите домови, самите на себе ќе си нанесат штета на што укажале, и некои африкански лидери и апелирале да не го прават тоа. Тие, нормално, би требало да се обидат да се изборат за своите права, но законски, а не со потпалување на сопствениот имот.

Значи, тие што протестираат треба да го имаат ова на ум.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекче дека, во секој случај, владите би требало да сфатат дека овој хаос не може да се реши на сила, ниту е тоа одговор на проблемите. Наместо тоа, поддршка на владата се состои во праведен однос кон сите граѓани. Дури тогаш може да се воспостави закон и ред во земјата. Ако народот стане немирен, тогаш ниту една влада не може против него.

На крај хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. молше Аллах џ.ш. да го отстрани нередот во целиот свет, владите да ги поддржат правата на своите граѓани, и, ако народот се здобие со своите права нека тоа се случи со законски мерки.

Исто така, со се потешката ситуација на Ахмади муслиманите во Пакистан, пакистанската влада не би смеела да дозволи тоа да се случи поради стравот на верските зналци. Попрво, би требало да делуваат праведно и да ја научат лекцијата од минатото. Со израбување и неправедно однесување не успеела ниту претходната влада, а ниту сегашната тоа го може. Значи, не би требало да мислат дека тоа прашање на нивната влада ќе и овозможи да остане недопирлива. Всушност, тие неправди им овозможиле на Ахмади муслиманите да напредуваат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова е Божјо дело и никој нема моќ да го сопре. Нека Возвишениот Аллах ја отстрани сета неправда, неред и немир во светот. Нека светот ја научи лекцијата од пандемијата со која моментално се соочува и да направиме промени во себе. Нека Ахмади муслиманите се зголемуваат со своето исполнување кон дужностите спрема Бог и правата на човештвото, за да постигнаат поголема љубов од Семоќниот Аллах.