In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ПРИМЕРНИ ЛУЃЕ

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе спомне неколку неодамна починати луѓе од Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека сите тие дошле од различни средини имале различно ниво на образование, но воедно, имале и нешто заедничко; тие ја исполниле заклетвата дека ќе и дадат предност на верата над световните работи, го исполниле својот баи’ат (заклетва на Ветениот Месија а.с.) и покажале вистинска верност кон Халифатот. Тие му служеле на човештвото и преку својата личност ја покажале вистинската убавина на учењето на исламот. Всушност, тоа биле заедничките работи.

Хузур а.т.б.а. рече дека, читајќи за нивните животи, верата станува цврста соо фактот дека ако вистински и се пристапи на заедницата на Ветениот Месија а.с. може да се воспостави вистинска врска помеѓу човекот и Бог, воспоставувајќи цврста вера во постоењето на живиот Бог.

Прва личност која ќе ја спомнам е почитуваниот Зулфикар Ахмад сахиб, мисионер од Индонезија, кој почина на 21 април 2020 година во 42-та година од животот. Осумнаесет години служел како мисионер во разни регии. Зад себе оставил сопруга и четири деца.

Хузур а.т.б.а. рече дека тој бил многу успешен мисионер. Бил многу љубезен и пријателски се однеусвал со секого кого ќе го сретнел. Никокаш не поставувал никакви барања, секогаш зборувал дека треба да се обрати внимание на молитвите.

Хузур а.т.б.а. кажа дека ова е вистинскиот дух на личноста која својот живот го дала во служба на верата, бидејќи, ако имаме некаква потреба не треба да поставуваме барања туку наместо тоа треба да се молиме. Многумина го прифатиле Ахмадијатот токму поради неговиот таблигх (проповед). Дури и кога бил болем, секогаш давал предност на работа во Џемаатот. Исто така, патувал со чамец за да воспостави врска со ’изгубените генерации‘ кои живеат на мали острови. Поради овие напори четири семејства го прифатиле Ахмадијатот. Рекол дека сè додека е жив ќе настојува да учествува во сите програми и во работата на Заедницата.

Хузур а.т.б.а. рече дека ова е вистинскиот вакф и зиндаги дух (човек кој животот го дал во служба на верата), и затоа, не треба да се жалиме на секоја мала непријатност. Тој имал голема желба да ја посети Кадијана, и Семоќниот Аллах оваа година му ја исполнил желбата. Бил исклучително понизен и, иако бил искусен, не избегнувал да се посоветува и со помладите. Секогаш зборувал:

„Не бидете разочарани, нашата работа е само да го посееме семето, и можеби некој друг подоцна ќе дојде да им помогне на тие семки да пораснат.“

Убаво ја исполнил својата заклетва  на животна побожност.

Другата личност која ќе ја спомнам е др. Пир Мухаммад Наки-уд-Дин сахиб од Исламабад во Пакистан, кој почина на 18 април 2020 година во 74-та година од животот, поради компликации од корона вирусот. Зад себе оставил сопруга, син и четири ќерки. Неговото семејство од страна на таткото и на мајката биле потомци на асхабите на Ветениот Месија а.с.. Тој имал успешна медицинска клника во последните 25 до 30 години.

Хузур а.т.б.а. спомна дека последните дванаесет години бил Кази (судија) и своите одлуки ги темелел на Чесниот Кур’ан и хадисите, а сите страни биле задоволни со одлуките кои ги носел. Бил многу љубезен и срдечен кон сите.

Животот го минал служејќи му на човештвото; вратите на неговата клиника секогаш биле отворени за сиромашните и за оние на кои им била потребна помош, без оглед дали и припаѓале на Заедницата или нè.

Раскажал за инцидентот кога го положил МББС испит и отишол кај својот дедо Пир Мазрахул Хак сахиб. Неговиот дедо го советувал, покрај лекарствата кои ќе ги препишува на пациентите, исто така, дека треба да се моли за нив како што советувал и Ветениот Месија а.с..

Др. Наки рекол дека 50 години бил лекар и дека секој ден се однесувал согласно на овој совет, дури клањал и две нафили (доброволен намаз) дневно за своите пациенти.

Хузур а.т.б.а. рече дека оваа пракса треба да ја усвојат сите лекари; дека наместо да ослонуваат само на свој труд треба да се молат за своите пациенти.

Др. Наки, исто така, ја имал честа, поради неговиот труд, многу луѓе да го прифатат Ахмадијатот.

Хузур а.т.б.а. спомна дека др. Наки имал длабока поврзаност со Семоќниот Бог.

Еднаш преноќил во куќата на својата ќерка која се уште немала деца, а и лекарите немале многу надеж. Но, едно утро во време на молитва имал визија во која некое дете само што не паднало од кревет и тој се наведнал да го фати. Не долго после тоа, откако ја имал оваа визија, неговата ќерка била благословена со дете.

Исто така, имал уште една визија поврзана за пренос на хутба за која кажал дека гледаме дека се исполнува секоја недела по пат на МТА.

Хузур а.т.б.а. рече дека, кога овој вирус се проширил, тој не престанувал да оди на клиника и наспроти фактот дека неговото семејство го советувало да не го прави тоа. Рекол дека, ако докторите останат дома што ќе се случи со пациентите? Како доктори, тие на својата должност мора да служат а не само да заработуваат. Дури и за врема на болеста одел во клиника за да се грижи за своите пациенти.

Имал длабоко знаење за Чесниот Кур’ан. Што и да требало да научи секогаш прво барал во Чесниот Кур’ан претставувајќи ги ајетите со нивниот превод. Др. Наки со босебна жар ги повикувал луѓето кон Семоќниот Бог.

Последниот ден од Џалса Салана во Велика Британија ги повикувал луѓето да ја гледаат меѓународната церемонија на баи’ат (заклетва). Кон нив се однеувал како кон гостите на Ветениот Месија а.с. со големо гостопримство. Не бил предаден на световните желби, повеќе го интересирале прашањата за верата и религијата.

Рекол дека не е голема работа да се третираат оние кои со вас се љубезни, туку вистинскиот морал се покажува кога некој е љубезен кон оние кои со вас се нељубезни.

Хузур а.т.б.а. рече дека ова е вистински одраз на учењето на исламот. Хузур а.т.б.а. рече дека повеќе од 50% пациенти кои тој ги лечел биле бесплатно третирани. Секогаш се грижел за доброто на сиромашните, дури преземал и обврска месечно да им доставува храна на неколку семејства.

Кога другите го прашувале за знакот на вистинитоста на Ветениот Месија а.с. кажувал дека тој самиот è знак, а со своето битие и високиот степен на морал оставал впечаток кај другите.

Хузур а.т.б.а. рече дека тоа е знак на вистинскиот верник; оној кој има позитивно влијание на луѓето околу него, служејќи како жив знак за вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. раскажа за случка од животот на докторот Наки.

Еднаш мајката го прашала дали клањал намаз. Бидејќи бил поспан одговорил дека клањал. Потоа во ноќта мајката дошла кај него плачејќи и зборувајќи дека Бог и пратил визија во која и кажал дека, всушност, не клањал намаз. Др. Наки рекол дека од тој ден кога бил само дете, никогаш повеќе не пропуштил да ги клања намазите.

Третата личност која Хузур а.т.б.а. ја спомна е почитуваниот Гхулам Мустафа сахиб од Лондон, кој, како волонтер, работел во канцеларијата на приватниот секретар и починал на 25 април 2020 година во 69-та година од животот, поради компликации од корона вирусот. Зад себе оставил сопруга, две ќерки и син.

Хузур а.т.б.а. рече дека Гхулам Мустафа сахиб Ахмадијатот го прифатил во времето на Халифа-тул Месих III (рх). Иако не бил вакф и зиндги, работел како да è. Иако немал високо ниво на образование, Бог го благословил со голем успех. Иако не бил вакф и зиндаги, секогаш кога требало нешто да направи во врска со работата барал одобрение од Хузур а.т.б.а..

Кога за прв пат стасал во Лондон живеел во џамија. Му понудиле неколку работи кои на почетокот ги прифатил. Меѓутоа, сметал дека подобро од тоа би било да послужува во кујната на Ветениот Месија а.с., и така, ја напуштил работата за да може да работи во кујната во Лондон во Фазл џамијата.

Хузур а.т.б.а. рече дека, кога во прашање била финансиската жртва, секогаш бил прв и своето семејство го советувал истото да го прави. Кога би добил повик да се изврши финансиска жртва, ја давал целата своја заштеда, иако тоа многу пати значело дека ќе живее во тешки околности. Во своето семејство бил единствен Ахмад и се молел никогаш да не биде финансиски зависен од било кој друг од семејството; не го земал ниту наследството кое таткото му го оставил. Бог ја слушнал неговата молитва и му дал толку што Гхулам Мустафа сахиб можел и на семејството да му помага. Во својот дом собирал Табаррук (предмети кои Халифата ги благословил) за да може да ги дава на гостите на Ветениот Месија а.с. кои биле кај него за време на Џалса.

Хузур а.т.б.а. рече дека неговиот услов за живот бил секогаш да живее во близина на Халифата. Неговиот последен совет на помладата ќерка бил таа секогаш да остане приврзана за Џемаатот, да извршува молитва и да го учи Чесниот Кур’ан, и на тој начин сите останати работи ќе ги постигне.

Без оглед на времето, никогаш не отстапувал од молитвата. Својот син го советувал дека, што и да посака во животот, само Аллах може тоа да му го овозможи. Дури и во деновите на болест, одел да извршува намаз во џемаатот и советувал дека секогаш треба да се клања во Џемаатот. Секогаш зборувал дека верата и светот мора да одат рака под рака, но, кога ќе се појави нешто световно, на верата треба да и се даде предност. Пред да падне во кома, последните зборови упатени до синот биле да провери дали неговата ченда (донација) е уплатена, и го советувал секогаш да ја исплаќа својата членарина, секој први во месецот.

Хузур а.т.б.а. спомна дека бил многу гостолубив; носел гости во својата куќа готово секој ден, а во текот на Џалса гостите доаѓале во секој период од денот. Работата ја вршел на таков начин што никогаш не го пропуштал намазот. Вели дека три работи ги сака најмногу: намаз, Халифат и гостопримливост.

Ахмадијатот го прифатил така што во сон видел како Третиот Халифа (рх) кажува дека му се потребни двајца млади луѓе и покажал кон него. Благословениот извршил и Умра и Аџилак. Неговиот доктор вели дека и во последните денови од болеста бил здоволен од Божјата волја. Кога му било кажано дека можеби нема да оздравее од оваа болест, не покажал знаци на тага, туку изразил задоволство кон Божјата волја.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах да го воздигне степенот на сите починати. Нека ги награди за големата побожност која ја покажале. Тие луѓе се шехиди. Нека Аллах џ.ш. ги сочува нивните потомци под Неговата заштита и нека им овозможи да ги сочуваат нивните добри особини во животот.