In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува на темата за животот на асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале на битката кај Бедр.

На денешната хутба Халифа-тул Месих V зборуваше за животот на хазрети Му’аз бин Харис кој му припаѓал на Хазраѓ племето на Бану Малик бин Наѓѓар. Неговиот татко се викал Харис бин Рифа’а, а неговата мајка се викала Афра бинт ‘Убаид. Хазрети Му’аввиз р.а. и хазрети ‘Ауф р.а. му биле браќа. Сите тројца браќа биле препознаени според татковото и мајчиното име и поради тоа се познати како Бану Афра’.

Сите три брата учествувале во битката на Бедр. Хазрети Му’аввиз р.а. и хазрети ‘Ауф р.а. станале шехиди во оваа битка, додека хазрети Му’аз учествувал во сите останати битки заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Халифа-тул Месих V спомна дека хазрети Му’аз е еден од првите Енсарии кои го прифатиле исламот во Мека. Бил еден од осумте асхаби  кои учествувале на првиот Баи’ат-и-Акабах, а учествувал и на вториот и на вториот Баи’ат-и-Акабах.

Халифа-тул Месих V, иако веќе спомена, најави дека е многу важно да се потсети на инцидентот при смртта на Ебу Џехел во текот на битката на Бедр, бидејќи целиот случај е поврзан со хазрети Му’аз.

Халифа-тул Месих V прочита хадиси од Букхари кој детално го пренесува хазрети ‘Абдур Рахман  бин ‘Ауф р.а за инцидентот во кој двојца млади Енсарии го прашале да им каже кој е Ебу Џехел, а кога тоа го сторил, тие се упатиле кон него нанесувајќи му смртни повреди.

Халифа-тул Месих V го прочита следниот хадис кој го пренесува хазрети Анас (р.а.):

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.са. рече:

Кој ќе отиде да види што се случило со Ебу Џехел?

Ибн Мас’уд отишол и открил дека двајцата Афрови сина смртно го погодиле (тој бил пред умирање кога Ибн Мас’уд го пронашол).

‘Абдуллах бин Мас’уд го прашал:

Дали си ти Ебу Џехел?

и потоа го фатил за брадата.

Ебу Џехел му одговорил:

Дали постои човек  кој е помоќен од оној кој вие сте го убиле или кого го убил неговиот сопствен народ?“

(Букхари Китабул Магхази)

Халифа-тул Месих V потоа објасни дали и двата сина на Афр’ го нападнале Ебу Џехел или тоа го сторил само едниот син.

Тој изнесе разни хадиси во кои е спомнато дека и двата сина на Афр’ го нападнале Ебу Џехел но спомна и хадиси во кои се спомнува дека Му’аз бин ‘Амр бин Ѓамму го нападнал Ебу Џехел.

Халифа-тул Месих V спомна дека хадисот кој го пренесува хазрети Анас бин Малик р.а. треба да се смета за нај автентичен, а во него се наведува дека еден од синовите на Афр’ го нападнал Ебу Џехел, додека Му’аз бин ‘Амр бин Ѓамму бил погрешно заменет со името Му’аз бин Афр’.

Можеби Му’аз бин ‘Амр бин Ѓамму бил брат од иста доилка со Му’аз бин Афр’.

Во тој случај може да се каже дека Му’аз бин Афр и Му’аз бин ‘Амр бин Ѓамму биле двајцата кои го нападнале Ебу Џехел.

Што се однесува до убиството на Ебу Џехел, Халифа-тул Месих V прочита исечок од хазрети Муслех Мау’уд р.а. во кој се кажува дека, кога се родил Ебу Џехл, биле заклани многу камили и со тапани се прославувало, но потоа неговата смрт ја предизвикале двојца млади кои само по петнаесет години. Ниту неговата последна желба главата да му ја отсечат со испружен врат не била исполнета, бидејќи ‘Абдуллах бин Мас’уд р.а. му ја отсекол главата близу до брадата.

Хазрети Му’аз бин Афр’ р.а. имал четири жени и мал деца со нив.

Халифа-тул Месих V наведе неколку различни извештаи кои се однесувале на неговата смрт и коментираше дека врз основа на неговите бракови и потомства може да се заклучи дека живеел доста долго.

Халифа-тул Месих V после тоа зборуваше за уважениот Рана Најимуд-дин Сахиб, долгогодишен и искрен слуга на Џемаатот, кој починал неодамна во 86-та година од животот.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Тој бил благословен бидејќи добил прилика да му служи на хазрети Муслех Ма’уд р.а. во неговиот тим на обезбедување и бил дел од Амла Хифазат тимот сè до смртта.

Кога хазрети Муслех Ма’ум р.а. отпатувал во Нахл да напише Тафсир на Чесниот Кур’ан (Тафсир-е-Кабир), почитуваниот Рана Сахиб го прател и преземал одговорност за неговата безбедност.

Подоцна бил одговорен за безбедноста на Ахмадија џамија во Сахивал. Во 1984 на должност во џамијата кога некои нивни непријатели ја нападнале џамијата. Тој ги нападнал во одбрана на џамијата и поради тоа полицијата го уапсила. На тој начин тој имал чест да биде заробеник на Аллаховиот пат околу девет и пол години.

За тоа време неговиот случај бил упатен на воен суд каде што е осуден на смртна казна. Подоцна, вложена е жалба до Високиот суд во Лахор од каде е наредено негово ослободување во 1994 година. После излегувањето од затвор тој се преселил во Лондон каде служел како дел од тимот Амла Хифазат.

Додека бил во затвор уважениот Рана сахиб бил подвргнат на тешки бруталности и преживеал големи повреди, чии последици ги чувствувал до последниот ден од животот.

Неговиот син Рана Васим Сахиб го посветил животот во служба на Џемаатот и служи во уредот на приватниот секретар. Тој пишува дека еден ден додека ги масирал нозете на неговиот татко, тој воздивнал длабоко. Го прашал својот татко што му е, но тој не му одговорил ништо. Меѓутоа, бидејќи инсистирал многу татко му кажал дека чувствува болки од повредите кои ги здобил додека бил во затворот.

Халифа-тул Месих V прочита разни записи од многуте кои пишувале за уважениот Рана Сахиб, а сите тие едногласно сведочеле за неговата љубов, неговата преданост и покорност кон Халифатот.

Сите тие го спомнале неговото високо ниво на трпение кое го покажувал во текот на целиот негов живот, а посебно во време кога престојувал во затвор. Всушност, кога му била изречена смртна казна, дури и управникот на затворот изразил запрепастување од фактот дека неговите изрази на лицето ни најмалку не се промениле поради казната.

Без оглед на ситуацијата која го снашла тој бил непоколеблив и му се заблагодарувал на Аллах џ.ш..

Халифа-тул Месих V спомна коментари на лекарот, кој разгледувајќи го досието на почитуваниот Рана Сахиб, бил изненаден како тој воопшто е способен да се движи и да ги извршува своите должности. Дури, и кога бил болен, тој инсистирал да ги извршува своите должности. Говорел дека секогаш кога го видел Халифата тој повторно се чувствувал млад.

Бил семеен човек кој се грижел за неговите деца со голем љубов и внимание. Кон својата снаа се однесувал со голема љубов, како да била негова родена ќерка, и дури во некои моменти бил многу внимателен кон неа.

Халифа-тул Месих V спомна делка лично го познавал почитуваниот Рана Сахиб уште од млади денови и дека се сеќава како во тек на целиот свој живот покажувал добрина која повеќекратно се зголемила кога тој станал Халифа.

Тој посведочи дека Рана Сахиб имал почит и голем љубов кон Халифатот велејќи дека, и покрај неговите болести и престои во болници, на должност доаѓал веднаш наредниот ден откако бил пуштен од болница.

Халифа-тул Месих V кажа дека секогаш кога го прашувал како се чувствува, тој постојано би се заблагодарувал на Семоќниот Аллах и никогаш на ништо не се жалел.

Халифа-тул Месих V се молеше Аллах џ.ш. да му подари љубов и милост на Рана Сахиб на Ахирет.

Халифа-тул Месих V спомна, со оглед на моменталната ситуација во светот, поради тоа што некои Ахмади муслимани се разболеле, дека членовите на Џемаатот треба да се молат за нивното здравје. Тој се молеше Аллах џ.ш. да ни дозволи да чекориме по патот на Неговото задоволство, да ги исполниме должностите на обожување и должностите кон човештвото.

Нека Возвишениот Аллах ја отстрани оваа болест и нека светот се сврти кон Бог и обожавањето кон Него, препознавајќи го вистинското Божјо Единство.