In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Луѓе со извонредни особини

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Хазрети Џазид бин Сабит р.а. бил асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој учествувал во битката на Бедр. Тој бил од семејството на Бану Малик бин Наѓар, огранок на племето Хазрад кое било племе на Ансариите. Таткото му се викал Сабит бин Захак. Тој бил оженет со Дубаија бинт Сабит.

Хазрети Џазид бин Сабит р.а. учествувал во битките на Бедр и на Ухид. Станал Шехид во битката на Јамама во 12-та година по Хиџра во текот на Халифатот на хазрети Абу-Бакр р.а..

Хазрети Џазид бин Сабит р.а. пренесува случка кога заедно со другите асхаби р.а. во друштво на Чесниот Пратеник с.а.в.с. седеле и покрај нив поминала поворка за погреб. Тогаш Чесниот Пратеник с.а.в.с. станал и стоел сè додека поворката не поминала покрај нив. Хазрети Џазид бин Сабит р.а. вели:

„Еднаш Чесниот Пратеник с.а.в.с. излегол надвор и видел нов мезар и прашал:

’Што е ова?‘

Асхабите објасниле дека тоа е мезар на една робинка која истиот тој ден починала попладне, кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. одморал.  На тоа Пратеникот с.а.в.с. отишол до мезар и клањал џеназа. Потоа изјавил:

’Додека сум јас со вас, морате да ме известувате кога некој од вас ќе почине, бидејќи мојата молитва служи како милост за починатите‘.“

Името на следниот асхаб кого ќе го спомнам е хазрети Му‘аввиз бин Амр бин Ѓамух р.а.. Хазрети Му‘аввиз му припаѓал на племето Бану Ѓамух, а името на неговата мајка било Хинд бин Амр. Хазрети Му‘аввиз бин Амр бин Ѓамух р.а. учествувал во битките на Бедр и на Ухуд.

Името на следниот асхаб е хазрети Бишр бин Ма‘рур р.а.. Хазрети Бишр р.а. му припаѓал на племето Бану ‘Убаид бин‘ Ади кое било ансариско племе, дел од племето Хазрад. Хазрети Бишр р.а. заедно со неговиот татко учествувал во вториот Баи‘ат на Акба. Тој бил вешт стрелец.

Чесниот Пратеник с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу него и хазрети Вакид бин Абдуллах, кој од Мека дошол во Медина.

Хазрети Бишр р.а. заедно со Чесниот Пратеник с.а.в.с. учествувал во битките на Бедр, Ухуд, Хендек, договорот Худајбија и во битката на Хајбер.

Во текот на битката на Хајбер, хазрети Бишр р.а. заедно со Чесниот Пратеник с.а.в.с. го изел отрованото месо кое им го дала една Еврејка. Кога хазрети Бишр р.а. го голтнал месото се разболел и имал силни болки. Болката била толку силна што цела година не можел без помош да се заврти во кревет и на крајот во таква тешка состојба и починал.

Објаснувајќи го детално овој инцидент, хазрети Муслех Мауд р.а. вели дека по такво чувство на болка Чесниот Пратеник с.а.в.с. пратил по таа жена и ја прашал дали го отровала месото. Жената признала и рекла:

„Решив да те отрујам, верувајќи дека ако си измамник ќе умреш и дека ќе бидеме на сигурно. Но, ако си Пратеник тогаш Бог ќе те спаси.“

Кога го слушнал објаснувањето, Чесниот Пратеник с.а.в.с. и опростил на жената. Во спротивно сигурно ќе и била изречена смртна казна.

Овој инцидент покажува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил подготвен да им опрости на оние кои го него го напаѓале како и неговите следбеници, а ги казнувал само тие за кои верувал дека и понатаму ќе предизвикуваат заблуди и караници.

Сега ќе спомнам две личности кои починаа и ако Бог даде по џума намаз ќе им клањам џеназа во отсуство.

Првата џеназа се однесува на почитуваниот Насиир Ахмад сахиб, кој бил син на почитуваниот Али Мухаммад сахиб од Раѓанпур. Тој починал на 21 ноември 2019 година во 63-та година од животот.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Втората џеназа е за почитуваниот Атаул Кариим Мубашар сахиб, син на Миан Аллах Дитта сахиб, кој бил од Кирт, дистрикт на Шеикхпур, но моментално пребивал во Канада. Починал на 13 ноември во 75-та година од животот.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Нека Семоќниот Аллах ја опсипе Неговата милост и прошка на починатите и нека го воздигне нивниот статус на Ахирет. Нека им овозможи на нивните деца и на идното потомство да продолжат со нивните добри дела.