In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Асхабите на Чесниот Пратеник с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) продолжи да зборува за животот и делото на асхабот кој учествувал во битката на Бедр, хазрети Са’ад бин Муаз р.а..

Ранување во битката на Ахзаб

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., од изворите на Мирза Башир Ахмад сахиб р.а., зборуваше за тоа дека муслиманите немале големи загуби во битката на Ахзаб, меѓутоа, Са’ад бин Му’аз р.а. бил тешко ранет. Иако биле убиени само неколку неверници, сепак, тие биле во голем шок, што докажало вистинското претскажување на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кое се однесувало на тоа дека веќе нема да имаат храброст да ги напаѓаат муслиманите.

Хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. бил ранет во битката кај Хендек (ровови) и од тие повреди и починал. Се пренесува дека во битката на Хендек, кога стрелата го погодила зглобот на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а., Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. самиот ја извлекол стрелата и се погрижил за раната.

Последните моменти на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се пренесува како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. направил шатор во близина на џамија и таму се грижел за хазрети Са’ад бин Му’аз р.а., и на тој начин можел често да го посетува.

Кога раната почнала да зараснува хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. се молел:

„О Аллах! Не сакам ништо повеќе одошто да учествувам во Твојот џихад. Верувам дека битката со Курејшиите завршила. Ако се уште треба да се води војна со Курејшиите, тогаш одржи ме во живот за да можам да му служам на исламот, но, ако битките со нив завршиле, тогаш сум среќен ако оваа рана се отвори и да крвави сè до мојата смрт.“

Истата ноќ, раната се отворила и обилно крварела.

Ибн Аббас р.а. вели дека кога почнал да крвави, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отишол кај него и го држел во раце, до таа мера што крвта на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. стасала до брадата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел:

„Са’ад се борел на Твојот пат, тој ја докажа вистинитоста на Твојот Пратеник и го исполни сè она што му беше наредено, тогаш прифати ја неговата душа.“.

Додека сè уште бил свесен, хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. ги отворил очите и рекол:

„Мир нека е на Аллаховиот Пратеник.“

На сите присутни членови на семејството во таа ситуација, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им рекол:

„Се молам еднаков број на мелеки да биде присутен во време на џеназата на Са’ад колку што сега има присутни луѓе овде.“

Преселувањето и џеназата на Са’ад бин Му’аз р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. спомна дека смртта на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. преставувала голем шок; тој имал статус кај Ансариите исто како  хазрети Абу Бакр р.а. меѓу Мухаџирите. Неговата смрт, исто така, била шок и за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но, како и секогаш покажал примерно трпение.

Во текот на џеназата неговата стара мајка од тага гласно викала. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. секогаш бил против вакви работи и рекол дека жените кои гласно нарекуваат најчесто лажат, освен мајката на Са’ад р.а., бидејќи сè што кажала за него било искрено и вистинито.

Додека го носеле телото на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. кон мезарот, некои присутни гласно забележале дека телото му изгледа многу лесно. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им кажал дека така им изгледа бидејќи во носењето помагаат мелеките.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на џеназата гробиштата биле исполнети со асхаби. Кога неговото тело го ставиле во мезарот, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. три пати кажал СубханАллах а асхабите повториле по него, по што цела околина одекнала.

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. три пати рекол Аллаху Екбер (Аллах е најголем) а асхабите, исто така, ги повториле и зборовите кои силно одекнале во околината.

Додека ја тешел мајката на хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека нејзиниот син е првата личност на која Аллах џ.ш. и се насмевнал и Неговиот престол бил поместен, односно, дека на небото го прифатил во неговата прегратка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го спомна хадисот во кој хазрети Са’ад бин Му’аз р.а. рекол:

„Иако сум асхаб постојат три работи во кои сум решителен и редовен; прво, никогаш не се посомневав во зборовите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., второ, никогаш не допуштив ниту една друга мисла да ми влезе во умот додека ги клањав намазите. Трето, нема џеназа во која не сум учествувал и размислувал од перспектива на починатиот за тоа што од него ќе се бара.“

Всушност, тој бил свесен за Ахиретот.

Хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. навде дека следниот асхаб за кој ќе зборува е хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а.. Неговиот татко бил Малик бин Вахаиб, а мајка му била Хамна бинт Суфјан. Потекнувал од племето Бану Зухра кое припаѓало на Курејшиите. Бил еден од десетте асхаби на кои Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им ја дал радосната вест за Џеннетот. Тој последен починал од претходните десет асхаби.

Негово примање на исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. во врска со неговото примање на исламот рече дека се пренесува како во сонот видел темнина и потоа наеднаш се појавила Месечина, и тој тргнал кон неа. По пат видел дека и хазрети Заид бин Харис р.а., хазрети Али р.а. и хазрети Абу Бакр р.а. одат во иста насока. Ги прашал кога стасале таму а тие одговориле дека штотуку се стасани. Тој веќе знаел за Пратеникот с.а.в.с. и пораката која тој ја ширел. Така, отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го примил исламот.

Се пренесува дека имал 17, или 19, години кога го примил исламот. Тој бил еден од оние кои исламот го примиле од Абу Бакр р.а., односно, по неговите проповеди. Тој бил успешен во освојувањето на Ирак во текот на Халифатот на хазрети Омер р.а..

Реакција на неговата мајка и поука за послушноста кон родителите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека по преминувањето во ислам неговата мајка рекла дека нема да јаде сè додека тој не го напушти исламот. Таа кажала:

„Твојата вера говори да им се покоруваш на родителите, и затоа ти наредувам да го напуштиш исламот.“

Тоа траело три дена. Хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а. рекол дека многу ја сака својата мајка, но, кога кажала дека нема да јаде сè додека не го напушти исламот, по првиот ден од нејзиното одбивање да земе храна и пиење, тој и кажал:

„Дури и да имаш илјадници животи, и тие да одат еден по еден поради тоа што не јадеш, ниту тогаш нема да го напуштам исламот.“

Така бил објавен следниот ајет на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.:

„А Ние на човекот му наредивме доброчинство кон своите родители; а ако тие се расправаат со тебе и бараат Мене да ми     придружуваш нешто за што немаш знаење, тогаш не ги слушај. Кај мене е вашето враќање, и Јас ќе ве известам за она што сте го правеле.“

(29:9)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го повикал дајџата на хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а.. Имам Тирмизи ова го објаснува дека тоа се случило бидејќи мајката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а. им припаѓале на истото племе, Бану Зухра.

Поминувањето на хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а. низ тешки маки

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а. бил меѓу оние другари кои издржале најтешки услови и  прогони во текот на бојкотот на муслиманите од страна на Меканците. Тој самиот пренесува дека, кога една ноќ шетал, неговото стапало допрело нешто и тој, бидејќи бил многу гладен, го собрал тоа и го изел. Подоцна, кажувал дека никогаш не дознал што е тоа што тогаш го изел.

Чувањето  стража на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Са’ад бин Абу Векас р.а. бил еден од асхабите кој имал задача да биде стражар на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битките. По преселувањето од Медина постоел страв од напад на неверниците.

Значи, во таквите ноќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. често останувал буден. Една ноќ, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.  не можел да заспие рекол дека би сакал некој да дојде да чува стража. Токму, кога тоа го кажал, го слушнал звукот на оклопот. Прашал кој е, на што хазрети Са’ад бин Абу Векас р.а., рекој дека е тој. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал зошто дошол. Хазрети Са’ад бин Абу Векас р.а. одговорил дека е загрижен поради Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и решил да дојде да чува стража пред неговата куќа. После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се молел за него и заминал на спиење.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во следната худба ќе продолжи да зборува за хазрети Са’ад бин Абу Веккас р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази во отсуство на следните членови на џемаатот:

Учителот, Абуд Кхан сахиб, починал на 6 јули 2020 година. Неговиот дедо ја имал честа да го прифати Ахмадијатот од Ветениот Месија а.с. во 1903 година. Тој бил учител и служел како учител во Та’лимул Ислам, средно школо во Рабва.

Халифата вели дека и тој бил негов ученик и го пофалил за исклучителниот стил на подучување, големата љубезност и грижата со која предавал.

Нека Аллах џ.ш. неговото потомство го држи врзано за Џемаатот и Халифатот.

Сајед Мујеебуллах Садик починал на 28 мај 2020 година. Тој бил роден и одраснал во Кадијана. Неговиот татко Ахмадијатот го прифатил на раката на Првиот Халифа р.а.. Дедото по мајка му бил шехид.

Тој се преселил во Велика Британија и работел како волонтер во канцеларијата на националниот претседател. Халифата го пофалил поради неговата добра природа и побожноста, како и за големата преданост и внимание кон својата работа.

Еден од неговите синови, Калеемуллах Садик сахиб, работи како волонтер во МТА. Халифата напомнал дека начинот на кој неговите деца се поврзани со Џемаатот го покажува исклучетлното воспитание со кое овозможил тие да бидат прврзани кон Џематот и Халифатот.

Исто така, рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кажал дека вистинскиот карактер на една личност се покажува кај соседите, што се покажало точно во неговиот случај, бидејќи многу негови соседи пишувале за неговиот добар карактер, а исто така, во времето на болест му помагале.

Кога се преселил во Исламабад, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. вели дека Сјед Мујеебуллах Садик бил многу загрижен како тој и неговото семејство ќе клањаат џума зад Халифата. После тоа, Халифата го уверил дека повеќето џума намази сè уште ќе се клањаат во Баит-ул Футух џамијата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога го слушнал тоа лицето му се озарило.

Хузур а.т.б.а. рече дека забележал како тоа е начин на кој тој своите деца ги врзал за џамијата и обезбедил да живеат во нејзина близина. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за неговото проштавање и за неговото семејство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа и за Ран Наеем-уд-Дин сахиб, кој го спомнал во хутбите кога не можел да ги клања џеназите во отсуство.

Тој се помоли Аллах да ја спушти Неговата милсот на сите нив.