In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Името на асхабот кој денес ќе го спомнам е хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а.. Хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. му припаѓал на огранокот Бану ‘Абад ад-Даар, кое му припаѓа на племето Хазраџ. Неговата титула била Абу Абдуллах и Абу Мухаммед. Умаир бин Хашим бил негов татко, а името на неговата мајка било Ханнас, или Ханнас бинт Малик, и таа во Мека била една од побогатите жени. Родителите многу го сакале, биле богати и тој пораснал во луксуз и удобност. Родителите му овозможувале да носи скапи, квалитетни и увозни кондури, како и скапа облека.

Името на неговата сопруга било Хамнах бин Ѓахш, и таа била сестра на Уммул Му‘миинин од хазрети Заинаб бинт Ѓахш, која била сопруга на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. бил меѓу најистакнатите асхаби и меѓу првите луѓе кои го прифатиле исламот. Исламот го прифатил во време додека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. верата ја проповедал во Дар-и-Аркам, меѓутоа, тоа го држел во тајност поради стравот и противењето на неговата мајка, како и на самиот народ.

Хазрети Мус‘аб тајно се состанувал со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Еднаш луѓето забележале дека извршува намаз и по тоа родителите го затвориле. Кога му се пружила прилика избегал и се преселил во Абисинија. По некое време, кога одредени емигранти се вратиле од Абисинија во Мека, меѓу нив бил и хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а.. Кога неговата мајка видела во колку е лоша состојбата, решила повеќе да не му се противи и го оставила намира. Подоцна, хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. заминал за Медина.

Хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. се соочил со екстремно сиромаштво и тешкотии по прифаќањето на исламот. Кожата му била цела исушена и се лупела; и сè тоа било поради неговата вера и неговата жртва била зачудувачка.

Еднаш, кога хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. облеката му била закрпена со кожа и неговата состојба била очигледна. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пофалил и рекол дека го видел во време кога во градот Мека немало никој побогат од него, но сепак сето тоа го оставил поради Бог и Неговото задоволство.

После тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека ќе дојде денот кога муслиманите ќе бидат богати и ќе имаат голем просперитет. Асхабите го прашале:

„Аллахов Пратенику! Дали во тоа време ќе бидеме многу подобри во однос на овој денешен ден, и дали ќе имаме време за обожавање?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил дека нивното обожавање и нивните стандарди се многу подобри од богатите муслимани кои ќе дојдат по нив.

На првата заклетва на Акаба, 12 луѓе дошле од Медина за да дадат заклетва на верност на раката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Кога се подготвувале за враќање во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со нив го пратил хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. за да ги научи на Чесниот Кур‘ан и за исламот. Во Медина го знаеле како Кари (тој што подучува) и Мукри, односно, станал познат како ’Учител‘.

Мус‘аб бин Умаир р.а. бил згоден и убав маж. Тој бил исклучителен во своите проповеди и бил прв мисионер во Медина. Многумина го прифатиле исламот како резултат на проповедите на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а.. Меѓу нив се и истакнати асхаби, како што се хазрети Са‘д бин Му‘аз р.а., хазрети Ибаад бин Бишр р.а., хазрети Мухаммед бин Масламах р.а., хазрети Усаид бин Хузаир р.а. итн.

Бидејќи муслиманите во Медина живееле во колектив, а Медина била доволно мирна, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дозволил на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. да почне да го предводи џума намаз и на тој начин муслиманите животот го започнале како обединета заедница. Аллаховите благослови биле такви што многу племиња го прифатиле исламот, и тоа во многу краток рок. Неговиот пристап кон племенските главатари секогаш бил љубезен и со почит и на тој начин им ја објаснувал убавината на учењето на исламот.

Така, исламот на овој начин многу бргу се раширил по племињата Аус и Хазраѓ, по повод аџилак, 13 години по хиџра, во Мека довел делегација од 70 Ансарии. Мајката му се уште била жива, и, иако била идолопоклоничка, силно го сакала. Кога била известена за неговото доаѓање, му пратила порака:

„Прво дојди кај мене, а потоа оди кај што сакаш.“

Мус‘аб р.а. одговорил:

„Сè уште не сум се сретнал со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., ќе дојдам штом завршам со него.“

Прво отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му поднел извештај од Медина, а потоа ја посетил мајката.

Хузур а.т.б.а. вели дека постојат уште извештаи за хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. за кои ќе зборува, но бидејќи има две џенази во отсуство тука ќе заврши со говорот за хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. и – ако Бог даде – ќе продолжи во следната хутба.

Првиот е почитуваниот малик Ахмад Ѓавид сахиб, син на уважениот Малик Музаффара Ахмад сахиб, кој починал на 22 февруари во 84-та година од животот:

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Тој бил Муси и зад себе оставил сопруга, четири сина и две ќерки. Припаѓал на угледно ахмади семејство и двајца негови дедовци, со милоста на Семоќниот Аллах, биле асхаби на Ветениот Месија а.с.. Животот го посветил на служба во Заедницата и до последниот ден бил вдахновен со служба во Заедницата. Бил побожен, љубезен, грижлив, гостопримлив и имал голема љубов кон Халифатот и кон служењето на верата. Кога заминал во пензија планирал да ги намали придонесите за месечната членарина, согласно на намалените приходи. Потоа, составил список на сите свои должности и заспал. Тој вели дека во текот на ноќта, во сон видел како Семоќниот Аллах му приоѓа и зборува:

„Јас сум Господар на овој свет, слушнав дека својот придонес за членарина си го преполовил? Појди со мене, да ти ја покажам вселената.“

И така, Аллах во сон му ги покажал Своите планини, џунгли, долини, реки и градини.

Семоќниот Аллах тогаш кажал:

„Кога имам суверенитет над сето ова, зошто тогаш ти се грижиш?“

Малик сахиб вели дека после тоа се разбудил и ја отфрлил одлуката да ги преполови придонесите за членарината и продолжил со истиот износ.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека кога служел како Назир-е-А‘ла бил сведок на неговата грижа за имотот на Џемаатот и никогаш не се воздржувал да каже тоа што мисли дека е исправно. Имал силна врска со Халифатот, што го и покажуваат неговите писма, и два пати доаѓал на посета. Нека Семоќниот Аллах ја истури милоста, нека му даде проштавање и нека го воздигне неговиот статус.

Втората џеназа е за професорот Мунавар шамим Кхалид сахиб, син на шеикот Махбууб Аалам Кхалид сахиб, кој починал во Рабва на 16 февруари 2020 година. Имал 81 година.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Тој и служел на Заедницата со многу големи капацитети и одработил одлична работа. Поседувал многу сјајни особини меѓу кои најважна била неговата љубов, пожртвуваност и почит кон Халифата, како и покажување на потполна послушност кон него. Редовно ги слушал хутбите; клањал тахаџуд намаз и петте дневни намази во Заедницата. На верата и служел со полна искреност, преданост и верност, и тоа се некои негови истакнати особини.

Хазрети Халифа-тул Месих V рече дека кусо време бил негов студент кога предавал на факултетот, но и дури откако бил Амир, Муками и Назир-и-Аала, Шамим сахиб секогаш имал почит кон него. Никогаш не оставал впечаток дека некогаш бил негов студент. Секогаш покажувал послушност кон Халифатот и Џемаатот, па дури и тогаш кога тој станал Халифа, неговото однесување било извонредно.

Нека Возвишениот Аллах ја истури Својата милост и нека му опрости. Нека Аллах му додели место меѓу неговите најмили и нека им овозможи на членовите на неговото семејство да продолжат со добри дела. Ако Бог даде, по џума ќе му клањам џеназа во отсуство.