In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

По проучениот шехадет, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече:

Ќе продолжам да зборувам за животот на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се соочил со интензивно противење во своето проповедување на пораката за Божјото Единство во Мека и добивал многу знаци од Бог дека ќе мора да се пресели во место каде растат урми и каде се наоѓаат бунари.

Во тоа време се доближувал и годишниот аџилак, а во Мека стасале аџии од сите краишта на Арабија. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја проширил својата проповедничка група на мажи од Хазрад племето од Медина. Ова племе било во сојуз со Евреите од Медина. Групата била одушевена и ја прифатила пораката на исламот. Ветиле дека по враќањето во Медина ќе разговараат со други и следната година ќе го известат дали Медина ќе биде подготвена да ги прими бегалците од Мека. После се вратиле и разговарале со своите пријатели и врски.

Во Медина во тоа време постоеле две арапски и три еврејски племиња. Арапски племиња биле Аус и Хазрад, а еврејски биле Бану Курајзах, Бану Надир и Бану Кајнука. Аус и Хазрад биле во војна. На крајот се смириле, повикале на примирје и се согласиле за водач да го признаат Абдуллах бин Убејј бин Салул од племето Хазрад, како кралот на Медина.

Евреите во Медина разговарале со луѓе од Медина за доаѓањето на пратеник ’како Муса‘. Луѓето од Медина биле љубопитни дали пратеникот од Мека е ветениот и се интересирале за неговата порака.

На следниот аџилак дванаесет мажи од Медина дошле во Мека со намера да се придружат на верата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Десет од нив му припаѓале на Хазрад племето, а двајца биле од Аус племето. Тие  со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се запознале во долината Мина и држејќи ја раката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја посведочиле нивната вера во Едниот Бог.

Тој настан е наречен Баи‘ат на Акба. ’Акаба‘ значи долина, или планина, низ која тешко се минува или е тешка планинска патека. Кога се вратиле во Медина меѓу своите луѓе ја рашириле пораката на исламот. Луѓето од Медина биле силно заинтересирани за оваа порака и затоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил еден од своите помлади асхаби, Мус‘аб бин Умар р.а. за да им помогне и да ги подучува во верата. По враќањето на луѓето од Медина исламот таму се проширил за многу кратко време.

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. меѓу нив пратил уште неколку асхаби, вклучувајќи го и хазрети Умар р.а..

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добил наредба да се иселат, заминал за Медина. По неговото доаѓање, сите идолопоклоници од Медина за многу кратко време го прифатиле исламот.

По иселувањето во Медина, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. воспоставил братска врска помеѓу хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. и хазрети Абу Ејјуб Ансарија р.а.. Хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. учествувал во битките на Бедр и на Ухуд. За време на битките на Бедр и Ухуд главното знаме на Мухаџирите го носел хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а..

Хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. убиен е во текот на битката на Ухуд, силно се борел и ја бранел честа до последен момент од својот живот. Хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. имал нешто повеќе од четириесет години кога станал шехид.

Кога Чесниот Пратеник с.а.в.с. му се доближил на телото на хазрети Мус‘аб р.а. лицето му било свртено надолу. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. станал пред него и го проучил следниот ајет:

„Меѓу верниците се луѓе кои биле верни на заклетвата која ја му ја дале на Аллах џ.ш.. Некои од нив го исполниле својот завет, а некои сè уште чекаат, и ниту малку не ја промениле својата ментална состојба.“

Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им се обратил на асхабите и рекол:

„Треба да го посетите и да ги пратите вашите селами на него. Се колнам во Оној во чија рака е мојот живот, Он ќе одговори на селамите на сите оние кои ќе му ги упатат до Судниот ден.“

Хазрети Мус‘аб р.а. имал посебен статус од Бог како асхаб и чувар на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Бил убаво воспитан и личност која не се конфронтирала со луѓето.

Кога луѓето ја известиле хазрети Хамнах Ѓахш р.а., сопругата на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а., дека нејзиниот сопруг станал шехид, таа се потресла и плачела. На тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Мажот има посебен статус во очите на својата жена.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., исто така, се молел за децата на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а., велејќи:

„Аллах џ.ш., биди нивниот чувар и заштитник, однесувај се со нив со сомилост, со љубов и добро грижи се за нив.“

Семоќниот Аллах навистина добро се грижел за нив бидејќи ја прифатил молитвата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Овде завршувам со деталите од животот на хазрети Мус‘аб бин Умаир р.а. Инша‘Аллах (ако Бог даде).

Следниот асхаб ќе биде спомнат во наредната хутба.

Сега би сакал да го свртам вниманието на Џемаатот кон моменталната епидемија од корона вирусот. Сите мораме да се придружуваме до мерките на претпазливост кои ги донеле владите и здравствените служби. Од самиот почеток, по консултација со одредени хомоеопати, советував на употреба на одредени хомоеопатски  лекарства, како мерка на претпазливост и лечење.

Нека Возвишениот Аллах подари лек преку нив.

Значи, треба да ги употребуваме и, воедно, да се придржуваме до наведените мерки на претпазливост. Во врска со ова, ве советувам да ги избегнувате големите собири. Луѓето кои доаѓаат во џамија треба претпазливо да се однесуваат. Постојат одредени правила во џамијата, меѓу кои и тие дека ако некој е заболен од било каква заразна болест – што може да влијае на другите – треба да го избегнуваат доаѓањето во џамијата.

Една од превентивните мерки која ја спомнуваат лекарите е дека рацете и устата секогаш треба да бидат чисти. Ако нечии раце се нечисти, не треба да го допираат лицето. Треба да ги употребувате средствата за дезинфекција на рацете и редовно да ги миете.

Меѓутоа, за муслиманите како нас кои пет пати дневно се молат, а абдестот го прават исправно, каде што е вклучено чистење на носот претставува висок стандард кој може да го надомести немањето на средства за дезинфекција. Без оглед на тоа, ако абдест се извршува правилно, тоа не само дека помага на физичката хигиена, туку на оние кои земаат абдест и ги клањаат своите намази тоа претставува средство за нивна духовна чистота. Во овие денови мораме посебно да обрнеме внимание на нашите молитви.

Се препорачува воздржување од ракување, а тоа е исто така исклучително важно, бидејќи не се знае рацете на другиот со што се загадени. Иако ракувањето ја засилува врската меѓу луѓето и ја поттикнува меѓусебната љубов, поради моменталната епидемија во  овие денови, подобро е да се избегнува тој начин на поздравување. Дури, и луѓето кои нам ни се потсмеваа поради тоа што ние не се ракуваме со мажи или жени од спротивен пол, самите станаа мета за забава. Тие не сакаа да се придржуваат до наредбите на Аллах џ.ш., но ширењето на болеста им го привлече вниманието на оваа наредба.

Нека Возвишениот Аллах исто така им овозможи Нему да му се приближат.

Возвишениот Аллах најдобро знае во која мера оваа епидемија ќе се прошири и што Он одредил. Меѓутоа, ако овој вирус се појавил поради Аллаховиот бес, како што видовме во денешното доба, од доаѓањето на Ветениот Месија а.с. дојде до значаен пораст на бројот на епидемии, болести, земјотреси и бури, и затоа човекот треба повеќе да се сврти кон Бог, повеќе од порано, за да се заштити од нив.

Секој Ахмад би требало на обрне посебно внимание на молитвата и да ја подобри својата духовна состојба. Исто така, треба да се моли за светот воопшто.

Нека Аллах џ.ш. им подари упатство на луѓето. Наместо да се предаваат на световни нешта и да го занемаруваат Бог, нека Аллах џ.ш. им овозможи да го препознаат својот вистински Создател.

По џума намаз ќе клањам три џенази во отсуство.

Првата е за почитуваниот Танзил Ахмад Бутт, синот на Акила Ахмад Бутта сахиба. Се работи за младо единаесетгодишно момче кое почина на 27 февруари 2020 година и според моето мислење беше шехид. Беше убиен, а телото му беше скриено во сандак.

Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.‘

Танзил Ахмад Бутте, роден на 20 ноември 2009 година во Лахор, бил дел од Вакф-и-Нау. Бил активен член на организацијата Атфал-ул-Ахмадијја и редовно учествувал во сите програми на Џемаатот. Тој се вбројувал во интелигентните ученици во својата класа и одел во четврто одделение.

По смртта, прегледани се резултати од неговиот испит и тој бил првенец во својата класа, откако постигнал 729 поени од можните 750.

Неговата мајка вели:

„Танзиил беше најпослушен од сите мои деца. Ако сакаше нешто да направи секогаш бараше дозвола од мене. Кога некој од соседите или членовите на Џемаатот ќе го замолеше нешто да направи никогаш не одбиваше. Всушност, понекогаш и сосетката која го уби му даваше одредени задачи. Секогаш ја слушаше и секоја работа која таа му ја даваше ја извршуваше. Неговите учители и членови на  одборите во Џемаатот беа силно задоволни со него и секогаш го пофалуваа. Редовно ги гледаше програмите на МТА, посебно програмите за деца и хутби. Редовно одеше во џамија на намаз. Ако неговиот татко ќе дојдеше изморен од фабрика и не беше расположен да оди во џамија, тој го молеше и не отстапуваше додека не го одведеше во џамија.

Нека Возвишениот Аллах му ја подари Својата близина и нека на убијците им додели казна која навистина ја заслужуваат. Нека Семоќниот Аллах, исто така, подари трпение и утеха на неговите родители.

Втората џеназа е за бригадирот Башир Ахмад сахиб, кој е бившиот Емир на Равалпинди. Бил син на др. Мухаммед Абдуллах сахиб и почина на 16 февруари на возраст од 87 години:

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Имал сјајна кариера во служба на заедницата како Емир на Равалпинди Џемаатот. Емир на округот Равалпинди регијата и градот до 9 февруари 2020 година, Наиб и Емир и секретар на Талиим за Равалпинди џемаатот. Бил еден од директорите на фондацијата Фазл-и-Умар и дел од многуте одбори на Маџлис-и-Шура. Бил исклучително побожен во своите молитви и имал голема љубов кон Халифатот.

Нека Возвишениот Аллах му подари проштавање и милост. Нека го воздигне неговиот статус и на неговото потомството нека му овозможи да ги продолжи неговите добри дела.

Трета џеназа е за др. Хамиид-ул-Дин сахиб кој живеел во 121 Фаислабад Геем Бе Гакховал. Починал на 29 февруари 2020 година.

Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Тој по занимање бил доставувач и на тој начин имал прилика да му служи на човештвото на целото свое подрачје. Сиромашните ги лечел бесплатно. Водел крајно едноставен живот, бил многу праведен, од детството редовно ги извршувал своите намази и секогаш ги почитувал исламските обичаи и традиции. Имал голема љубов кон Халифатот, бил крајно сомилосен, имал голема доверба во Семоќниот Аллах и бил исклучително искрен и вистинољубив. Никогаш не одбивал да помогне на било кој и секогаш внимавал на другите и самиот барал да даде помош. Имал прилика на Џемаатот да му служи во различни одбори.

Нека Возвишениот Аллах му подари опростување  и милост и нека го воздигне неговиот статус. Нека на неговото потомство му овозможи да продолжат да ја извршуваат должноста на Баи‘атот.

Како што веќе напомнав, по џума, ќе ги клањам нивните џенази во отсуство.