In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Доблесни луѓе

По учењето на ташахуд, та‘уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. (нека Аллах ги засили неговите раце) рече:

Јас ќе продолжам со раскажување за оние асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кои учествувале на битката кај Бедр.

Еден од асхабите кои денес ќе ги спомнам е хазрети ‘Уммарах бин Хазм. Хазрети Уммарах бин Хазм р.а. е еден од седумдесетината асхаби кои учествувале во давање на втор завет (на верност) на ал-Акабах. И двајцата негови браќа, хазрети Амр бин Хазм и хазрети Ма‘абил бин Хазм, исто така биле асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тие со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. заедно учествувале во сите битки, вклучувајќи ги и Бедр и Ухуд. Тој во своите раце го држел знамето на племето Малик бин Најјар при победата над Мека. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. основал братска врска помеѓу Уммарах и хазрети Мухриз бин Назлах. Тој ги прогласил за браќа после иселувањето.

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кога одметниците почнале да прават нереди (фитна) и тие започнале војна против муслиманите, тој му се придружил на Кхалид бин Валид во битката за смирување на нередите. Бил убиен (станал шехид) во текот на битката на Јамамах.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш одредил хазрети Уммарах да направи посебна дова за здравје и за заштита (дам) на еден друг асхаб. Тој на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му одговорил:

„О Аллаховиот Веровеснику с.а.в.с.! Тој наскоро ќе умре!“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му кажал на болниот:

„Оди кај Уммарах! Кога тој ќе направи дова (дам), Семоќниот Аллах ќе го излечи.“

Сигурно, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с го научил на таа дова и молба. Тоа не значи, не дај Боже, дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. имал потреба за таа дова од страна на хазрети Уммарах, или пак дека не бил во состојба самиот тоа да го направи.

Тој лично, одредени задачите им делел на одредени луѓе но секогаш зад тоа стоеле моќта и благословите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и биле сила на сето тоа. Тој бил храбар и ги протерувал лицемерите од џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во битката кај Табук, кога се движеле натаму камилата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им се изгубила од видот. Додека асхабите трагале по неа еден лицемер ги исмејувал прашувајќи:

„Како, ако Мухаммед а.с. тврди дека е пратеник не е во можност да ги извести за невидливи нешта. Како тоа да не знае кај му е сопствената камила?“

Овој коментар некако стасал до Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. или пак Семоќниот Аллах го известил, и на тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Бога ми! Јас не знам ништо освен тоа за што Семоќниот Бог ме известува. Јас не го знам невидливото. Меѓутоа, јас зборувам онака како што Семоќниот Бог ме известува.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. понатаму рекол:

„Навистина, Семоќниот Бог ме извести за точното место на кое се наоѓа мојата камила.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. покажал во правец на долината и рекол:

„Одете и доведете ја кај мене.“

Така, асхабите отишле и ја довеле назад.

На тој начин, со цел да го замолчи овој лицемер, Семоќниот Бог му го покажал на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. точното место на кое се наоѓала камилата.

Хазрети Зеид бин Нуаим пренесува од хазрети Уммарах бин Хазм дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол оти постојат четири важни принципи. Ако личноста постапува согласно на нив, станува муслиман. Меѓутоа, ако изостави дури и еден, останатите три нема да му бидат корисни.

Овие четири принципа се: намаз, зекат (давање на милостина), пост и аџилак (исламски аџилак во Мека).

Другиот асхаб кој ќе биде спомнат денес е хазрети Абдуллах бин Мас‘уд. Неговата титула е Абд-ур-Рахман и тој припаѓал на племето бану Хузаил. Името на неговата мајка било Умм-е-Абд. Тој починал во третата година од Хиџра (иселувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во Медина). Името на неговиот татко било Мас‘уд бин Гхафи. Абдуллах бин Мас‘уд и тој се вбројува меѓу оние кои рано го примиле исламот. Тој исламот го примил во исто време кога го примила и сестрата на хазрети Умар, хазрети Фатима бинт Кхаттаб, како и нејзиниот маж хазрети Са‘еед бин Заид. Тој исламот го примил пред о Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да отиде во Дар-ул-Аркам, место кое било изградено во Мека за да можат муслиманите да се собираат.

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд пренесува:

„Јас бев шести по ред кој го прими исламот.“

Пренесувајќи за своето примање на исламот, хазрети Абдуллах бин Мас‘уд вели:

„Кога ги достигнав годините на разбирањето (години во кои човекот е способен да прави разлика помеѓу доброто и злото, години на зрелоста), во тој период еден ден ги пасев овците на Укба бин Му‘ајат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми пријде и ме праша:

’Момче! Имаш ли млеко?‘

Јас одговорив дека имам, но бидејќи не е мое не можам да му дадам. Тој уште од детство бил побожен.

Потоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му рекол:

’Донеси ми овца која не подготвена да се ојагни и која не дава млеко.‘

Тој понатаму раскажува:

’Јас на Чесниот Пратеник Мухаммед  с.а.в.с. му доведов млада овца. По тоа Чесниот Пратеник с.а.в.с. и ги сврза нозете, помина со рацете преку нејзиното виме и почна да учи дова додека вимето не се наполни со млеко. Тогаш хазрети Абу Бекир донесе чинија која Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја наполни со млеко и му кажа на хазрети Абу Бекир да пие од неа. Хазрети Абу Бекир се напи и по тоа и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пиеше.‘

Потоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. повторно помина со рацете преку вимето и рече:

’Соберете се‘,

и вимето почна да се собира и се врати во својот претходен облик.

Јас побарав од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да ме подучи на зборовите кои тој ги проучи. На тоа Чесниот Пратеник с.а.в.с. ја стави својата рака на моја глава и рече:

’Ти си интелигентен млад човек‘.“

После тоа, тој вели дека директно од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. научил седумдесет сури од Чесниот Кур‘ан.

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд бил многу побожен човек и ги пасел овците на Укба бин Аби Му‘ајт, поглаварот на Курејшиите. По примањето на исламот, се дружел со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на крајот како резултат на тоа дружење станал голем зналец.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. зборувал:

„Тие кои сакаат да го научат Чесниот Кур‘ан треба да го учат од Абдуллах бин Мас‘уд, Салим Маула Аби Худаифа, Му‘адх бин Јабала или од Убајј ибн Ка‘б.“

Спомнато е дека после Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. хазрети Абдуллах бин Мас‘уд бил тој кој за прв пат во јавноста го учел Чесниот Кур‘ан. Луѓето од Мека го претепале поради јавното учење на Чесниот Кур‘ан но тоа воопшто не го одвратило. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го држел до себе Абдуллах бин Мас‘уд како свој помошник откако тој го примил исламот.

Поради неговата блискост со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. луѓето мислеле дека тој се наоѓа меѓу Ахле баит (меѓу членовите на семејството на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.).

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд учествувал во двете иселувања: во Абисинија и во Медина. Тој бил во друштвото на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во битките кај Бедр, Ухуд, Кандаку (битка кај рововите), Баи‘ат-е-Ризван и во многу други прилики.

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој учествувал во битката кај Јармука. Бил меѓу оние асхаби на кои во текот на животот Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му ја дал радосната вест за Џеннетот.

Хазрети Ибн Месуд лично пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наложил да ја учи сура Ал-Ниса. Тој вели:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми наложи да му ја учам сура Ал-Ниса. Јас одговорив:

’Како јас тебе да те учам кога ова тебе ти беше објавено?‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми одговори:

’Мене ми е драго кога другите го учат Чесниот Кур‘ан а јас го слушам од нив.‘

’Јас почнав да ја учам и кога стасав до ајетот (АРАПСКИ)

„… А што ќе биде со нив кога Јас ќе донесам сведок од секој народ, а тебе те доведам како сведок против нив!“

очите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. биле полни со солзи’.“

Во другиот хадис е спомнато дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дури го замолил да престане со учење.

Хазрети Алкамах пренесува дека однесувањето на хазрети Абдуллах бин Мас‘уд, како и неговиот добар карактер и неговата умереност, биле слични на однесувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Синот на хазрети Абдуллах бин Мас‘уд, Убаидуллах, пренесува дека тој имал навика да се разбуди во текот на ноќта поради тахаџуд намаз кога сите други спиеле.

„Една ноќ го слушнав како шепоти (во занес) додека правеше ибадет и го учеше Чесниот Кур‘ан.“

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд ја сакал својата жена и ги сакал своите деца. Кога влегувал дома го прочистувал грлото и зборувал за да домашните знаат дека стасал. Неговата жена хазрети Зејнеб еднаш земала амајлија од некоја постара жена, но Абдуллах бин Мас‘уд ја скршил амајлијата и веднаш ја фрлил говорејќи дека семејството на Абдуллах се ослободило од ширк и дека асето тоа е работа на шејтанот; дека довата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. треба да биде доволна: (АРАПСКИ)

„О Господару на луѓето! Отстрани ја мојата болест и излечи ме. Само ти можеш да излечиш и не постои друг лек освен Тебе. Лек кој зад себе не остава никаква болест.“

Хазрети Абдуллах бин Мас‘уд бил слаб, низок и со светол тен. Облекувал фина бела облека и ставал парфем.

Хазрети Али пренесува дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му наложил на хазрети Абдуллах бин Мас‘уд поради одредена задача да се качи на дрво. Гледајќи го толку слаб асхабите почнале да се смеат на неговите тенки и слаби мускули.

На тоа Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. прашал:

„Зошто се смеете? Доблестите на Абдуллах бин Мас‘уд на Судниот ден  на вагата ќе бидат потешки од планината Ухуд.“

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., хазрети Умар р.а. го одредил Абдуллах бин Мас‘уд за мисионер по образование и морална обука на луѓето во Куфа, и во исто време хазрети Аммар бин Јассир го одредил за гувернер.

Хазрети Умар р.а. потоа им рекол на луѓето во Куфа:

„Овие двајца се блиски асхаби на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и имаат посебна положба (углед). Тие се едни од оние кои учествувале во битката кај Бедр. Вие треба да го следите нивниот пример, да се покорувате на нивните наредби и да слушате што ви велат. Сметајте дека Абдуллах бин Мас‘уд е подобар од мене.“

Салма бин Тавам вели:

„Еднаш еден човек го сретнал Абдуллах бин Мас‘уд, му го пренел својот сон и рекол:

’Јас во сонот минатата ноќ те видов, и исто така го видов и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. како седи на висока говорница а ти седеше ниско до говорницата.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. потоа рече:

’О бин Мас‘уд! Дојди поблиску до мене бидејќи стана многу осамен откако јас заминав.‘

Абдуллах бин Мас‘уд потоа кажал:

’Заколни се дека навистина ова си го видел во сонот.‘

Тој одговорил дека е вистина. На тоа тој потоа рекол:

’Дали ти дојде од Медина да ја клањаш мојата џеназа? Се чини дека моето време дошло.‘

Кратко после тоа тој починал.“

Пред неговата смрт, кога хазрети Умар р.а. дознал за неговата болест, го повикал да ја напушти Куфа и да дојде во Медина. Меѓутоа, луѓето од Куфа инсистирале да остане во Куфа и го увериле дека ќе го заштитат. Можно е дека хазрети Умар р.а. во Медина го повикал пред да се разболи, во време кога човекот му го пренел неговиот сон. И покрај сè, хазрети Умар р.а. го повикал по ова да се врати од Куфа. Иако луѓето од Куфа сакале тој да остане таму и му ветиле дека ќе го заштитат тој сепак им објаснил дека тоа е повик на Халифата на времето и дека за него е задолжително да послуша.

Тој, исто така, рекол дека наскоро ќе избијат нереди и дека не сака тој да биде причината за тоа, и после тоа ја напуштил Куфа и отишол кај Халифата на времето.

Тој умрел во 32-та година по Хиџра. Хазрети Умар р.а. ја предводел неговата џеназа и го погребал во Џенат-ул-Бака. Во времето на смртта имал нешто повеќе од 60 години.

Тука се и многу други преданија и сведоштва кои се однесуваат на хазрети Абдуллах бин Мас‘уд кои јас ако Бог даде ќе ви раскажам во иднина. Нека Семоќниот Аллах не оспособи да го следиме примерот на овие сјајни ѕвезди.