In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Доблесни луѓе

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Хазрети Аммар бин Јашар му бил верен асхаб на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (од раните денови на исламот). Неговиот татко, хазрети Јашир, бил потомок на Катани племето, по потекло од Јемен. Заедно со своите двајца браќа, Харис и Малик, тој дошол во Мека. Подоцна, Харис и Малик се вратиле во Јемен додека хазрети Јашир останал да живее во Мека и станал другар на Абу Хузаиф Макхузум. Абу Хузаиф го оженил со својата робинка, хазрети Сумајја. Хазрети Аммар бин Јашир се родил од тој брак. Хазрети Аммар и хазрети Јашир останале покрај Абу Хузаиф сè до неговата смрт.

По доаѓањето на исламот, хазрети Јашир, хазрети Сумаајја, хазрети Аммар и неговиот брат хазрети Абдуллах бин Јашир го примиле исламот. Хазрети Аммар пренесува:

„Ние му се претставивме на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој ни раскажа за исламот и ние го примивме исламот. Таму останавме до ноќта и потоа тајно го напуштивме Дар-е-Аркам.“

Хазрети Аммар бин Јашир бил меѓу оние послабите луѓе во Мека, кои биле прогонувани по примањето на исламот за да се вратат на старата вера.

Нив (како и останатите слаби луѓе) Курејшиите ги исфрлале жешкото надвор за да ги присилат да ја напуштат својата вера. Хазрети Аммар бин Јашир имал големи модринки и лузни на грбот, како резултат на тоа мачење кое му го задале Курејшиите на Мека на жешкото сонце сред денот. Идолопоклониците хазрети Аммар го запалиле на оган. Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. поминал покрај хазрети Аммар, ја ставил раката на неговата глава и рекол:

„О огну! Биди ладен и стани средство на сигурност за Аммар како што си бил за Ибрахим!“

Еднаш Чесниот Пратеник с.а.вс. поминувал низ долината на Мека и видел како ги мачат Аммар и неговата мајка. Хазрети Јашир прашал:

„Дали засекогаш вака ќе се однесуваат со нас?“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Јашир му рекол:

„Биди трпелив! и го молел Аллах ’О Аллах! Опрости им на Јашир и на неговото семејство, Ти сигурно така си направил‘.“

Идолопоклониците го мачеле хазрети Аммар така што главата му ја ставале во вода. Всушност, му ја потопувале главата во вода и го удирале.

Ова е слично на мачењето на луѓето кое го прават непријателите и одредени влади на оние кои се под обвинение дека направиле престап.

Меѓутоа, хазрети Аммар далеку полошо бил мачен. Племето Бани Макхзум, Аммар, неговиот татко и Јашир, како и неговата мајка Сумајја сурово ги мачеле. Сумајја, инаку некое време, била нивни слуга и кога ги слушала тие мачења срцето не можела а да не затрепери. На крајот, Јашир од последиците на мачењето и починал.  Покрај тоа, Абу Џехел, Сумајја немилосрдно ја пробол со копје поради што таа веднаш починала.

Во една од своите книги, Чашма Ма‘рафат, Ветениот Месија а.с. навел исечоци од книгата за животот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., книга која ја напишал еден хинду, Паркаш Девјил. Ветениот Месија а.с. својот Џеммат го советувал да ја прочита книгата бидејќи је напишал човек кој не е муслиман. Во оваа книга сликовито се опишани тие измачувања.

Суфијан го пренесува сведоштвото на неговиот татко дека хазрети Аммар р.а. бил првиот кој во својата куќа основал џамија за намаз. Хазрети Аммар бин Јашир р.а. кога се иселил во Медина престојувал во куќата на Бубашир бин Абдул Мунзир р.а.. Во текот на изградбата на џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Аммар бин Јашир носел по два камена, за разлика од другите кои носеле по еден. Еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одел покрај него и ја отстранил прашината од главата на хазрети Аммар р.а. и рекол:

„Колку тажно! Неверниците ќе го убијат. Аммар ќе ги повикува кон Бог а тие него кон огнот.“

Хазрети Аммар секогаш ја правел следната дова:

„Јас барам засолниште од злите завери кај Семоќниот Бог.“

Хазрети Аммар бил болен и во таа состојба работел. Гледајќи го тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги исфрлил циглите од неговите раце и му наредил да се одмори. Така, овие луѓе и во состојба на болест и понатаму работеле.

Хазрети Хакам бин Утаибиах пренесува:

„Јас бев таму во време на раѓањето на сонцето и на средината од денот кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. стаса во Медина. Хазрети Аммар рече:

’Треба да направи место во ладовина за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. каде ќе може да седне и да изврши намаз‘.

Затоа хазрети Аммар собра неколку камени и постави темели на Месџиди Каба. Ова беше прва изградена џамија и хазрети Аммар е токму тој што ја изгради“.

Хазрети Ибн-е-‘Умар вели:

„Јас хазрети Аммар го видов во битката на Џамама. Тој стоеше на висок насип и ги повикуваше муслиманите. Беше многу храбар човек. Тој велеше:

’О муслимани! Зарем бегате од Џеннетот!? Јас сум Аммар бин Јашир, дојдете кај мене‘.“

Хазрети Ибн Умар вели:

„Јас го гледав и видов дека едното уво му е длабоко засечено и дека виси. Но, и наспроти тоа, хазрети Аммар беше задлабочен во борба“.

Што се однесува до засеченото уво на хазрети Аммар, Тарик бин Шабаб вели:

„Некој од племето Бану Тамим го исмејуваше Аммар поради исеченото уво. Хазрети Аммар одговори:

’Ти го навредуваш моето најубаво уво.’

Односно, ти ме исмејуваш поради увото кое е жртвувано во борба за Семоќниот Аллах. Ова е моето најдобро уво.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. еднаш рекол:

„Ако некој чувствува непријателство кон Аммар, тогаш Аллах џ.ш. кон таквата личност ќе има непријателство, и кој му е лутен на Аммар и Аллах ќе биде лутен на него.“

Хазрети Али пренесува и вели дека седел со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога хазрети Аммар бин Јашир прашал дали може да дојде напред. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дозволил и рекол:

„Добредојде чист и честит човеку!“

На тој начин му била искажана честа што му ја одал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Ајша пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека кога и да требало Аммар да донесе одлука тој секогаш ја избирал помудрата можност.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека во вените на Аммар бин Јашир тече вера, односно дека тој потполно е задлабочен во верата. Хазрети Аммар бин Јашир се вбројува во оние на кои Семоќниот Аллах им дал засолниште од шејтанот.

Хазрети Омер еднаш го одредил хазрети Аммар бин Јашир за гувернер на Куфа и подоцна по приговорот на луѓето од Куфа, хазрети Омер р.а. го разрешил хазрети Аммар бин Јашир оттаму. Хазрети Омер р.а. подоцна го прашал:

„Дали беше незадоволен со твоето разрешување?“

Хазрети Аммар му одговорил:

„Бидејќи ме праша ќе ти кажам дека во време на моето назначување не бев задоволен но ти сепак ме назначи, и јас тоа од послушност го прифатив. Исто така не бев задоволен кога ме разреши. Секако, тоа не го очекував и не ми беше мило, но јас молчев и целосно се покорував дури и кога бев разрешен.“

Тој бил незадоволен до таа мера што тој раскажал сè што му е на срцето дури откако хазрети Омер р.а. го прашал за тоа.

Кога подлите лицемери и бунтовници предизвикале побуна во Медина против хазрети Осман, поради наивноста и хазрети Аммар бин Јашир бил заведен, и, иако тој физички не ги подржал, Аммар бин Јашир паднал на измамата затоа што не бил доволно известен на полето на политика. Меѓутоа, Аммар бин Јашир практично не учествувал во побуната. Иако бил присутен кога Медина била нападната, тој само тивко седел дома и единствената негова вина е во тоа што не се активно спротивставил на бунтовниците кои ја нападнале Медина. Меѓутоа, тој бил потполно невин во однос на престап кој го направиле бунтовниците.

Во Халифатот на хазрети Али р.а., хазрети Аммар бин Јашир се борел заедно со хазрети Али р.а. во битката кај Сиффин и во битката кај Џамал. Абу Ал-Бакхтри пренесува дека во битката на Сиффин, хазрети Аммар бин Јасин рекол:

„Донесете ми млеко бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ми кажа дека последното што ќе го пијам ќе биде млеко.“

Така, му донеле млеко, хазрети Аммар бин Јашир го испил и потоа отишол во борба каде и што бил убиен.

Во едно друго сведоштво се вели дека, кога на хазрети Аммар бин Јашир му било донесено млеко тој се насмеал и рекол:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рече дека последно што ќе го пијам ќе биде млеко.“

Затоа бил среќен што ќе биде убиен во таква состојба.

Во текот на битката на Сиффин, хазрети Аммар бин Јашир р.а. рекол:

„Џеннетот лежи под сјајот на сабјата и жедните ќе стасаат до изворот. Денес ќе се сретнам со своите драги и денес ќе се сретнам со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и со неговите асхаби.“

Додека патувал кон Сиффин на брегот на реката Еуфрат, хазрети Аммар бин Јашар рекол:

„О Аллах! Да знам дека во Твоите очи најпосакувано дело е да се фрлам од оваа планина јас тоа веднаш би го направил… Јас во оваа битка учествувам со цел да го стекнам Твоето задоволство. Јас не сакам да направиш да бидам неуспешен и јас само го барам Твоето задоволство.“

Хазрети Аммар починал во времето на ерата на хазрети Али р.а. во текот на битката на Сафеен во Сафар, во 37-та година по хиџра на 94 годишна староста. Се пренесува дека според некои пресметки имал 92 или 93 години кога починал.

Хазрети Аммар бин Јашир е погребан во Саффен. Хазрети Али р.а. ја предводел џеназата за хазрети Аммар бин Јашир и за Хашим бин Атба, и хазрети Аммар бин Јашир го држел поблиску до себе додека Хашим бил ставен пред хазрети Аммар. Тој го проучил Текбир над двајцата едно 5,6, или 7 пати по ред.

Ова биле асхабите кои се бореле за вистината и своите животи ги жртвувале за тоа. Нека Семоќниот Аллах ја воздигне нивната положба.

Постојат уште неколку сведоштва во врска со него и јас, ако Бог даде, во иднина ќе ги спомнам.