In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Важни дови

По учењето на шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помошник) рече:

Додека го спомнувал значењето на Џума, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Постои момент (во петок) кога муслиманот е фатен во молитва, и тогаш, која молитва и да упати, таа е прифатена и, кое добро и да побара, Возвишениот Аллах му го дава.“

Сите се молат, и во текот на своите молитви бараат работи според потребата која ја имаат. Исто така, постојат и такви кои се клањаат (се молат), но никако за посебни нешта. Тие едноставно клањаат (се молат) повторувајќи ги зборовите од намазот и мислат дека тоа е доволно. Тие не се свесни за важноста на молитвата (намазот).

Така денес, на последната Џума во Рамазан, мислам дека е важно да проучиме значајни молитви (дови), така да оние кои не се свесни да можат да ја разберат важноста на молитвата, и така да ние како Заедница ги претставиме своите молитви и дови пред Возвишениот Аллах, и заедно да се молиме за примањето на овие дови во текот на намазот.

Сега ќе проучам некои дови од Чесниот Кур‘ан и некои дови од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Оние кои ги знаат би требало да учат и да говорат во себе. Амин! Нека Возвишениот Аллах џ.ш. ги услиши.

СубханАллахи ве би хамдихи субханАллахил Азим. Аллахумме сали ала Мухаммедин ве аали Мухаммед.

Како прво, ова се дови од Чесниот Кур‘ан:

„Господару наш, подари ни добро на овој свет и добро на идниот свет, и спаси не од казната на Огнот.“           

 (2:202)

„Господару наш, истури врз нас сабур и дај да умреме како муслимани.“

     (7:127)

„О Аллах, Господару наш, спушти ни од небото (благосостојба) софра, да ни биде празник – и за првите од нас и за последните од нас, и голем знак од Тебе; снабди не, бидејќи Ти си најдобар хранител.“

                                                          (5:115)

„Господару наш, ние го слушнавме гласникот што повикува во вера: ’Верувајте во Господарот ваш,‘ па ние веруваме. Господару наш, прости ни ги гревовите наши и покриј ги нашите зли дела, и одреди да умреме заедно со добрите.“

               (3:194)

„Господару наш, ние веруваме во она што Ти го објави и ние го следиме пратеникот. Па запиши не меѓу сведоците.“    

   (3:54)

„Господару наш, не скршнувај ги срцата наши кога веќе ги упати; и дај ни од милоста Твоја; сигурно, Ти си единствен голем Дарител.“

             (3:9)

„Господару мој, подари ми од Себе чисто потомство;Ти си сигурно Оној кој често слуша молитви.“

     (3:39)

„Господару наш, подари ни нам, и на нашите брачни другари и на децата радост во очите и одреди да бидеме водачи на богобојазливите.“

 (25:75)

„Господару мој, подари ми способност да бидам благодарен за Твојата благодат со која ме опсипа мене и родителите мои, и да работам добро со што ќе бидеш Ти задоволен. И одреди потомството мое да биде добро. Јас Тебе ти се обраќам; и         навистина сум од оние кои се покоруваат.“

   (46:16)

„Господару мој, подари ми (потомство) меѓу добрите.“

 (37:101)

„О Господару мој, навистина, јас сум сиромав за било какво добро да ми дадеш.“

        (28:25)

„Господару мој, направи ме способен да бидам благодарен за Твојата благодат која ми ја подари мене и на родителите мои, и да правам добри дела со кои Ти ќе бидеш задоволен, и со милоста Своја воведи ме меѓу робовите Твои добри.“

(27:20)

„Господару мој, Тебе ти се приклонувам од привлечностите на шејтаните. И јас барам засолниште во Тебе, Господару мој, од нивното присуство кај мене.“

                       (23:98-99)

„Господару мој, зголеми го моето знаење.“         

          (20:115)

„Господару мој, отвори ми ги градиве и олесни ми ја работата, и одврзи го јазолот од јазикот мој за да го сфатат говорот мој.“

            (20:26:29)

„Господару наш, подари ни од милоста Своја и упати не во работата наша.“

                               (18:11)

„Господару мој, воведи ме мојот влез да биде со вистина и изведи ме мојот излез да биде со вистина; и подари ми од Себе силен помагач.“

        (17:81)

„Господару мој, смилуј им се и на двајцата, како што и двајцата мене ме подигаа додека бев дете.“

       (17:25)

„Господару мој, подари ми мудрост и придружи ме кон добрите, и одреди за мене вистински спомен меѓу последните, и одреди   ме да ги наследам џеннетските благодати.“

        (26:84-86)

„Господару мој, згрешив кон својата душа, затоа опрости ми.“

         (28:17)

 „Господару мој, усоврши ја светлината наша и прости ни; навистина, Ти имаш трајна моќ над сите нешта да правиш што Ти сакаш.“

   (66:9)

„Господару мој, ние веруваме; прости ни затоа и смилувај ни се; Ти си меѓу милостивите Најдобриот.“

(23:110)

„Господару мој, ние на своите души насилство направивме; и ако Ти не ни простиш и ако не ни се смилуваш ќе бидеме сигурно меѓу изгубените.“

       (7:24)

„Господару наш, не оставај не со силниците.“

 (7:48)

 „О Господару мој, не оставај ме сам, Ти си подобар од сите наследници.“                                                        

        (21:90)

„О Господару мој, ако Ти ми покажеш она со што им се заканува, Господару мој, не оставај ме со народ силнички.“    

 (23:94-95)

„Господару наш, Ти и со знаењето и со милоста опфаќаш сè. Затоа прости им на оние кои се каат и го следат Твојот пат; и сочувај ги од казната џехеннемска. О, Господару наш, воведи ги во бавчите на вечноста, кои Ти им ги вети и татковците нивни, и другарите, и нивните деца, и оние кои прават добри дела. Ти си навистина силен и мудар. И сочувај ги од гревот; а оној кого Ти си го сочувал тој ден од (последиците) на гревот – Ти нему навистина си му покажал милост. А тоа е победа голема.“

                                                                                           (40:8-10)

„Господару наш, прости ни нам и на браќата наши кои ни претходеа во верувањето, срцата наши сочувај ги од злоба кон оние кои веруваат. Господару наш! Ти навистина си благ и сомилосен.“

          (59:11)

„Господару мој, прости ми мене и на родителите мои, и на оној кој ќе влезе во домот мој како верник, и на верниците и на верничките, а на силниците само зголеми им го страдањето.“

 (71:29)

„Господару наш, дај ни го она што им го вети преку Своите пратеници (значи, заветот на Пратеникот); и не понижувај не на Денот Суден; Ти навистина ветувањето не го занемаруваш.“

 (3:195)

„Ти си наш заштитник; затоа, прости ни и смилувај ни се, бидејќи меѓу Простувачите Ти си Најдобриот.“

 (7:156)

„Господару наш, оддалечи не од казната џехеннемска; казната џехеннемска навистина е неминовна.“

     (25:66)

„Господару наш, ние веруваме; затоа прости ни ги гревовите наши и казната огнена.“

   (3:17)

„Господару мој, одреди јас и потомството мое да бидеме постојани во намазот. Господару наш! Прими ја молитвата моја. Господару наш, прости ни, и на мене и на родителите мои и на верниците на Денот во кој ќе оствари пресметката.“    

(14:41-42)

„Господару мој, спаси не мене и семејството мое од она што го прават.“

        (26:170)

„Господару мој, народот мој мене ме отфрли. Затоа, Ти донеси конечна пресуда меѓу мене и нив; и спаси не мене и верниците кои се со мене.“

            (26:118-119)

„Господару мој, помогни ми против народот безреднички.“

           (29:31)

„Јас сум навистина победен, тогаш помогни ми.“

     (54:11)

„Господару наш, не земај ни го за грев она што ќе го направиме во заборав, или ако згрешиме. О, Господару наш, и не товари не   онака како што ги оптовари оние пред нас (поради нивните гревови). Господару наш, не оптоварувај не со она што не е во наша моќ; премини преку нашите гревови и прости ни и смилуј ни се; Ти си Господар наш; затоа помогни ни против народот невернички.“                                                               

 (2:287)

„О Господару наш, дај ни трпение, зацврсти ги чекорите наши и помогни ни против народот невернички.“

 (2:251)

„Господару наш, прости ги гревовите наши и пропустите наши, зацврсти ги чекорите наши и помогни ни против народот невернички.“                                                               

(3:148)

„Господару наш, меѓу нас и народот наш пресуди ни праведно, Ти си меѓу судиите Најдобриот.“

   (7:90)

 „Врз Аллах се потпревме. Господару наш, не одредувај не да бидеме искушение за народот насилнички.“         

     (10:86-87)

„О Господару мој, помогни ми, бидејќи тие мене ме отфрлаат.“

     (23:27)

„Господару мој! Подигни ми куќа кај себе во Џеннетот; и спаси ме од фараонот и од делото негово, и спаси ме од народот силнички.“

          (66:12)

Сега ќе наведам некои дови од Хадисите.

Спомнато е дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја учел следната дова:

„Господару! Опрости ми ги гревовите мои, сочувај ме од злото од недостаток на мојата неукост и неправдата во моите работи, и сочувај ме од секоја штета и зло за кое Ти знаеш многу повеќе од мене. О Аллах! Опрости ми ги моите грешки. Опрости ми ги сите мои грешки, било тие да се направени свесно, несвесно или во шега. Опрости ми ги сите мои грешки кои веќе се направени и кои се уште не се направени. Оние кои се направени во тајност и јавно. Ти си Едниот, Кој прави луѓето да напредуваат и да назадуваат, единствено Ти си Моќен над сите работи.“

Потоа, следуваат уште неколку дови од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с:

„О Аллах! Јас Тебе сум ти послушен, верувам во Тебе и Тебе сум ти наклонет. Со Твојата помош им се спротивставувам на непријателите. Суди ми за сите мои претходни и идни гревови, тајни и видливи. Ти правиш луѓето да напредуваат и да уназадуваат. Никој не е вреден за обожавање освен Тебе.“

„О Аллах! Ти си мојот Господар; не постои никој друг вреден за обожавање освен Тебе. Ти си ме создал и јас сум Твој роб. Што повеќе можам јас, освен да сум трпелив во Твоите наредби и во Твоите ветувања. Барам засолниште во Тебе од злиот ефект на моите дела. Јас ги потврдувам Твоите благослови и дарови. Своите гревови ги признавам, опрости ми ги, бидејќи не постои никој друг освен Тебе кој може да ги опрости гревовите.“

„О Аллах! Барам да ме заштитиш од срцето во кое страв не постои, молитвите кои не се примени, мојата состојба која не познава задоволство и знаењето кое не е корисно. Мој Заштитник, барам засолниште од овие четири работи.“

„О Претворач на срцето, претвори срцето мое да биде истрајно во верата Твоја.“

„О Аллах! Те молам да ми дадеш упатство и страв од Тебе. Те молам за невиност и задоволство.“

„Ние тебе те земаме како штит од тоа што се наоѓа во нивните срца (непријателските). Бараме заштита од секое зло и од неговата непријатност.“

„О Аллах! Ја барам Твојата љубов и љубовта од оние кои Тебе те сакаат, како и однесување кое до Твојата љубов ќе ме доведе. О Аллах, направи Твојата љубов да ми биде подрага од сопствената душа, семејството, мојот имот и да ми биде подрага од ладна вода.“

Постои долга дова, која ја пренел хазрети Ибн Аббас р.а. Тој слушнал како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја учи оваа дова:

„О Аллах! Ја барам твојата милост која ќе го води моето срце и ќе ми помогне со моите постапки. Подари ми успех во моите неуспешни постапки. Спои ме со моите сакани од кои сум раздвоен. Подари им достоинство на оние кои се со мене.

Очисти ги моите дела. Подари ми мудрост во упатството. Дај ми ги нештата кои ги сакам и спаси ме од злото.

О Аллах, подари ми цврста вера која ќе ме спаси од неверувањето. Подари ми милост која ќе ме направи добитник на овој свет и на Ахирет.

О Аллах, направи секоја моја одлука да биде успешна, подари ми друштво на шехидите, и живот од Твоите послушни слуги и победа над непријателот.

Господару, доаѓам кај Тебе со сите свои потреби. И, ако моето мислење е погрешно а планирањето слабо, а и понатаму сум зависен од Твојата милост.

Така, о Судија на сите постапки и Дарител на мирот, Те молам спаси ме од казната на огнот, како што луѓето ги спасуваш од бурното море.  Сочувај ме од пропаста и искушенијата во мезарот.

О мој Господару, подари ми работи за не сум ниту помислувал. Работи за кои никогаш не сум Те молел. Добри работи за кои не сум направил нијет, но Ти си ги ветил овие благослови на секој свој слуга и на секое твое суштество, и јас молам за тие работи.

О Господару на Универзумот, те молам во името на Твојата милост да ми ги подариш благословите.

О Аллах, Искрен Пријателу и Господару на упатството и мудроста, те молам да ми подариш мир на Судниот Ден. Помогни ми да го досегнам Џеннетот и друштво на Твоите побожни луѓе, кои Тебе ти се клањаат и кои ги исполнуваат наредбите. Сигурно Ти си Милостив и сакан. Без сомнение, Ти правиш што сакаш.

О Аллах, направи не упатени водачи кои не скршнуваат од правиот пат и не водат други кон беспатица. Направи не весници на мирот за Твоите сакани и за Твоите непријатели. Ти се молам во името на Твојата љубов, да направиш да ги сакаме сите оние кои Тебе те сакаат и направи да бидеме одбојни кон Твоите непријатели.

О Аллах, ова е наша скромна молитва и од Тебе зависи дали ќе биде исполнета. Оваа молитва е сиот наш труд кој го вложивме, и ние сега сета наша доверба ја ставаме на Тебе.

О Аллах! Осветли го моето срце, осветли го мојот мезар, Осветли ги моите патишта пред и зад мене, осветли ја мојата десна и лева страна, осветли над и под мене, осветли го мојот вид и мојот слух, осветли ја мојата коса и мојата кожа, исполни ги моето тело и крвта со светлина, и направи светлината да влезе во моите коски. О Господару, зголеми ја светлината во моето срце и подари ни толку светлина што е потребно да станеме манифестација на светлината.

Фален нека е Он, Кој моќно бдее над универзумот. Фален нека е Он, величање на било кој друг освен Него е неприфатливо. Славен нека е Он кој дава благослови. Фален нека е Господарот на Честа и Пофалбата. Он е Величествен, Славен.“

Потоа, тука се и довите на Ветениот Месија а.с.

Ветениот Месија а.с. во писмо напишал молитва за еден од своите асхаби, Чаудхри Рустам Али, и таа гласи:

„О Ти, кој заслужуваш да бидеш сакан над сите сакани! Прости ми и подари ми ја Твојата Милост и вклучиме со оние кои само во Тебе веруваат. Ние сме Твои грешни слуги и нашите внатрешни желби не освоија. Прости ни и спаси не од тешкотиите на Ахирет.“

Ветениот Месија а.с. напишал писмо на хазрети Халифа-тул Месих I р.а. во кое му вели да обрне внимание на следната молитва:

„О Милостиви Боже! Јас сум незначаен, грешен и невнимателен Твој роб. Ме виде дека влегувам од грешка во грешка но ми даде награда по награда, а си ме видел дека влегувам од грев во грев и понатаму ми даде благослов над благослов. Секогаш ги криеше моите мани и ми даваше безбројни благослови. Па и сега, истури ја Својата милост на мене бескорисниот и грешниот и прости ми ги грешките и незадоволството. Крени ја оваа тешкотија од мене бидејќи не постои никој освен Тебе кој може да ми помогне.“

Довата која Ветениот Месија а.с. не научил а која е за потполно предавање на Бог е следната:

„Господару на сите светови! Јас не можам да ја изразам својата благодарност за сите Твои благодати. Ти си Најмилостив, Сомилосен. Ми даде безброј благослови, прости ми ги моите гревови. Подари ми во срцето чиста љубов кон Тебе така што ќе ми дадеш нов живот а ќе ги сокриеш моите грешки. Помогни ми да правам дела со кои Ти си задоволен. Барам засолниште од Твојата казна. Биди милостив кон мене, подари ми ја Милоста! Сочувај ме од тагата на овој и на идниот свет, бидејќи сите моќи и благослови се во Твоите раце. Амин.“

Ние, генерално муслиманскиот свет, мораме да го држиме во нашите молитви.

Нека Возвишениот Аллах направи единство во муслиманскиот свет, нека ја отстрани разединетоста на нивните срца и нека ги соедини.

Нека Возвишениот Бог направи духовно задоволство на сите Ахмади муслимани. Нека ги сочува од сите зла и нека им подари сабур. Секогаш да останат покрај Џемаатот и Халифатот. На Џемаатот да му подари исполнување на сите должности и на сите оние кои што имаат функција во Џемаатот да сфатат и да ги исполнат своите должности. На сите оние кои животот го дале во служба на Џемаатот да им подари вистински да го исполнат својот нијет.

Нека Возвишениот Аллах не сочува од Деџала и неговото зло.

Нека Возвишениот Аллах ги сопре рацете на сите оние кои настојуваат да ги ослабат муслиманите и нека не сочува од нивното зло.

Нека Возвишениот Аллах го воздигне статусот на шехидите на Ахмадијатот и Он нека ги заштити нивните сакани кои останале зад нив.

Нека Он подари слобода на оние кои се затворени поради Ахмадијатот.

Нека Возвишениот Аллах ги отстрани тешкотиите од сите оние кои тагуваат.

Нека ги излечи сите оние кои се болни.

Нека Возвишениот Аллах ги отстрани сите тешкотии кои се поврзани за политиката и религијата.

Во Кадијана останаа само уште неколку дервиши. Луѓето таму поминуваат низ тешкотии. Слична ситуација е и во Пакистан, посебно во Рабва, таму е сè потешко и потешко и владата се обидува да ја влоши ситуација на Ахмади муслиманите. Нека Аллах ги сочува од силниците и нека ја подобри нивната ситуација.

И во Индонезија кога и да им се пружи прилика непријателите бездушно ги прогонуваат Ахмади муслиманите. Нека Аллах џ.ш. и нив ги сочува под Својата закрила и нека ги заштити од злото на непријателот.

Како што веќе спомнав, што се однесува до муслиманските земји, нападот на Јемен се случи поради борби на одредени групи од Ирак и Сирија, и поради нивните разлики муслиманите се убиваат меѓусебно. Нека Аллах џ.ш. ги сопре војните во Јемен, Сирија и Ирак и нека им даде разум да се однесуваат според учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и нека им овозможи да го прифатат Имам Мехди. Нека бидат сочувани од погрешниот пат на кој се наоѓаат за да нивниот живот биде сочуван на овој и на идниот свет.

Понатаму, нека Алах џ.ш. го сочува и благослови богатството и животот на оние кои се жртвуваат и кои даваат за најразлични придонеси во Џемаатот.

МТА е многу важна во ширењето на пораката и нека Аллах џ.ш. ги награди сите оние работат за МТА и за волонтерите, и нека им помогне да служат повеќе од порано. Нека Возвишениот Аллах на МТА во Африка и подари знаење и разбирање и нека и овозможи да прави програми кои шират вистинска порака на исламот во нивните земји и ширум светот. Амин.