In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Моќта на довите

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V рече:

Верникот, личноста која тврди дека верува во Возвишениот Аллах, секогаш треба да ја има на ум наредбата на Возвишениот Аллах дека Он нас не создал за да го обожаваме, како што и кажал:

„А Јас не ги создадов џиновите и луѓето освен Мене да ме обожаваат“.

    (51:57)

Потоа, Возвишениот Аллах не подучи на неколку начини како да обожаваме, како што се намазот и дова Иазикр (зборовите на молитвата).

Што се однесува до пратениците постојат многу молитви на кои Возвишениот Аллах не подучил во Чесниот Кур‘ан. Денес сакам да зборувам за зикр, кој е дел од суннетот (пракса) на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Овој зикр се состои од дови кои Возвишениот Бог ги открил, и, ако овој зикр се учи со внимание за да се долови  неговото значење, човекот ќе ги разбере Таухида, Единственоста на Возвишениот Аллах, ќе влезе во засолниште и заштита на Возвишениот Аллах и ќе биде спасен од сите зла.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пред спиење секогаш го учел Ајетул Курсија, сура Ал-Ихлас, сура Ал-Фелек и сура Ан-Нас, и три пати  дувнувал во своите раце. (Ова се три последни сури од Чесниот Кур‘ан и Ајетул Курсија ). Потоа, со рацете поминувал низ целото тело така што прво почнувал од главата а потоа низ телото, сè дотаму до кај што можел да допре со рацете.

Значи, сето она што редовно го правел станало негов Суннет (востановена пракса). Такво нешто секој муслиман треба да го практикува.

Ние сме Ахмади муслимани кои Ветениот Месија а.с. додатно ги подучил да делуваат во секој аспект според Суннетот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. Потребно е посебно да направиме напор за да ја усвоиме оваа пракса. Овие молитви треба да ги извршуваме како висока света должност. Со овие молитви не само дека ги бараме нашите лични, духовни и световни користи туку исто така бараме заштита од било кој вид на несогласување, немир или зло од лоши луѓе и непријатели.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го практикувал ова со таква редовност што во текот на неговата последна болест, хазрети Ајша р.а. лично ги учела овие дови, дувала во рацете и потоа поминувала со раце преку неговото тело.

Хазрети Укба Амир пренесува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги учел последните три глави од Чесниот Кур‘ан и го советувал:

„О Укба! Не дозволувај ноќта да помине а да не ги проучиш.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил личност која слушала и ги пратела сите упатства и сите наредби на Семоќниот Аллах. Затоа и другите ги упатувал истото да го прават.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.а.с. за сура Ал-Ихлас и ајетот кој започнува со „Кажи, Он е Аллах, Едниот…“ рекол дека ова е третина од Чесниот Кур‘ан.

Зошто Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. изјавил дека овој краток ајет е една третина од Чесниот Кур‘ан?

Причина за тоа е што Возвишениот Аллах Чесниот Кур‘ан го објавил за да го докаже и воспостави единството на Бог. Значи, единството на Бог во овој ајет е спомнато многу внимателно и сеопфатно. Затоа, размислувајќи за тие зборови и делувајќи согласно со него, личноста развива вистинско разбирање на единството на Бог и нејзините дела и зборови го одразуваат ова верување. Самото учење на овој ајет не е доволно, личноста овој ајет треба да го учи разбирајќи го единството на Бог и согласно на тоа и да делува.

Хазрети Ајша, нека Аллах џ.ш. биде задоволен со неа, во едно предание пренесува дека:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во една ситуација одредил една личност како водач и ја пратил во битка. Оваа личност ги предводела своите следбеници во молитва и завршувала со учењето на сура Ал-Ихлас. Кога го прашале зошто го прави тоа тој одговорил дека тоа го прави бидејќи тоа е атрибут на Милостивиот Бог.

’Тоа е причината поради која уживам да ја учам.‘

На ова, Чесниот Пратеник с.а.в.с. Мухаммед рекол:

’Возвишениот Аллах исто така тоа го сака‘.“

Во Букхари, постои предание од хазрети Анас р.а. за Имамот кој секогаш ја учел сура Ал-Ихлас и тоа на секој рекат и на секој намаз, и кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прашал за причината на ваквото практикување Имамот одговорил:

„Оваа сура ми е многу драга.“

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му возвратил:

„Твојата љубов кон оваа сура те внесе во Џеннетот.“

Хазрети Аби бин Ка‘аб пренесува:

„Кога идолопоклониците го прашале Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да им раскаже за предците на својот Господар, како одговор на ова, Семоќниот Аллах ја објавил сура Ал-Ихлас. Значи, Самад е Оној кој никому не е татко и никој не е Негов татко. Не постои ништо создадено што нема да пропадне и што ќе биде заменето со нешто друго. Семоќниот Аллах нема да пропадне ниту Он има наследник. Не постои ништо како што е Он.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол:

„Луѓето прашуваат: Кој го создал Аллах џ.ш?.“

Овие прашања биле поставувани во текот на времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. а и денес се поставуваат.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Кога ќе сретнете такви луѓе учете: ’Кажи, Он е Аллах, Едниот.‘ Сè додека не ја проучите целата сура, односно проучете ја целата сура Ал-Ихлас и замислете се над нејзиното значење и ќе увидите дека не постои ништо што го создало Семоќниот Аллах и Он отсекогаш постоел и засекогаш ќе постои.“

Тој рекол:

„Потоа, треба да побарате засолниште (кај Аллах) од шејтанот, за да тој не биде во состојба да ви нанесе било каква повреда.“

Хазрети Абу Хуреира р.а. пренесува:

„Јас бев со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кога Пратеникот с.а.в.с. го слушна еден човек како учи:

’Јас прашав: Што беше наменето?‘

Чесниот Пратеник с.а.в.с. одговори:

’Џеннетот беше наменет за оваа личност поради искреноста со која учи‘.“

Еднаш некој човек дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и се жалел на својата сиромаштија. Чесниот  Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Кога ќе влезеш во својата куќа, ако има некој внатре кажи: ’Нека е мир со вас‘, а ако нема никој тогаш кажи ’Селам‘ (поздрав на мирот) говорејќи: ’Мир нека е на тебе.

Тогаш еднаш проучи: ’Кажи: Он е Аллах, Едниот.‘

Така, овој човек ги следел наредбите и Семоќниот Аллах го избавил од сиромаштија. Затоа, кога човекот стекнува знаење за Божјата Единственост и се однесува во согласност со тоа, тогаш Семоќниот Аллах вели дека тој ги обезбедува богобојазливите преку средства кои се надвор од неговата замисла.

Хазрети Анас бин Малик р.а. пренесува:

„Некој човек дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и рекол:

’Јас ја сакам сура Ал-Ихлас.‘

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. одговорил:

’Твојата љубов кон оваа сура ќе те одведе во Џеннет‘.“

Постои хадис во кој се раскажува како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с  рекол:

„Кој и да ја проучи сура Ал-Ихлас и тоа и стотици пати во намазите или во друга прилика, Семоќниот Аллах на Себе преземал обврска тие луѓе да ги ослободи од огнот (на Џехеннемот). Според тоа, поради тоа е важна сура Ал-Ихлас. Кога ја учиме навечер, Семоќниот Бог треба  да го имаме на ум и потоа да ја учиме. Кога мислиме како Семоќниот Бог е Ахад (Едниот), во исто време треба да се замислиме над угледот и над положбата на тоа што Он е Самад. Самад означува битие кое е независно од било кој, чие постоење нема да престане.

Ветениот Месија а.с. оваа работа ја објаснил на следниот начин:

„Самад означува начин дека освен Него (т.е. освен Семоќниот Бог) сите нешта се смртни и минливи.“

Три Кул (сура Ал-Ихлас, сура Ал-Фалак и сура Ан Нас) се величествени и моќни сури на Чесниот Кур‘ан и овие ајети се дови од голема важност и опсег што преку нив човекот веднаш се наоѓа под заштита на Семоќниот Бог. Кога таквата личност ќе ги отфрли сите нечистотии останува без било какво зло. Не постои подобар начин од ова за барање на заштита од Семоќниот Бог.

Во врска со сура Ал-Фалак и сура Ан-Нас, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека тие содржат сè.

Хазрети Абу Са‘еед Кхудри р.а. пренесува:

„Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. преку овие сури барал заштита од злото око на луѓето и џиновите.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. рекол:

„Кога извршувате намаз треба да ги учите овие две сури.“

Чесниот Пратеник с.а.в.с. потоа рекол:

„Кога одите на спиење и кога ќе се разбудите, учете ги овие две сури.“

Според тоа, толку се важни овие две сури и уште поважно е да ги учиме во ова доба и во ова време, не само заради свој личен напредок и заштита од шејтанот туку исто така и за заштита на заедницата од сите завери сковани против нас.

Сега, од една страна против – исламските сили лукаво дејствуваат против нас, а од друга страна, таканаречените муслимански зналци и водачи создаваат растројство и неред. Муслиманските зналци ја засилуваат силата на шејтанот и даваат повеќе прилики за потпалување на општо муслиманско спротивставување против Ветениот Месија а.с.. Слично на тоа, атеизмот е исто така во пораст.

Толкувајќи ја Ал-Фалак, Ветениот Месија а.с. вели:

„Вие кои ќе бидете мета на непријателите на Ветениот Месија а.с. треба да учите дова барајќи засолниште кај Семоќниот Аллах од злото на луѓето – од нивните внатрешни и надворешни зла – барајте засолниште од Господарот на мугрите, со други зборови, Он е оној од Кого потекнува светлината и Он има полна контрола над тоа. Оваа светлина е духовна светлина која се појавила со доаѓањето на Ветениот Месија а.с.. И исто така, барајте засолниште кај Аллах од злото на ноќта кое преставува мрак поради одбивањето на Ветениот Месија а.с..“

Свештениците на Пакистан се на чело на противниците на Ветениот Месија а.с.. Затоа, во овие околности, Ахмади муслиманите на Пакистан посебно треба да настојуваат да ја продолжат традицијата на овој суннет.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Во сура Ал-Фалак, зборовите ’злото на темнината кога Он ќе го прекрие’ се всушност дова со која бараме заштита од злото на таа ноќ. Гхасик значи ноќ, а векаб значи кога ноќта и темнината ќе се рашират. Злото на ноќта кога таа се шири и прекрива сè, е всушност злото на темнина поради одбивањето на Ветениот  Месија а.с., од кого всушност треба да бараме заштита.“

Треба редовно да ги учиме овие ајети со цел да останеме утврдени на Тевхид, Божјото Единство, и исто така да бидеме спасени од злото на темнината. Сегашната состојба на муслиманите го свртува нашето внимание кон замислувањето над учењето на овие сури за да бидеме спасени од оваа темнина. ’И од злото на оние кои дуваат во јазлите‘ – да ги разврзат е исто така дова со која треба да бидеме заштитени од злото на оние кои дуваат во јазлите. Со други зборови, од оние луѓе кои во своите напори да му се спротивставаат на исламот и на Ахмадијатот, многу мудро создаваат злоба и непријателство во срцата на луѓето.

Потоа, во сура Ал-Нас, се спомнуваат атрибути на Семоќниот Бог дека е Господар, Крал и Оној Кој навистина е вреден за обожавање. По спомнувањето на овие атрибути сура Ал-Нас бара засолниште кај Бог од злите намери на шејтанот.

Во ова доба, а и во ова време, атеизмот и материјализмот се во пораст. Материјализмот има толку многу големо влијание што младите стануваат обземени со тоа (од неговото влијание). Затоа, кога ги учиме овие сури (во рацете) и дуваме во рацете па со нив поминуваме преку целото тело, исто така треба да учиме, применуваме и дуваме и во свои деца за да и тие бидат заштитени од секој вид на зло, да останат цврсти во верата, и да развијат вистинско сфаќање за Единственоста на Семоќниот Бог. Нека Аллах Семоќниот не оспособи да ги разбереме овие сури и да го следиме примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Треба да го разбереме вистинското значење на Единственоста на Семоќниот Бог и никогаш пред никој да не се покоруваме и да се клањаме, освен пред Него, ниту било кој друг да го сметаме за вруток на сите моќи. Не само во своето срце туку у преку секоја наша постапка ние треба да покажуваме дека единствено Бог е Оној Кој е главен вруток на сите моќи. Тој е извор на сета светлина и подарува секаков вид на милост.

Наместо да се потпираме на други луѓе, ние на земјата треба да паѓаме само пред Семоќниот Бог со цел да бараме заштита од злото на луѓето. Ние треба да го молиме Семоќниот Бог да не оспособи засекогаш да останеме зацврстени во духовната светлина која сме ја примиле по прифаќањето на Ветениот Месија а.с., кој всушност е одраз на вистинската светлина која произлегува од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Никогаш да не бидеме тие кои паѓаат во темнина. Секогаш да останеме поврзани со Халифатот кој е награда од Семоќниот Бог. Нека Семоќниот Аллах не заштити од секој вид на зло кое може да ни предизвика штета, било религиско било световно. Нека Семоќниот Аллах не заштити од оние кои завидуваат и нека тие не ни предизвикаат било какава повреда. Нека секогаш веруваме во Семоќниот Бог и во тоа дека Он е нашиот Господар и Заштитник, и нека останеме во Неговата заштита. Да веруваме дека Семоќниот Бог е најголем од сите кралеви и да имаме цврсто верување во Неговото кралство. Да ги исполниме должните права на оној кој е вистински вреден за обожавање и во секое доба да влеземе во закрилата на Неговата  заштита. Да останеме во Неговата заштита од злото на оние кои прават тајни планови и завери. Да настојуваме да ги очистиме своите срца од создавањето на било каков раздор (неслога) и поради тоа треба да продолжиме да ја бараме заштитата на Семоќниот Аллах. Нека Семоќниот Аллах не оспособи тоа да го правиме и нека не оспособи редовно пред спиење да ги учиме овие сури, да дувнеме низ себе согласно на налозите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Нека Семоќниот Аллах не оспособи така да се однесуваме.