In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Силата на молитвата

После учењето на ташахуд, та’уза и сура Ала-Фатиха Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Зборувајќи за филозофијата на молитвата во една прилика Ветениот Месија а.с. рекол:

„Кога гладното дете неуморно плаче за млеко тогаш млекото се создава во мајчините гради. Детето дури и не знае што е молитва, но сепак неговото плачење му донесува млеко.“

Ветениот Месија а.с. понатаму продолжил говорејќи:

„Ова е универзално искуство. Тогаш, како е можно нашиот плач пред Возвишениот Аллах да не донесува ништо?“

Ако човекот размисли за филозофијата на молитвата, имајќи ја на ум врската и односот кои детето ги има со мајката, тогаш лесно ќе му биде да го разбере ова.

Возвишениот Аллах им учинил голема услуга на Ахмади муслиманите, да поголемиот дел од нашата младина и нашите постари членови разберат дека кога личноста му се клања и се моли понизно пред Возвишениот Аллах со голема жар тогаш Возвишениот Аллах ги слуша тие молитви.

Многу луѓе ми пишуваат како понекогаш стануваат разочарани од сè и се во состојба на потполна депресија, но кога се помолат на Возвишениот Аллах, Он ја покажува Својата Милост на онаков начин за тоа да стане средство за засилување на својата вера.

Јас сега ќе преставам неколку такви настани кои ги сретнав во разни извештаи.

Назир Да’ват Илааллах (директор за информации) од Кадијана пишува:

„Амеер, Претседател на Хошиарпур дистриктот, раскажува дека пред неколку години, поради долгиот недостаток на дожд во неговото село Кхера Ацхарвал, луѓето од селото станале многу загрижени поради долгата и сериозна суша. Луѓето од селото ги замолиле Ахмади муслиманите за молитва со надеж дека со нивните молитви сигурно ќе почне да врне дожд. Нашиот муалим најпрво ги подучил за правилата на молитвата и ги назначил атрибутите на Возвишениот Аллах. После тоа тој ја предводел молитвата. Возвишениот Аллах ги прифатил довите на Ахмади муслиманите, и тој кажува дека преку Милоста на Возвишениот Аллах во рок од два до три часа почнало да врне силен дожд. На тој начин Возвишениот Аллах докажал дека Он ги прима и одговара на молитвите.“

Слично на тоа, националниот Претседател на островот Фиџи раскажува за еден настан за прифаќањето на молитвите на Хузур а.т.б.а. за да заврне дожд на малиот остров Фиџи, на кое владеела голема суша и немало никакви поволни прогнози дека ќе заврне дожд. Бискупот на католичката црква како и ценетиот Началник на племето Фунафути го истакнувале фактот дека сето тоа се случило само како резултат на благословите на Возвишениот Аллах како и на Ахмадија џемаатот и молитвите на Халифата дека дождот заврнал на така чудотворен начин. Така, овој дожд ја засилил верата на Ахмади муслиманите и послужил како знак за вистинитоста на Ветениот Месија а.с. на оние кои не се членови на Џемаатот.

Понекогаш почетокот на дождот станува знак на поддршка и на молитвите кои ги прифатил Возвишениот Аллах, а во некои други прилики прекинот на дождот станува знак на прифаќање на молитвите. Значи, без оглед на тоа дали некои го прифатиле исламот или не, сепак тие дефинитивно сведочат за фактот дека Богот на исламот е Еден од Оние Кој ги слуша молитвите.

Во Африканската држава Гвинеа Бисао живее еден муалим (верски учител) по име Абдуллах кој отишол во селото Саинцханг Кангса да проповеда за верата. Силен дожд се заканувал закажаниот собир да не се одржи. Тој кажува дека во тоа време се молел со зборовите:

„О Аллах! Дождот ти припаѓа на Тебе, а и пораката со која ти се обраќам ти припаѓа на Тебе. Меѓутоа, поради овој дожд овие луѓе нема да бидат во можност да ја слушнат Твојата порака и тие ќе си заминат.“

Тој нагласува дека само после неколку моменти после молитвата Возвишениот Аллах го запрел дождот, после што тој настапил, ја проповедал верата и околу 150 луѓе после проповедта биле во можност да добијат баи’ат (завет на верност).

И мисионерот на Бандунду, хафиз Муззаммил раскажал за еден настан кога силен дожд се заканувал да го растури собирот на кој проповедал за верата, а кој престанал како резултат на молитвите и собирот понатаму продолжил нормално.

Ваххаб Тајјеб Сахиб, мисионер од Швајцарија, раскажува за церемонијата на садење дрво на мирот во Зуцхвил која била доведена во прашање поради силниот дожд. Бидејќи целиот настан се одвивал на отворено небо тие биле силно вознемирени. Учесниците на настанот ми пишуваа за случувањата и ми кажаа дека на денот кога дошол мисионерот да учествува на настанот почнало да врне силен дожд и немало индиции дека ќе престане. Меѓутоа, како резултат на нашите молитви Возвишениот Аллах ги покажа своите благослови на нас, дождот престана саат време пред церемонијата и изгреа сонце. Сите присутни биле изненадени и коментирале за времето како ние да сме му дале наредба на времето, а ние им објаснивме дека сето тоа се случило после благословите од нашите молитви. Нема сомнение дека ние не сме тие кои му наредуваат на времето, ниту нешто слично ние можеме да правиме.

Ние сме оние кои му се клањаме на Бог, Оној кој го контролира времето и ја покажува Својата моќ.

Јас сега ќе раскажам за некои настани за молитвите кои се однесуваат на времето. Нашиот Бог не е само Бог на времето. Всушност, Он е Семоќен и Единствен Кој ги слуша нашите молитви. Он има многу атрибути и ги покажува тие атрибути.

Мулаим на Џемаатот во Бенин, Матеен сахиб, раскажува како жената на еден човек кој го прифатил Ахмадијатот била во ситуација на предвремено породување и дека веќе изгубила двете деца и била во состојба на агонија. Таа се чувствувала многу лошо и имала висока температура. Муалим на Џемаатот рекол дека во такви околности тие се молат во време на медицинскиот третман и бараат и од Имамот да се моли во такви ситуации. Меѓутоа, во тој момент немало доволно време. ’Поради тоа повикувајќи ги чистите имиња на Возвишениот Аллах како и името на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. јас ја почнав молитвата. Откако ја завршив молитвата ја проучив сура Ал-Фатиха,  дувнав во чаша вода и ја дадов на жената. Возвишениот Аллах не само што ја заштити неговата сопруга туку ја благослови со машко дете.‘

Со милоста на Возвишениот Аллах верата во Бог на овој човек кој го прифатил Ахмадијатот станала многу посилна и неговото убедување во прифаќањето на молитвата исто така станале посилни.

Слично на тоа, спомнувајќи едно болно лице, Амир сахиб од Кенија, пишува:

„Садр сахиб, еден од членовите на нивниот Џемаат бил многу болен. Кога го прашал за неговото здравје тој одговорил дека веќе од две болници бил пратен дома без било каква надеж. Неговото тело било скоро сосема посинето и ладно. После многу ревносни дови неговата состојба почнала да се подобрува. Тие, во меѓувреме, го примиле моето писмо (писмото од Хузур а.т.б.а.) со дови во кои се кажува:

’Нека Семоќниот Аллах му подари потполно оздравување.‘

После тоа, тој кажува дека неговото здравје и понатаму се подобрувало и не поминало долго време кога тој сосема оздравел.

Тој сега сам води грижа за своите работи.

Со милоста на Семоќниот Аллах нему му е подарен нов живот преку довите и тоа ја засилило неговата вера.“

Регионалниот Амир на Картанака пишува дека на Претседателот на еден Џемаат му е дадена дијагноза дека има тумор на мозокот и затоа е примен во болница. Му било кажано дека болеста е неизлечива и дека било каква операција е премногу ризична.

Тој мене ми пишуваше и побара дови од мене, после што го прими  мојот одговор:

„Нека Семоќниот Аллах ти подари потполно оздравување.“

Тој, после тоа, кажува дека лекарите после месец дена му направиле комплетен преглед и биле многу изненадени од анализите во кои не нашле ниту најмал траг од туморот.

Излекувањето на Хуссеин сахиб се случило како резултат на милоста на Семоќниот Аллах и на довите.

Хафиз Ехсаан Сикандар сахиб, мисионер во Белгија, пишува за еден член на Џемаатот по име Давууд сахиб кој се разболеле и бил примен во болница. Тој бил скоро пред смрт и на членовите на семејството им рекол да направат подготовки за погреб. Хафиз сахиб кажува дека тој и на мене ми пишувал писмо, почнал да се моли и ги поттикнувал членовите на Џемаатот да прават дови за него. Веќе наредниот ден неговата физичка и психичка состојба почнала да се подобрува. Тој кажува:

„Ние го информиравме лекарот дека ова чудо на оздравување е дело на довите и дека Семоќниот Аллах на овој начин му подарил нов живот.“

Има многу други случаи во кои се применуваат и прифаќаат дови и дека тие дови се повод за подобрување на односот на луѓето со Халифатот, како и верувањата во вистинитоста на Џемаатот, а посебно во силата на Семоќниот Бог.

Мустафа сахиб од Саудиска Арабија кажува дека на чуден начин добил преместување блиску до своето семејство. Тој вели:

„Ова за мене не ништо помалку од чудо.“

Секој човек е запознаен со своите сопствени опкружувања и околности и некои работи изгледаат безначајни, но очигледно е дека личноста која поминува низ такви ситуации може да го сфати чудото во кое таа бива сведок поради милоста на Семоќниот Аллах и дејствувањето на довите.

Латиф сахиб, муалим во областа Марогоро, пишува:

„Некој ги украл батериите од соларниот систем во нашата џамија. Наредниот ден, кога членовите на Џемаатот го забележале тоа одлучиле дека подобро е да се молат на Аллах џ.ш. одошто да ја информираат полицијата за случајот. После само еден ден лицето кое ги украло батериите ги вратило истите и тајно ги ставил пред куќата која му припаѓа на претседателот на Џемаатот.“

Тој вели дека на тој начин Семоќниот Аллах ги прифатил довите на Ахмади муслиманите и целиот случај ја засилил верата во довите за не Ахмади членовите оти Ахмади муслиманите навистина се праведни и вистинољубиви луѓе.

Мисионерот на должност во Гвинеја Конакри пренесува за еден настан во кој еден искрен млад Ахмади муслиман по име Салеем сахиб изразил желба својот живот да го посвети во служење на исламот и да и служи на Заедницата. Затоа му е советувано да ја посетува (школата) Џамиа Ахмадија во Сиера Леоне. Тој, предлогот со задоволство го прифатил и почнал со подготовки за тоа. Неговите родители изнеле лажни обвинувања против нас дека Ахмадија заедницата не е исламска, дека е терористичка организација и дека младите ги прифаќа за ги радикализира нивните сфаќања. Тој кажува дека биле многу загрижени поради таквиот став и мене ми пишувале и барале дови. Јас им одговорив со зборовите:

„Нека Аллах ја покаже Својата милост. Продолжете да се трудите и да чините дови.“

После тоа, со Аллаховата милост полицискиот комесар не само што го отфрлил случајот како невистинит туку и одговорил дека нему му изгледа оти нашиот ислам е мирољубив и правилен. Тој, исто така, побарал дополнителни информации за активностите на Џемаатот и за придружување на Ахмадија заедницата.

Мустенсер сахиб, мисионер во Мали, пренесува за настан кој се однесува за Јахја сахиб, рибар, кој можел да си дозволи само својата жена да ја прати на Џалса бидејќи биле многу сиромашни, а тој на Џалса присуствувал последните неколку години. Тој кажува дека утрото отишол да ја постави мрежата и ревносно го молел Аллах џ.ш. за тоа дека групата заминува следниот ден а тој нема доволно пари да им се придружи.

„О Аллах! Моите намери се чисти, помогни ми и јас да присуствувам на Џалса.“

Околу аср (инкидија) намаз тој ја извлекол мрежата во која се фатила риба. Кога се вратил на брегот дошол човек кој ја купил рибата за 18.000 ЦФА франциси. Поради оваа риба тој имал средства заедно со својата жена да присуствуваат на Џалса и вишокот на пари кој останал го чувале за слични такви прилики.

Ќе наведам и еден случај кој истакнува како Семоќниот Аллах ја засилува верата на Ахмади муслиманите и цврсто ги чува во Халифатот преку прифаќање на дови.

Еден Ахмади муслиман од Мали, Идриз Траоре сахиб, кога отишол да присуствува на Џалса Салана во Гана во 2008 година ги изгубил сите кокошки кои ги имал. Сопственикот на кокошките бил толку вознемирен и од него побарал за една седмица да му ги врати сите негови 150.000 ЦФА франциси. Идриз сахиб кажува дека е многу загрижен бидејќи нема толкава сума на пари и дека овој човек ќе го посрамоти. Кажува дека цела ноќ му се молел на Аллах со зборовите:

„О Аллах! Обезбеди средства за мене. Јас отидов да присуствувам на Џалса од љубов кон Халифата.“

Потоа, тој кажува дека во сон бил упатен да оди на одредено место, каде нашол црна пластична вреќа со 180,000 ЦФА франциси во неа.

„Човекот кој ми даде заем кога дојде да ги земе парите беше многу навредлив. Јас му реков да биде стрплив, дека ќе му ги вратам парите – Семоќниот Аллах обезбеди средства за мене и јас му го вратив целиот долг.“

Мисионерот од Германија, Хафеезуллах Бхарвана сахиб, раскажува за нов Ахмади муслиман по име Ихсан сахиб од Лебанон.

„Јас со него се сретнав во Германија и во текот на средбата ги спомнав своите тешкотии во поглед на добивањето на Азил. Верата на овој човек се засили кога Семоќниот Бог му покажа чудо во овој случај бидејќи тој доби службен азил во траење од три години. Тој после тоа очигледно многу задоволен на сите им говореше дека Семоќниот Аллах ова чудо го покажал поради довите.“

Семоќниот Бог покажува многу знаци за прифаќање на дови на Ахмади муслиманите, но има и случаи кога Он покажува прифаќање на дови и од оние кои не се Ахмади, со што сите не уверува во тоа дека Богот на исламот ги слуша и прифаќа нашите дови (молби).

Мирза Фазл сахиб од Канада пишува за случувањата на меѓу верската конференција во градот Ванкувер Запад. Тој се сретнал со некој човек, припадник на сиките, кој многу понизно барал дови да добие внук. Со Милоста на Возвишениот Аллах после една и пол година тој со радост се јавил да ја пренесе радосната вест дека преку довите Семоќниот Аллах му подарил внук.

Овде беа преставени само неколку настани кои се поврзани со прифаќањето на дови.

Ветениот Месија а.с. вели:

„Во поглед на неопходните услови за правење на дови првиот и најистакнат е оној во кој личноста е неопходно да развие правилни постапки и да има цврста вера. Оној кој не се држи до правите верувања и не ги присвојува правилните постапки, или не ги подобрува, а сепак чини дови (се моли), тоа е како да го става Бог во искушение (метафорички).“

Според тоа, не е важно само да бидеме силни во своите верувања, туку треба и своите постапки да ги обликуваме во склад со задоволствата на Семоќниот Бог и Неговите наредби. Не смее да се случува во нормални околности да ги занемариме наредбите на Семоќниот Аллах за петте дневни намази и да не ги исполнуваме правата на другите, но, кога се најдеме во тешкотии тогаш наеднаш го спомнуваме Семоќниот Аллах и ги исполнуваме правата на другите. Затоа, за личноста е важно да ги подобри сопствените постапки. Човекот ова не може да го постигне само со подобрување на нивото на своето верување туку треба да прифати и правилни постапки. А правите постапки се да ги исполнувате должните права на Семоќниот Аллах и правата на Неговите созданија. Кога ова се постигне тогаш Семоќниот Бог ќе одговори на нашите дови.

Нека Семоќниот Аллах ни помогне своите животи да ги живееме во склад со Неговите наредби и нека не оспособи да ги исполнуваме должностите на ибадет кон Него, и да ги исполниме нашите должности кон ибадетот.

После џума намаз ќе клањам две џенази за мртвите чии тела не се присутни.

Првата е за Чаудхру Наиматуллах Сахи сахиб. Тој својот живот го посвети на религијата после пензионирањето, и служеше како Назим Јидад во Садр Анџуман Ахмадија во Пакистан. Умре на 15 јануари во Канада. На Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме.

Втората џеназа се однесува на Зафруллах Кхан Буттур сахиб од Карто, Шеигхкпура. Тој умрел на 9 јануари 2018 година. На Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме. Нека Аллах помогне неговите добри дела да продолжат преку неговите деца. Нека Аллах го поддржи неговиот син да го исполни својот Вакф (живот посветен во служба на верата) со вистински дух и со иста љубов и воодушевување со кој неговиот татко го предал на верата. Нека Аллах ја воздигне положбата на мртвиот и нека на него ги пролие Својата милост и прошка.