In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Мирза Кхуршид Ахмад – понизен човек

По учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Пред два дена почина долгогодишен слуга на Ахмадија заедницата, почитуваниот Сахибзадах Мирза Кхуршид Ахмад сахиб. Инаа Лиллахи Ва Инаа Илаихи Рајиоон (Innaa Lillahi Wa Inaa Ilaihi Raji‘oon) (Навистина на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме). Возвишениот Аллах одал почест така што тој имал духовна врска со Ветениот Месија а.с. и бил дел од неговото семејство. Законот на Возвишениот Аллах е таков да оној кој дојде на овој свет еден ден мора и да го напушти. Сè е смртно. Единствено Вечно Битие е Возвишениот Аллах. Меѓутоа, среќни се тие кои од овој сегашен живот кој го дал Возвишениот Аллах се обидуваат да создадат цел и настојуваат да го добијат задоволството на Возвишениот Аллах. Тие знаат дека нивното случајно сродство со богобојазлива личност не значи ништо и дека само со сопствените дела и сопственото однесување го постигнуваат задоволството на Возвишениот Аллах.

Во една прилика Ветениот Месија а.с. спомнал дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Фатима и зборувал:

„О Фатима! Ти не можеш да го добиеш задоволството на Возвишениот Аллах само поради фактот дека си моја ќерка. За да го добиеш Неговото задоволство, обиди се животот да го обликуваш согласно на Неговите наредби. Кога тоа ќе го направиш треба да почувствуваш страв од Возвишениот Аллах, молејќи: ’Нека Возвишениот Аллах ги прифати моите настојувања и нека мојот крај го направи добар крај преку Својата милост‘.“

Имав блиска врска со Мирза Кхуршид Ахмад сахиб и имав прилика да го посматрам од блиску и да се уверам дека тој настојуваше да го исполни својот вакф (посветување на животот во служба на верата) и да ги исполни своите должности со крајна понизност. Тој го разбираше духот на вакф и тој како личност сите работи ги правеше имајќи го тоа на ум.

Мирза Кхуршид Ахмад сахиб од страната на таткото бил правнук на Ветениот Месија а.с.. Бил внук на хазрети Мирза Султан Ахмад сахиб, најстариот син на Ветениот Месија а.с.. Бил син на хазрети Мирза Азиз Ахмад Сахиб р.а.. Хазрети Мирза Азиз сахиб бил внук од страна на таткото на Ветениот Месија а.с. кој дал баи‘ат (завет на верност) пред неговиот татко (хазрети Мирза Султан сахиб).

Роден е на 12 септември 1932 година во Лахор. На 21 април 1945 година со 12 години ја исполнил вакф формата за да животот го посвети на служба во Џемаатот. Во тоа време тој одел во деветто одделение. Матурата ја завршил во средно училиште во Кадијана. Завршил мастер студии по англиски јазик на Владиниот Колеџ во Лахор. На 10 септември 1956 година се приклучил на Т.И. колеџот во Рабва и работел како учител по англиски јазик во текот на наредните 17 години. Бил познат како популарен и совесен учител. И јас самиот бев еден од неговите ученици. Во 1964 година дојде во Англија на една година како стипендист од страна на Британскиот совет каде ја проучуваше англиска фонетика на Универзитетот во Лидс.

Јас сега ќе зборувам за тоа во кои служби беше во Џемаатот. Во деновите на нередот во 1974 година, почитуваниот Сахибзада Мирза Кхуршид Ахмад сахиб му помогнал на хазрети Халифа-тул Месих III. Останал во куќата на Халифата за да му пружи помош. Тука постојано бил во период од 2 или 3 месеци. Исто така, со одобрување на хазрети Муслех Мауд, нека Аллах биде задоволен со него, во средината на 1962 година ја отворил установата Ал-Нусрат која се грижела за образование и одгледување на сирачиња и на сиромашни деца. Подоцна, хазрети Халифа-тул Месих III името на установата го сменил во Имдад-е-Тулаба (помош и поддршка за студенти). Тој бил задолжен за одделот од 1987 година до јули 1983 година. Потоа, оваа задача била доверена на Низрат Талим (оддел за образование).

На 30 април 1973 година, е избран за Назир Кхидмат-е-Дарвешан (директор на служба за дервиши). Од први мај во 1976 година до 1988 година извршувал служба како додатен Назир-е-А‘ла (додатен извршен директор на Садр Анџуман). Исто така, бил во можност да биде во служба како член на разни комитети. Од октомври 1988 година до септември 1991 година бил во служба како Назир Умоор-е-Амах (директор на генерални работи). Бил во служба како Назир Умоор-е-Кхаријах (директор за надворешни работи) и тоа од август 1992 година до мај 2003 година. Подоцна, во текот на мојот Халифат, го одредив за Назир-е-‘Ала (извршен директор) како и за Амир Муками (локален Амир на Рабва). Оваа служба ја извршуваше на најдобар начин. Исто така служеше како член на Мајлис Ифтаа и Кадха одборот (судскиот одбор) во период од отприлика 12 или 13 години. Во 1973 година, Возвишениот Алллах му овозможил да изврши аџилак.

Возвишениот Аллах го благословил со шест сина. Четири сина животот го посветиле на служба во Џемаатот. Двајца синови се доктори. Едниот има докторат и служи како заменик директор на Назарат-е-Талеем (оддел за образование). Исто така, еден од нив студирал право и бил во служба како асистент во бирото на правен советник. Еден од неговите синови, др. Мирза Султан Ахмад сахиб пишува:

„Тој имал голема љубов кон Халифа-тул Месих II р.а.  Пред неколку години поради проблемите со срцето морал да оди во Окара и сè до Рабва се молел да стаса во Рабва за да се пресели на стапките на Халифа-тул Месих II р.а.. Со други зборови, на местото каде тој е погребан и во делот во кој тој живеел. Оваа е приказна за љубовта која тој ја имал кон хазрети Халифа-тул Месих II р.а.“

Понатаму пишува:

„Често зборуваше дека непријателите се злобни кон хазрети Халифа-тул Месих II р.а., всушност, дури и повеќе одошто биле кон Ветениот Месија а.с.. Причина за тоа било тоа што непријателите верувале, а што во некоја мера е и точно, всушност во голема мера е точно, дека хазрети Халифа-тул Месих II р.а. го воспоставил и засилил Низам системот на Џемаатот. Ова е Џемаат на Возвишениот Аллах, кој е предодреден да процвета, и што всушност  се случило.“

Како што спомнав, во 1974 година бил во тимот кој го оформил хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Тој рекол:

„Во текот на тие денови забележав дека хазрети Халифа-тул Месих III р.а. неколку ноќи не спиеше. Тој одмараше седејќи и цел ден и цела ноќ ги поминуваше во служба на Џемаатот или во молитва.“

Тој исто така беше дел од тимот кој го оформил хазрети Халифа-тул Месих IV р.а.. Тој исто така бил дел од тимот кој го оформил хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. и тоа во многу тежок период во 1984 година. Тој зборувал дека кога и да биле лоши околности, хазрети Халифа-тул Месих III р.а. и хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. биле исклучително релаксирани, наместо да креваат паника на било кој начин. Исто така, имал чест да учествува во маршот од Рабва до Карачи во време на селењето на хазрети Халифа-тул Месих IV р.а..

Исто така, и наспроти болеста, во настаните од 28 мај 2010 година во Лахор, тој прв најмногу ја контролирал ситуацијата во тие околности на неред и тоа со крајна храброст. Друго, наспроти горештината, тој лично предводел џеназа намаз за секој маченик и секогаш присуствувал на погреб.

Тој служел како Назир-е-Ала во време пред неговата смрт. Постои голема одговорност која доаѓа со ова одделение, бидејќи има многу работа во Џемаатот и постојат многу настани кои треба да се надзираат. Кога примал повик за венчавка тогаш присуствувал на тие настани како Назр-е-Ала и Амеер Муками. Тој тогаш кажувал:

„Бидејќи го претставувам Халифа-тул Месих, сега ова за мене е обврска.“

Исто така, ги посетувал луѓето пред умирачка и во други трагични прилики, и ги посетувал болните и оние кои имале потреба за да дознае за нивната состојба. Доаѓањето на работа без оглед на неговата болест била негова доблест.

Кога хазрети Халифа-тул Месих III р.а. се преселил во Исламабад, Пакистан, тој ја имал честа да предводи џеназа намаз во Исламабад бидејќи бил претставник на Садр Анџуман Ахмадија. Хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. исто така бил присутен, но Хузур р.а. од Мирза Кхуршид Ахмад сахиб побарал да води џеназа намаз иако Мирза Кхуршид Ахмад сахиб побарал од Хузур р.а. да го предводи намазот бидејќи бил постар, но Хузур р.а. рекол дека тој треба да го предводи намазот бидејќи бил претставник на Анџуман. Исто така, имал чест да го измие телото на хазрети Халифа-тул Месих III р.а. во време на неговата смрт.

Минатата година се преселила неговата сопруга и во тој период тој се разболел и имал проблеми со срцето. Го повикав овде да присуствува на Џалса. Откако ги решил проблемите со здравјето и патувањето тој успеал да го организира патувањето и да присуствува на Џалса. Додека беше во Велика Британија доаѓаше и се сретнуваше со мене секоја вечер, без оглед на времето.

Фаузиа Схамеем сахиба, садр лаѓна Лахира, ќерка на хазрети Нувааба Амтул хафеез Бегум сахиба, која била најмлада ќерка на Ветениот Месија а.с. пишува:

„Неговите доблести станаа уште повеќе видливи откако стана Назир-е-Ала. Беше понизен слуга на Џемаатот. Беше многу чувствителен, подготвен да помогне и многу љубезна личност. И покрај неговата презафатеност со работа направи големи напори за реформа на младите со своите совети и молитви.“

Таа кажува:

„Секогаш кога сакав да се посоветувам со него тој ми даваше извонредни совети. Беше многу духовна личност и на сите им посакуваше добро.“

Чаудхру сахиб, Вкеел Ала Тахрик-е-Џадид пишува:

„Тој е многу добра личност со меко срце, трпелив е и на сите им проштева. Ги помага сиромашните и лично и во управно својство. Без оглед на тоа дали била свадба или погреб тој секогаш е присутен да помогне.“

Еден од работниците на Назарат-е-Улуа, Туфаил сахиб вели:

„Тој имаше многу доблести што не е можно сите да се спомнат. Беше многу љубезен, полн со љубов, расположен за дружење и беше од голема помош за сите, и имаше сочувство кон сите кои имаа тешкотии. Беше едноставна личност но имаше многу достоинствен карактер. Беше многу омилен и почитуван. Имав среќа да му служам како потчинет на него околу три години. Не паметам ниту еден пример каде покажал лутина или незадоволство. Ако би се појавила некаква грешка тој ме упатуваше со голема љубов, нежност и сочувство.

Кхувајах Музаффар сахиб на мурраба кој работи во Назарат-е-Улуа кажува:

„Со долгата и исцрпувачка болест се носеше со огромна храброст и достоинство. Имаше многу добродушен и воздржан карактер, секогаш имаше насмевка на лицето и секогаш им опростуваше на другите. Секогаш внимателно ги ислушување другите.“

Оваа одлика е задолжителна за секој вршител на должност. Ако вршителите на должност внимателно ги слушаат луѓето што има да кажат, тогаш многу прашања и жалби ќе можат да бидат задоволени.

Мурраби сахиб раскажува за настан кога некоја странка се однесувала грубо во неговата канцеларија но и покрај тоа Мирза Кхуршид Ахмад сахиб со странката се однесувал стрпливо и љубезно.

Мирза Кхуршид Ахмад сахиб имал потполна контрола во својата служба и ги разбирал сите случаи кои поминале низ неговата служба.

Рашид Јавид сакиб, Назим Кадха, наведува еден пример како Мирза Кхуршид Ахмад сахиб средил некои финансиски заеми помеѓу маж и жена за да им овозможи да се помират во бракот.

Раббани сахиб, мурраба од Фазле Умар фондацијата изнесува пример, иако бил многу зафатен со работа, за тоа како и обезбедил место на својата сестра во ново изградената зграда Дар-ул-Зиафат да и помогне во лечењето на кожната болест која ја имала. Семејството тоа силно го ценело и тоа ја засилило нивната вера.

Амир од областа Кхушаб, Муневер Мајока сахиб, пишува:

„Тој беше извонреден управител, благороден по природа и од голема помош за другите. Беше исклучително внимателен дури и над најситните детали во својата работа и должност.“

Тој наведува настан кој покажува колку Мирза Кхуршид Ахмад сахиб лично ги прати работите и активностите за да обезбеди на некои сиромашни жени од неговата област да им биде дадена помош во право време и на прав начин.

Амир сахиб (Кхушаб) понатаму пишува:

„Овој мал настан служи како мал придонес кон неговата величествена личност во поглед на неговата грижа за сиромашните и за да им служи на луѓето:“

Ова чувство на одговорност треба да се развие кај сите вршители на должност во поглед на тоа како да се исполни и заврши некоја задача. Не треба да се однесуваме така и без причина нешто да нарачаме или да наредиме за да се случи нешто. Кога биде поднесено некое барање, оној кој го поднесува истото сигурно ќе ја прати состојбата до каде стигнала работата но и вршителите на должност треба да работат и да ја туркаат работата сè додека не биде задоволено барањето, или приговорот не биде решен, или задачата не биде исполнета, односно, ништо не смее едноставно да се занемари.

Како што спомнав претходно, ако кај вршителите на должност биде всадена оваа навика тогаш многу прашања и проблеми ќе бидат едноставно решени.

Хафиз Музаффар Ахмад сахиб пишува:

„Јас сум сведок на фактот дека Мирза Кхуршид Ахмад сахиб своите должности ги извршуваше на таков начин што едноставно ја покажуваше својата љубов и преданост кон Халифатот. Тој беше извонреден пример во извршувањето на намази во Џемаатот. Тој всушност говореше: ’Можеби вие, луѓето, мислите дека јас само повторувам една единствена работа, но што јас друго можам да направам? Јас не би можел да ја извршувам својата должност како што треба доколку не би продолжил да ве потсетувам‘.“

Мухаммед Анвар сахиб, еден од членовите на тимот во службата Назарат-е-Улуа, пишува:

„Не е можно да се заборави неговата љубезност, сочувство и љубов. Секогаш доаѓаше на време и беше добар пример за сите нас. И покрај касните години и болести во канцеларијата секогаш доаѓаше на време и посветено го извршуваше задачите во канцеларијата. Секогаш прво и даваше предност на служење на верата одошто на себе.“

Мисионерот на заедницата, Малик Мухаммед Афзал сахиб, кажува:

„Седењето во џамијата со наведната глава, потполната посветеност во дерс (предавање) на Чесниот Кур’ан после аср (индикија) намаз во текот на благословениот месец Рамазан, и ако некој лично би му поставил прашање (личен проблем) тој весело и мирно би го сослушал соговорникот што има да каже и после тоа би му понудил решение на проблемот, него го красеа такви карактеристики за кои сите кои го познаваа беа лични сведоци.“

„Тој имаше исклучително љубезен карактер и беше сожалив како мелек. Еден мој пријател во една прилика ми рече: ’Јас бев само дете но сепак во тоа време учев да возам мотор и во еден момент удрив во оградата на куќата на Мирза Кхуршид Ахмад сахиб. Во тој момент тој лично го полеваше цвеќето близу до оградата покрај патот. Бев многу нервозен и засрамен поради прекршокот што го направив, а всушност и немав доволно години за да можам да возам мотор и покрај сето тоа направив штета во неговиот двор. Меѓутоа, тој беше многу љубезен и сочувствителен што веднаш ми пријде и ми помогна да застанам на нозе. Тогаш ме праша дали сум повреден и ми рече, на многу мил начин, дека треба да водам грижа и да го ценам својот живот‘.“

Мирза Кхуршид Ахмад сахиб имаше полна љубов и наклонетост кон мисионерите и вакифите (оние кои посветуваат својот живот во служење на верата). Во текот на своето прво службено свикување  на собирот во честа на прославата шахид (последна година) на одделението за висока школа на Џамиа Ахмадија (Пакистан) во кое го одредив за свој претставник, во својот говор на студентите на Џамиа  помеѓу другото им истакна:

„Овој понизен роб нема да истакне само една работа, која што не само што е важна туку е и од животна важност, а тоа е да постапувате според наредбите кои ги дава Халифа-тул Месих. Треба да му се молиме на Семоќниот Бог да ни даде прилика да постапуваме според овие наредби.“

Мисионерот од Баддомалхија, Масоод сахиб, пишува:

„Тој е популарна личност и покажува огромна љубов и сочувства кон секого. Тој беше отелотворување на извонреден морал и понизност. Стануваше од својот стол, се поздравуваше и се ракуваше со секој кој влезеше во неговата канцеларија, дури и гостин да му биде мало дете. Кога некој дојдеше да се сретне со него тој на страна ја оставаше секоја започната работа и внимателно го слушаше лицето што има да каже. Затоа, сите кај него одеа да бараат решенија за своите тешкотии.“

Доктор Ноори пишува:

„Тој водеше сметка за сочувствата и чувствата на секој и многу внимаваше на нивните потреби и барања. Кога беше на лекување во болницата разговараше со медицинските сестри – и со оние помладите кои беа на обука – и инсистираше на сите да им купи џемпери како поклон од него а за кои требаше да плати неговиот син. Ги ценеше напорите на другите. Во една прилика ми рече: ’Ноори, Тахир институтот за срце како идеја и замисла е од Халифата на времето. Нека Семоќниот Аллах ги исполни желбите на Халифата и нека овој институт стане вистински Дар-у-Схифа (престојувалиште за медицински третман и лекување)’.“

Мирза Кхуршид Ахмад сахиб својата љубов и врска со Халифатот ја покажа и во случајот кога мојата жена од него побара услуга:

„Кога чиниш дови за Халифата те молам да се сетиш и на мене и на моите деца во своите дови.‘ На тоа тој и одговори: ’Во посебни сеџди кога се молам за Халифата на времето јас се молам и за неговата жена и деца.“

Додека ова го кажуваше беше полн со емоции.

Неговата послушност кон Амирот и останатите негови надредени беше на високо ниво. Пред неколку години јас напишав писмо до Кхандаан-има (членовите на семејството на Ветениот Месија а.с.) во кое ги потсетив на нивните должности и одговорности. Кога ова писмо го пратив во Пакистан побарав од него да ги собере членовите Кхандаан-има (членовите на семејството на Ветениот Месија а.с.) и пред сите нив да го прочитал моето писмо. Кога тој тоа писмо го прочитал пред членовите на Кхандаан со голема возбуденост рекол: „Дозволете ова да го направам јасно дека моите сопствени деца не се без овие предмети кои биле истакнати. Јас ги советувам нив и нивните деца да ги прифатат овие недостатоци и да се борат да ги исполнат очекувањата на Халифата.“

Ова беше нивото на неговата вистинољубивост и богобојазливост. Нека Аллах на Џемаатот и на Халифатот-Ахмадија им додели верни и искрени претставници и слуги кои се држат до префинета богобојазливост.

Мирза Анас сахиб, најстариот син на хазрети Халифа-тул Месих III р.х. ми напиша писмо во кое пишуваше:

„Мојот драг брат Кхуршид и служеше на Заедницата до својот последен дах под закрилата на Халифатот. Нека Семоќниот Аллах ја воздигне неговата положба и го прифати неговото служење. Нека Аллах џ.ш. му даде безбројни благослови и нека го чува под закрилата на Својата милост. Тој го исполни својот завет.“

Ова последното е потполно точно, дека го исполнил својот завет. Нека Семоќниот Аллах не оспособи да го исполниме вистинскиот дух на својот завет и нека ни помогне да го потполниме и завршиме.