In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

ахибзада Мирза Гулам Ахмад – Искрен Аллахов слуга

После учењето на ташахуд, та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Хазрети Ајша р.а. кажува дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Починатата личност за која стотина муслимани извршат џеназа намаз, и сите тие посредуваат со Аллах џ.ш. и од Него бараат прошка за починатиот, тогаш таа дова ќе им биде прифатена.“

Постои уште едно предание, дека кога се извршува џеназа и кога починатиот е фален од страна на луѓето, за ваквата ситуација Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол:

„Џеннетот му е обезбеден.“

Како што знаете, пред неколку дена ценетиот Сахибзада Мирза Гулам Ахмад сахиб, синот на хазрети Сахибзада Мирза Азиз Ахнад сахиб р.а., починал од срцев удар во 78-та година од животот. Инна Лиллахи Ва Иннаа Илаихи Раји’оон (Inna Lillahi Wa Innaa Ilaihi Raji’oon); Навистина, сите му припаѓаме на Аллах џ.ш. и Нему ќе му се вратиме.

Ценетиот Мирза Гулам Ахмад сахиб беше правнук од страна на таткото на Ветениот Месија а.с.. Тој беше внук на хазрети Мирза Султан Ахмад сахиб, најстариот син на Ветениот Месија а.с.. Беше син на хазрети Мирза Азиз Ахмад сахиб р.а.. Од друга страна беше мој зет. Неговата мајка, Сахибзади Насеерах Бегум, беше најстарата ќерка на Мир Мухаммад Исхак сахиб. Овие сродни врски сами по себе немаат никаква вредност, меѓутоа, што се однесува до истите врски тие се вредни според атрибутите и карактеристиките кои сега ќе ви ги преставам.

Тој и служеше на верата и својот живот целосно и го посвети на верата (Вакф-е-зиндаги). Неодамна, кога го одредив за позицијата Назир-е-Аала, и покрај неговите слабости и болести, како и неодамнешната тешка загуба на неговиот брат, тој вредно ги исполнуваше сите свои должности и работеше многу напорно.

Тој беше толку посветен на должноста што и на денот на смртта посети многу болни луѓе во нивните домови. Тој дури и направи пет дневни намази во Масјид Мубараку.

Неговиот живот како Вакф-е-зиндаги (живот посветен на верата) го започна во мај 1962 година.  Тој завршил мастер студии по политички науки на Владиниот колеџ во Лахор. После студиите го поминал испитот за јавни служби, ЦСС во летачки бои. На тој начин сакал да ги покаже своите способности независно од тоа што планирал својот живот да го посвети во служба на исламот, и тоа било со цел да докаже на другите дека својот избор да се оддаде на верата не е поради тоа дека во ништо друго не може да биде добар.

Откако се посветил на животот во служба на верата во 1962 година хазрети Халифа-тул Месих II р.а. го одредил за извршен уредник на весникот ’Преглед на Верата‘. Подоцна, хазрети Халифа-тул Месих II р.а. го советувал да се унапредува во своето верско знаење и тој го проучувал хадис I за верските работи од хазрети Сајјид Мир Дауд Ахмад сахиб. Хазрети Сајјид Мир Дауд Ахмад сахиб пред тоа бил уредник ’Преглед на Верата‘ како прв негов дајџа од страна на мајката. На почетокот неговото име било Мирза Са’еед Ахмад, но подоцна хазрети Муслех Мауд р.а. го прекрстил во Мирза Гулам Ахмад по барање на својата мајка. Во 1964 година тој склопил брак со мојата сестра, а Маулана Јалал-уд-Дин Схамс сахиб го предводел нивниот никах (брачен договор) бидејќи хазрети Халифа-тул Месих II р.а. тие денови бил болен. Имаше три сина и две ќерки. Два негови сина се посветени на животот во служба на верата. Мирза Фазл Ахмад е Назир Та’леем (директор за образование) во Рабва, додека Мирза Насир Инам е директор во џамијата овде во Велика Британија. Мирза Исхан Ахмад е во Америка. Иако има друга работа, тој му служи на Џемаатот како финансиски секретар во националната Амила (управно тело) и помага во организацијата на Џалса Гах. Една од неговите ќерки е мажена за Мир Махмоод сахиб, син на Мир Мас’оод Ахмад сахиб. И тој е посветен на животот во служба на верата и моментално служи како Назир Сехат (директор за здравство).

Мирза Гулам Ахмад сахиб имаше славна кариера во служба на Заедницата служејќи на високи и влијателни позиции, како што се Назир Та’леем (директор за образование), Назир Ислах-о-Ирсхад Муками во текот на неколку години и исто така служел како Назир Диван. Понатаму, служел како Садр Мајлис Карпарда (претседател на комитетот за Бахисхти Макбарах) од 2012 до 2018 година.

После смртта на Мирза Кхурсхид Ахмад сахиб јас го одредив за Назир-е-Аала (извршен директор) на локалниот претседател како и за Садр Анџуман Ахмадија. Беше член на комитетот на Вакф-е-Џадид и служеше како претседател на комитетот на Вакф-е-Џадид. Служеше како претседател на Ансаруллаха Пакистан, потпретседател и претседател на весникот ’Преглед на Верата‘, после Мир Дауд Ахмад сахиб. Ја извршување и службата приватен секретар на хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Беше и претседател на комитетот за Хилафет библиотеката и претседател на Бујоот-ул-Хамд друштвото. Служеше и како директор на Фазл Умар фондацијата.

Покрај тоа, тој беше во можност да ја понуди својата служба и да извршува должност на Џалса Салана во текот на многу години. Во сите години на одржување на Џалса Салана во Рабва тој служеше како потпретседател на Џалса Салана како Назим Мехнат (надзорник за вредна работа).

Задачите на Назир Мехната бара големи напори каде што мора да се соочуваш со работници кои не се Ахмади муслимани, како што се оние кои прават роти, наан (леб) и тесто, и покрај тоа, мора да се соочуваш со луѓе кои имаат тежок карактер. Сите тие треба да координираат во текот на Џалса Салана што претставува голема задача. Благодарение на милоста на Возвишениот Аллах тој успеваше оваа должност да ја извршува на најдобар можен начин.

Беше и претседател на Табаррукат (реликвии). Тој беше член на комитетот за регистрирање на проповедите како советник на Ветениот Месија а.с.. Беше член на советот на управниот одбор. Беше член и на комитетот за историјатот на Ахмадијатот. Беше секретар на Хилафет комитетот. Служеше и како надзорен директор на Ал-Схарикат-ул-Исламијах.

Му беа доверувани многу должности, како што е надзорот на овие комитети и покрај задачите кои ги имаше во својот оддел.  Во 1989 година, заедно со Мирза Кхуршид Ахмад сахиб и уште двајца работници на Анџуманот, ја имаше честа да би затворен на неколку дена поради Аллах џ.ш., според член 198с.

После трагедијата, која се случи во Лахор на 28 мај 2010 година каде што многу Ахмади муслимани беа мачени, Мирза Гулам Ахмад сахиб служеше како Амир на делегацијата која веднаш е пратена во Лахор, во тоа време, од страна на Назир-е-Аала сахиб (извршен директор) да го утеши и да го охрабри Џемаатот, да ги посети семејствата на мачениците и на оние кои биле повредени во нередите. Тој, во Лахор остана следните две седмици. Делегацијата се упатила во Дар-уз-Зикр (име на џамијата која ја нападнале терористи) и своите задачи ги извршуваше со крајна свесност и пожртвуваност. Тој свикал состанок на Амила (управен одбор) во Дар-уз-Зикр во истиот ден и во меѓувреме најавил избор на нов Амир (Амир сахиб бил убиен во терористичкиот напад).  Тој го предводеше и Магхриб И Исха намаз во истата џамија за луѓето да можат да одлучат да не ја напуштат џамијата после терористичкиот напад.

Мирза Гулам Ахмад се однесуваше храбро додека беше болен и лежеше во болничка постела, му налагаше на гувернерот на Пенџаб, Салман Тасеер сахиб, дека нападот на Ахмадија џамијата бил како резултат на омразата исполнета со пропаганда која се ширела против Џемаатот и дека негова должност како гувернер е да обрати голем внимание на тоа.

Во тоа време и провинцискиот министер за малцинства, Џавид Михаел, дошол да му го изрази своето сочувство. Мирза Гулам Ахмад сахиб му се заблагодарил на вниманието и љубезноста и покажал голема одлучност кажувајќи му дека Ахмади муслиманите не се сметаат тука за малцинство. ’Ние сме муслимани.‘

На 29 и 30 мај, после терористичкиот напад, одржале конференција за печатот, на 2 јуни учествувале во живо во програмата на Експрес Вестите во емисијата ’Поинт Бланк‘ (Point Blank) од 11 до 12 часот попладне. Дадени се интервјуа за Националната Швајцарска телевизија (Swiss National TV), ББЦ (BBC), Глас на Америка (Voice of Amerika), Сахара ТВ (Sahara TV), Канал 5 (Channel Five), Дунја ТВ (Dunya TV), и многу други медиуми.

Оваа делегација на лице место останала до 12 јуни после што се вратила. Во текот на овие денови и случувања тој постојано нагласуваше дека ние сме муслимани и дека никој не може да го напаѓа нашето право да бидеме муслимани.

Во една од своите хутби во петок хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. рече дека Мирза Гулам Ахмад сахиб дава многу добри совети.

Во една прилика хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. му напиша писмо на Мирза Гулам Ахмад сахиб во кое стоеше:

„Возвишениот Бог ти даде искреност и среќа во твојата човечка природата и Он тоа никогаш не го дава на некои неранимајковци. Нека Возвишениот Аллах продолжи со благословите за твој постојан духовен напредок и нека ти подари Џеннет за постигнување мир на умот.“

Тој беше силно посветен на Халифатот и вредно му служеше на Халифата на времето во период кога Заедницата се соочуваше со прогони во 1974 година. Хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. навел две личности кои му се предани на секој Хилафет, а тоа беа Мирза Гулам Ахмад сахиб и Мирза Кхуршид сахиб. Неговата жена кажува:

„Тој извршуваше Тахаџуд намаз (доброволен намаз во текот на ноќта), молејќи се за Халифата на времето, за целиот Џемаат, за родителите, браќата и сестрите, своите деца и роднините.“

Одржуваше баланс во сите свои односи. Беше добар и верен сопруг, и великодушен и достоен татко. Беше внимателен при плаќањето на чанда, и истата ја надоместуваше пред да донесе пари дома. Изразуваше голема благодарност при добивање и на најситните подароци. Тој возвраќаше на услугите на посебен начин и секогаш комуницираше со сите со посебно задоволство.

Многумина ми пишуваа, а и јас лично бев сведок на тоа дека двата брата, Мирза Гулам Ахмад сахиб и Мирза Кхуршид Ахмад сахиб беа неразделни. И во добро и во зло тие делуваа со големо трпение, разбирање и мудрост.

Тој му беше многу предан на Халифатот. И покрај тоа што беше доста слаб со здравјето, редовно присуствуваше овде на Џалса Салана. Кога му предложив да почне да користи стап за помош при одењето тој веднаш се согласи да почне да го користи стапот.

Пред неколку години јас наложив на Назираан дека треба да посетат неколку Џемаати и да ја пренесат пораката на селам во секоја куќа. На нему му беше доделена областа Синдх. И покрај големите болки кои ги имаше поради скршената коска на стапалото тој својата должност ја извршуваше беспрекорно.

Неговиот најстар син ми пишуваше дека после преселбата на хазрети Халифа-тул Месих IV р.а. касетите со снимки после одржаните хутби во петок стигнувале на адресата на Ахмад сахиб. После тоа, тој сите ги собирал на многу организиран начин и пред нив ги пренесувал хутбите. Дури, и после преставувањето на хутбите на МТА тој повторно би ги преслушувал хутбите и би овозможувал сите членови на семејството да ги слушаат истите, а сето тоа би го пренесувал и на работниците кои работеле во домаќинството. Покрај тоа, тој поставувал звучници на одредени места за и оние кои се надвор да имаат прилика да ги слушаат хутбите.

Неговиот син пренесува дека после терористичките напади на џамијата во Лахор тој го уверувал секое семејство дека садр Анџуман Ахмадија организирал сите погреби да ги спроведе во Рабва. Тој, исто така, пренел дека сите оние кои сакаат телата на своите блиски да ги однесат во своите домови оти имаат одобрение за тоа. Во тој период тој бил предупреден за многуте смртни закани, но и покрај сите случувања храбро се носел со тоа, а во наредниот период редовно клањал намаз во Дар-уз-Зикр џамијата за да ја унапреди решеноста и храброста во Џемаатот.

Водеше голема грижа за сиромашните, а посебно за своите стари пријатели. Во 1989 година беше затворен, а причина за тоа е што Кхудамула Ахмадија одржуваше иштема (собир) а Миан Кхурдшид Ахмад сахиб беше Назир Умоор-е-Аама. Во тоа време тој беше отсутен од Рабва и судијата го повикал додека Миан Кхурдшид Ахмад сахиб бил негов заменик. Тој му одговорил со зборовите:

„Бидејќи добивме писмено одобрени за одржување на иштема, истата ќе ја запреме само во случај тоа да го добиеме писмено.“

Поради тоа одбивање тој беше уапсен и беше ставен во затвор. Неговата ќерка во таа прилика пишува:

„Нашиот татко се бореше колку што можеше да му остане верен на Халифатот, а истото не советуваше и ние да го правиме.“

Кога го иселил хазрети Халифа-тул Месих р.а. мајката на починатиот, Сајјед Насеера Бегум сахиба, била тешко болна и изгледало дека е како на смртна постела. Наспроти тоа, тој останал зафатен со работите во Џемаатот и иселувањето, така што не бил во состојба ниту да ја посети во нејзината соба.

Имаше огромна лојалност и послушност кон Халифата. Неговиот син пишува дека неговиот татко и мајка го копирале секое писмо кое го примиле од Халифата и го подготвувале во папка. Тие документи ги поверувал на своите деца зборувајќи им дека тоа е драгоцено богатство на нивното доба, и дека поради тоа ги чуваат тие писма кај себе.

Мирза Анас сахиб пренесува дека неговите намази биле одржувани на високо ниво, и дека тој бил исклучително интелигентна и одговорна личност. Секогаш бил во состојба да присуствува на сите пет намази во текот на денот, да им помага на сиромашните и сета своја сила ја трошел на Аллаховиот пат.

Цхаудхари Хамеедуллах сахиб пишува:

„Тој имаше голем увид (сфаќање) во сите работи, беше човек кој даваше мудри совети и најчесто неговите предлози се докажуваа убедливо во сите ситуации. Имаше длабоко разбирање за историјата и пишуваната литература на Заедницата. Во текот на немирите во 1974 година тој неколку месеци во целост му помагаше на хазрети Халифа-тул Месих III р.а.. Присуствуваше на сите меѓународни патувања во придружба на хазрети Халифа-тул Месих III р.а..“

Еден од неговите работници во Кадијана, Акрам сахиб, пишува:

„Секогаш кога патуваше во Кадијана ги посетуваше куќите на дервишите (оние кои се предодредени да ја чуваат Кадијана во текот на одвојувањето). Покрај тоа, се бореше да им служи на аџиите и на децата на дервишите кои беа сираци. Имаше големо познавање за светите места околу Кадијана.“

Акрам сахиб, понатаму пишува:

„Секогаш кога стигнуваше во Кадијана клањаше нафили (доброволен намаз) на места каде што тоа го правел Ветениот Месија а.с., а и мене ме советуваше тоа го правам.

Гондал сахиб напишал:

„Миан Ахмад сахиб еднаш отишол да ја посети областа Синдх, и се упатил до едно оддалечено место каде што може да се отиде само пеш. Тој пешачел низ џунглата за да стигне до Кхудам, и тој негов потфат оставил голем впечаток на мештаните на Кхудам, за што тие се сеќаваат и ден денес.

Асфандјар Мунееб сахиб, во служба на одделението за историја, пишува дека тој имал голем придонес за бележење на историјата на Ахмадијатот. Постојано ги проучувал историските списи и ракописи со големо внимание и давал многу вредни и корисни упатства и совети. Бил добро упатен и во најмалите детали за случувањата во Заедницата.

Мирза Гулам Ахмад беше љубезен, и присен кон членовите на својот тим кои работеа за него. Беше совесен, своите задачи ги извршуваше многу совесно и беше многу сожалив кон другите. Беше љубезен кон пациентите и им помагаше да имаат бесплатно лечење.

Имамот на Фазл џамијата, Атуал Мујееб сахиб пишува:

„Пред крајот на 1973 година хазрети Халифа-тул Месих III р.а. ме одреди за национален претседател на Кхудам-ул-Ахмадија откако побара совет од Мајлис Шура Кхудам-ул Ахмадија. Јас го предложив неговото име за да служи како заменик претседател во мојот извршен одбор бидејќи имаше големо искуство. Мирза Гулам Ахмад имаше повеќе знаење, искуство и повисоки позиции од мене, меѓутоа, кога беше одреден за заменик претседател работеше со голема понизност и во сите задачи ја покажување својата соработка. Никогаш, и ниту во една ситуација не покажување дека е во сè над мене.“

Шахид Аббас сахиб од Малезија пишува:

„Јас, завет на баи’ат дадов во 2005 година и отидов да ги посетам главните седишта на Заедницата. Додека Мирза Гулам Ахмад одеше до својата канцеларија муалим (локалниот проповедник), Данијал сахиб, кој беше заедно со мене рече:

’Тој е близок роднина на Халифата на времето. Треба да го замолиш да чини дови за тебе.‘

Јас му пријдов и му реков дека сум го прифатил Ахмадијатот од иша сектата и го замолив да чини дови за мене. Тој ме прегрна, цврсто ја зграби мојата рака и со голем жар ми рече:

’Зарем не сум те извести за личноста  до која барам да чини дови за мене‘?

Јас прашав за кој се работи? тој ми одговори:

’Халифата на времето. треба нему да му пишуваш за дови.‘ Тој настан остави трајни впечатоци на овој нов Ахмади муслиман.“

Тој, сите свои должности и улоги во работата ги извршување на извонреден начин. Колку што можеше покажуваше сожалување кон оние кои беа соочени со тешкотии, кон оние кои беа погодени со болка и сиромаштија, и настојуваше да им ги олесни нивните маки. Имаше префинето разбирање за нештата и имаше способности дадени од Бог, поради што на најдобар начин досегаше до сржта на нештата и ги решаваше проблемите.

Имаше дарба секого да сослуша, да ги слушне нивните поплаки и да ги реши проблемите. Им помагаше на своите потчинети ако тие беа со друго зафатени. Ако имаше потреба од службени причини некого да предупреди или укори се извинуваше на истите ако евентуално лично ги повредил на било кој начин.

Беше строг во одредувањето на буџетот и беше многу внимателен при трошењето на парите на Џемаатот. Сите други кои беа околу него ги учеше да се однесуваат на ист начин. Беше исклучително поврзан со Халифатот. Никогаш не оспоруваше било каков налог доставен од Халифата. Настојуваше да воспостави мир помеѓу членовите на Џемаатот во сите ситуации, без оглед на тешките и макотрпни патувања настојуваше да се грижи за сите нивни потреби. Од сите во својот тим тој работеше најбрзо и најефикасно и во работата беше многу успешен. По потреба остануваше да работи по цела вечер. Лично ги посетуваше семејствата на мисионерите и се грижеше за нивните потреби. Им помагаше на своите другари на работа од својот личен буџет зависно од нивните потреби и беше многу љубезен и великодушен.

Хафиз сахиб кажува:

„Имаше посебна врска со Халифатот што можеше да се види во секоја прилика. Кога беше одреден за Назир-е-Аала во својот прв говор на директорите на Анџуманот им рече:

‘Не треба да ја барам вашата соработка бидејќи сите вие му служите во своето својство. Меѓутоа, со оглед на тоа дека хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. ме одреди мене, јас имам страшна потреба од вашите дови‘.“

Нека Семоќниот Аллах ја воздигне неговата положба. Тој си замина на местото каде што секој од нас ќе си замине во закажаното време. Меѓутоа, среќни се оние кои животот го поминат борејќи се да го постигнат задоволството на Семоќниот Аллах. Нека Аллах Семоќниот ја воздигне неговата положба и нека им помогне на неговите деца да ги продолжат неговите честити дела.

Сите оние кои својот живот го посветиле во служба на верата (вакуфи) и сите вршители на должност треба да го исполнат својот вакф (завет да ја исполнат целта за која го посветиле својот живот)  со искреност, на начин како што тој го чинел тоа, и да ја продолжат својата служба.

Нека Аллах џ.ш. на сите им пружи прилика да го исполнат својот завет.

Нека Аллах џ.ш. продолжи и понатаму на Џемаатот да му подарува побожни и богобојазливи работници да служат со искреност и со љубов.

Втората џеназа која денес ќе ја клањам се однесува за Дебаан Фаракхут сахиба, која почина на 26 јануари на своја 46 годишна возраст. На Аллах џ.ш. му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме. Таа беше многу болна. Уште на петнаесет годишна возраст и двата бубрега престанале да и функционираат нормално. И покрај сето тоа, од времето кога го прифатила Ахмадијатот на време извршувала намази и го извршувала и тахаџуд намаз (доброволен намаз пред зората). Редовно го учела Чесниот Кур’ан. Исламот го прифатила во 2004 година и од тогаш била редовна во намазите, во учењето на Чесниот Кур’ан и во тахаџуд намаз. Пред прифаќањето на Ахмадијатот се разболела од хепатит С, меѓутоа, после прифаќањето на заветот на баи’ат Семоќниот Аллах и подарил чудесно оздравување. Таа своето чудно оздравување го кажала на членовите на семејството.

Со мене се сретна во две прилики и во тие ситуации покажа голема искреност и верност.

Амир сахиб (националниот претседател) пишува:

„Кога пред неколку дена отидов да се сретнам со неа таа за мене приготвуваше храна. Кога и реков дека нема потреба да има дополнителни маки таа ми рече дека доаѓам за прв пат во нејзината куќа и дека доаѓам како претставник на Халифата.“

Таа во својата куќа редовно ја пратела МТА.

Нека Аллах џ.ш. ја воздигне нејзината положба, нека и проштева и нека ја излие Својата милост на неа. Нека Аллах џ.ш. ја исполни нејзината желба, нејзиното семејство да го прифати Ахмадијатот.