In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Сахибзада Мирза Анас Ахмад

По учењето на ташахуд, та‘уза и Сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече:

Пред неколку дена се пресели почитуваниот Мирза Анас Ахмад сахиб. Тој беше најстариот син на хазрети Халифа-тул Месих III р.х.. Почина пред неколку дена во Рабва во 81-та година од животот.

Инна Лиллахи ва инна илаихи раји‘оон

(Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе му се вратиме).

Тој беше најстар внук од страна на таткото на хазрети Муслех Мауд р.а.. Од страна на мајката беше внук на хазрети Наваб Мубарак Бегум сахиб и Наваб Мухаммед Али Кхан сахиб. Тоа значи дека беше и мој роднина преку вујко од страна на мајка ми.

Своето рано образование го стекнал во Кадијана а подоцна завршил во Рабва. Потоа, завршил магистерски студии на Универзитетот во Пенџаб. После тоа некое време работел таму на колеџот. На крај, студирал на Оксфорд Убиверзитетот, овде во Англија, каде завршил и мастер студии.

Со Аллаховата милост, својот живот го посветил на исламот и Ахмадијатот во 1955 година, и почнал да работи во 1962 година. Со крајна посветеност работел на разни оддели. Имал особини да работи со голема страст, решителност и напор.

Бил добро упатен во хадисите, филозофијата и англиската литература. Посебно ги сакал хадисите. Поради тоа, од личен интерес своето почетно знаење за хадисите го стекнал кај почитуваниот Маулави Кхуршид Ахмад сахиб.

Исто така, дома имал добра библиотека која содржела ретки книги. Бил посветен учител. Кога и да некој студент побарал упатство од било кое поле на знаењето, тој му давал вредни совети. Имал сет од книги од важниот канон на хадисите и ги собирал од разни книжари.

Со Божјата милост, 56 години служел во разни уреди на Ахмадија заедницата. Работата ја започнал како предавач во Талимул Ислам колеџ. Потоа, бил избран за Наиб Назир Ислах-о-Иршад во 1975 година пред да биде одреден за додатен Назир Ислах-о-Иршад.

Исто така, служел како приватен секретар на хазрети Халифа-тул Месих III р.х. и хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. во текот на неговиот пат во Европа. Имал прилика да служи како управител на Ахмадија џамија, а воедно неколку години вредно служел како Назир Талим.

Во еден период служел како На‘иб Назир Диван.

Служел кратко и како Вакил-ут-Таснееф Техрик-е-Џадид. Најпрво служел како Вакил-ут-Таснееф и потоа во март 1999 бил именуван за Вакил-ул-Иша‘ат.

Иако во 1997 година бил подготвен за пензија, тој сепак продолжил да служи до последниот здив. Имал прилика да служи во средишните тела на Кхуддам-ул-Ахмадијја и Ансаруллах.

На англиски јазик ја превел Барахеен-е-Ахмадијја и Махмуд Ки Амеен, и тие веќе се објавени. Во меѓувреме работел на лектура на англискиот превод на Сурма Часхма Арја, Изала Аухам и Дурр-е-Самеен.

Кога нашите училишта беа национализирани, Џемаатот почна да отвора свои сопствени училишта под покровителство на Насир фондацијата, и тој бил поставен за претседател.

Тој бил член на судскиот комитет и член на управата на Нур фондацијата. Нур фондацијата е воспоставена со цел да се објават хадисите (говор и пракса на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.) под управата на Џемаатот, како и да ги подготви неговите преводи и коментари. Тој во меѓувреме се занимавал со превод на Муснад Ахмад бин Ханбал на урду јазик.

По одвојувањето на Индија, иселените Ахмади муслимани од Кадијана се соочиле со големи тешкотии во Пакистан. Немало доволно храна и  бил дозволен само еден леб по човек на ден. Хазрети Мирза Анас бил млад човек кој почнал да се развива и еден леб не му бил доволен. Во една ситуација дури и заплакал колку бил гладен. Хазрети Муслех-е-Мауд р.а. договорил половина од неговиот леб да му се даде на Мирза Анас и хазрети Муслех Мауд р.а. преживувал само со половина леб.

Неговиот зет, Мирза Вахеед Ахмад сахиб пишува:

„Еднаш патувал во Букхара и Самарканд. Тогаш Мирза Анас Ахмад сахиб рекол:

’Бидејќи патуваш во тој крај треба да го посетиш гробот на Имам Букхари, во мое име да се молиш за него и да му ги пренесеш моите селами‘.“

Тоа било поради љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., како личност која  собрала и оставила за нас богатство на изреки и случки на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пред стотина години, поради тоа заслужува да се молиме за него и да му пренесуваме селами.

Др. Ноори сахиб пишува:

„Во сето мое искуство со него, бидејќи имав прилика да го видам во разни прилики, забележав дека која задача и да му беше доверена  тој ја исполнуваше со голема посветеност, марливост  и страст.“

Тој понатаму вели:

„Наспроти тоа што беше болен и слаб, го видов како на својот лаптоп ги преведува книгите на Ветениот Месија а.с.. Работеше со часови на компјутер а неговите колеги беа покрај него со референции од Чесниот Кур‘ан и со книгите на Ветениот Месија а.с.. Често зборуваше дека неговата единствена желба е да ја заврши задачата која му ја доверил Халифата на времето со помош Возвишениот Бог.“

Нудрат сахиба, ќерка на рахметли Мир Дауд Ахмад сахиб пишува:

„Кога ја добив веста за неговата смрт многу сеќавања на него навреа во моето срце и ум и ги освежи сеќавањата на хазрети Халифа-тул Месих III р.х..“

Неговиот внук, Амир Ахмад пишува:

„Во време на несреќа и тага тој секогаш беше како татко полн со љубов. Постојат напредувања и падови во секое семејство. Сепак, тој секогаш опростуваше за сè како ништо да не се случило. Всушност, кога ќе почувствуваше дека некој се навредил поради неговиот совет или упатство, тој веќе следниот ден се извинуваше и бараше опростување од тој човек, без оглед дали дал добар совет и добро упатство.

Мунир-уд-дин Шамс сахиб, додатен Вакеел-ул-Таснееф вели:

„Го сретнав во повеќе наврати и секогаш го сметав за љубезен и грижлив. Никогаш не дозволуваше да ја почувствувам разликата во годините или неговата супериорност во поглед на знаењето, наспроти фактот што тој беше доста постар од мене. Тој ни даде одлични преводи на деловите од Брахеен-е-Ахмадија.“

Навистина беше зналец и поседуваше големо знаење од кое Џемаатот е лишен сега, но нека Возвишениот Бог продолжи да создава што повеќе зналци.

Хафиз Музаффар Ахмад сахиб, додатен Назир Ислах Иршад Муками од Рабва рекол:

„Мирза Анис сахиб поседуваше многу атрибути, неговите најважни атрибути беа милоста, љубовта кон Бог, љубовта кон Чесниот Кур‘ан, љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., едноставноста, љубезноста и емпатијата. Покрај исполнувањето на правата кон Аллах џ.ш., тој беше истраен и во исполнување на правата на луѓето. Водеше голема грижа за сиромашните и несреќните луѓе.“

Јас го основав одбор на членовите за превод на Сних-е-Ситта, така наречена Нур фондација, чија цел е преведување на хадисите кои требаше да бидат преведени на урду јазик и да се напишат коментари за нив. Што се однесува до ова хафиз Муззаффар сахиб напиша:

„Миан сахиб е, исто така, именуван како член на ова и без оглед на неговите работни обврски почна да го преведува Муснад Ахмад бин Хунбала на урду јазик, а тоа претставуваше најтешка работа која бараше многу време. И без оглед на сите останати обврски тој без престан ја извршуваше оваа работа и дури преведе и еден дел кој содржел голем број на хадиси.“

Оваа служба засекогаш треба да биде запаметена.

Хафиз сахиб продолжува:

„Неговата голема љубов кон хадисите е очигледна во време на чесниот месец Рамазан кога го даваше Дарс-Хадит (лекции за хадис) кои најчесто беа составени од разни теми за карактерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Тој, овие предавања ги подготвуваше со голем напор и марливост. Избираше редок и единствен материјал и го предаваше. Во неговиот глас се чувствуваше голема страст. Неговите предавања посебно ги слушавме во текот на месец Рамазан. Многу убаво предаваше. Неговото предавање беше полно со страст и љубов до таа мера што на моменти чувствуваме дека сме отпатувале во времето на раниот ислам.“

Шамим Парвез сахиб, Наиб Вакеел Вакф-е-Нау пишува:

„Една случка од неговата (Мирза Анас сахиб) голема љубов кон Халифатот остана врежана во моето сеќавање.“

Тој вели:

„При изборот на четвртиот Халифа, кога од џамијата беше објавено дека Мирза Тахир Ахмад сахиб е избран за четвртиот Халифа, го видов Мирза Анас сахиб како на врела калдрма прави сеџда во знак на благодарност, наспроти голема врелина на месецот јуни.“

Др. Ифтикхар сахиб од Лондон пишува:

„Тој беше отелотворуван љубител на животот. Никогаш не престана да доаѓа во канцеларијата за да се окупира со превод сè до последниот здив.“

Кхалид сахиб од Лондон пишува:

„Кога на ум и да ми дојде мисла за Мирза сахиб чувствувам дека неговиот карактер е отелотворување на изреките на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (Бара знаење од колевка до гроб). Мирза сахиб имаше бескрајна желба да се стекне со сите видови на знаење. Никогаш не пропушташе прилика да научи или открие нешто ново, а неговиот омилен предмет беше праксата и однесувањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Мухаммад Салик сахиб, мисионер од Бурма вели:

„Постои една случка со студентите од Шри Ланка која многу ме допре. Студентот Мунеер Ахмад дојде од Шри Ланка за да студира во Ахмадија Џамија и сега служи како мисионер во Шри Ланка. Во текот на неговото време во Џамија поради големата жештина се разболе. Бидејќи беше многу загрижен Миан сахиб доаѓаше деноноќно да прашува за неговото здравје, како да беше болен некој од неговите најблиски.“

Во тоа време Мирза Анис Ахмад сахиб бил управител на Џамија.

Шамшад сахиб, мисионер од Америка пишува:

„Тој секогаш се обидуваше во мисионерите да ја всади страста кон Таблигх, кога и да се сретнеше со нив. Имаше голема желба за учење и мисионерите стално ги потсетуваше на редовно учење. Во неговата канцеларија секогаш имаше куп книги на масата. Често го читаше Сахих Букхари и водеше интелектуални разговори со мисионерите кои доаѓаа на посета.“

Шахид Махмоод сахиб, мисионер од Гана пишува:

„Имав прилика да работам со Миан сахиб, и тоа преку 12 години во Вакалат-еИша‘ат канцеларијата како уредник за англискиот дел на месечниот Тахрик-е-Џадид весникот. Тој беше исполнет со љубов кон Ветениот Месија а.с. и беше преполн со љубов и со послушност кон Халифатот. Кога и да го имам видено како извршува суннет намаз, за мене претставуваше призор кој мора да се види, бидејќи намазите ги извршуваше со такво задоволство и уживање. Многу љубезно се однесуваше кон своите вработени.“

Ајјаз Махмоод Кхан сахиб, мисионер кој служи во Вакалат-е-Тасниф, вели:

„Што се однесува до тоа како треба да работам многу научив од него. Кога отидовме во Рабва, Миан сахиб заедно со нас одржа неколку предавања. Тогаш ни зборуваше, па дури и подоцна кога се среќававме кажуваше:

’Треба да прочитате некои книги и да стекнете навика за читање. Човек треба да чита не само религиска литература туку и филозофија, книжевност и новели. На тој начин ќе го прошири знаењето, како и вокабуларот‘.“

Шеикх Насеер сахиб кој го работи рускиот дел овде, вели:

„Поминав 16 години со Миан сахиб во Вакалт-е-Ишаат и многу научив од него. Секогаш беше љубезен и со сочувство кон мене, и никогаш не дозволуваше да се почувствувам подреден. Кога и да помислеше дека родителите не ми се живи секогаш ми велеше дека треба него да го земам во предвид наместо нив.“

Захид Махмоод Мајеед сахиб, кој работи во Исхаат одделот, пишува:

„Имав прилика заедно да служам со почитуваниот Миан сахиб. Тој беше силен поклоник на Халифатот. Кога и да посакуваше да прати факс  (мисли на мене овде) го преплавуваа емоции. Кога и да му се дадеше работа тој ја завршуваше.“

Мухаммад Дин Бхатти сахиб, кој работи во Исхаат оддел, пишува:

„Имав прилика со него да работам од 1995 година па сè до неговата смрт. Миан сахиб секогаш своите работници ги почитуваше. Кога и да викнеше некого поради работа го замолуваше да седне на столче пред да му ја објасни задачата.

Миан сахиб водеше посебна грижа за сиромашните студенти, за невработените и за вдовиците. Купуваше униформа и книги на сиромашните студенти. Пишуваше писма со препораки за сите невработени.“

Инсануллах сахиб, мисионер во Гана пишува:

„Имав прилика девет години да работам со него во Вакалат-е-Исхаат. Беше исполнет со љубов и почит кон Халифатот. Оваа љубов на најдобар начин ја всадуваше на луѓето кои работеа со него.“

Мухаммад Талха сахиб е учител во Џамија во одделот кој е специјализиран за предметот ’хадис ‘. Тој вели:

„Јас и Сајед Фахад сахиб, кој исто така е мисионер, имавме прилика хадисот да го учиме од Мирза Анас Ахмад сахиб отприлика една година во текот на нашата специјализација. Без оглед на неговите други обврски и болеста, тој правеше голем напор да се погрижи денот да не помине без часот за ’хадис‘.

Еднаш беше толку многу болен што не можеше да дојде до канцеларија и во својата куќа не повика на предавање‘.“

Асиф Оваис, кој исто така е мисионер и служи во Вакалат-е-Иша‘ат, пишува:

„Пред неколку месеци бев именуван за служба во канцеларијата на Вакалат-е-Иша‘ат. Тие неколку месеци беа највпечатливи во мојот живот. Во секоја прилика со голема љубов и љубезност водеше грижа за мене.“

Студент во Ахмадија Џамија во Рабва, Мухаммад Кашиф вели:

„Во повеќе наврати го посетив Мирза Анас сахиб во последните неколку месеци, а во врска со мојата дипломска работа. Благодарејќи и на милоста на Возвишениот Бог, тој со љубов ми подари дел од своето драгоцено време. Еднаш со многу емоции ми кажа:

’Збирот на моите животни искуства ми кажува дека нечиј напор и нечија борба немаат никаква вредност, што и да има човек, го има само благодарејќи и на милоста на Возвишениот Бог преку Халифатот‘.“

Асиф Ахмад Зафар од Рабва вели:

„Непосредно пред смртта, тој беше примен во Тахир болницата и јас отидов да го посетам. Носеше маска за кислород, но ја симна и почна да разговара со мене.“

Воопшто нема претерување во поглед на тоа што многу луѓе напишаа свои искуства во врска со неговиот однос кон Халифатот, всушност, неговата врска беше и многу посилна од тоа и таа врска ја покажуваше преку сè она што го работеше.

Кога хазрети Халифа-тул Месих IV р.х. ме избра за Амир Муками и Назир-е-А‘ла тој покажа потполна послушност кон Амир, и имаше голема почит за тоа иако јас 13-14 години бев помлад од него, но сето тоа беше поради неговата послушност кон Халифатот. И после моето именување на Халифа, тој продолжи да покажува потполна послушност и преданост.

Нека Возвишениот Бог му ја подари Својата милост и проштевање и нека Возвишениот Бог ја исполни неговата желба која ја спомнал во поглед на постигање на милоста на Возвишениот Бог. Нека му подари место во друштво на неговите сакани, и исто така нека овозможи на неговото потомство да воспостави врска на верност со Халифатот.

Кога Мирза Гулам Ахмад сахиб почина, сонувал сон кој јас го спомнав во хутбата. Тој раскажа:

„Пред некоја ноќ, кога почина Миа сахиб, видов како Миа Кхуршид и Миа Ахмад одат кај Возвишениот Бог и ја видов среќата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на Ветениот Месија а.с.. Во тоа време, посакав Возвишениот Бог да ми подари прилика да се сретнам со нив. И така и се молев:

’О Аллах! Повикај ме кон себе.‘

Возвишениот Бог ми одговори:

’Дојди напред.‘

Така, му беше подарена блискост со Возвишениот Бог и Возвишениот Бог го известил дека му ја дава Својата милост и му опростува.

Нека Возвишениот Бог продолжи да го воздига неговиот статус и нека неговите потомци бидат богобојазливи и побожни.