In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Шехид Сајед Таалај Ахмад II – човек кој ги исполнил своите ветувања

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека неодамна верниот слуга на Џемаатот, Сајед Таалј Ахмад, бил убиен во Гана.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во ноќта, помеѓу 23 и 24 август, екипата на МТА снимала документарен филм, патувала, и при тоа патување била нападната од разбојници кои пукале на нив, при што повредиле двајца, вклучувајќи го и Сајед Таалај Ахмад. На патот до болницата Сајед Таалај Ахмад починал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е ова прв шехид од МТА Интернасионал, како и Вакф Нау од Велика Британија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тој бил правнук на хазрети Мирза Башир Ахмад р.а. и Мира Мухаммеда Исмаила р.а.. Преку тоа, тој бил во сродство со Ветнеиот Месија а.с. и со неговата жена Нусрат Јахан Бегум сахиба. Тој, исто така, му бил зет на Абдул Гулам Кадир Шахеед.

Службата на Сајед Таалај Ахмад во Ахмадија заедницата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Сајед Таалај Ахмад бил активен во службата на Ахмадија муслиманското здружение на младите во Велика Британија, и тоа во различни својства. Бил именуван во тимот на ’МТА News‘  со полно работно време во 2016 година, а пред тоа служел во ’The Review of Religions‘ во одделот за индексирање и означување. Имал прилика да снима разни документарни филмови за МТА.

Тој, исто така, заедно со Хузур а.т.б.а. ја направил популарната програма ’Оваа Недела‘ која се прикажува на МТА.

Инцидентот пред неговата смрт

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Сајед Таалај Ахмад бил одаден на својата работа и успевал да ги заврши обврските, без оглед на тешкотиите со кои морал да се соочи на тој пат. Секогаш бил фокусиран да ја заврши работата. Тоа е видливо од инцидентот при неговото убиство.

Своето патување го започнал со голем ризик. Кога Сајед Таалај Ахмад тргнал на патувањето, бил загрижен за датотеката која ја снимил и сакал да ја заштити, и додека патувал почнал да работи на својот лаптоп.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. детално го опиша инцидентот во кој дошло до убиство на Сајед Таалај Ахмад. Разбојниците почнале да пукаат на возилото по што влегле во него и ги земале сите вредни работи. Сајед Таалај Ахмад бил погоден во грб и изгубил многу крв. Додека ограбувањето се случувало, брзо го скрил лаптопот и останатата опрема под седиштето за да ограбувачите не ги најдат. Додека се возеле до клиниката, Сајед Таалај Ахмад прашал дали Халифата е известен за овој инцидент. Од клиниката решиле да го префрлат во болница. По пат рекол:

„Кажете му на Халифата дека го сакам и на моето семесјтво пренесете му дека ги сакам.“

Драгоцениот камен кој не напуштил

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тој е драгоцен камен кој не напуштил. Оваа загуба сите ги потресла. Тој ја сфатил својата заклетва на посветеност и давањето на животот во служба на Џемаатот, и до крајна мера ги исполнил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Сајед Таалај Ахмад секогаш го изненадувал што често се запрашувал како младиот човек, одраснат во модерниот свет, успеал да го разбере и исполни своето ветување на посветеност. Неговото ниво на љубов и посветеност спрема Халифатот било такво што го немале и луѓе кои имаат вкоренето знаење за верата. Неговата одаденост на Халифатот била таква што дури и во последните часови тој ја искажувал својата љубов спрема Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред неколку години Сајед Таалај Ахмад напишал песна во која ја изразил својата љубов за Халифатот. Песната ја започнал со зборови колку тој го сака Халифата, а ја завршил со зборовите дека можеби Халифата никогаш нема да дознае колку го сака.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред, и по овие зборови, во песната знаел колку Сајед Таалај Ахмад го сака. По сјајот во очите и светлината на лицето можел да заклучи дека Халифата бил свесен за љубовта која  Сајед Таалај Ахмад ја имал кон него.

Неговата огромна љубов спрема Халифатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека помеѓу младите луѓе од семесјтвото на Ветениот Месија а.с. немало никој кој толку многу го сакал Халифатот, како тој што го сакал. Тој се обидувал да ја скрие таа љубов, но на овој или оној начин Аллах џ.ш. ја покажувал. Бил зафатен за светот да го извести за Халифатот и најдобро што може да му служи, дури до таа мера што и животот си го жртвувал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во време на погребот на Четвртиот Халифа р.х., додека стоел кај мезарот пред погребувањето, младиот Сајед Таалај Ахмад дошол и застанал покрај него. Во тоа време Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. не знаел кој е тој, но сега кога ја видел сликата, сфатил дека и во тоа време како да ветил дека секогаш ќе му служи на Халифатот.

Исклучителна послушност кон Халифата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тој самиот сведочел дека Сајед Таалај Ахмад ја исполнил својата заклетва на давањето живот во служба на Џемаатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека еднаш на состанок на мисионерите им рекол да клањаат Тахаџуд (доброволни молитви пред зора) најмалку еден час дневно.

Иако не бил мисионер, Сајед Таалај Ахмад знаел дека го дава животот во служба на Џемаатот, и дал сè од себе да го спроведе тоа упатство. Понекогаш дење изгледал изморено, бидејќи се будел рано за да го исполни ова упатство на Халифата, кое дури не му било директно уапатено. Сепак, тоа било нивото на кое тој ја исполнил својата заклетва за давање живот во служба на Џемаатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. им се обрати на членовите на семејството на Ветениот Месија а.с. и ги советуваше да научат од примерот на Сајед Таалај Ахмади да ја зголемат својата одаденост. Не е чест да се биде од семејството на почитувана личност, освен ако сопствените постапки не се вредни за таа чест.

Одличните квалитети на Сајед Таалај Ахмад

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека многумина му пишувале за неговите исклучителни квалитети, што уште повеќе фрлило светлина на неговата голема одаденост.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека единствено исправно е одредените коментари кои ги примил да ги сподели.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита разни емотивни коментари.

На пример, Сајед Таалај Ахмад бил дел од тимот за индексирање  и означување кој работел на организација на стогодишниот материјал од весникот ’Преглед на Религиите‘ (The Review of Religions), а тоа била гоелма задача.

Сè што работел се вртело околу Халифатот. Кога ќе слушнел упатства од Халифата упатени до него, очите му засветувале како на дете кое ќе види колачиња. Неговиот стндард на работата бил неверојатен, бидејќи имало моменти кога истовремено работел и на по два документарни филма.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш некој на социјалните мрежи приговарал на насловот на еден од неговиот документарен филм, на што тој кажал дека насловот е таков бидејќи го одобрил Халифата. Ако насловот на филмот бил од него, или од било кој друг, тој би молчел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го наведе коментарот на неговата сопруга која кажала дека Сајед Таалај Ахмад бил многу љубезна личност, грижлив и полн со љубов. Секогаш и бил благодарен и давал поддршка, и тогаш кога била загрижена за смртта на својот татко, кој бил шехид. Многу рано во нивната врска ја забележила љубовта кон Ветениот Месија а.с.. Во сон раскажувал приказни за Халифатот и плачел. Кога имале семеен состанок со Халифата, тој својот син го наградувал за убавото однесување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, и навидум, мали нешта го покажуваат нивото на искреност и посветеност на личноста. Ако некогаш почувствувал дека Халифата не е задоволен со него, (Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не се сеќава на ниту еден таков случај), тогаш, многу се молел во Тахаџуд. Кога и да примил подарок, секогаш бил благодарен. Секогаш верувал дека Аллах џ.ш. ќе му ги исполни потребите, а всушност, во разни прилики, на овој или оној начин неговите потреби биле исполнети и Бог секогаш го чувал. Бил многу љубезен, простувал и никогаш кон никого немал непријателство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го прочита коментарот на таткото на Сајед Таалај Ахмад, кој рекол дека веќе сонувал сон во кој неговиот син станува шехид. Всушност, самиот Сајед Таалај Ахмад го сонувал истиот сон во кој станува шехид. Неговата душа му била предана на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и живеел и дишел за Халифатот.

Мајката на Сајед Таалај Ахмад рекла дека бил наклонет на верата уште од мали нозе. Бил многу добар во школите и имал добри оценки. Сестрата на Сајед Таалај Ахмад рекла дека многу често доцна се враќал од работа. Често гледал разни програми и документарни филмови за да ги подобри своите вештини во содавањето на документарен филм.

Често ги проучувал хадисите и станал прилично упатен. Често ги цитирал Кур’анските ајети за одредени работи, а, исто така, учел арапски и ја научил неговата граматика.

Сестрата на Сајед Таалај Ахмад раскажала за два сона во кои предосетувала дека братот ќе и стане шехид.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го наведе икоментарот на дајџада на Сајед Таалај Ахмад, кој раскажал за длабоката љубов на Сајед Таалај Ахмад спрема Ветениот Месија а.с.. Иако бил исклучително горд што потекнува од Ветениот Месија а.с. тој никогаш отворено не зборувал за тоа, ниту барал некаков посебен третман. Пред заминување на патот за Африка, кој го преземал по упатството на Халифата, направил детален план за секојдневната работа. Рекол дека, ако упатствата на Халифата и малку се разликуваат од неговото мислење, тој тоа ќе го прифати со целото срце.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе коментарите во кои семејството и пријателите ги споделиле исклучителните квалитети кои  Сајед Таалај Ахмад ги имал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Сајед Таалај Ахмад ја исполнил својата должност како духовно потомство на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на Ветениот Месија а.с..

Хузур а.т.б.а. рече дека е соодветно што Возвишениот Аллах го одбрал исламскиот месец Мухаррем за Сајед Таалај Ахмад, за да може да ја поднесе оваа жртва.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да продолжи да го воздигнува степенот на Сајед Таалај Ахмад.

Сигурно ќе му биде доделено место во Џеннетот во близина на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Всушност, некој сонувал сон во кој тој трчи кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а тој му посакува добредојде.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше неговото семејство трпеливо да ја поднесе оваа загуба.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по џума намаз ќе клања џеназа за Сајед Таалај Ахмад.