In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер р.а. II – Освојувањето на Дамаск

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Освојувањето на Дамаск

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во времето на хазрети Абу Бакр р.а., Дамаск неколку месеци бил опколен за на крајот, набргу по смртта на Абу Бакр р.а., муслиманите да освојат победа над Дамаск.

Хузур а.т.б.а. детално ги опиша инцидентите кои се случиле по победата над Дамаск, во времето на хазрети Омер р.а. .

Битката кај Фахл

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека местото во Сирија, кое се нарекувало Фахл, исто така било освоено во времето на хазрети Омер р.а.. Хазрети Омер р.а. сметал дека муслиманите прво треба да се насочат на освојувањето на Дамаск, и, ако успеат во тоа, тогаш треба да тргнат кон местото Фахл. Откако овие земји биле освоени и муслиманите излегле како победници над Римјаните, хазрети Омер р.а. наредил сите имоти да им се остават на сопствениците. Само неколку имоти се искористиле за изградба на џамија, инаку сите сопственици си го задржале правото на земјиштето.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Бесан бил освоен во времто на хазрети Омер р.а.. По победата кај Фахл муслиманите се улогориле пред Бесан. Веќе се проширила веста за победата на муслиманите над Римјаните. Муслиманите неколку дена го опседнувале Бесан, при што неколку луѓе излегле во борба и биле поразени. Останатите луѓе во Бесан се согласиле да потпишат мировен договор со муслиманите.

Освојувањето на Табаријја

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и Табаријја била освоена во времето на хазрети Омер р.а.. Кога Табаријја била освоена, луѓето од таму, за да склопат договор, побарале да се претстават пред Шурахбил, истата личност која ги водела муслиманите при освојувањето на Фехл и Бесан. Под истите услови склопиле договор како и со Дамаск, под еден услов дека половина од куќите, градовите и селата ќе се испразнат за муслиманите да се населат таму.

Освојувањето на Хомс

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и Хомс бил освоен во добата на хазрети Омер р.а.. Тоа било познато место во Сирија и имало голем значај. Народот на Хомс се борел против муслиманите но бил поразен.

Времето било ладно и Римјаните верувале дека муслиманите нема да можат долго да издржат на отворен простор. Податоците покажуваат дека во тоа време Римјаните имале кожни обувки, но сепак нозете им смрзнувале, додека муслиманите во најдобар случај имале само нормални обувки. Сепак, и наспроти ладното време, муслиманите биле решителни и кога времето се подобрило, Римјаните сфатиле дека не можат да ги победат муслиманите и граѓаните на Хомс побарале да се склучи договор.

Битката на Марѓ-ур-Рум

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Марѓ-ур-Рум, исто така, бил освоен во времето на хазрети Омер р.а.. Муслиманите се бореле и наспроти ладното време си ги зацелувале раните.

Дошло до битка во која муслиманите победиле и во таа битка единствени преживеани биле тие кои избегале од бојното поле. Како воен плен, муслиманите добиле камили, коњи, оклопи и облека.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по победата Марѓ-ур-Рум муслиманите го освоиле и Хамат. Народот на Хамат се согласил да потпише мировен договор. После тоа муслиманите тргнале во освојување на Саламија.

Освојувањето на Лазица

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите тргнале во освојување на Лазица. Жителите на Лазица, кога ги здогледале муслиманите, го затвориле секој влез во градот и започнале со подготовка за борба. Муслиманите го опседнувале градот. Хазрети Абу Убаидах р.а. заклучил дека опсадата долго ќе трае, што дури ни потоа победата нема да биде загарантирана. Затоа, Абу Убејда р.а. смислил план, по кој биле ископани ровови во кои коњите и јавачите можеле да се скријат. Следното утро, кога жителите на Лазица повеќе не ги гледале муслиманите, станале радосни и излегле од тврдините на што муслиманите пак влегле и го освоиле градот. После тоа жителите на Лазица склопиле договор со муслиманите. Со договорот успеале да го задржат својот дворец, покрај кој муслиманите изградиле џамија.

Освојувањето на Киннсарин

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после Лазица муслиманите тргнале во освојувањето на Киннсарин. Луѓето од таму направиле логор надвор од градот за да се борат со муслиманите. На крајот муслиманите победиле и договорено било да се склопи мировен договор. Сепак, некои од нив влегле во градот и се заклучиле. Тогаш хазрети Халид бин Валид р.а. им кажал дека Бог на муслиманите ќе им овозможи да дојдат до нив или ќе ги донесе кај нив, и дека нивните итрости се залудни. На крајот, тие ја сфатиле својата вина и се предале. Поради тоа што се случило, казната им била само рушење на нивниот дворец. Потоа, на жителите на Киннасрин им бил даден договор за сигурност, можеле да го задржат своето земјиште, а муслиманите само еден дел го земале за изгрдба на џамија.

Освојувањето на Цезареја

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека потоа дошло до освојувањето на Цезареја. Хазрети Омер р.а. го пратил Језид бин Абу суфијан со 17 000 муслимани за да ја освојат Цезареја, која во тоа време била голем град и која ја чувала голема римска војска. Римјаните ги напаѓале муслиманите, но неуспешно и 80 000 нивни војници загинале во борба, вклучувајќи ги и тие кои избегале, со што бројката досегнала до 100 000. Во оваа битка учествувал и Убадах бин Самит р.а., асхаб кој учествувал во битката на Бедр.

Тој се однесувал многу храбро, ги храбрел муслиманите и рекол дека кога и да ги водел муслиманите во борба секогаш излегувал како победник.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во следната хутба ќе продолжи да ги истакнува настаните и делата од животот на хазрети Омер р.а..

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе спомне неколку починати членови на Џемаатот и дека ќе им клања џеназа.

Кхадијах сахиба

Кхадијах сахиба, сопруга на Молвиј К. Мухаммед Алва сахиб, бивш мисионер од Керала.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Таа починала пред неколку дена. Поседувала многу одлични квалитети. Зад неа останале два сина и пет ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молел Аллах да и прости и да се смилува.

Малик Султан Рашид Кхан сахиб

Малик Султан Рашид Кхан сахиб починал во ноќта помеѓу 22 и 23 август.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Неговиот татко Ахмадијатот го прифатил од Вториот Халифа р.а.. Малик Султан Рашид Кхан сахиб служел како емир во Аттак. На својата вера и дал предност пред световните работи. Секогаш бил подготвен и бил меѓу првите во служба на Заедницата. Имал длабока љубов кон Халифатот, бил побожен, но тоа никогаш не им го спомнувал на другите. Малик Султан Рашид Кхан сахиб финансиски издржувал многу семејства. Имал жар и волја во ширењето на верата и многу луѓе поради неговите напори дошле до вистината. Многу време поминал осамен за да му се моли на Господарот. Поседувал големо знаење и ги читал книгите на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поседувал многу големи и чесни особини и се молеше Аллах џ.ш. да биде милостив кон него и да му прости.

Абдул Кујјум сахиб

Абдул Кујјум сахиб од Индонезија починал пред неколку дена.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил син на Абдул Вахид Саматри сахиб, првиот не-индиски и не-пакистански мисионер. Магистирал на економија, а потоа продолжил да работи во различнии својства во својата област. По пензионирањето, докторирал хемиско инжињерство. На својата земја и служел на многу начини. Тој на владата и предложил формула за природен гас која и помогнала да оствари профит од 110 милијарди долари.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на овој начин дури  и во земјите каде Ахмади муслиманите се прогонети, тие сепак продолжуваат да и служат на својата земја и тоа на највисоко ниво. Добил разни награди од владата и добил воена понуда за погреб по смртта поради своите големи заслуги за државата. Бил многу внимателен и полн со почит кон своето семејство и мисионерите на Заедницата.

Исто така, бил многу љубезен спрема своите работници. Всушност, поради неговото љубезно однесување еден од раборниците почнал да ја чита книгата на Ветениот Месија а.с. и подоцна го прифатил Ахмадијатот. Тој многу го сакал Џемаатот и Халифатот. Бил прв да направи било која жртва или да даде помош.

Кога Халифа-тул Месих IV р.х. отпатувал во Индонезија, боравел во неговата куќа. Тој никогаш не го криел фактот дека е Ахмади муслиман и секогаш бил горд на тоа. Тој направил големи финансиски жртви во изградба на џамиите, куќите за гостите и останати згради на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молел Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Дауд Раззак Јунус сахиб

Дауд Раззак Јунус сахиб од Бенин починал на 27 август.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил еден од првите Ахмади муслимани во Бенин. Неговото семејство сè уште не  му припаѓа на Ахмадијатот. Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да им овозможи да го прифатат Ахмадијатот. Бил учен член на Заедницата и магистрирал во Франција. Бил праведна личност која редовно се молела. Тој го сакал Ветениот Месија а.с. и неговите Халифи и ги проучувал нивните книги. Исто така, некое време бил претседател на  Хуманити Фрст (Humanity First) во Бенин. Тој на Заедницата и донирал разни финансиски средства како и земја.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.