In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Луѓе со исклучителни особини – Хазрети Омер ибн Ал-Хаттаб р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Учеството на хазрети Омер р.а. во разни експедиции

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека хазрети Омер р.а. десет ипол години бил Халифа. За тоа време биле освоени различни земји и регии, како што се Сирија, Египет, Иран, Ирак, Арменија Азербејџан итн. Во времето на својот Халифат, хазрети Омер р.а. муслиманската војска ја прател во сите експедиции, иако самиот не учествувал во битките. Тој, како командант им давал насоки и со војниците комуницирал преку писма.

Хазрети Омер р.а. рекол дека во текот на намазите се молел за победа на муслиманската војска.

Силното влијание на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на битката со Персијанците хазрети Абу Бакр р.а. се разболел. Во тоа време хазрети Абу Бакр р.а. го повикал хазрети Омер р.а. и му кажал дека наскоро ќе почине. Затоа, му кажал на хазрети Омер р.а. на муслиманите да им објави да излезат на џихад и му кажал дека неговата смрт не смее да предизвика доцнење во извршувањето на должностите откако тој ќе се пресели.

Така, откако хазрети Абу Бакр р.а. се преселил и хазрети Омер р.а. подоцна станал Халифа, одржал силен говор охрабрувајќи ги муслиманите да тргнат во џихад. Забележано е дека илјада луѓе се пријавиле како дел од војската која требало да оди во Ирак. До моментот кога оваа војска стасала до Ирак, забележано е дека бројот на војници пораснал на пет илјади.

Битка кај Намарак

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во 13-та година по Хиџра се случила битката кај Намарак. Во текот на оваа битка бил заробен иранскиот командант Џабан. Меѓутоа, тој што го заробил не го препознал и откако му дал отпуст Џабан бил слободен. Подоцна, повторно бил заробен, но тогаш хазрети Абу Убаид р.а., кој командувал со муслиманската војска дознал дека Џабан веќе еднаш бил заробен и пуштен, рекол дека е несоодветно да го држат како заробеник и го ослободил.

Тоа го покажува високото морално однесување на муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по победата кај Намарак хазрети Абу Убаид р.а. ја одвел својата војска во Кашгар, каде што се придружил на тогашниот мисионер, и муслиманите победиле.

Битка кај Џисра

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека битката кај Џисра се  одиграла во 13-та година по Хиџра, во која муслиманите ги победиле Персијанците. Забележано е дека муслиманската војска броела десет илјади, додека Персијанците имале 30 илјади луѓе во војската. Поради преминот преку реката битката била одложена. После тоа, бил изграден мост, и затоа е ова познато како битката на Џисра.

Во почетокот, муслиманите ја добивале битка, но тогаш персискиот командант наредил со слоновите да се тргне напред што во муслиманските редови предизвикало хаос. Персијците продолжиле со нападот, поради што муслимански команданти биле убиени. Кога тоа го слушнал хазрети Омер р.а. ги собрал граѓаните на Медина и рекол дека градот е изложен на опасност, и дека во секое време Иранците можат да влезат во градот.

Хазрети Омер р.а. предложил дека како командант ќе крене во битката. Меѓутоа, хазрети Али р.а тоа не го прифатил. Така, хазрети Омер р.а. со војската кон Џисра го испратил хазрети Са’ад р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека и во идните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Џеназа намази

Фатхи Абдус Салам Мубарак сахиб

Фатхи Абдус Салам Мубарак сахиб од Египет починал неодамна. Неговиот татко бил следбеник на сектата Накш Банди и се посветил синот да го подучува на верата. Фатхи сахиб бил насочен напамет да го научи Чесниот Кур’ан. И неговиот татко го знаел напамет Чесниот Кур’ан, а подоцна го прифатил и Ахмадијатот.

Дипломирал како инжењер на Универзитетот во Каиро. Подоцна се преселил во Египет, каде и што се запознал со Ахмадијатот, кој подоцна го примил и се приклучил на Заедницата.

Некогаш имал многу прашања, на кои сите одговори ги добил преку Ахмадијатот. На Заедницата и служел во најразлични својства.

На арапски ја превел книгата за животот на Мухаммед с.а.в.с.. Исто така, учествувал во разните програми на МТА, како што е al-Hiwar al-Mubashir. Во меѓувреме, на Заедницата и служел и во други својства, а подоцна се претставил и како Wakf-e-Zindagiи и служел во тоа својство.

Тој силно го сакал Халифатот и во него го гледал решението за сите современи проблеми. Поседувал длабоко знаење бидејќи непрестано проучувал разни теми и подрачја на знаењето. Имал голема страст во служењето во верата. Дури и за време на боледување, додека бил во болница, иако имал тешкотии со дишењето на сестрите им ја проповедал пораката на исламот на Ахмадијатот.

Имал длабока љубов кон Кадијана и ги знаел сите историски знаменитости во неа.  Присуствувал на Џалса Салана во Кадијана во 2018 година, и кога завршила бил многу емотивен и не сакал да замине. Силно молел, а подоцна му било јавено дека организаторите згрешиле и дека сè уште не дошло време да замине.

Саканиот Халифа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека на Ветениот Месија а.с. му било објавено дека ќе има искрени луѓе, од редот на Арапите, кои ќе се молат за него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека примерот на Фатхи сахиб покажува дека навистина постојат Арапи кои искрено се молат за Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и самиот ја видел длабоката љубов која Фатхи сахиб ја имал кон Халифатот.

Хузур а.т.б.а. рече дека Фатхи сахиб бил исклучително љубезен и трпелив, и, ако некогаш строго разговарал со луѓето веднаш им се извинувал. Наспроти тоа што бил голем научник, бил исклучително скромен. Имал многу силен глас, кој сите го забележувале во текот на текбир, кој го изговарал на крајот на Годишниот собир (Џалса Салана).

Саканиот Халифа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше неговите деца да ги следат неговите стапки и Аллах џ.ш. да го воздигне неговото место во Џеннетот.

Разиа Бегум сахиба

Разиа Бегум сахиба сопругата на Кхалила Мубашар сахиб, бивш мисионер задожен за Канада. И покрај долгото боледување на сопругот, останала покрај него и во секој момент го подржувала како Wakf-e-Zindagi.

Била многу побожна. Зад неа останал сопруг, еден син и три ќерки.

Саканиот Халифа, хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости, да има милост кон неа и да ја воздигне нејзината положба.

Саира Султан сахиба

Саира Султан сахиба, била сопруга на др. Султан Мубашар сахиб. Во различни својства и служела на Заедницата во рамките на помошната женска организација во Пакистан.

Таа се грижела за сиромашните до таа мера што понекогаш и самата запаѓала во долгови додека им помагала.

Таа била на чело како пример за финансиско жртвување. Поседувала многу доблести.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости и да има милост кон неа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше на нејзините синови и на мажот Аллах џ.ш. да им подари трпение и храброст.

Гхусоон ал-Махзавани сахиба

Гхусоон ал-Махзавани сахиба, која била по потекло од Сирија и со живеалиште во Турција. На Заедницата и служела како претседателка на Ахмадија женска помошна организација. Поседувала многу доблести и сите ја сакале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости и да ја воздигне нејзината положба.