In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер Фарук р.а. II – Освојувањето на Ерусалим

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Падот на Ерусалим

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека под командата на Амр бин ал-Алса муслиманската војска го опколила Баит ал-Макдас, односно Ерусалим. Христијаните на крајот се согласиле да склопат договор, но кажале дека сакаат хазрети Омер р.а. да го потпише. Така, хазрети Омер р.а. по консултација со другите асхаби тргнал во Баит ал-Макдас.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе записите на различни историчари во врска со оваа случка, како и различните погледи за тоа што се случувало.

Се наведува дека хазрети Омер р.а. веќе тргнал кон Баит ал-Макдас пред било каков разговор за договор, бидејќи Амр бин ал-Аас му пратил писмо во кое побарал помош. Така, хазрети Омер р.а., по тргнувањето, сопрел на местото по име Џабија, каде сакал да се посоветува со своите воени команданти. Таму му кажале за барањето на христијаните во кое тие бараат тој да посредува во договорот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш, кога хазрети Омер р.а. бил во Џабија, ги повикал своите воени команданти. Кога командантите дошле во Џабија, хазрети Омер р.а. забележал дека биле екстравагантно облечени како останатите Арапи. Хазрети Омер р.а. не бил задоволен со ова, меѓутоа тие му кажале дека под облеката сè уште ги носат оклопите и дека вака се облечени само за да се вклопат со останатите Арапи.

Муслиманите постигнуваат договор со христијаните во Џабија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во Џабија е направен договор помеѓу муслиманите и христијаните. Кога доаѓале христијани јавале на коњи а мечевите им блештеле. Муслиманите тогаш и тие рацете ги ставиле на мечевите, но хазрети Омер р.а. им рекол дека тие христијани дошле да потпишат договор за мир и муслиманите не би требало да држат оружје.

Во договорот хазрети Омер р.а. рекол дека Илја (каде што се наоѓал Баит ал-Макдас) нема да биде оштетен, како ниту нивните домови и цркви. Тие кои сакаат да им се придружат на Римјаните, слободни се тоа да го направат, а тие кои сакаат да останат во својата земја слободни се тоа да го направат сè додека плаќаат џизија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ова покажува како муслиманите не доаѓале овде со меч, туку негувале верска слобода и никогаш никого не присилувале да плаќа џизија, наместо тоа, секој имал избор да замине на друго место или да плати џизија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, откако договорот бил направен, хазрети Омер р.а. отишол во Баит ал-Макдас. Кога стасал хазрети Омер р.а. бил скромно облечен. Муслиманите биле загрижени што за тоа ќе кажат христијаните па му понудиле поубава облека. Хазрети Омер р.а рекол дека исламската чест која му е укажана е повеќе од доволна. Христијанските свештеници на хазрети Омер р.а. му ги предале клучевите на градот. Тој прошетал низ Баит ал-Макдас и кога дошло време за молитва христијаните му понудиле таму да клања. Меѓутоа, хазрети Омер р.а. рекол дека се плаши оти, ако го направи тоа, муслиманите местово ќе го сметаат за свето и ќе сакаат да го преземат. Така, хазрети Омер р.а. излегол надвор и клањал намаз.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека луѓето во Илја во своите домови почнале да го повикуваат хазрети Омер р.а.. Еден ден хазрети Омер р.а. го прашал хазрети Абу Убаид р.а. зошто не го поканува кај него. Хазрети Абу Убаид р.а. рекол дека, ако го повика да влезе нема да може да ги исконтролира своите емоции. Меѓутоа, тие отишле до шаторот на хазрети Абу Убаид р.а. кој бил празен, освен едно детско креветче и малку леб во ќошот. Кога тоа го видел на хазрети Омер р.а. почнале да му течат солзи и го гушнал хазрети Убаид р.а..

Хазрети Билал р.а. повторно го учи езанот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека луѓето, додека биле во Илја, побарале од хазрети Омер р.а. да го натера хазрети Билал р.а. да го проучи езанот. Хазрети Билал р.а. рекол дека по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. никогаш повеќе нема да го учи езанот. Меѓутоа, бидејќи хазрети Омер р.а. го прашал тој пристанал да го проучи езанот. Овој момент сите присутни ги потсетило на времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Способноста на хазрети Омер р.а. да преброди големи искушенија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите ределе победа до победа и луѓео се плашиле дека ќе ги изгубат своите градови. Народот на Језирах, кој се наоѓа помеѓу Ирак и Сирија, му пишал на Хераклиј, побарале помош од него и го молеле да прати бродови во борба со муслиманите. Тој пристанал да прати помош, бидејќи сметал дека тоа е добитен план. Кога дознале дека пристанал, луѓето од Језирах собрале војска од 30.000 луѓе и тргнале на Хомс. Хазрети Абу Убаид р.а. дошол до тие информации и интриги. Тој се посоветувал со хазрети Халид бин Валид р.а. и тие се согласиле дека треба да се борат против нив, и дека треба на југот на Сирија да ја соберат целата војска. Кога стасале бродовите на Хераклиј муслиманите се нашле во тешка ситуација. Хазрети Абу Убејда р.а. му пишал на хазрети Омер р.а. и го известил за деликатната ситуација.

Хазрети Омер р.а. му наредил на Са’ад бин Аби Вакас р.а. да прати помош и пратил војска од 4.000 војници во Хомс. Меѓутоа, тоа не било доволно за борба против војската на Џазихар. Но, бидејќи војската на Џазихар се наоѓала во Хомс, хазрети Омер р.а. наредил друга војска да се прати во Џазихар, за да нивната војска се врати во одбрана на градот, со што муслиманска војска соочена со тешката ситуација ќе биде растеретена во Хомс. Ова ги покажува големите стратегиски способности на хазрети Омер р.а. и тоа се покажало како успешно, бидејќи кога било направено така, војската на Џазирах била присилена да го напушти Хомс и да се врати во Џазирах. На крајот, муслиманите биле победници.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во идните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази во отсуство на следните починати членови:

Чаудхарј Саеед Ахмад Лакхан

Чаудхарј Саеед Ахмад Лакхан, кој пребивал во Канада.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој бил внук на асхаб на Ветениот Месија а.с..

Зад него останале шест сина и три ќерки, и сите на овој или оној начин му служат на Џемаатот. Еден од неговите синови е мисионер во Кенија и не можел да присуствува на џеназата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му даде трпение.

Чувствувал голема чест поради верата и Ветениот Месија а.с.. Своите деца ги советувал од никого да не се плашаат кога е во прашање Ахмадијатот.

Хузур а.т.б.а.  се молеше Аллах џ.ш. да му прости и да му подари милост.

Мухаммад Шахабуддин

Мухаммад Шахабуддин бил потпретседател на Заедницата во Бангладеш.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Ахмадијатот го прифатил откако сонувал еден сон. Имал многу доблести и имал голема љубов кон Халифатот.

Зад него останале четири сина и три ќерки.

Тој се соочувал со противењето дури и од своето семејство, но сето тоа го поденсувал со големо трпение. Бил доверлива личност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости и да биде милостив кон него.

Раул Абдуллах

Раул Абдуллах од Аргентина.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој бил еден од првите Ахмади муслимани во Аргентина. За Џемаатот прв пат слушнал на саемот на книги и, иако луѓето се обидувале да го оддалечат од Заедницата тој и понатаму присуствувал на состаноците. Присуствувал на Џалса Салана во Велика Британија за да ги отстрани сомнежите во својот ум. По средбата со Халифата станал сигурен а пота и го прифатил Ахмадијатот. Чувствувал голема чест и гордост што е Ахмад.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости и на неговото семејство да му овозможи да го прифати Ахмадијатот.