In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Луѓе со исклучителни особини – Хазрети Омер ибн Ал-Хаттаб р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Победата во Мадаин

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Мадаин е освоен во добата на хазрети Омер р.а., победа која ја претскажал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во текот на битката кај рововите, додека удирал во карпа која се нашла на патот додека копал ров, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја претскажал победата на исламот во Сирија, Персија, во дворците Мадаин и Јемен и во дворците Сана.

Во тоа време некои луѓе се пошегувале говорејќи за тоа дека муслиманите не можат да освојат толку големи царства?

Сепак, тоа биле пророштва кои во целост биле исполнети.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Мадаин се наоѓа јужно од Багдад, а бидејќи овде биле населени различни градови  Арапите го нарекле Мадаин, или, многу градови. Овде боравел Кирса во белиот дворец.

Хазрети Са’ад р.а. ја водел својата војска во таа насока, но за да се стигне таму требало да се премине реката Тигар. Бродовите кои биле таму веќе биле запленети, па хазрети Са’ад барал начин како да ја премине реката.

Една ноќ, во сон, му се јавило дека муслиманите ја преминуваат реката со коњи.

Следниот ден муслиманите со коњи ја преминале реката Тигар и после тоа го заземале дворецот Кирса, со што се исполниле претскажувањата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Битката кај Џалулах

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во тоа време Персијците се собрале на местото наречено Џалулах, град во Ирак, каде започнале со подготовки за борба против муслиманите.

Според упатствата на хазрети Омер р.а., хазрети Са’ад р.а. го пратил хазрети Хашим бин Утбах р.а. со војска од 12.000 луѓе. Кога муслиманите пристигнале на даденото место го опколиле Џалулах и таму останале месец дена, и во меѓувреме се случиле неколку борби. На крајот победиле муслиманите, и после главната битка го прашале хазрети Омер р.а. дали да кренат понатаму по избеганите војници на Персијците, на што хазрети Омер р.а. рекол дека не треба да кренат против војниците бидејќи животите на муслиманските војници би можеле да се доведат во опасност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече, гледајќи дека има многу воен плен, хазрети Омер р.а. почнал да плаче. Некој од присутните го прашал зошто плаче бидејќи тоа било време на голема радост после победата над Персијците. Хазрети Омнер р.а. одговорил, велејќи  дека кога луѓето дојдат до такво богатство, потенцијалот на алчноста и непријателствата се зголемуваат, и тој страв го расплакал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кај муслиманската нација денес можеме да препознаеме таква алчност и непријателство над светското богатство.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Са’ад р.а му пренел на хазрети Омер р.а. дека Персиската војска се собира на местото наречено Масабзан од каде би ги нападнала муслиманите. Хазрети Омер р.а. дал упатство Заар бин Хаттаб да ја прати својата војска во борба против Персијците.  Муслиманската војска се упатила на тоа место и постигнале победа. После влегувањето на муслиманите мештаните го напуштиле местото. Меѓутоа, после тоа, Заар бин Хаттаб ги повикал мештаните да се вратат и да продолжат да живеат во својот град.

Забележано е дека ова место било освоено без никаква битка.

Освојување на Кхузестан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече Кхузестан е освоен во времето на хазрети Омер р.а.. Хазрети Омер р.а. пратил мала војска на тоа место, кое било под владеење на Утбах бин Газван, бидејќи таму забележал доста тактички предности. Примарната цел била да се запрат снабдувањата кои ги праќала Персиската војска, а кои би се користеле против муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече во победата над Ахваз муслиманската војска била  предводена од Мугир бин Ша’бах и Абу Муса Аш’ари.  Забележано е дека при тоа освојување муслиманската војска заробила многу робови. Меѓутоа, хазрети Омер р.а. наложил да се ослободат сите робови, бидејќи нема да се воспостави ропство и затвори.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите го освоиле и Ромхормоз. Јаздегард ги провоцирал Персијците против муслиманите. Ну’ман бив Мукаррин, по инструкциите на хазрети Омер р.а., бил пратен да ја води војската. Муслиманите ги победиле Персијците на ова место. После битката Персијците повторно се собрале кај Душтар, каде повторно се водела битка меѓу нив и муслиманите, во која победиле муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден од водачите на Персијците, Хормузан, рекол дека за неговата судбина сакал да му одлучи, самиот, хазрети Омер р.а.. Кога бил одведен таму и го видел хазрети Омер р.а., лично, Хормузан го прашал каде се обезбедувањето и слугите на хазрети Омер р.а. на што му било одговорено дека  кај муслиманите не постојат такви работи. На тоа Хормузан рекол дека се чувствува како пратеник и потоа му било кажано да ги следи примерите на пратеникот. Хазрети Омер р.а. рекол дека ќе разговара со Хормузан само доколку ги симне сиот накит и украси кои ги носел на себе. Потоа, хазрети Омер р.а. му рекол дека неговата судбина зависи од неговото непочитување и издајство. Хормузан признал дека муслиманите победиле против нив бидејќи имале единствен фронт.

После средбата со хазрети Омер р.а. Хормузан го прифатил исламот и се населил во Медина.

Подоцна бил консултира од муслиманските водачи во наредните битки против Персијците.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а и во наредните хутби.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече река ќе предводи џенази за неколку починати членови на Заедницата.

Проф. Насеема Суед сахиба

Проф. Насеема Суед сахиба била сопруга на Мухаммад Суед сахиб. Неодамна се преселила во Пакистан. Нејзин татко бил хазрети Ал-Хааџ хафиз доктор Суед Схафее сахиб, кој бил голем зналец и писател. Тој го прифатил Ветениот Месија а.с. кога имал само дванаесет години.

После Насеема Суед сахиба останале четири сина и две ќерки.

На Заедницата и служела на различни начини долги години. Била многу образувана и имала сопствени публикации. Била редовна во молитвите и имала лични врски со четири Халифи на Заедницата од времето на вториот Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со неа комуницирал преку писма. Таа редовно давала финансиски придонеси и налагала и на своите деца да го чинат истото.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и прости и да ја воздигне нејзината положба.

Дауд Сулејман Бутт сахиб

Дауд Сулејман Бутт сахиб, од Германија, починал после кратко боледување од карцином.

После него останале сопруга, една ќерка и два сина.

Секогаш бил подготвен да и служи на Заедницата. Во поголемиот дел од својот живот поголема предност и давал на верата во споредба со световните работи. Редовно давал парични придонеси. Пред да почне било што да работи задолжително го учел Чесниот Кур’ан.

Во Германија работел во службата за безбедност на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а..

Хузур а.т.б.а. коментираше дека постојано го прател како извонредно ја извршува својата должност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. на неговите деца да им овозможи да продолжат со доброто однесување и да ги спроведуваат во дело своите доблести.

Захида Парвеен сахиба

Захида Парвеен сахиба, сопруга на Гхулам Мустафа Аван сахиб, починала во Пакистан.

После неа останале еден син и четири ќерки.

Три нејзини зета служат како Вакф-е-Зиндаги. Поради тие обврски две нејзини ќерки биле надвор од земјата и не можеле да бидат со неа во последните моменти од нејзиниот живот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да и се смилува и да и прости,  и на нејзините деца да им овозможи да продолжат по вистинскиот пат.

Рана Абдул Вахеед сахиб

Рана Абдул Вахеед сахиб, од Лондон, починал на 26 јуни од срцев удар.  На Заедницата и служел во различни својства. Секогаш работел со голема жар и среќа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости и на неговото семејство да му пружи трпение спокој.

Ал-Хаај Мир Мухаммад Али сахиб

Ал-Хаај Мир Мухаммад Али сахиб бил бивш национален претседател на Ахмадија муслиманската заедница во Бангладеш. Бил и локален претседател на Дака. Поседувал многу доблести. Неизмерно го почитувал и сакал Халифатот.

После него останале два сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. на неговите деца да им овозможи да продолжат со доброто однесување и да ги спроведуваат во дело своите доблести.