In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Напредокот на исламот во времето на хазрети Омер р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Битката кај Рејј

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека една од битките кои се одвивале за времето на хазрети Омер р.а. е и битката кај Рејј. Жителите кои живеат на ова место се нарекувале Рази. Маулана Факхруддин Рази  бил по род од тоа место.

Поглаварот на Рејј побарал помош против муслиманите. Откако иранското засилување стигнало до Рејј, не можеле да се споредуваат бројките на војниците во двете војски. Сведочејќи за тоа, еден муслиман планирал тајно да влезе во градот а останатите муслимани да нападнат од нивните позиции и на тој начин да го освојат градот.

Во текот на ноќта Ну’аим бин Мукаррин го пратил својот роднина, Мундхир бин Амр, со неколку други коњаници да нападнат од зад грб. Борбата била жестока, и двете страни одлучно се бореле, но кога непријателите ги чуле борбените извици на муслиманите кои тајно влегле во градот, не можеле да се борат на два фронта.

Со таквата тактика муслиманите го освоиле Рејј. Тие им понудиле мир на жителите на Рејј под услов да се откажат од своите сплетки и да плаќаат џизија (данок).

Победите над Кумис и Јурјан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после победата кај Рејј се случиле битките кај Кумис и Јурјан, кои се одиграле во 22-та година после Хиџра.

Во тоа време, хазрети Омер р.а. на Ну’аим бин Мукаррин му напишал со својот брат Суваид да одат во Кумис на преговори. Луѓето од Кумис не се противеле и ги прифатиле условите во договорот за заштита.

После тоа, се насочиле кон Јурјн со истата цел. И таму жителите се согласиле да плаќаат џизија во замена за мир.

Победата над Азеребејџан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна битката и победата над Азербејџан, која се случила во 22-та година после Хиџра.

Хазрети Омер р.а. таму го пратил Утбах бин Фаркад и Букаир бин Абдуллах, упатувајќи ги да нападнат во исто време од спротивни страни. На патот кон Азербејџан Букаир и неговата војска се сретнала со Асфандајз бин Фарукхзада, братот на Рустам. Дошло до борба помеѓу нив при што муслиманите го поразиле непријателот.

После битката, откако бил заробен, Асфандајз бин Фарукхзада го прашал Букаир дали повеќе го сака мирот или војната, на што добил одговор дека повеќе го сака мирот. После тоа, предложил да остане во нивно заробеништво како претставник на народот на Азербејџан, што во спротивно неговиот народ би продолжил да се бори со муслиманите.

Додека Утбах бин Фаркад со својата војска напредувал од другата страна, го сретнал братот на Асфандајз бин Фарукхзада, Бараам, но тој побегнал зошто го вкусил поразот во битките.

Кога дознал за ова, Асфандајз бин Фарукхзада знаел дека веќе нема да има борби. Тие склопиле договор за мир и народот на Азербејџан ги прифатил условите.

Победата над Ерменија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека после победата над Азербејџан, Букаир бил пратен во Ерменија, а хазрети Омер р.а.  му пратил засилување од Сураках и го именувал за гувернер на оваа мисија.

Кога еден од баталјоните отишол пред војската на Букаир, се сретнал со Иранците кои му понудиле воена поддршка, а за возврат да им се вети дека нема да плаќаат џизија. Сураках се согласил со предложеното и на овој начин Ерменија била освоена без битка.

Кога веста за овој договор стигнала до хазрети Омер р.а. тој, не само што го прифатил сето тоа, туку го изразил своето задоволство и радост поради тоа.

После договорот со Ерменија, Сураках својата војска ја пратил во околните планински подрачја.

Победата на Букаир кај Мокан се обезбедија со склучување на договор за примирје помеѓу двете страни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи дека кај секој од овие договори секогаш постоела слобода на верата кај жителите, и никој не бил присилуван да стане муслиман, што го негира мислењето дека исламот се ширел со меч.

Победата над Хорасан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна битката и победата над Хорасан, која се случила во 22-та година после Хиџра. Откако Иранците биле поразени кај Јалулах, Јздегерд бил присилен да се преселува во други градови. Додека тоа го правел, со себе носел свет оган, бидејќи тие биле обожаватели на огнот. Населувајќи се близината на Хорасан, Јаздегерд почнал да ги наговара луѓето во Хорасан и другите против муслиманите, и на тој начин го прекршил мировниот договор со муслиманите. Гледајќи го тоа, и други населени региони собрале снага да се побунат и ги прекршиле договорите за мир.

Дознавајќи за ова, хазрети Омер р.а. на муслиманските војски им дозволил да нападнат и да ги запрат побуните.

Ахнаф бин Каис бил пратен со војска накај Хорасан. Тој, додека се движел кон Хорасан, со неговата војска однел победи во неколку региони. Како што Ахнаф бин Каис се приближувал кон земјите на Хорасан, Јаздегерд се преселил во Махеруз, град сместен во близина на голема река. Јаздегерд барал помош од сите страни, дури и од кинескиот цар.

Кога муслиманската војска кренала кон Махеруз, Јаздегерд својата војска ја водел кон Балкх.. Муслиманскиот командант Куфа се упатил директно во Балкх, и Јаздегерд ги дочекал со својата војска влегувајќи во крвава борба, но на крајот Иранците биле поразени. Остатокот од поразената војска Јаздергерд ја превел преку големата река и повторно побегнал.

Во текот на битката луѓето од Хорасан се засолнале во своите тврдини и после битката се согласиле на договор за мир.

Ахнаф бин Каис останал во Махеруз.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ги наведе зборовите на хазрети Али р.а., дека откако хазрети Омер р.а. ја добил веста за победата над Хорасан, изразил желба помеѓу нив да постои мир. Потоа кажал, и покрај што тоа била прилика за прослава, тамошните луѓе уште три пати го прекршувале договорот.

Додека Јаздергерд, после поразот од муслиманите, повторно барал воена помош од други, на неговиот повик за помош одговорил Хакан од Турција. Муслиманите, претходно, ја поразиле турската војска и Хакан се вратил. Откако ги слушнал вестите за муслиманската војска, кинескиот цар му одговорил на Јаздергерд велејќи му дека, дури ако муслиманите се свртат против планините и нив ќе ги уништат, а, ако се обиде да му помогне на Јаздергерд ќе го изгуби и сопствениот престол.

Кинескиот цар на Јаздергерд му предложил да склопи мир со муслиманите. Меѓутоа, Јаздергерд продолжил и понатаму да бега и да се крие од едно место на друго, сè додека не бил убиен од муслиманите во добата на хазрети Омер р.а..

Победата над Истакхар

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна битката и победата над Истакхар, голем град во Персија.

Муслиманската војска била пречекана од иранската војска во Јура, на пат за Истакхар. После постигната победа во битката, муслиманите продолжиле да се движат кон Истакхар за да го освојат. Во таа битка изгубени се многу животи и на двете завојувани страни, а многумина од војниците се разбегале.

На крајот, Хормуз, гувернерот на Истакхар, пристанал на спогодба за мир и платил џизија. Една петина од воениот плен била пратена кај хазрети Омер р.а..

Ако, било какво богатство било неоправдано земено, на муслиманите им било наредувано веднаш да го вратат, бидејќи тоа било против исламското учење.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека одредени муслимански земји и денес се против овој принцип. Тие се лишени од праведноста и продолжуваат да бидат нечесни во секоја смисла.

Победата над Фас и Дарабгерд

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. го пратил Саријах бин Зунаим во Фас и Дарабгерд, во 23-та година после Хиџра. Муслиманите, и во двата случаја, успеале да постигнат победи, а меѓу воениот плен имало и пехари со накит. Муслиманите пристанале, и овој пат, на хазрети Омер р.а. да му пратат подарок. Кога пратеникот од војската се вратил во Медина, во тоа време хазрети Омер р.а. хранел некои луѓе. Кога се приближил да разговара со хазрети Омер р.а. му било кажано да седне и да јаде со другите.

Додека хазрети Омер р.а. заминувал од местото, пратеникот станал и тргнал по него. Хазрети Омер р.а. помислил дека бара уште храна за да јаде, па го повикал во својата куќа за повторно да го храни. Тогаш пратеникот му ги пренел добрите вести за Саријах бин Зунаим. Меѓутоа, хазрети Омер р.а. одбил да го прифати делот од воениот плен, пехарот со накит, и му рекол да го врати на луѓето од каде што е земен.

Победата над Керман

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна победата над Керман, во 23-та година после Хиџра.

Оваа победа била донесена под водство на Сухаил бин Ади. Жителите на Керман се бореле против муслиманите, но сепак биле поразени. Нивните поглавари биле убиени, а Сухаил бин Ади ја пратил војската по оние кои побегнал од битката.

Победа над Сајистан

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна битката и победата на муслиманите над Сајистан, 23-та година после Хиџра.

Сајистан, во минатите времиња бил многу големо и моќно место.

Асим бин Амр заедно со Абдуллах бин Нумаир стигнале во Сајистан. Тие воделе битка во неговата близина, а жителите на Сајистан го напуштиле својот град. Муслиманите продолжиле да се борат и да ги освојуваат соседните места.

После сите случувања жителите на Сајистан пристанале на договор за мир со муслиманите.

Победата над Мокран

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. ја спомна битката и победата над Мокран, во 23-та година после Хиџра.

На чело на муслиманската војска бил Хаким бин Амр кој со поддршка на други војски остварил победа во оваа битка. Кога хазрети Омер р.а. ја примил добрата вест за победата прашал какви се условите во таа земја, по што дознал дека земјата не е плодна а загубите не би можеле да ја остварат својата цел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а. и да ги спомнува битките кои се одвивале за време на неговиот живот.

Отворање на турски радио канал

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа за новиот радио канал на турски јазик ој ќе работи 24 часа на ден и ќе може да се слуша ширум светот. Емиратот, различни програми ќе емитува во траење од 4 часа и ќе о повторува шест пати дневно.

Дел од програмата ќе се однесува на учењето на Чесниот Кур’ан со превод на турски јазик, пото ќе следуваат цитати од хадисите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., литература од Ветениот Месија а.с., турски превод на неделните хутби и следува емисија на прашања и одговори.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека повеќе од 20 земји ќе можат да го пратат ова радио и ќе имаат корист од него, како што се Азербејџан, Грузија и некои земји од бившите земји од Советскиот Сојуз, и на сите места каде има турски народ во целиот свет.

Уредот на Таблик во Германија имаше чест да го подготви овој канал, и се молиме дека со успех ќе работи овој радио канал, кој ќе биде отворен после џума намаз, денес.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече река ќе предводи џенази за неколку починати членови на Заедницата.

Хузур а.т.б.а. рече дека телото на Таалај Селам сè уште не е допратено од Велика Британија. Кога стигне во наредните денови ќе зборува за него и ќе му клања џеназа.

Мухаммед Ал-Мухара Каттах сахиб

Мухаммед Ал-Мухара Каттах сахиб, од Мароко, починал во 73-та година од животот.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој го примил Ахмадијатот во 2009 година и бил многу искрен Ахмади муслиман. Бил полиглота и познавал многу јазици, а посебно со задоволство ги читал книгите на Ветениот месија а.с.. Бил на чело на финансиските придонеси во Ахмадијатот. Потполно му бил лојален на Халифатот и редовно ги клањал своите намази. Цело време го читал Чесниот Кур’ан со голема љубов.

Мухаммед Ал-Мухара Каттах сахиб бил Муси.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да му подари милост и да му прости.

Махмоод Ахмад сахиб

Махмоод Ахмад сахиб починал неодамна, во 73-та година од животот во Кадијана.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Долго време служел во месџид Акса и месџид Мубарак во Кадијана.

После себе оставил сопруга, два сина и ќерка.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да му подари милост и да му прости и да овозможи неговите деца да останат цврсто поврзани со Заедницата.

Сауда сахиба

Сауда сахиба, жена на Абдур Рахман сахиб од Керала, починала на 22 јули 2021 година во 74-та година од животот.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Била мајка на Схамсуддин сахиб, мисионер во Кабабира. Била редовна во клањањето на намази и во постот. Редовно им помагала на оние кои ги имала околу себе.

После неа останале сопруг, четири сина и две ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Возвишениот Аллах да и подари милост, да и прости и да овозможи нејзините деца да останат цврсто поврзани со Заедницата.

Сједа Мајеед сагхиба

Сједа Мајеед сагхиба, жена на шеик Абдул Мајјед сахиб, од Фаилсалабада. Починала неодамна во 86-та година.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

И двата нејзини дедовци и баби по татко биле асхаби на Ветениот Месија а.с.. Долго и служела на Заедницата во разни уреди.

Таа, целиот свој накит, пред да почине, го дала во Џемаатот. Имала безгранична љубов кон Халифатот и тоа го всадила и кај нејзините деца. Таа била Мусија.

После неа останале сопруг, осум синови и многу внуци и правнуци.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да го воздигне нејзиниот статус и да им овозможи на децата да ги продолжат нејзините добри дела.