In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер р.а. II – Битката кај Јармук

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за деталите од животот на хазрети Омер р.а..

Битката кај Јармук

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека детално ќе зборува за битката кај Јармук.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат различни мислења кога точно се случила оваа битка, но според историски извештаи, јасно е дека се случила во времето на хазрети Омер р.а.. Римјаните претрпеле пораз од страна на муслиманите, поради што ги повикале своите сојузници како и тие што биле под нивна власт да формираат голема војска.

Хазрети Абу Убаид р.а. дознал за планот и интригите и ги охрабрувал муслиманите. Било предложено муслиманите своите редови да ги формираат надвор од градот, а тие кои веќе тргнале требало да се повикаат назад за да и помогнат на муслиманската војска. Муслиманите склопиле пакт со христијански племиња и им дозволиле да ја задржат земјата и своите имоти.

Хазрети Абу Убаид р.а. решил данокот кој го земале од нив на секој поединец да му се врати, бидејќи муслиманите морале да го прекинат  договорот со нив. Кога го слушнал тоа христијанскиот народ се израдувал.

Всушност, не само што хазрети Абу Убаид р.а. тоа го направил со жителите на Хомс туку предложил истото да се направи и за сите други освоени места. После тоа, хазрети Убаид р.а. отпатувал од Хомс за Дамаск и го известил хазрети Омер р.а. за тоа што се случило и побарал совет и од другите водачи на војската.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Убаид р.а. заминал во Јармук, кој се наоѓал покрај реката Јордан. Римјаните имале голема војска, што во срцата на некои муслимани предизвикувало страв. Кога хазрети Омер р.а. бил известен за тоа, разговарал со мухаџирите и ансариите кои се понудиле да помогнат. На крајот, било одлучено да се пратат уште војници да ги заменат оние кои веќе бие таму. Во исто време пратена е војска да им се придружи на муслиманите.

Римската војска имала броела околу 200.000 војници а нивните верски водачи биле на чело на нивните редови. Кога двете војски се соочиле лице в лице, верските водачи им го кревале моралот а напред истапиле и муслимани, и така започнала битката.

Подоцна во текот на битката, муслиманите се покажале како победници. Како денот се доближувал до крај, битката се одложила за следниот ден. Во текот на ноќта Римјаните испланирале на муслиманите да им понудат богатство а тие да го избегнат продолжувањето на битката. Еден Римјанин, по име Георге, следниот ден им пришол на муслиманите и ги замолил да именуваат претставник кој ќе преговара за условите за мир. Хазрети Абу Убаид р.а. за оваа задача го избрал хазрети Халид р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во меѓувреме еден од христијаните го видел Абу Убаид р.а. како клања во џамијата. После тоа, го прашал какво е исламското учење за Иса а.с.. Хазрети Абу Убаид р.а. одговорил учејќи ги ајетите од Чесниот Кур’ан во врска со Иса а.с. и тие силно му оставиле впечаток на овој христијанин. Потоа, тој прифатил дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е вистинит и го прифатил и исламот. Човекот не сакал да се врати во својот народ, меѓутоа, Абу Убаид р.а. рекол дека ако не се врати, Римјаните тоа ќе го сметаат за гест на непочитување на законот. Затоа, му кажал утре да се врати со пртставник кој бил именуван за муслиманите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека следниот ден Римјаните се обиделе да го поткупат муслиманскиот претставник со богатство и му зборувале за нивниот добар однос спрема Арапите во минатото. Потоа понудиле паричен надомест за муслиманите ако ја напуштат битката. Муслиманскиот претставник сфатил дека тоа го прават од причина што им било јасно дека ја губат битката. Тој им одговорил дека Римјаните кон Арапите се однесувале добро само од причина да ја рашират својата вера, а истите тие Арапи заедно со муслиманите се бореле против нив.

Понатаму, рекол дека, иако можеби Римјаните се богати, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на муслиманите им го дал најголемото богатство. Така го одредил условот за договорот за мир, да, ако Римјаните се согласат да дадат џизија (данок), битката ќе заврши а Римјаните ќе бидат поштедени. Сепак, тие одлучно ја одбиле идејата за плаќање на било кој вид данок и повторно започнале подготовки за нова битка. Муслиманите храбро се бореле и во текот на битката меѓусебно се охрабрувале. Иако муслиманската војска не броела повеќе од 30.000 – 35.000, вклучувајќи ги и жените кои храбро се бореле, Римјаните биле поразени.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. детално ги опиша примерите на храброст на муслиманите која ја покажале во текот на битката.

Храброста на муслиманите во текот на битката

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојат различни извештаи за тоа колкав бил број на Римјаните кои биле убиени. Бројката се врти отприлика дека 70.000 до 100.000 Римјани го изгубиле животот, додека на страна на муслиманите загубите изнесувале околу 3.000 војници.

Хазрети Омер р.а. нетрпеливо ја чекал веста за исходот на битката и не спиел. Кога слушнал дека муслиманите победиле, веднаш паднал на сеџда, и му се заблагодарил на Аллах џ.ш.. Хазрети Омер р.а. наредил да биде воведен данок на подрачјата кои муслиманите ги освоиле, како и заштита од нивна страна. Меѓутоа, бидејќи муслиманската војска водела уште една војна и не можела да биде присутна на тие подрачја износот примен од данок требало да се врати. Таков пример во историјата не се случил од страна на било кој владар.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе инцидент од оваа битка во врска со Икрима р.а.. По битката, тој и многу други кои се бореле пронајдени се тешко повредени. На Икрима р.а. му дале вода но тој рекол дека на човекот покрај него му е по потребна. Кога на тој му понудиле вода и тој кажал дека на човекот покрај него му е потребна и следниот исто реагирал. Тоа, така продолжило сè додека на последниот не му била дадена вода, но за жал тој починал како и останатите на кои им била понудена вода.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во идните хутби ќе продолжи да ги истакнува случките од животот на хазрети Омер р.а.