In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер р.а. II – Станува шехид во Медина

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Деталите за смртта на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека хазрети Омер р.а. бил нападнат во време на сабах намаз. Според некои хадиси, веднаш бил одведен дома и бил во несвесна состојба. Кога се освестил, прашал дали сите го клањале намазот. Потоа, рекол дека верата не е потполна ако човекот го напушти намазот, па земал абдест и клањал намаз.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. побарал да му кажат кој го нападнал. Му кажале дека виновникот е  Ебу Лу’лу, робот на Мугхрирах бин Ша’бах, и дека нападнал и други луѓе. Кога го уапсиле си го пресекол вратот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омар р.а. не бил убиен од лична омраза кон него, туку тоа било резултат на завера. Историчарите запишале дека тоа била испланирана завера за да се убие хазрети Омар р.а..

Познат персиски војник, Хормузан, очигледно станал муслиман и живеел во Медина, и тој бил еден од заверениците.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ебу Лу’лу бил и против хазрети Омер р.а. бидејќи муслиманите ја освоиле неговата земја. Тоа сигурно го поттикнало да го направи ова дело. Тој го наострил ножот и го намачкал со отров. Ножот го покажал на Хормузан и рекол дека кого и да нападне со тој нож секој ќе умре.

Се пренесува дека некој го видел тој нож во рацете на Хормузан и Ѓуфејн и кога ги прашале тие кажале дека со него сечеле месо.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе записи на историчарите кои заклучиле дека врз основа на преземените дисциплински мерки врз Хормузан и Ѓуфејн, како и според фактот дека ножот го виделе во нивните раце пред убиството на хазрети Омер р.а., покажуваат дека убиецот не делувал сам туку сето тоа била поголема завера која ја спровел Ебу Лу’лу.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постоела група луѓе кои тврделе дека се муслимани, но тајно му се противеле на исламот. Оваа група сметала дека со нападот на водачот на муслиманите ќе го поремети нивното единство и ќе го ослаби исламот. Меѓутоа, се случило дека некој го видел ножот пред хазрети Омер р.а. да биде убиен, а некои велат дека овие тројца ги виделе и порано како смислуваат завера. Така, работата подоцна станала јасна и против починителите биле преземени мерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека синот на хазрети Омер р.а. пренел дека неговиот татко бил нападнат покрај него.

Луѓето барале од хазрети Омер р.а. да по него именуваат Халифа. Одговорил дека постои личност подобра од него, т.е. хазрети Абу Бакр р.а. кој го именувал неговиот наследник. Меѓутоа, рекол дека постои и личност со повисок степен од него, т.е. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кој не го именувал својот наследник. Синот на хазрети Омер р.а. по неговите зборови знаел дека татко му нема да именува наследник.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека болката на хазрети Омер р.а. по нападот била неиздржлива. Хазрети Омер р.а. од другите добил уверување дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бил задоволен со него, како и хазрети Абу Бакр р.а. и асхабите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Омер р.а. рекол дека тоа е само поради Аллаховата милост. Тој рекол дека не се плаши за себе туку за муслиманите.

Всушност, не се плашел од смртта бидејќи самиот се молел да стане шехид.

Претварање на стравот во мир

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кој објаснил еден аспект на Божјото ветување во врска со Халифатот, а тоа е дека состојбата на стравот кај верниците ќе ја претвори во состојбата на мирот. Објаснил дека хазрети Омер р.а. се молел да биде убиен во Медина и дека оваа молитва била прифатена. Тогаш не може да се каже дека неговиот страв не се претворил во мир, бидејќи тој воопшто не се плашел од смртта.

Всушност, оваа дова е прифатена и на хазрети Омер му се исполнила желбата да стане шехид и тоа се случило без војска која би ја нападнала Медина, со што муслиманите биле сигурни. Наместо тоа, оваа завера тргнала од Медина и така била прифатена дова на хазрети Омар р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. и понатаму го цитираше хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кој рекол дека пред смртта пред хазрети Омер р.а. бил изнесен случај за некаков мал износ, а случајот се однесувал на неговиот убиец. Хазрети Омер р.а. тогаш донел праведна одлука, но одлуката била против Ебу Лу’лу. Ебу Лу’лу бил силно налутен поради тоа, и подоцна отишол да го убие хазрети Омер р.а..

Халифа-тул Месих II р.а. објаснил дека, иако одлуката се однесувала на мал износ, но бидејќи не била во негова корист, тој многу се налутил и го убил хазрети Омер р.а.. Некои луѓе бесот и непријателство толку многу ги обзема што и од мала причина прават зло.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжил да го цитира хазрети Халифа-тул Месих II р.а. кој од искуството на овој инцидент рекол дека во времето на намаз треба да се постават чувари поради заштита и сигурност на верниците.

Загриженоста на хазрети Омер р.а. поради отплата на долговите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред смртта хазрети Омер р.а. го прашал својот син за износот на неговиот долг. Тој долг не настанал поради лични потреби туку бил резултат на грижа за сиромашните и трошењето на нив. Хазрети Омер р.а. му кажал на синот да го врати долгот, и бргу по неговата смрт синот го вратил татковиот долг.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во идните хутби ќе продолжи да зборува за случките од времето на хазрети Омер р.а.