In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер р.а. II – Скромниот човек

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и делата на хазрети Омер р.а..

Усвојување на единствен начин на живот

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека еднаш ќерката на хазрети Омер р.а. го прашала, кога веќе му се дадени и победи и богатсвата, зошто не троши на поубава храна и подобра облека? Хазрети Омер р.а и одговорил прашувајќи ја:

„Зарем, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. не издржал големи тешкотии во текот на својот живот?“,

и понатаму рекол дека ќе продолжи да ги трпи тешкотиите на начин како што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и Абу Бакр р.а. го правеле тоа, за да ги добие истите благослови како и тие.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во една прилика децата на хазрети Омер р.а., и некои други луѓе, кажале оти ако јаде подобра храна, ќе биде посилен и по способен да ги исполнува своите должности. Хазрети Омер р.а. сепак им кажал дека, ако го напушти патот на оние пред него, т.е., на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и на Абу Бакр р.а., тогаш нема да може да го постигне нивното ниво.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Муслех Мауд р.а. кој објаснил дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. подучувал на едноставност и рекол дека никогаш не треба да се јаде повеќе од едно јадење.

Асхабите тоа непоколебливо го следеле и во една прилика, кога на хазрети Омер му биле понудени оцет и сол, тој рекол дека тоа се две одвоени јадења и дека ќе земе само едно.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, иако денес луѓето живеат поудобно, сепак не треба да претеруваат со храната.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. во светлината на Чесниот Кур’ан објасни дека вистински Божји робови се оние кои не претеруваат во трошењето на својот имот. Ако јадат, не го прават тоа само поради уживањето, туку за тоа да бидат сити и да се засилат.

Слично на тоа,  кога го трошат своето богатство за одредени работи, тие тоа не го прават за да им покажат на другите или за да се радуваат, туку тоа го прават од нужда.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш некој го видел хазрети Омер р.а. како носи вода и го прашал зошто самиот тој ја носи? Хазрети Омер р.а. одговорил дека некои луѓе дошле да го видат и дека му покажале најголема послушност. Тоа го навело да се чувствува важен, и, за да се ослободи од тоа чувство и да се понижи, решил самиот да ја донесе водата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во една прилика, на враќање во Медина, караванот го прател хазрети Омер р.а.. На патот, хазрети Омер р.а. се присетил како татко му бил многу строг, и тој морал многу да работи, носел дрва на грбот како и грмушки по грбовите на камилите. Тој рекол дека сега тој е водач на умметот, и луѓето ѝ од далечина доаѓаат да го видат.

Потоа, рецитирал стих кој значел дека, без оглед на тоа што и да има,  само Аллах џ.ш. е Семоќен и Вечен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. имале различни ставови и несогласување за некоја работа. Хазрети Абу Бакр р.а. заминал а хазрети Омер р.а. се исплашил дека тој, во врска со проблемот, ќе му се пожали на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. И хазрети Омер р.а. отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. но хазрети Абу Бакр р.а. не бил таму.

Бидејќи веќе се чувствувал лошо поради сè што се случило хазрети Омер р.а. само го известил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. за инцидентот и сета вина ја преземал на себе.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил известен дека хазрети Омер р.а. е кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. па и тој заминал натаму и кога видел дека Чесниот Пратеник с.а.в.с. бил незадоволен со овој инцидент, седнал пред Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и сета вина ја преземал врз себе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека нивното преземање на вина означува вистинска љубов кон саканиот.

Стравопочит спрема хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш едни жени од редот на Курејшиите седеле покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и му барале пари. Во тоа време хазрети Омер р.а. дошол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и побарал дозвола да влезе. Жените веднаш се повлекле зад покривката. Кога го видел ова, на благословеното лице на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се појавила насмевка. Хазрети Омер р.а. го прашал зошто се насмевнува а Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека жените толку многу се исплашиле од хазрети Омер р.а. што веднаш се повлекле зад покривката.

Хазрети Омер р.а. ги прашал зошто се плашат од него наместо од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Жените кажале дека хазрети Омер р.а. бил прилично строг. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека дури и шејтанот се плаши од хазрети Омер р.а. и кога ќе го видел хазрети Омер р.а. шејтанот поминувал на другата страна од патот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кажал оти Аллах џ.ш. во срцето и јазикот на хазрети Омер р.а. ја ставил вистината.

Еднаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се подготвувал за патување и го повикал хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а. за да ги праша за мислење, бидејќи постоело племе кое го прекршило договорот со муслиманите, и за што Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. знаел од порано. Хазрети Абу Бакр р.а. сметал дека не треба да ги нападнат, а за разлика од него хазрети Омер р.а. сметал дека поради прекршувањето на договорот сепак треба да ги нападнат. Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. наредил да се подготват за патување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. излегувал да им се обрати на муслиманите никој директно не гледал во него, освен хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а.. Тие му се насмевнувале на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. а тој исто така им возвраќал со насмевка.

Довербата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. им кажал на луѓето дека човекот кој доаѓа ќе биде во Џеннетот, и во тоа време стасал хазрети Абу Бакр р.а.. Потоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека се доближува џеннетска личност, и во тоа време стасал хазрети Омер р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., исто така, кажал дека секој пратеник има по двајца помошници и на небесата и на земјата. Неговите двајца помошници на небесата биле Џибраил и Микаил, а на земјата биле хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. кажал дека не знае колку долго ќе остане на оваа земја, но по него луѓето треба да ги следат хазрети Абу Бакр р.а. и хазрети Омер р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во идните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а…

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рекол дека ќе клања џенази во отсуство на неколку членови на Џемаатот.

Камран Ахмад шехид сахиб

Камран Ахмад шехид сахиб од Пешавар, кого противниците го убиле во неговата канцеларија на 9-ти ноември.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Тој бил погоден со четири куршуми и починал на лице место, а напаѓачот избегал. Тој се соочил со многу противења бидејќи бил Ахмад и морал да се исели од две продавници кои ги купил, бидејќи противниците го вознемирувале.

Поседувал многу големи квалитети.

Еднаш, доцна стасал дома, а на прашањето зошто доцни рекол дека на еден од противниците кој бил многу цврст, во опозиција на членот на семејството му била потребан крв. Луѓето не биле богати па тој им ја дал својата крв за да помогне.

Бил многу редовен во давањето на парични прилози. Неколку дена пред смртта сонувал сон во кој Четвртиот Халифа р.х. дошол во неговата куќа и му кажал дека ќе останат заедно.

Зад него останале родителите, сопругата и три деца.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше неговото семејство да го усвои сабу и да ја поднесе оваа загуба. Тој се молеше Аллах џ.ш. да му прости и да му се смилува.

Др. Мирза Нубаир Ахмад сахиб и Аиша Амбер Сајед сахиба

Др. Мирза Нубаир Ахмад сахиб и Аиша Амбер Сајед сахиба, и двајцата починале во несреќа во Милвоки, САД.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Др. Мирза Нубаир Ахмад сахиб бил Муси и служел како локален Каид Меџлис. Најголемата донација ја дал за купување на недвижност за новата џамија.

Зад него останале родителите, сестра и два брата.

Аиша Амбер Сјед сахиба била сестра на мисионерот Сајед Ибрахем сахиб во Јапонија. И таа, во иста несреќа починала два дена по својот сопруг. Била активен член на МТА Интернешнал (МТА International) и преведувал хутби на јапонски јазик.

Зад неа останале родителите, три брата и три сестри.

На својот брат му помагала во работата во Џемаатот и била исклучителен преведувач. Имала дневник во кој пишувала за две работи, за својот световен живот и за својот духовен живот. На пријателите им ја пропагирала пораката на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. и на двата да им прости,  да им подари милост и да го воздигне нивниот статус.

Чаудхарј Насеер Ахмад сахиб

Чаудхарј Насеер Ахмад сахиб од Карача.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Кога починал го предводел намазот и бил на сеџда.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Ветениот Месија а.с. изјавил оти умирањето во текот на намазот е многу чесна смрт.

Во различни функции и служел на Заедницата.

Зад него останала сопругата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му прости и да биде милостив кон него.

Сардаран Биби сахиба

Сардаран Биби сахиба од Рабва.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Нејзиното семејство му припаѓа на Шија муслиманите и не го прифатиле Ахмадијатот, но таа со сопругот го прифатила. Наспроти противењето на нејзиното семејство таа им кажала дека, откако го прифатила Ахмадијатот, станала подобра муслиманка.

Дури и по 14 години нејзиното семејство не ја прифаќало. Таа ги сакала Заедницата и Халифатот и поседувала многу големи квалитети. Зад неа останале три сина и четири ќерки. Еден од нејзините синови пет години служел како лекар во Сиера Леоне, а другиот син служи како мисионер во Камерун.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше за нејзиното семејство и се молеше Аллах џ.ш. да ја подигне положбата на сите починати.