In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Животот на хазрети Омер ибн Хаттаб р.а. II – Парабола за највисоките човечки доблести

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека била огромна разликата во карактерот на асхабите пред и после прифаќањето на исламот.

Револуционерна промена на асхабите после прифаќањето на исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) го цитираше хазрети Муслех Мауд р.а., кој рекол дека овие луѓе биле жестоки противници на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хузур а.т.б.а. насочи еден пример, за случајот кога еден ден хазрети Омер р.а. се упатил со умисла да го убие Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Додека се приближувал кон целта бил известен дека неговата сестра и нејзиниот маж го прифатиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. После таа информација хазрети Омер р.а. го сменил правецот и се упатил кон куќата на неговата сестра. Кога стигнал таму слушнал дека домаќините учат ајети од Чесниот Кур’ан. Кога завршиле со читањето тој се соочил со својата сестра и нејзиниот маж.

После одредена комуникација хазрети Омер р.а. ги замолил да ги слушне повторно истите ајети кои претходно ги учеле, после што се расплакал.

После тоа заминал кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и наместо да го нападне, како што претходно планирал, тој му се заколнал на верност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. продолжи да го цитира хазрети Муслех Мауд р.а., и нагласи за тоа какви биле асхабите пред прифаќањето на исламот.

После прифаќањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) тие поминале низ духовна револуција, не само за себе, и тие станале средство за други да доживеат иста духовна револуција.

Ако некој навистина има желба за нешто слично, тогаш и денес може да помине низ иста духовна револуција.

Стравот на хазрети Омер р.а. од Бог

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. навистина се плашел од Бог.

Еднаш некој го слушнал како самиот на себе си зборувал:

„Ти си водач на верниците, мора да се плашиш од Бог.“

Еднаш, во друга прилика, некој го слушнал хазрети Омер р.а. како учел во текот на една молитва:

„Јас само на Аллах му се жалам за својата тага и проблеми.“

(12:87)

Ова го слушнала личност која се наоѓала во последниот саф на џамијата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. оддал почест на членовите на семејствата кои се жртвувале за исламот.

Еднаш, една жена отишла кај хазрети Омер р.а. и му кажала дека нејзиниот маж умрел, оставајќи после себе мали деца. Починатиот сопруг не оставил ништо материјално после себе освен своето име, и таа се плашела дека нејзините деца ќе умрат од глад.

Таа му кажала на хазрети Омер р.а. дека нејзиниот татко се борел заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на битката кај Худејбија. Кога тоа го слушнал, хазрети Омер р.а. и дал голем износ во храна и друга помош и рекол дека Аллах џ.ш. ќе и даде повеќе, пред да ја истроши дадената помош.

Грижа за постарите лица

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. обрнувал голем внимание и на постарите лица.

Во една прилика, некој го видел хазрети Омер р.а. како влегува во една куќа во текот на ноќта. Кога тој заминал, после него лицето влегло во истата куќа и во собата затекол слепа старица. Тој ја прашал старицата зошто хазрети Омер р.а. бил во нејзината куќа, а таа му одговорила дека тој веќе подолго време и помагал во разни ситуации и за различни работи.

Грижа за потребите на луѓето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. имал длабоко чувство и грижа за луѓето.

Тој наведе еден пример, кога една вечер слушнал како едно мало дете плаче и се прашал која е причината за тоа. Соседи на детето му кажале дека детето нема никаква храна бидејќи за доенчињата не била предвидена никаква помош или било какви месечни додатоци. Во истиот момент хазрети Омер р.а., кон кој и најголемите водачи имале стравопочит, веднаш се потрудил детето на бедуинската жена да се нахрани за да може мирно да спие.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа за еден настан кога хазрети Омер р.а. минувал покрај една куќа и застанал да се одмори покрај неа. Додека бил таму слушнал како една мајка на својата ќерка и говори дека треба да помеша малку вода со млекото за да има повеќе храна. Ќерката, на својата мајка и одговорила дека хазрети Омер р.а. наредил да не се меша вода со млекото. Нејзината мајка и рекла дека хазрети Омер р.а. во тој момент не бил присутен и дека тоа нема да преставува проблем. Меѓутоа, нејзината ќерка рекла дека не е во ред да се биде послушен само во присуство на хазрети Омер р.а., а да се биде непослушен во негово отсуство.

Следниот ден, хазрети Омер р.а. на таа иста девојка од претходниот ден и пратил луѓе да ја запросат за неговиот син.

На сличен начин хазрети Омер р.а. се однесувал кога договарал за брачни парови.

Трудољубивост во обезбедување на праведни во трговијата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. обезбедувал цените на производите да бидат балансирани, ниту превисоки ниту прениски, како што се работи денес.

Во една прилика видел како еден трговец продавал грозје по многу ниска цена, по која другите трговци не можеле да го продаваат својот производ.

После тоа, хазрети Омер р.а. наредил трговецот да ја зголеми својата цена на грозјето на разумно ниво.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. се грижел и се плашел за животите на луѓето во време на избивањето на една епидемија. Постоела една долина по име Амвас, од каде што почнала епидемијата и се проширила на Сирија, предизвикувајќи голем број на жртви. Според некои епидемијата предизвикала 25.000 смртни случаи.

Во тој период на епидемија хазрети Омер р.а. тргнал за Сирија, и по пат бил запознаен за избивањето на заразата, после што се вратил во Медина.

По враќањето во Медина ги повикал соработници (мухаџири) на консултации. Во текот на разговорите мислењата биле различни, едни говореле дека треба да не се плашат и да продолжат напред, а други биле со мислење дека треба да се вратат.

Хазрети Омер р.а. се обратил и на жителите на Медина (енсариите), на старешините Курејшии, и на крајот одлучил да се вратат.

Некој, во тоа време, го прашал хазрети Омер р.а. дали е можно да се побегне од Божјата одредба. Хазрети Омер р.а. му рекол дека се свртиле од една Божја одредба кон друга Божја одредба.

Оваа одлука е потврдена со изјавата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) дека ако избие епидемија луѓето не треба да одат во тоа подрачје, а оние кои веќе престојуваат во заразено подрачје не треба да го напуштаат тоа подрачје.

Од тие причини хазрети Омер р.а. се вратил назад, но војниците кои веќе престојувале во заразените подрачја добиле инструкции да не се враќаат и да останат таму.

Хазрети Омер р.а. бил многу загрижен за хазрети Ебу Убаид р.а. бидејќи се наоѓал во заразеното подрачје. Од љубов кон него хазрети Омер р.а. го повикал да се врати, но хазрети Ебу Убаид р.а. ја сфатил неговата намера. Тој му одговорил на хазрети Омер р.а. дека ја разбира неговата загриженост и неговите чувства,  но дека сепак е еден од војниците и дека е најдобро да остане таму заедно со останатите војници.

Хазрети Омер р.а. бил растажен поради таквата одлука на хазрети Ебу Убаид р.а., но сепак му наредил да ја собере војската и да ја одведе во изолиран планински предел. Хазрети Ебу Убаид р.а. се подготвувал за таквата акција, но во меѓувреме се разболел и починал.

Прифаќање на дови на хазрети Омер р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. го искусил прифаќањето на неговите дови.

Во една прилика, во време на голема суша, хазрети Омер р.а. излегол да се моли да заврне дожд. Додека се молел, навистина, заврнал дожд и луѓето биле пресреќно поради тоа.

Сепренесу и дека после освојувањето на Египет хазрети Амр бин ал_Аас р.а. бил известен дека Египќаните имале традиција да го одржуваат текот на реката Нил. Традицијата била во тоа да се побара млада девојка, да се облече во убави алишта и да се украси со накит, а потоа да се фрли во реката.

Хазрети Амр бин ал-Аас р.а. рекол дека таквата традиција веќе нема да ја продолжи во исламот. Хазрети Омер р.а. бил известен за таквата ситуација и одлука и рекол дека размислувањето и одлуката се праведни и исправни.

Хазрето Омер р.а. на хазрети Амр бин ал-Аас р.а. му испратил напишана порака со следната содржина:

“Кажи и на реката Нил, дека, ако таа тече саба од себе тогаш треба да остане мирна, но, ако тече според Божја одредба тогаш нека му се моли на Бог да направи реката да тече.“

Овој лист, на кое била напишана пораката, требало да се фрли во реката Нил. Откако било сторено така, било забележано дека бргу после тоа нивото на водата во реката Нил значајно се зголемило.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Каисар имал силна главоболка, и покрај исцрпните напори да се излечи таа болка не престанувала. Му било предложено да побара помош и дови од хазрети Омер р.а.. После тоа, Каисар пратил гласник кај хазрети Омер  р.а.. Хазрети Омер р.а. занел дека Каисар е горда личност и не би му излегол во пресрет да не бил таква неволја.

Хазрети Омер р.а. помислил да му прати на Каисар некоја работа која била благословена, но покрај лекувањето да ја разбие ароганцијата на Каисар. Хазрети Омер р.а. му пратил една стара капа. Кога видел што му пратил хазрети Омер р.а., Каисар одбил да ја носи капата, но покасно неговата болка толку се зголемила што повеќе немал никаков друг избор освен да ја носи таа капа, што по извесно време болката престанала.

Таа болка, подоцна, неколку пати му се враќала на Каисар и тој бил принуден да ја носи таа стара излитена и искината капа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. се грижел за ќесат на џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem).

Еднаш, во една прилика, двајца луѓе гласно зборувале во џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Омер р.а. го забележал тоа и побарал да ги доведат луѓето кај него. Дознал дека се од Таиф, и им рекол дека ќе ги казнел ако биле од Медина поради нивното гласно зборување во џамијата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Слично на тоа, хазрети Омер р.а. не почнувал намаз сè додека не проверил и не се уверил дека сите сафови се рамни.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина, во наредните хутби, ќе продолжи да зборува за настани од живото на хазрети Омер р.а..