In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Хазрети Омер ибн Хаттаб р.а. II – учеството во битките

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а., односно, за борбите и експедициите во кои тој учествувал.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. учествуал во сите битки со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во времето на битката на Бедр, муслиманите имале на секој трет човек само по една камила. Хазрети Омер р.а. камилата ја делел со хазрети Абу Бакр р.а. и со хазрети Абдур Рахман бин Ауф р.а..

Учеството на хазрети Омер р.а. во битката на Бедр

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека целта за поаѓањето на Бедр било пресретнување на караванот на Абу Суфијан, кој се враќал од Сирија.

Тогаш, муслиманите дознале дека Курејшиите пратиле војска да го заштити караванот. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се советувал со асхабите р.а. кои предложиле избегнување на судирот со војска, и одење само кон караванот. Асхабите му кажале на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека, сепак, во секој случај ќе останат со него.

Недоразбирањето во врска со заробениците

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, по доведувањето на заробениците од битката на Бедр, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. се советувал со хазрети Абу Бакр р.а. и со хазрети Омер р.а. што да се направи со нив. Хазрети Абу Бакр р.а. предложил да ги пуштат, или да земат откуп. Хазрети Омер р.а. предложил заробениците да се убијат. Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го прифатил предлогот на хазрети Абу Бакр р.а.. Следниот ден еден од асхабите видел како Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. плаче. На прашањето што е причина за тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека му било објавено:

„На ниту еден пратеник не му е дозволено да има заробеници, освен ако во земјата има крвава војна. Вие го посакувате доброто на овој свет, додека Аллах (за вас) го посакува другиот свет. А Аллах е моќен (и) мудар.“

(Чесниот Кур’ан 8:68)

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека овој хадис е од Сахих Муслим. Разни историчари сметаат дека ова значи како Бог повеќе ја сакал опцијата на хазрети Омер р.а.. Меѓутоа, ова не е јасно од хадисите и од наведениот ајет. Всушност, историчарите овој ајет погрешно го разбрале.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. наведе дека вториот Халифа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. го објаснил ајетот и го решил ова недоразбирање.

Муслиманските зналци и коментатори велат дека со објавувањето на овој ајет Аллах џ.ш. го изразил незадоволството од одлуката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да земе откуп и да ги ослободи заробениците.

Вториот Халифа објаснува дека тоа е потполно неточно бидејќи, во тој момент не постоела наредба која забранувала откуп во замена за слобода на заробениците.

Второ, пред овој инцидент, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пуштил двајца заробеници во Нахли откако земал откуп за нив.

Трето, само во два ајета, подоцна, Аллах џ.ш. му заповеда на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да потроши од војниот плен.

Тогаш, вистинското разбирање на овој ајет è дека е даден општ принцип кои гласи дека заробениците можат да се земат во времето на војна. Истото објаснување е потврдено во ставовите на имамот Рази и Алламах Схибли Ну’мани, кои спаѓаат во двајца истакнати коментатори на Чесниот Кур’ан.

Бракот со хазрети Хафиса р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќерката на хазрети Омер р.а., Хафса р.а., била мажена за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Пред тоа била мажена за асхаб кој бил убиен во битката на Бедр. Хазрети Омер р.а. му се обратил на хазрети Осман р.а. во врска со мажењето на неговата ќерка, но хазрети Осман р.а. ја избегнал темата. Потоа, хазрети Омер р.а. отишол кај хазрети Абу Бакр р.а. кој, исто така, не му одговорил. Подоцна Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. пратил предлог за просењето на хазрети Хафиса р.а. и му било одговорено на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. бидејќи тој самиот планирал да ја ожени хазрети Хафиса р.а., но во тоа време,не можел да ги открие тие планови и морал да молчи.

Настанот во текот на битката на Ухуд

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во текот на битката на Ухуд, при нападот на Халид бин Валид муслиманите ги фатила паника. Во тоа време Мус’аб бин Умаир р.а. станал шехид, кој го носел знамето на исламот. По неговата смрт, Курејшиите помислиле дека го убиле Чесниот Пратеник  Мухаммед с.а.в.с. и гласно го зборувале тоа. Муслиманите ги фатил бран на голема тага.

Во тоа време постоели три групи на луѓе; првата група, по добивањето на веста, била толку обземена со тага што веднаш го напуштила боиштето; втората група не го напуштила боиштето, но поради голема тага го положила оружјето и поминала на една страна на бојното поле; третата група продолжила со борба.

Хазрети Омер р.а. бил од втората група. Хазрети Анас р.а. поминал покрај оваа група и ги прашал што се случило. Тие кажале дека борбата веќе нема смисла бидејќи Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. веќе не е со нив. Тој им кажал дека ова е време за борба за да и нивната судбина биде како и судбината на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека претходно се случил напад на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но хазрети Омер предводил мала група на муслимани која го одбила нападот и го поразила непријателот. Потоа, Курејшиите зборувале дека го убиле Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. сè додека хазрети Омер р.а. не прогласил дека, всушност, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. е жив и здрав. Тогаш Курејшиите почнале да ги фалат своите идоли, а Чесниот Пратнеик Мухаммед с.а.в.с. на муслиманите им рекол, како одговор на нивните пофалби да извикуваат слава и пофалби на Аллах џ.ш..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., по битката на Ухуд, се вратил во Медина, лицемерите почнале да го исмејуваат. Хазрети Омер р.а. побарал дозвола да ги убие, меѓутоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ги прашал, зарем тие не ја учат калима? Хазрети Омер р.а. одговорил дека ја изговараат, но само поради стравот од мечот. Тогаш, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека му е забрането да го бие оној кој ќе ја изговори келима.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во иднина ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Омер р.а..

Апел за молитвите за Палестина и за Ахмади муслиманите ширум светот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да продолжиме со молитвите за Палестинците.

Иако крвопролевањето престанало, историјата ни зборува дека по некое време, на овој или оној начин, непријателот повторно ќе биде суров со Палестинците.

Тој се молеше Аллах џ.ш. да им се смилува, и на Палестина да и подари вистинска слобода. Исто така, да и подари водачи, мудри и решителни во спроведувањето на тоа што го зборуваат за да луѓето ги остварат своите права.

Хузур а.т.б.а. рече дека треба да се молиме за Ахмади муслиманите, ширум светот, кои се соочуваат со неправда и суровост.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џенази во отсуство за неколку припадници на Џемаатот.

Куреши Мухаммад Фазлуллах сахиб

Куреши Мухаммад Фазлуллах сахиб починал на 27 април. Служел како Наиб назри Иша’ат во Кадијана. Бил професор во Ахмадија Џамија во Кадијана, повеќе од 23 години. Зад него останале сопруга, син и три ќерки. Неговите ученици напишале дека бил многу љубезен учител. Многу мисионери во Индија биле негови ученици.

Исто така, служел како уредник во Ал-Бадр и Мишкат. Бил многу педантен во својата работа и ги лекторирал записите на Ветениот Месија а.с., кои повторно биле објавувани.

Исто така, имал улога во развој на софтверот за новиот фонт на Чесниот Кур’ан, кој Џемаатот го објавил под името Khatt-e-Manzoor. Работел на објавувањето на Чесниот Кур’ан во овој фонт, заедно со ангиски преведувач.

Хузур а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му се смилува и да му прости.

Сајед Башир-уд-Дин Ахмад

Сајед Башир-уд-Дин Ахмад, исто така, бил мисионер од Кадијана. Бил многу едноставен, скромен и редовен во молитвите. Зад него останале три сина.

Башарат Ахмад Хаидер го дал животот во служба на Џемаатот во Кадијана. На Заедницата и служел во различни својства. Бил личност со високи морални стандарди и живеел едноставен живот.

Др. Мухаммад Али Кхан

Др. Мухаммад Али Кхан бил претседател на заедницата во Пешевар. Ахмадијатот го прифатил додека студирал FSc. Откако го прифатил Ахмадијатот имал притисоци на факултетот, со закана дека ќе го убијат ако не се одрекне од Ахмадијатот. Бил одведен во градот, исфрлен од колеџот и дома заминал бос. По доаѓањето дома, неговиот татко рекол дека го срами семејството и дека треба да се одрекне од Ахмадијатот. Тој на таткото му кажал дека единствен начин да се одрекне од Ахмадијатот ако тој го отруе.

Кога таткото му починал, отишол да присуствува на џеназа но не ја клањал. Луѓето зборувале дека е нечесен, и покрај тоа го проколнувале Ветениот Месија а.с., но нему сепак по драга му била честа на Ветениот Месија а.с..

Четвртиот Халифа го именувал за претседател на заедницата во Пешавар. Исто така, бил член на одборот на директорите Вакф-е-Џадид.

Зад него останале сопруга, син и три ќерки.

Силно го сакал Халифатот. Имал длабока љубов спрема Ветениот Месија а.с. и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и бил цврст во својата вера и единството на Бог.

Мухаммад Рафи Кхан

Мухаммад Рафи Кхан од Рабва починал на 30 март. Бил редовен во намазите и бил многу страсен во својата вера. Бил многу чесна личност. Дури и за време на последната болест, кога имал проблеми со дишењето, наглас го учел Чесниот Кур’ан. Тајно им помагал на сиромашните.

Зад него останале сопруга, два сина и четири ќерки.

Ајјаз Јунус

Ајјаз Јунус, од Аустралија, починал на 24 март. Тој се удавил. Секогаш бил подготвен да служи во било кое својство. Бил млад и неоженет.

Миан Тахир Ахмад

Миан Тахир Ахмад во Заедницата служел во разни својства. Редовно ги клањал нафилте.

Зад него останале сопруга, две ќерки и три сина.

Рафик Афтаб

Рафик Афтаб, од Велика Британија, починал во април. Поседувал многу добри особини. Бил многу искрен и своите деца ги советувал да останат врзани за Халифатот.

Зарина Акхтар

Зарина Акхтар починала во април. Била многу побожна, дури и додека живеела во Гана. Еден од нејзините синови е вакф и служи во МТА.

Хафиз Мухаммад Акрам

Хафиз Мухаммад Акрам починал овој месец. Еден од неговите внуци служи во канцеларијата на приватниот секретар, многу и служел на Заедницата. Редовно го клањал тахаџуд намаз.

Чаудхару Ноор Ахмад Насир

Чаудхару Ноор Ахмад Насир починал пред неколку дена. Двјаца негови синови се вакф и служат во Африка. И двајцата не можеле да присуствуваат на неговата џеназа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Алалх џ.ш. да им подари трпение на сите семејства, со починатите да постапува со милост и прошка и да го крене нивната положба на Ахирет.