In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Институцијата на Халифатот меѓу Ахмади муслиманите

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) ги проучи следните ајети од Чесниот Кур’ан:

 „Аллах цврсто им ветил на оние од вас кои веруваат и прават добри дела дека Он сигурно ќе ги одреди за халифи (наследници) на Земјата, како што ги одредил за халифи оние пред нив; дека Он ќе им ја зацврсти нивната вера која Он ја одбрал за нив; и дека Он по стравот нивни во замена ќе им даде сигурност; тие Мене ќе ме обожаваат (и) и никој Мене нема да ми придружуваат. А оној кој ќе биде неблагодарен по тоа, па тоа се оние кои се непослушни. И извршувајте намаз, и давајте зекат, и покорувајте му се на Пратеникот, за ди ви биде покажана милост.“

(24:56-57)

Што значи Денот на Халифатот?

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека вчера бил 27-ми мај кој во Заедницата е познат како ’ден на Халифатот‘. На денешниот ден се одржуваат програми за да можеме да го сфатиме значењето на Халифатот и да го разбереме овој благослов за да продолжиме да ги примаме неговите благослови. Среќни сме што сме го прифатиле Ветениот Месија а.с. и со тоа сме го прифатиле Халифатот, кој ни овозможува да продолжиме да го следиме учењето на Ветениот Месија а.с. и понатаму да го шириме во светот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секој Ахмади муслиман, кој е поврзан са Халифатот, има одговорност која мора да ја исполни.

Во наведените ајети Аллах џ.ш. ветил мир и сигурност, под услов човекот да има цврста вера, да прави добри дела, да ги извршува намазите и на Аллах џ.ш. да не му припишува партнер. За да се постигне тоа неопходно е обожавањето на Аллах џ.ш. и неопходна е молитвата. Треба да се клања намаз, да се моли на Аллаховиот пат и да се следи учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога ќе ги исполниме сите тие работи и ќе ја исполниме својата заклетва за давање на предност на својата вера пред световните работи, тогаш ќе ги примиме оние благодати и благослови кои Аллах џ.ш. ни ги ветил и ќе имаме вистинска корист од Халифатот.

Значи, ова Аллахово ветување не само да е средство за голема радост туку, исто така и не загрижува, бидејќи мора да ги анализираме и да согледаме дали ги исполнуваме условите кои Аллах џ.ш. ни ги наредил. Не е доволно само да се запознаеме со историјата на Халифатот, туку мора да размислиме дали навистина сме богобојазливи, праведни спрема своите намази и дали го следиме учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Мора да размислиме дали нашите дела се чесни и добри направени поради Аллах џ.ш., или поради покажување пред другите.

Постигнувањето на благословите од Аллаховото ветување

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, дури кога секое наше дело биде направено поради Аллах џ.ш., само тогаш ќе можеме да ги постигнеме благословите кои Аллах џ.ш. ни ги дал. Тоа е вистинското значење на ’правење на добри дела‘, онака како што Аллах џ.ш. наредил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој во Чесниот Кур’ан рекол дека, таму кај што Аллах џ.ш. го спомнува верувањето, Он исто така ги спомнува добрите дела. Вистински верник е оној кој прави добри дела, избегнувајќи ги нештата кои штетат на тие добри дела, како што е правење добро само заради покажување пред другите.

Понатаму, не само дека треба да ги избегнуваме нештата кои ги поништуваат добрите дела, туку, не смееме ниту да помислуваме на нив. Тогаш, човекот станува вистински верник. Затоа, покрај верувањето, услов е и правењето на добри дела.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека правењето на добри дела не значи правење нешто што ние во умот го сметаме за добро. Наместо тоа, треба да го следиме примерот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и во делата и во духот, без трошка на гордост и арогантност.

Таквите луѓе, навистина, имаат искрена врска со Халифатот и ја поддржуваат неговата чест. Правејќи суштински добри дела, луѓето ќе го свртат вниманието на Халифата и на неговите молитви за нив. Таквите луѓе ќе имаат вситинска врска со Халифатот, и тоа ќе бидат оние кои го постигнуваа вистинскиот мир и сигурност онака како што Аллах џ.ш. им ветил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во светот постојат такви кои се обидуваат да завземат статус сличен на Халифатот, но тие, како и секогаш, сигурно ќе пропаднат, бидејќи тоа е нешто што само Семоќниот Аллах го подарил и овој Халифат за секогаш ќе опстане.

Секој Ахмади муслиман би требало да му биде благодарен на Аллах џ.ш. бидејќи ни ја дал благодатта на Халифатот. Во исто време, секој Ахмади муслиман мора да размислува за исполнување на условите кои Аллах џ.ш. ни ги спомнал. Кога некој непрестано живее со оваа мисла и при тоа прави добри дела, согласно со тоа што се моли за Халифатот, тогаш, навистина ќе ги постигне благословите на Халифатот.

Исполнување на втората манифестација

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече во книгата ’Завештание‘ Ветениот Месија а.с. детално го опишал воспоставувањето на Халифатот. Ветениот Месија а.с. рекол дека Аллах џ.ш. секогаш им дава помош на неговите пратеници дури и по нивната смрт, за да нивната мисија може да продолжи и да заврши.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога Ветениот Месија а.с. починал, противниците на Заедницата се израдувале и зборувале грди работи во врска со него. Тие кажале дека сега, по неговата смрт, оваа Заедница ќе се распадне. Противниците зборувале дека, без Ветениот Месија а.с., Заедницата сигурно нема да делува и ќе ја снема без водачот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тие противници се слепи за фактот дека Аллах џ.ш. овозможил да и по смртта на Ветениот Месија а.с. мисијата ќе продолжи и ќе заврши. Ветениот Месија а.с. на својата Заедница и пренел дека ќе ја видат втората манифестација и самата Заедница ќе продолжи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол дека Аллаховата заедница може да види две манифестации, првата е манифестација на самиот пратеник а втората доаѓа кога пратеникот ќе почине и заедницата запаѓа во големи тешкотии. Во тоа време доаѓа втората манифестација, онака како што се случило по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., кога Семоќниот Аллах ја воспоставил втората манифестација и хазрети Абу Бакр р.а. го поставил за Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше Ветениот Месија а.с. кој рекол:

„Затоа, не тагувајте поради моите зборови; ниту вашите срца нека не бидат вознемирени. Неопходно е да бидете сведоци и на втората манифестација, а таа која доаѓа, доаѓа за подобро за вас, бидејќи е вечна, и нејзиниот континуитет нема да заврши до Судниот ден. А таа втора манифестација не може да дојде ако јас не заминам. Но, кога ќе заминам, Бог ќе ја прати втората манифестација која секогаш ќе остане со вас токму како Аллах џ.ш. ветил во Барахеен-е-Ахмадијја. А тоа ветување не е за мене. Наместо тоа, ветувањето се однеусва на вас, како што Аллах џ.ш. (ми се обраќа) вели: твоите следбеници и овој Џемаат ќе го направам да превладее над другите сè до Судниот ден. Затоа е неизбежно да го видите денот на моето заминување така што по него доаѓа денот на трајните ветувања.

Нашиот Бог е Оној кој ги исполнува ветувањата и верен е и вистинит Бог. Ќе ви се покаже сè што ви било ветено. Иако овие денови се последни денови на овој свет, многу катастрофи чекаат да се случат, сепак е неопходно светот да продолжи да постои сè додека не се остварат сите работи кои Аллах џ.ш. ги претскажал. Дојдов од Аллах џ.ш. како манифестација на Аллаховото претскажување и доказ сум за Неговата моќ. А, откако ќе заминам ќе се појават други луѓе кои ќе бидат манифестација на друга Аллахова моќ.

Значи, додека ја чекате втората манифестација на Неговата моќ, сите заедно предадете и се на молитвата.

(’Завештание‘, стр. 7-8)

Продолжувањето на институцијата на Халифатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во претходните 113 години оваа Заедница го видела исполнувањето на ова ветување кое Семоќниот Аллах му го дал на Ветениот Месија а.с.. Противниците не сфатиле дека целта на оваа втора манифестација е како самата молитва, која ја упатил Ибрахим а.с., некој по него да продолжи со мисијата. Од истата причина и Ветениот Месија а.с. бил задолжен да го продолжи учењето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во своето прво обраќање хазрети Хаким Маулви Нур-уд-Дин р.а. рекол дека сите морат да го слушаат како Халифа.

Хузур а.т.б.а. рече дека нема смисла само обично ветување за верност или да се даде заклетва на верност, бидејќи тоа може да го направи било кој. Наместо тоа, истакнатиот аспект мора да биде потполна послушност кон Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во март 1914 година, кога починал хазрети Халифа-тул Месих I р.а., повторно настапил период на страв, но, уште еднаш Аллах џ.ш. го исполнил ветувањето кое му го дал на Ветениот Месија а.с., и Халифатот повторно бил воспоставен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека постојале луѓе кои го противеле Халифатот и се противеле хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. да стане Халифа.

Хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. објавил дека по волјата на Ветениот Месија а.с., и ветувањето кое Аллах џ.ш. му го дал, Халифатот мора да постои и дека ќе ја даде заклетвата на верноста на оној кој ќе биде избран.

На крајот, иако лично не ја сакал функцијата, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. бил избран за следен Халифа. Забележано е дека во Месџид Нур имало повеќе од две илјади луѓе кои дале заклетва на верноста на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. II р.а., а нивната состојба на верност била таква што самите побарале да не му ја дадат заклетвата.

Хузур а.т.б.а. рече дека петте години од Халифатот на хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. II р.а. сведочат за Алалховата помош која го пратела Халифатот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. речел дека во ноември 1965 година, по смртта на  Халифа-тул Месих II р.а., Семоќниот Аллах уште еднаш го исполнил своето ветување и восопставил Халифат на хазрети Мирза Насир Ахмад р.х..

Во текот на оваа ера Заедницата уште еднаш направила големи чекори, вклучувајќи го и успехот во Африка. Во тоа време Пакистанската влада се обидела да ја уништи Ахмадија муслиманската заедница и да ја елиминира, но Третиот Халифа р.х. успеал да ја извлече Заедницата од таа ситуација и ја осигурал сигурноста на Заедницата.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тогаш, во јуни 1982 година кога починал и Третиот Халифа р.х., семоќниот Аллах повторно стравот на Заедницата го претворил во мир со воспоставувањето на Халифатот на хазрети Тахир Ахмад р.х..

Аллах џ.ш., во тоа време, на необичен начин ја подарил својата помош. Четвртиот Халифа р.х. успеал успешно да мигрира од Пакистан во Лондон. Во тоа доба е покренат и глобален телевизиски канал кој отворил безброј патишта.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во април 2003 година Џемаатот уште еднаш го погодила голема тага кога починал Четвртиот Халифа р.х.. Противниците мислеле дека ова е сигурно крајот на Заедницата. Меѓутоа, Семоќниот Аллах и помогнал на Заедницата на таков начин што и тие самите морале да признаат дека Аллаховата помош е насочена кон оваа Заедница. Противниците мислеле дека Заедницата нема да процути, но, малкумина од нив знаат дека раката која ја води оваа Заедница е Аллаховата рака, и Петтиот Халифа бил избран.

Хузур а.т.б.а. рече дека напредокот на Заедницата, кој се случува во оваа ера, се постигнува со Божјата милост и со Неговото ветување на Ветениот Месија а.с..

Напредок постигнат под водството на Халифатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Заедницата цути со голема брзина. Преводите на Чесниот Кур’ан на разни јазици се шират низ целиот свет. МТА започнала само со еден канал, а сега постојат осум канали и студија ширум светот.

Пораката на Заедницата се шири по пат на социјалните мрежи. Се отвораат нови авении, како што се виртуелни состаноци каде Халифата се наоѓа во Англија а се сотанува со луѓето од целиот свет, и следбениците на Џемаатот можат да добијат директно упатство од својот Халифа.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллаховите благодати поврзани со Халифатот се безбројни. Меѓутоа, ако сакаме да имаме корист од нив, тогаш мораме да ги исполниме своите одговорности; мораме да бидеме потполно послушни на Халифатот и тоа да го всадиме и на идните генерации.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше секогаш да останеме верни и да ги исполниме своите заклетви за да можеме да го видиме исполнувањето на Аллаховото ветување и победата на Заедницата. Нека нашето обожавање и нашите дела го постигнат Аллаховото задоволство. Навистина да ги разбереме благодатите на Халифатот и да бидеме во можност тоа да им го објасниме на следните генерации за и тие да имаат корист од Халифатот.

Апел за молитви

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. упати апел за молитви за Ахмади муслиманите во Пакистан и Ахмади муслиманите било каде во светот. Хузур а.т.б.а. рече да се молиме за сите муслимани кои се соочуваат со неправда во светот, како што се оние во Палестина. Тој се молеше Аллах џ.ш. да им ги олесни и Аллах џ.ш. да им овозможи на Ахмади муслиманите вистински да го следат Ветениот Месија а.с., да ја сфатат вистината и да го прифатаат. За да можеме да го кренеме знамето на исламот и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во целиот свет, да го видиме Единството Божјо воспоставено во целиот свет.