In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Реакција на муслиманите против прогонот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека минатите денови на социјалните мрежи од страна на муслимански зналец било изречено дека, ако и постои било какво нарушување во светот, тоа е поради ’Кадијанците‘. За него, тоа е причина за оправдување на суровоста спрема Ахмади муслиманите до та мера што тврди дека е во ред и да се убијат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со ова се познати тактики уште од постанокот на Ахмадијатот. Но, со милоста на Аллах џ.ш. ние сме го прифатиле Имамот на новото доба кој не научил да бидеме трпеливи, и покрај сите нивни зборови и напори кои се прават против нас.

Такви се ’Водачите на неверниците‘ кои во заблуда ги водат муслиманите кои не знаат за ништо подобро освен за суровоста кон Ахмади муслиманите. Меѓутоа, зналците кои се упатени знаат дека тоа што го кажуваат не е засновано на вистината, но сепак сакаат да го поттикнат нередот за да останат на своите позиции.

Нашата должност е да правиме дови

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах џ.ш. најдобро го знае нивниот крај; нашата единствена должност е молитвата.

Хузур а.т.б.а. рече дека, како и порано што кажал на бајрамската хутба, нашата должност е да се молиме дури и за противниците.

Оваа опозиција не е ништо ново, туку се случува уште од времето на Ветениот Месија а.с.. Постојано го напаѓале и него и неговите следбеници. Всушност, тоа бил стравот луѓето да не го прифатат кога ќе ги слушнат неговите зборови. И, не само што ги сопирале оние кои патувале да го слушнат, туку и ги напаѓале. Меѓутоа, како одговор, Ветениот Месија а.с. се молел за таквите луѓе.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека наспроти тие напори луѓето и понатаму го прифаќале Ветениот Месија а.с., а и денес тоа се случува. Секогаш ќе се молиме, и така ќе ја шириме љубовта во светот. Наспроти тешките зборови изречени против нас, ние и понатаму се молиме за нив. Семоќниот Аллах џ.ш. го известил Ветениот Месија а.с. дека нивните постапки се последица на неразбирањето и погрешното покажување на љубов кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Потоа, Семоќниот Аллах го упатил Ветениот Месија а.с. дека не треба да се моли против нив, туку да се моли за нив.

Трпеливоста на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа случка за која зборувал хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а..

Еднаш, во неговата младост, Ветениот Месија а.с. бил во Лахор и, додека шетал по улиците, луѓето стоеле на прозорците и извикувале по Ветениот Месија а.с.. Тој вели дека слушнал како еден постар маж повторува исти зборови.

Во друга прилика, некој зад грб го нападнал Ветениот Месија а.с., а понекогаш и камења фрлале на него.

Ова биле тешкотии со кои се соочувал Ветениот Месија а.с..

Меѓутоа, во двобојот објавен на Ветениот Месија а.с., Аллах џ.ш. рекол дека, иако овие луѓе му наштетиле, тоа го направиле поради љубовта кон Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и затоа, Ветениот Месија а.с. не требало да моли против нив, туку требало да моли за нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитираше хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. кој рекол дека, ако противниците би наслутиле колку ние го сакаме Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., веднаш би побрзале кон Ахмадијатот.

Ветениот Месија а.с. рекол дека спротивставувањето на овие луѓе произлегува од нивното незнаење. Затоа, мораме да се молиме за нив и да им помогнеме да ги сфатат работите.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека треба да се молиме за нашите противници, бидејќи на крајот тие ќе го прифатат Ветениот Месија а.с..

Еднаш, еден од асхабите на Ветениот Месија а.с. слушнал како Ветениот Месија а.с. плаче во молитвата. Го слушнал како му се моли на Аллах џ.ш. зошто чума се проширила, и, ако сите луѓе ги однесе кој ќе остане да го прифати Аллах џ.ш.?

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., токму, чумата ја претскажал како знак на вистинитоста на Ветениот Месија а.с..

Сепак, кога чумата се проширила било времето во кое е кажано Ветениот Месија а.с. да се моли за овие луѓе, поради кое чумата и се појавила.

Спасувањето на луѓето со молитвите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека не треба да се молиме против такви луѓе, туку мораме да помогнеме во нивното спасување,  молејќи се за нив.

Ахамдијатот е воспоставен токму поради спасот на муслиманите. Затоа, добивме задача да им помогнеме на луѓето да ги досегнат големите височини, и како тогаш би можеле да се молиме против нив. Знаеме дека постои фракција на нашите противници на која тие едноставно влијаеле, но постои и друга фракција која едноставно ги следела. Но, еднаш кога ќе сфатат колку Ахмади муслиманите го сакаат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тие самите ќе потврдат дека Ахмади муслиманите се тие кои ја поддржуваат честа на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. И, можеме да видиме дека, на оние на кои некогаш влијаеле коментарите на противниците, сега ја сфаќаат вистината и го прифаќаат Ахмадијатот.

Хаарети Халифатул Месих рече дека постојат многу луѓе кои му праќаат писма во кои пишуваат дека искрено размислувале и ја барале вистината, за да на крајот ја догледаат светлината и да го прифатаат Ахмадијатот.

Истото тоа, се случувало и во времето на Ветениот Месија а.с., како и во времето на останатите Халифи. Потоа, кога противниците го покачат гласот и преземат акции против нас, тие ја вршат нашата работа и ја шират пораката на начини на кои ние можеби не сме можеле.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека наша одговорност е да се молиме за нив и да бидеме трпеливи. Ова е најдобриот пат кој ќе не донесе до успехот. Нашата должност е своите мисли и срца да ги ослободиме од секаква злоба кон другите муслимани. И понатаму мораме да се молиме Аллах џ.ш. да им овозможи да ја видат вистината и да го прифатаат Имамот на ова доба.