In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Животот на хазрети Омер ибн Хаттаб р.а. II – Праведен владар

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека хазрети Омер р.а. имал голема почит кон оние кои имале знаење за Чесниот Кур’ан, без оглед на тоа дали биле млади или стари.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека во една прилика кај хазрети Омер р.а. дошла некоја личност која се пожалила оти хазрети Омер р.а. на некои луѓе не им давал доволно имот, ниту праведно одлучувал за рамноправна поделба на богатството. Тоа многу го вознемирило хазрети Омер р.а.. Еден од неговите советници, Хурр бин Каис рекол дека на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) во Чесниот Кур’ан било кажано:

„Опростувајте, наредувајте добрина, и одвратете се од неуките.“

(7:200)

Хурр бин Каис рекол дека таа личност сигурно е неука.

Потсетувајќи се на овие ајети, хазрети Омер р.а. ништо не превземал против таа личност.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во една прилика кај хазрети Омер р.а. дошол некој главатар и не му се допаѓал фактот дека помеѓу така ценето друштво седи и едно десетгодишно дете. Подоцна, хазрети Омер р.а. станал незадоволен поради некои постапки на главатарот. Во истата ситуација, тоа десетгодишно дете го проучило следното:

„… и оние кои го потиснуваат гневот… “

(3:135)

„… и одвратете се од неуките…“ 

(7:200)

Детето рекло дека таа личност сигурно е неука. Откако ги чул зборовите од Чесниот Кур’ан хазрети Омер р.а. замолчел. Потоа, на тој главатар му било кажано дека го спасил истото десетгодишно дете на кое тој претходно гледал од височина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека кога нешто му било преставено на хазрети Омер р.а. да го решава, тој би ги консултирал и младите за да го развие нивното размислување и ум.

Внимателност при управувањето со благајната

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. бил исклучително внимателен кога било во прашање имотот на државната благајна.

Еднаш, во една прилика, на хазрети Омер р.а. му било дадено да се напие млеко, кое многу му се допаднало. Запрашал од каде доаѓа ова млеко. Едно лице му кажало дека млекото потекнува од една камила која била даден како зекат. Кога го слушнал ова, хазрети Омер р.а. го повратил млекото, велејќи дека не смее да консумира богатство кое било дадено како зекат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече деко во ситуација кога хазрети Омер р.а. бил болен му било препорачано да користи мед. Во тоа време имало многу малку мед во државната благајна. Хазрети Омер р.а. застанал кај минбер и на луѓето им рекол дека тој мед ќе го користи само ако тие му дозволат, што тие тоа и го направиле, и дури тогаш почнал да го користи медот од државната благајна.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа за една ситуација кога времето надвор било многу топло, што било тешко да се функционира, дури и да се отворат вратите. По таква врелина хазрети Осман бил известен дека некој се движи надвор. Тој погледнал надвор и забележал дека тоа бил хазрети Омер р.а.. На прашањето од хазрети Осман р.а. што прави надвор на таква голема врелина, хазрети Омер р.а. рекол дека една камила, која припаѓала на државната благајна, побегнала и дека тој излегол да ја бара.

Рамноправен однос кон луѓето

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. секогаш бил праведен.

Во една прилика, кај хазрети Омер р.а. дошле еден Евреин и еден муслиман кои биле во кавга. Хазрети Омер р.а. го слушнал нивниот случај и почувствувал дека Евреинот бил во право, па одлучил во негова корист.

Во друга прилика, еден Египќанин отишол кај хазрети Омер р.а. и му кажал дека се тркал со синот на хазрети Амр бин Аса р.а. и дека го победил во трката. Меѓутоа, после трката синот на хазрети Амр бин Аса р.а. почнал да го тепа Египќанинот кажувајќи му дека тој е син на една важна личност и дека тој не смеел да го победи. Кога тоа го слушнал, хазрети Омер р.а. го повикал хазрети Амр бин Аса р.а. и неговиот син, а потоа хазрети Омер р.а. му дозволил на Египќанинот за возврат да го удри синот на хазрети Амр бин Аса.

Високо ниво на толеранција

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. бил трпелив.

Еднаш, кога држел една хутба, тој рекол дека ако некој од присутните наишол кај него на било каков недостаток, тоа да го исправи. Една личност станала и рекла, дека доколку кај него најде било каков недостаток тој ќе го поправи со меч.

Хазрети Омер р.а. му се заблагодарил на Бог што се појавил некој кој евентуалните негови недостатоци би ги исправил со својот меч.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една личност отишла кај хазрети Омер р.а. и пред сите присутни кажала дека се плаши од Бог. Присутните сакале да го замолчат, но хазрети Омер р.а. рекол дека ако сака нешто да каже, тоа отворено да го образложи и објасни зошто тоа го рекол.

Одржување на верската слобода

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. водел голема сметка за верската слобода.

Еднаш, една постара христијанка отишла кај хазрети Омер р.а. да се консултира за некои работи. Хазрети Омер р.а. ја поттикнувал да го прифати исламот за да биде заштитена. Таа му одговорила дека е стара и дека и се ближи смртта.

После тој одговор хазрети Омер р.а. ги задоволил нејзините потреби, а подоцна се покајал, плашејќи се дека таа забележала дека тој ја користи нејзината безизлезна ситуација и да ја принуди да го прифати исламот. Тој се молел на Бог, говорејќи дека тој сакал само да и го покаже правиот пат на старицата, но не сакал да ја присилува.

На тој начин се однесувал хазрети Омер р.а. водејќи сметка за изразување на верските слободи.

Грижа за животните

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Омер р.а. се грижел и за животните.

Во една ситуација, хазрети Омер р.а. прегледал неколку камили кои биле врзани. После обиколката ги прашал сопствениците на камилите дали се грижат за нивните животни?

Ако било така требало камилите да бидат пуштени слободно да пасат.

Два Бајрама во еден ден

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден Евреин отишол кај хазрети Омер р.а. и му рекол дека постои ајет во Чесниот Кур’ан кој, кога би бил објавен на еврејскиот народ, тие би се радувале и би го обележувале, како што е денот на Бајрам.

Тој ајет гласи:

„Денес, јас за вас ја усовршив вашата вера и завршив Својата благодат пред вас и за вас го избрав исламот како вера, освен, на оној кој бил принуден да гладува (нему му се дозволени забранети работи), но да не е намерно наклонет кон гревот; па, сигурно, Аллах најмногу опростува, (и) милостив е.“

(5:4)

Хазрети Омер р.а. му одговорил дека овој ајет бил објавен на денот на два Бајрама – Петок и денот Арафат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека луѓето говореле оти во текот на ерата на хазрети Омер р.а. шејтанот бил окован, а после неговата смрт, шејтанот бил пуштен на слобода.

Љубовта кон поезијата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во историјата е забележано оти хазрети Омер р.а. имал посебен афинитет кон поезијата. Кажано е дека често, кога на хазрети Омер р.а. му се презентирале одредени работи, тој додека објаснувал, користел одредени стихови. Тој се изразувал во стихови, поетски, кои биле во склад со исламското учење и со исламскиот начин на живот. На тој начин ги стимулирал и другите околу себе да ја памтат поезијата која поттикнува добри намери.

Хазрети Омер р.а. ја користел и ја коригирал арапската поезија. На пример, било вообичаено да се именуваат жените во поезијата и песните и да им се изјавува љубов. Хазрети Омер р.а. ја искоренил оваа пракса и навел казна за тоа ако повторно се користи. Било какво исмејување кое би се изразило преку поезијата било забрането.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а.  го цитираше ветениот Месија а.с. кој го истакнал ценетиот и висок статус на хазрети Омер р.а. заедно со другите праведно водени Халифи.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека тука ја завршува темата која се однесува на животот на хазрети Омер р.а. и дека, ако даде Бог, во иднина, во хутбите, ќе ја започне темата за животот на хазрети Абу Бакр р.а..