In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)
Related Contents from Topics

Животот на хазрети Абу Бакр р.а. – Доблестите на хазрети Абу Бакр р.а. пред прифаќањето на исламот

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал-Фатиха хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека ќе почне да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Семејни детали кои се однесуваат на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде неговиот помагач) рече дека хазрети Абу Бакр р.а. се викал Абдуллах, а името на неговиот татко било Осман бин Амир. Неговото име од детството било Абу Бакр, а бил познат и по имињата Атик и Сиддик.

Се наведува дека бил роден во 573 година. Потекнувал од семејството на Курејшиите и му припаѓал на племето Таим бин Муррах.

Пред исламот, неговото име било Абдул Ка’бах, име кое подоцна Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) го променил во Абдуллах.

Според преданијата неговата мајка се викала Саламах бинт Сакхр бинт Аамир, или, Леилах бинт Сакхр.

Таткото на хазрети Абу Бакр р.а. го прифаќа исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека според семејното стебло на хазрети Абу Бакр р.а., кое датира седум генерации наназад, тој бил во род со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Слично на тоа, и семејното стебло од страна на неговата мајка ги поврзува како роднини со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

И двата родитела на хазрети Абу Бакр р.а. го прифатиле исламот.

Неговиот татко не го прифаќал исламот сè до освојувањето на Мека, но во тој период веќе бил слеп. Во текот на освојувањето на Мека хазрети Абу Бакр р.а. го одвел својот слеп татко кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..  Кога ги видел, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека хазрети Абу Бакр р.а. требало да остане во својот дом за тој да може да ја посети неговата куќа. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека е посоодветно неговиот татко да дојде кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. отколку Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да отиде кај неговиот татко.

После тоа, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја ставил својата рака на градите на таткото на хазрети Абу Бакр р.а. и го повикал во исламот, после што татко му го прифатил исламот и влегол под негова закрила.

Мајката на хазрети Абу Бакр р.а. го прифаќа исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мајката на хазрети Абу Бакр р.а. била една меѓу првите која го прифатила исламот.

Во текот на времето на Дар-и-Аркам, кога муслиманите се уште биле активни во тајност, еден ден хазрети Абу Бакр р.а. на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му предложил да отидат до Каба. Тогаш, во тоа време хазрети Абу Бакр р.а. почнал да ги повикува луѓето да го прифатат исламот, а во исто време таму бил присутен и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem).

Според ова, можеме да заклучиме дека хазрети Абу Бакр р.а. бил втората личност која ги повикувала луѓето во исламот, после Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

После тоа, неверниците жестоко го претепале хазрети Абу Бакр р.а., од што лицето толку му натекло што носот на лицето не можел да се препознае. Потоа неверниците го одвлекле со себе верувајќи дека после таквите повреди не може да преживее. Хазрети Абу Бакр р.а. толку бил претепан што после тепањето не можел да говори, но, по извесно време, вечерта, почнал да се освестува и прво што реагирал било прашањето како е Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но во тој момент никој не можел да му одговори.

Откако дошол до свест и присебност хазрети Абу Бакр р.а. ја замолил својата мајка да отиде до Умма Џемил и да ја праша за Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи таа била муслиманка но тоа јавно не го објавувала.

Мајката на хазрети Абу Бакр р.а. отишла кај Умма Џемил и ја повела со себе, и таа го известила Абу Бакр р.а. дека се е во ред со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Подоцна, хазрети Абу Бакр р.а. бил одведен да го види Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. со помош на својата мајка. Кога се сретнале хазрети Абу Бакр р.а. бил исполнет со емоции и видно возбуден, а за возврат Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го бакнал.

Хазрети Абу Бакр р.а. го замолил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да се моли за неговата мајка, после што тој ја повикал да го прифати исламот. Таа го прифатила повикот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem) и влегла под закрила на исламот.

Прекарите (титулите) на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. бил познат по имињата Атик и Сиддик.

Го нарекле Атик бидејќи еден ден Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол дека бил спасен од оган. Така, станал познат пои титулата Атик, што се однесува на оној кој има одлични квалитети. Атик, исто така, значи стар или древен, а некои кажуваат дека ја поседувал оваа титула бидејќи поседувал одлични квалитети и бил прв кој го прифатил исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. бил познат и по прекарот Сиддик. Забележано е дека оваа титула ја добил уште пред исламот поради високиот степен на чесност. Се кажува дека секогаш кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. би известил за некоја новост, тој тоа веднаш би го потврдил, и на тој начин станал познат и по таа титула.

Како пример може да се наведе еден настан поврзан со визиите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Во една прилика на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му се прикажала визија за ноќно патување на кое, во сон, патувал до Ерусалим, кој бил оддалечен 1.300 километри. Кога луѓето слушнале за тоа отишле кај хазрети Абу Бакр р.а. и го прашале дали и тој поверувал во ова тврдење на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.. Хазрети Абу Бакр р.а. веднаш посведочил за тоа, и така станал познат по титулата Сиддик.

Всушност, се забележува дека мелекот Џибрил го известил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дека хазрети Абу Бакр р.а. ќе ја потврди оваа визија на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи тој е Сиддик.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. бил познат и како Халифа-тул Ресулиллах (Халифа на Аллаховиот Пратеник). Оваа титула му била дадена после смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Забележано е дека хазрети Абу Бакр р.а. бил познат и како Аввахун, што значи, со нежно срце.

Друга титула која му била дадена на хазрети Абу Бакр р.а. била Амиируш Шакирин (Водач на благодарните). Оваа титула ја добил поради неговата благодарност.

Уште една титула му била дадена од Аллах џ.ш., а таа била Сани Итнаин (една од две личности). Ова се однесува на времето кога хазрети Абу Бакр р.а. бил заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во пештерата Хира.

Друга титула која ја имал била Сахибур Расул (Другар на Пратеникот). Ова се однесува за настан во пештерата Хира, кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на својот сопатник му рекол да не се грижи.

Кога овие ајети се учеле хазрети Абу Бакр р.а. почнал да плаче и рекол дека е тој, другарот, од овој ајет.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил познат и како Адам-и-Сани (Другар на Адам), и тоа е титула која му ја дал Ветениот Месија а.с..

Хазрети Абу Бакр р.а. во историјата бил забележан и како Халилул Расул (Пријател на Пратеникот). Се бележи дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. рекол оти, ако треба да именува личност за свој Халил (пријател), тогаш тоа би бил хазрети Абу Бакр р.а..

Ветениот Месија а.с. ја појаснил оваа изјава кога рекол дека;

„… навистина, хазрети Абу Бакр р.а. вече бил пријател на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. …,

но, дефиницијата Халил значи многу повеќе од самиот избор на човеков пријател.

Ова е блискоста која е резервирана за нечиј однос кон Аллах џ.ш., и тоа не може да се подели со никој.

Значи, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. јасно кажал, ако воопшто може да се избере човек за такво пријателство, тогаш тоа би бил хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, што се однесува до негова титула Абу Бакр, оти Бакар може да се однесува на млада камилата. Бидејќи во младоста бил вешт во чувањето на камили станал познат како Абу Бакр.

Бакр, исто така, говори дека е брз, а тоа се однесува и на моментот дека прв го прифатил исламот. Се карактеризирал и по тоа што имал одлични други квалитети.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. бил со светол тон и доста слаб. Грбот бу бил благо свиткан, а очите благо влегувале во високото чело.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. уште пред прифаќањето на исламот бил честита личност. Бил трговец и имал одличен морал. Луѓето доаѓале кај него да се советуваат за различни работи.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил познат како еден од најуспешните арапски трговци. Бил меѓу нај побожните луѓе и бил исклучително великодушен. Сите го сакале и бил добро друштво.

Запишано е дека бил исклучително образуван во толкувањето на соништата.

Ибн Сирин наведува дека хазрети Абу Бакр р.а., после Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.,бил највешт во тој поглед.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Меканлиите сметаат оти хазрети Абу Бакр р.а. бил најдобриот помеѓу нив и дек со него се советувале за најразлични прашања.

Хазрети Абу Бакр р.а. бил и Хилфул Фудхул, група која била формирана да им помогне на угнетените и сиромашните ѝ секогаш да ја подржува правдата. Во таа група учествувал и Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Доблестите на хазрети Абу Бакр р.а. пред исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и пред исламот хазрети Абу Бакр р.а. не бил склон кон обожување на идоли и никогаш не се клањал ниту пред ниеден идол.

Хазрети Абу Бакр р.а. немал склоност кон конзумирање на алкохол, и тоа не го чинел ниту пред прифаќањето на исламот.

На прашањето зошто не конзумирал алкохол, хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека тоа го чини затоа што води сметка за својата чест и побожност, нешта кои не можат да се одржат кај оние кои конзумираат алкохол.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., во врска со прифаќањето на исламот од страна на хазрети Абу Бакр р.а., рече дека тој слушнал оти мажот на Хатиџе тврдела дека е пратеник, како Муса а.с.. Хазрети Абу Бакр р.а отишол кај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и го прифатил.

Се бележи дека пред доаѓањето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем – sallallahu alejhi ve sellem), хазрети Абу Бакр р.а. сонувал дека Месечината се спуштила на Мека, после што се распаднала на делови кои се разнеле во секој дом, и тогаш сите парчиња од Месечината му паднале во крило.

Кога се распрашал за толкувањето на тој сон, му било кажано дека пратеникот кој долго го чекале наскоро ќе дојде меѓу нив, а дека хазрети Абу Бакр р.а. ќе биде негов прв следбеник.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., рече дека и во следните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а.