In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Освојувањето на Сирија

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а., посебно за напредувањето кон Сирија.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека силите кои ги воделе бунтовниците биле уништени и на тие места била воспоставена исламска влада. Поради тоа, хазрети Абу Бакр р.а. сметал дека треба да се обрне внимание на меѓународните сили кои се трудат да создадат проблеми при ширењето на исламот. Тој одлучил најпрво да се фокусираат на Сирија, иако претходно за тоа тој не бил информиран.

Сонот на хазрети Шурахбил р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Шурахбил р.а. отишол кај хазрети Абу Бакр р.а. и го прашал дали има намера да крене кон Сирија.

Хазрети Абу Бакр р.а. го потврдил ова, но бил во дилема од каде тоа го знае кога не се појавила информација за тоа.

Хазрети Шурахбил р.а. му раскажал за сонот кој го сонувал во кој видел како хазрети Абу Бакр р.а. се качува на висока планина, после што влегол во земја полна со зеленило, потоци и тврдини. Тогаш видел дека хазрети Абу Бакр р.а. ги охрабрува муслиманите за борба кој би ги одвела до сигурна победа.

Хазрети Шурахбил р.а. видел дека го добил знамето на муслиманската војска и се борел на чело со него, сè додека жителите не побарале да имаат мир и сигурност од него. Тогаш видел дека хазрети Абу Бакр напредува, победува и дека седи во престол во една од нивните тврдини.

Во сонот му се појавил и човек кој дошол кај хазрети Абу Бакр р.а. и го учел на сура Ал-Наср.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Абу Бакр р.а го чул овој сон бил задоволен, и рекол дека тоа бил убав сон.

Хазрети Абу Бакр р.а  рекол дека делот од сонот кога тој одел низ каменит пат до врвот на планината значи дека мора да соочат со тешкотии. Делот од земјата кој бил покриен со зеленило и потоци значел дека  ќе имаат олеснувања.

Тој рекол дека, според сонот хазрети Шурахбил р.а. ќе биде меѓу водачите кои муслиманите ќе ги однесат до победа.

Хазрети Абу Бакр р.а. дека овој сон ја претскажал неговата смрт, бидејќи истото поглавје кое било учено во Чесниот Кур’ан се однесувало на сонот кој го сонувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во кој препознал дека неговата смрт се ближи.

Асхабите се обврзуваат дека ќе го подржат хазрети Абу Бакр р.а. во походот кон Сирија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. ги свикал постарите асхаби и ги известил за својата намера да ја прати муслиманската војска кон Сирија, и се консултирал со нив за оваа своја намера.

Хазрети Омер р.а. рекол дека имал намера да разговара за таа работа со хазрети Абу Бакр р.а.  и се согласил со таа идеја.

Другите асхаби, мухаџири и енсарии се согласиле со хазрети Абу Бакр р.а. и му ветиле дека ќе го следат на тој пат и ќе го слушаат со целото срце.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. го замолил хазрети Билал р.а да ги повика муслиманите и да им каже да кренат кон Сирија под водство на хазрети Халид бин Саид р.а., кој претходно бил пратен во Сирија.

Според некои хадиси, кога хазрети Абу Бакр р.а. распоредил 11 баталјони за борба против бунтовниците кои се појавиле во тоа време, хазрети Абу Бакр р.а. го пратил хазрети Халид бин Саид р.а во Сирија.

Хазрети Абу Бакр р.а., истовремено, им пратил писмо на муслиманите во Јемен во кое ги охрабрува да истапат и да се борат на Аллаховиот пат.

Хазрети Анас р.а. бил пратен со тоа писмо и во Медина се вратил со радосна вест за неговото скорешно доаѓање.

Упатите на хазрети Абу Бакр р.а. кон хазрети Халид бин Саид р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид бин Саид р.а. стигнал до Таим, со што Сиријците дознале за големата муслиманска војска која се формирала, и почнале да се подготвуваат за битка.

За тоа хазрети Абу Бакр р.а. му пишувал на хазрети Халид бин Саид р.а. да остане непоколеблив и да продолжи напред, барајќи помош од Аллах џ.ш..

После тие совети хазрети Халид бин Саид р.а. напредувал со својата војска, но бил забележан од Сиријците, и дел од нив почнале да бегаат а друг дел останал и го прифатиле исламот.

Хазрети Халид бин Саид р.а. го известил хазрети Абу Бакр р.а. за случувањата на теренот, и после тоа добил совет да продолжат со напредувањето, но да бидат внимателни да не бидат нападнати од зад грб.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид бин Саид р.а. напредувал со својата војска, но во меѓувреме му пишал на хазрети Абу Бакр р.а. да му прати засилување, после што хазрети Абу Бакр р.а. формирал друга војска засилена со војници од Јемен и од жители на просторот помеѓу Медина и Мека, и војската ја пратил да му се придружат на хазрети Халид бин Саид р.а..

Кога дознал за тоа хазрети Халид бин Саид р.а. бил многу задоволен, и во таа еуфорија пробал да ја нападне големата војска на Сиријците, притоа заборавајќи на советот на хазрети Абу Бакр р.а. да не напредува толку брзо и да внимава да не биде нападнат од зад грб.

Бахан и Сириската војска го опколиле хазрети Халид бин Саид р.а., меѓутоа, тој тоа на го сфатил. Во тоа време, баталјонот кој го водел синот на хазрети Халид бин Саид р.а., го напуштил борбеното поле за да побара вода , бил нападнат и покасно убиен од страна на Бахан и Сириската војска.

Кога хазрети Халид бин Саид р.а. дознал за тоа го напуштил регионот, поради што голем дел од таа војска се разбегала.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Икрим р.а. стигнал на местото на битката и ја зачувал позицијата за Сиријците не го нападнат зад грб хазрети Халид бин Саид р.а..

Кога хазрети Абу Бакр р.а. дознал за тоа бил многу незадоволен.

Подоцна, хазрети Халид бин Саид р.а. побарал прошка од хазрети Абу Бакр р.а. за неговото однесување.

Јасни упатства за тоа кон кого муслиманите треба да целат во битката 

И покрај сите случувања, хазрети Абу Бакр р.а. не бил обесхрабрен и почнал да подготвува уште војници за поход кон Сирија.

Со сите напори, биле подготвени уште четири војски, од кои првата била предводена од Језид бин Аби Суфијан.

Хазрети Абу Бакр р.а. ја охрабрил муслиманската војска да биде јака и истрајна во своето однесување.

Тој рекол, дека муслиманите, после победата, не би требало да ги касапат и злоупотребуваат телата на загинатите војници. Тој ги советувал да не ги напаѓаат децата и жените, и дека животните не смеат да ги убиваат освен за јадење, а свештениците не смеат да и напаѓаат.

Тој им препорачал дека треба да се борат против оние на ’кои им фали косата на главата‘.

Според разни кажувања, се работело за одредени христијани кои провоцирале кон другите и се бореле против муслиманите.

Хазрети Абу Бакр р.а. му дал совети на Језид хазрети Халид бин Саид р.а. да биде внимателен во сите свои активности и однесувања.

Тој го советувал да биде љубезен кон своите војници и да остави добар впечаток кој сите војници за да го следат.

Го упатил да го обезбеди клањањето на намазите со голема почит и концентрација.

Хазрети Абу Бакр р.а. на хазрети Халид бин Саид р.а. му наложил да инсистира неговите советници да се запознаат со сите детали за да ги пренесат неговите совети и да бидат одговорни кон нивна презентација.

Хазрети Абу Бакр р.а. го советувал и околу многу други прашања кои би можеле да му послужат во водењето на походот.

После сето тоа, хазрети Абу Бакр р.а. се молел за успехот на оваа војска.

Војска која е пратена под команда на хазрети Шурахбил бин Хасан р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека втората, од четирите војски, ја предводел хазрети Шурахбил бин Хасан р.а., кој бил меѓу најистакнатите муслимани во тоа време.

Хазрети Абу Бакр р.а. го пратил три дена после заминувањето на хазрети Језид.

Хазрети Абу Бакр р.а. му нагласил дека треба да го запомни истиот совет кој му го дал на хазрети Језид, а потоа му дал и неколку дополнителни упатства. Тие се однесувале на тоа намазите да се клањаат на време и да се клањаат џенази.

После тоа, хазрети Шурахбил бин Хасан р.а. конечно бил пратен да стигне до Бурса во Сирија.

Војска која е пратена под команда на хазрети Абу Убаид бин Ѓаррах р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека третата војска, од четирите, ја предводел хазрети Абу Убаид бин Ѓаррах р.а., кој бил еден десетте асхаби на кој Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му оратил радосни вести за Џеннетот.

Хазрети Абу Убаид бин Ѓаррах р.а. бил пратен кон Химса, кој се наоѓал во близина на Дамаск во Сирија.

На поминување се задржал за кратко во градот Балки, во кој животот бил организиран под шатори, и со жителите постигнал договор за не напаѓање, мировен договор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека за овие случувања ќе зборува и во наредните хутби.

Џенази

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе предводи џеназа за Насеер Ахмад.

Насеер Ахмад

Насеер Ахмед, син на Абдул Гханау.

„Навистина, на Аллах му припаѓаме и нему ќе му се вратиме.“

Живеел во Рабва, а бил убиен на 12 август, откако би избоден со нож од закрвавен непријател на Ахмадијатот.

Насеер Ахмад стоел на автобуска станица кога му пришол човек кој го прашал дали е Ахмади муслиман. Кога тој потврдил дека е Ахмади, фанатикот му рекол да се одрекне од својата вера.

Кога Насеер Ахмад одбил да се одрекне од својата вера, фанатикот извадил нож со кој го избол на многу места по телото по што го усмртил за неколку секунди.

Убиецот не изразил никакво покајување и рекол дека ќе го стори истото ако му се даде прилика.

Целиот трагичен настан траел само една минута.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека семејството на Насеер Ахмад, за време на Вториот Халифа р.а., Ахмадијатот го прифатил преку неговиот дедо.

Насеер Ахмад поседувал големи квалитети. Секогаш бил подготвен да им помогне на сиромашните и на оние кои имале потреба од помош, а помагал и во одржување на хигиената во џамијата. Секогаш бил подготвен да одговори на секој повик  и да ја изврши својата должност. Секогаш би подготвен да донира крв и на тој начин да спаси многу животи.

Редовно клањал намаз и многу го сакал Халифатот.

Пред смртта, чувствувал дека се ближи неговиот крај,

После него останале сопруга и три ќерки.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше на сите да им даде трпение.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да му даде прошка и милост да му го воздигне статусот на Џеннетот.