In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Неспоредливи жртвувања поради исламот

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за деталите од животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Роден за служење на човештвото

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во поглед на неговото служење на човештвото забележано е оти и пред прифаќањето на исламот хзрети Абу Бакр р.а. бил сметан за најдобар меѓу Курејшиите и дека луѓето често доаѓале по помош кога биле во тешкотии.

Исто така, хазрети Абу Бакр р.а. често ги угостувал луѓето од Мека.

Се сметало дека е меѓу луѓето од највисок ранг и ниво, и и бил на врвот во однос на однесувањето и на гостопримството.

Бил љубезен кон сиромашните. Купувал ќебиња кога било ладно и им ги давал на сиромашните.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека пред да стане Халифа, молзел нечии кози. Откако станал Халифа, ќерките на тие луѓе сметале дека повеќе нема да го прави тоа, меѓутоа хазрети Абу Бакр р.а. продолжил со оваа одговорност дури и откако станал Халифа, и продолжил тоа да го прави уште шест месеци, додека не се преселил во предградието на Медина.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) ги советувал муслиманите, кои дома имале храна за три луѓе, да земат уште еден човек и да го нахранат, а ако некој има храна за четири луѓе во куќата да донесат уште еден човек и да го нахранат.

Хазрети Абу Бакр р.а. со себе повел тројца луѓе. Потоа, отишол во куќата на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и со него останал до доцна во ноќта.

По враќањето дома дознал дека неговите гости инсистирале да не јадат сè додека тој не се врати. Кога се вратил дома, хазрети Абу Бакр р.а. им ја послужил храната, но, како што јаделе гостите количината на храна се зголемувала до таа мера што, кога завршиле со јадењето, количината на храна била три пати поголема од онаа што ја имало на почеток.

Пример во хранењето на ситромашните

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека е забележано оти по смртта на хазрети Абу Бакр р.а. хазрети Омер р.а., кај еден од работниците на хазрети Абу Бакр р.а., се распрашувал за разни работи кои ги видел кај хазрети Абу Бакр р.а. Помеѓу другото,  забележал дека секојдневно одел и им носел храна на сиромашните луѓе.

Потоа, хазрети Омер р.а. отишол во истата пештера во која пребивал сиромашен човек, кој бил слеп и немал екстремитети, и го нахранил. Кога добил храна, човекот почнал да плаче, сфаќајќи дека хазрети Абу Бакр р.а. починал. Кога го прашале како тоа го знае, рекол дека нема заби и дека хазрети Абу Бакр р.а. му ја жвакал храната и пота му ја ставал во устата за да му олесни.

Покривање на грешките на другите

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. зборувал дека ако фатат крадец, неговата прва желба е Аллах џ.ш. да ги покрие неговите грешки.

Непоколебливата храброста на хазрети Абу Бакр р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., во врска со храброста на хазрети Абу Бакр р.а., рече дека тој бил на чело на битките и во служењето на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), без оглед на околностите.

Поради таа храброст, еднаш, хазрети Али р.а. им кажал на луѓето дека хазрети Абу Бакр р.а. бил најхрабриот. Во текот на битката на Бедр, кога се одлучувало кој ќе го чува шаторот на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., хазрети Абу Бакр р.а. прв истапил и го заштитил.

Понатаму, хазрети Абу Бакр р.а. бил меѓу оние кои останале на своите места на планината заедно со Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем).

Слично на тоа, во други прилики, како што е битката кај Хајбера, договорот на Худебија, експедицијата кај Таиф, битката кај Табук, хазрети Абу Бакр р.а. покажал голема храброст.

Всушност, го добил најголемото знаме во текот на битката кај Табук.

По смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), кога муслиманите станувале отпадници, хазрети Абу Бакр р.а. покажал голема храброст и се соочил со овој предизвик.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш некои луѓе ги прашале асхабите кој бил најхрабариот од нив во времето на животот на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем). Тие одговориле дека за најхрбар помеѓу нов се смета оној кој најмногу стоел покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., бидејќи тоа било најопасно место во смисла на непријателските напади, посебно во текот на битките.

Значи, само најхрабрата личност, а тоа најчесто бил хазрети Абу Бакр р.а. кој стоел покрај Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и асхабите кажале дека него го гледаат како најхрабар.

Слично на тоа, како што Џибрил го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на ноќното патување (Исра), така и хазрети Абу Бакр р.а. го прател Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. во текот на неговата преселба.

Во текот на патувањето, кога бил загрижен дека Курејшиите ќе ги пронајдат, хазрети Абу Бакр р.а. кажал дека не е загрижен за својот живот, туку само се грижел за доброто на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), кога дошло до неразбирање околу тоа дали Халифа треба да се избере од мухаџирините или ансариите, хазрети Абу Бакр р.а. закажал состанок. Хазрети Омер р.а. мислел дека за оваа задача ќе биде потребен некој храбар, а нè со нежно срце, па почнал да смислува разни аргументи.

Меѓутоа, кога дошло време за состанок, хазрети Абу Бакр р.а. го одржал состанокот толку храбро и ги изнел сите аргументи кои хазрети Омер р.а. сакал да ги наведе, и уште повеќе од тоа.

Хазрети Абу Бакр р.а. храбро стоел кога луѓето одбивале да дадат зекат. Рекол дека без оглед на сè, дури и ако парче канап бил даден во зекатот во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), тој ќе се погрижи и понатаму така да биде платен. Рекол дека со таа цел, дури и ако дојде до напад, тој самиот ќе се бори и дека навистина тоа ќе го направи.

Отстранување на заблудата за наредбата во Чесниот Куран за давање на зекат

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека некои луѓе, во текот на халифатот на хазрети Абу Бакр р.а., погрешно го сфатиле следниот ајет:

„Земи милостина од нивното богатство да ги очистиш, и со тоа прочистиш. И молете се за нив.“

(9:103)

Тие сметале дека, бидејќи Аллах џ.ш. му се обратил на Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем), тоа значи оти зекат треба да му се плаќа само нему. Тие не сфаќале дека ова се однесува и на наследниците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и дека тоа е стална наредба.

Додека некои постари асхаби му сугерирале на хазрети Абу Бакр р.а. дека треба да биде благ и да ги остави таквите луѓе, хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека тој не е во позиција да ја укуне оваа наредба и остнаал цврст во нејзиното одржување.

Хазрети Омер р.а. бил познат како исклучително храбар бидејќи стоел цврсто и храбро се придржувал до оваа наредба.

Тогаш, луѓето ја сфатиле големата храброст која ја поседувал Халифата кого Аллах џ.ш. го поставил.

Неспоредливи жртвувања на хазрети Абу Бакр р.а. поради исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а., во врска со финансиското жртвување на хазрети Абу Бакр р.а., рече дека е забележано оти според еден хадис, кога хазрети Абу Бакр р.а. го примил исламот, имал милион дирхами. Се зборува дека потрошил многу на сиромашните и дека во времето на хиџрет му останале само околу пет илјади дирхеми.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш Чесниот Пратеник Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селлем) рекол оти ниту еден имот не му користел толку како оној што го жртвувал хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Омер р.а. рекол дека еднаш на памет му паднала мисла оти хазрети Абу Бакр р.а. секогаш го надминувал во финансиското жртвување.

Така, еден ден имал намера да го надмине хазрети Абу Бакр р.а. во принесувањето на финансиски жртви, отишол дома и земал половина од сè што поседувал и го донел. Меѓутоа, подоцна дознал дека хазрети Абу Бакр р.а. жртвувал сè што поседувал. Тогаш сфатил дека никогаш нема да може да го надмине хазрети Абу Бакр р.а во финансиските жртви.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува на оваа тема.