In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Освојувањето на Оман

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека во минатата хутба кажал како завршил да зборува за битката на Јамама, Мусаилим и за неговите следбеници. Постојат 10 експедиции кои се случиле за да се сопрат побунетите лицемери.

Експедиција во Оман

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека биле две или три експедиции кои ги воделе хазрети Хузаифах р.а. и хазрети Арфаџах р.а., во местото наречено Оман.

Во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ова место било под власта на Иран и било населено со Магиан. Во 8-та година по Хиџра, Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. таму пратил некои асхаби со писмо до гувернерот на Џафар за да им ја пренесе пораката на исламот. Тој ги повикал во ислам и рекол дека ако прифатат Џафар може да остане гувернер, но, ако не го направат тоа, на крајот ќе ја изгубат власта. Хазрети Амр бин Ас р.а., кој бил пратен со писмото му објаснил дека богатството собрано од Зекат ќе биде потрошено на сиромашните луѓе токму од тоа подрачје. На крајот, Џафар го прифатил исламот и за неколку години повеќето тамошни жители, исто така, го прифатиле исламот.

Народот на Оман го прифаќа лажниот пратеник

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека после смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. (саллаллаху алејхи ве селлем) човекот по име Лакит бин Малик Азди, познат по титулата Дху-Тааџ, бил личноста која тврдела дека е пратеник во тоа подрачје. Неукиот народ на Оман го прифатил поради што Џафар и неговиот брат Абад морале да се скријат во планините, од каде Џафар го известил хазрети Абу Бакр р.а. за ситуацијата и побарал поддршка.

Хазрети Абу Бакр р.а. ги пратил хазрети Хуфаиз р.а. и хазрети Арфаџах р.а. да спроведат експедиција против побуната која била подигната во Оман.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а., подоцна, го пратил хазрети Икрим р.а. со неговиот баталјон да ги поддржи. Дознавајќи за доаѓањето на поддршката од тројцата воини, Џафар и Абад излегле од засолништето и ги повикале да напредуваат.

Кога Лакит бин Малик дознал за нивното доаѓање ја собрал целата своја војска.

Муслиманските лидери пратиле писма до главатарите на сите племиња кои го поддржувале Лакит, и поради тој притисок тие го напуштиле Лакит.

После тоа се случила битка во која, на почетокот, изгледало дека муслиманите ќе бидат поразени, меѓутоа, Аллах џ.ш. им дал поддршка на муслиманските војници кои стигнале до Бахреин, после што муслиманите напредувале со голема снага и на крајот извојувале победа.

Муслиманската војска напредува во Оман да ги порази бунтовниците

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека после битката било одлучено дека хазрети Хуфаиз р.а. остане во Оман за да го обезбеди ширењето на исламот и воспоставувањето на мир, додека хазрети Икрим р.а., заедно со голем баталјон муслимани, продолжил да се бори против бунтовниците кои ги поттикнале лицемерите.

Тој отишол до местото, наречено Махрах, каде се случила битка со нејзиниот народ. На тоа место постеле две војски, секоја под команда на двајца луѓе, Шикхрит и Мусаббах, кои биле во конфликт едни помеѓу други.

Всушност, тоа им помогнало на муслиманите бидејќи ги ослабеле нивниот народ.

Икрим р.а. забележал дека војската на Шикрит била послаба и ги повикал во силам, а тие тоа го прифатиле.

На тој начин противничката војска била послаба.

Хазрети Икрим р.а., исто така, му пратил писмо и на Мусаббах, повикувајќи го уште една да го прифати исламот, но тој повик повторно бил одбиен. Поради тоа, следувала битка во која муслиманите победиле со убедлива победа.

Хазрети Абу Бакр р.а. обрнува внимание на Јемен

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Икрим р.а ги собрал сите луѓе од тоа подрачје и им проповедал, после што го прифатиле исламот.

Хазрети Икрим р.а. го известил хазрети Абу Бакр р.а. за оваа победа, а потоа продолжил кон Јемен според упатствата на хазрети Абу Бакр р.а..

Таму, хазрети Икрим р.а. стигнал до народите Накхе и Химајра и им ја пренел пораката на исламот. Тие рекле дека ја разбираат убавината на исламот, и дека биле религиозни луѓе дури и за времето на незнаење. На тој начин, народите на овие племиња го прифатиле исламот.

Хазрети Икрим р.а. продолжил до народот Абијана, кој во почетокот бил против него и застанал да се бори против него, но подоцна попуштиле поради внатрешните несогласувања и биле поразени.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Икрим р.а. подоцна се вратил во Медина со својата жена Асма’ бинт Ну’ман бин Џаун кој се оженил за време на војната.

Забележано е дека нејзиниот Никах се случил се случил со Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., меѓутоа, овој брак завршил пред свеченоста поради нешто што не го направила.

Некои луѓе  и наметнале мисла дека треба да биде главна во семејството уште од почетокот на бракот, и дека после венчавањето треба да каже на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. да бара Аллахово прибежиште од него.

Хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмад Ахмад р.а. објаснил дека, најверојатно некој лицемер и рекол на својата жена да ја советува за да создаде раздор. Кога тоа го кажала на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. тој веднаш замолил да ја вратат дома како би го почитувал она што го рекла.

Подоцна, она изразила жалење и рекла дека погрешила во своето однесување.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Икрим р.а. се вратил во Медина, хазрети Абу Бакр р.а. го упатил да крене во поддршка на Халид бин Са’ид. На тој начин била собрана уште една војска и хазрети Икрим р.а. заминал во поход со војската.

Во текот на борбите тој храбро се борел, но после извесно време бил убиен.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека повеќе детали за овие случувања ќе бидат спомнати кога ќе говори за случувањата во битките кои се  одвивале во Сирија.

Експедиција која ја оди хазрети Шурахбил бин Хасан р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека петата експедиција била под водство на хазрети Шурахбил бин Хасан р.а. против побуната која ја покренале лицемерите.

Хазрети Шурахбил бин Хасан р.а. бил еден од најистакнатите муслимани, кој претходно емигрирал во Абисинија.

Хазрети Икрим р.а. добил инструкции да не напаѓа додека хазрети Шурахбил бин Хасан р.а. не дојде со својата војска.

Хазрети Абу Бакр р.а. на хазрети Шурахбил бин Хасан р.а. да остане надвор од Јамама до следни инструкции. После тоа, кога хазрети Халид р.а. бил пратен во поход, на хазрети Шурахбил бин Хасан р.а. му биле дадени инструкции да не се бори додека не пристигне војската на хазрети Халид р.а..

После тоа, добил инструкции дека после битката на Јамама замине во Куза’ах и таму да се бори против бунтовничките сили.

После сето тоа, и после битката на Јамама кренал кон народот Бану Куза’а.

Експедицијата која ја водел хазрети Амр бин Ас р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека шестата експедиција била под управа на хазрети Амр бин Ас р.а., кој го пратил хазрети Абу Бакр р.а. да се бори против бунтовничките снаги на племињата Куза’ах, вадијах и Харитх.

Хазрети Амр бин Ас р.а. го прифатил исламот неколку месеци пред освојувањето на Мека.

Тој бил именуван за гувернер на Оман за време на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Подоцна, хазрети Омер р.а. го именувал за гувернер на Египет.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека од 11-те баталјони, за еден од нив како водач бил назначен хазрети Амр бин Аббас р.а.. После тоа, според упатствата, кога отишол во Бану Куза’ах, таму успеал повторно да го воспостави исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. речe дека и понатаму ќе зборува за останатите експедиции кои учествувале во битките во идните хутби.