In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Битката кај Хира

По проучениот Шехадет, Та’уза и сура Ал-Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за експедициите кои се случувале во текот на ерата на Халифатот на Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека се случила битката кај Хира.

Хазрети Халид р.а. тргнал од Амгхешија кон Хира, која се наоѓа покрај реката Еуфрат, чиј гувернер бил Персиец.

Персискиот гувернер бил запознаен со плановите хазрети Халид р.а. да ја нападне Хира, и интезивно работел на подготовките за одбрана на земјата.

Во склоп на тоа, гувернерот на својот син му наредил да ја блокира водата од реката како на хазрети Халид р.а. не му дозволи лесен пристап до местото, за кој очекувал дека до Хира ќе дојде со бродови.

Кога бродовите на хазрети Халид р.а. не можеле да напредуваат тој собрал еден баталјон со коњаници и тргнал кон синот на гувернерот, а остатокот од војската го испратил кон гувернерот и по извесно време војската на Персискиот гувернер била поразена.

После победата над Персијците била нормализирана состојбата со водата во реката Еуфрат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, после битката, кога тоа го виделе жителите на Хира се повлекле кон четири тврдини и се подготвувале за следната битка.

Хазрети Халид р.а. одредил луѓе од својата војска да ги опколат сите тврдини поединечно, со упати најпрво жителите да ги повикаат да го прифатат исламот, и, ако го сторат тоа да ги остават на мир. Меѓутоа, ако одбијат, да им остават само едн ден после што муслиманите би ги нападнале тврдините.

Луѓето од Хира фрлале камења на муслиманите во своја одбрана а муслиманите ги стрелале со стрели.

После жестока борба, гледајќи дека на крајот ќе бидат поразени, жителите рекле дека ќе прифатат еден од условите и ги отвориле вратите на своите тврдини. По тоа, тие побарале средба со хазрети Халид р.а. кој во разговорите ги критикувал поради нивното однесување. После раговорите главатарите прифатиле да платат џизија и е склучена спогодба помеѓу нив и муслиманите.

Меѓутоа, после смртта на хазрети Абу Бакр р.а. жителите на Хира повторно станале отпадници од исламот.

По извесно време хазрети Мусанна р.а. повторно ја освоил Хира во текот на ерата на хазрети Омер р.а., а повторно и преку хазрети  Са’ад р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Халид р.а. постигнал победа во Хира луѓето му праќале подароци за да му честитаат на победата, но хазрети Халид р.а. сите тие подароци ги пратил на хазрети Абу Бкр р.а. заедно со радосната вест за неговата победа.

Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека сите тие подароци ќе ги прифати како џизија бидејќи така било праведно.

Хазрети Халид р.а. таму останал извесно време за да биде сигурен дека ќе се воспостави мир. Слушајќи за неговата победа, околните главатари од Ирак сами се јавувале да сколпат спогодба за мир со хазрети Халид р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих а.т.б.а. рече дека хазрети Халид р.а. имал намера да го напушти Иран откако ќе биде сигурен дека повеќе нема закани од Ирак откако дошле под исламска власт.

Во тоа време, Персиската влада била во раздор после смртта на Кисра бидејќи била во постапка на избор на следен цар. Хазрети Халид р.а., познавајќи ја нивната ситуација и знаејќи за нивните недоразбирања, им испратил писмо во кое навел дека, доколку го прифатат исламот, ќе постигнат мир помеѓу нив. Тоа подразбирало, или да го прифатат исламот или да прифатат плаќање на џизија за да обезбедат постигнување на мир и сигурност. Меѓутоа, ако ги одбијат овие предлози, тој би довел со себе толку жестока војска која ја сакала смртта како што тие го сакале својот живот.

Битката кај Анбар

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. кажа за случувањата во битката кај Анбар или Дхат ал-Ујун.

Персиската војска се улогорила во близината на Хира, кај Анбар и Аин ал-Тамар, кој се наоѓал во близината на Куфа. Било јасно дека, ако муслиманите не преземат ништо, тогаш многу лесно би можело да се случи да ги загубат освоените територии во регионот на Хира.

Поради таквата ситуација хазрети Халид р.а. и дал инструкции на својата војска да извршат подготовки и да бидат спремни за одбрана и воспоставување на мир во регионот.

Кога ситуацијата во Хира била доволно мирна хазрети Халид р.а. именувал свој заменик, хазрети Ха’ка, и со дел од војската тргнал да му помогне на хазрети Ајаз бин Ганам р.а., кој хазрети Абу Бакр р.а. го пратил од југ да го освои Ирак, а кој претходно добил упатства да се сретне и да се договори со хазрети Халид р.а. за понатамошните дејсктва.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека луѓето од Анбар се повлекле во своите тврдини и ископале ровови околу тврдините. Кога хазрети Халид р.а. стигнал на местото најпрво ја анализирал постоечката ситуација и потоа смислил план за делување.

Хазрети Халид р.а. одредил илјада стрелци, кои многу прецизно ги погодувале противниците, посебно ги погодувале помеѓу очите.

Поради тоа, оваа битка станала позната како Битка кај Дхат ал-Ујуна (Битка во очите).

Тогаш, хазрети Халид р.а. формирал мост со камили со кои ги исполнил рововите. Кога тоа го видел водачот на Анбар понудил спогодба за мир со хазрети Халид р.а. и побарал сигурно повлекување и премин до своето наредно одредиште.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. коментираше дека тоа било доволно да ги запре критичарите на хазрети Халид р.а. кои кажуваат дека тој се борел неправедно и сурово, додека во овој случај се гледа дека, иако непријателот не ја прифатил понудата за мир кога конечно биле поразени, хазрети Халид р.а. сепак дозволил непријателот да си замине во мир.

Битката кај Аин ал-Тамар

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. зборуваше и за битката кај Аин ал-Тамар.

Откако ја решил ситуацијата во Анбар, хазрети Халид р.а. тргнал кон Аин ал-Тамар, каде биле стационирани големи сили на Персиската војска кој била под команда на Махраан бин Бахзаам. Таму биле распоредени и неколку Арапски племиња, на кои еден од нивните водачи бил Акка. Тој на Махраан му рекол дека Арапите не знаат да се борат против хазрети Халид р.а. и затоа работите треба нему да му се препуштат.

Махраан бил запознаен за големите победи на хазрети Халид р.а. и тоа кажување на Акка го видел како добар изговор, и поради тоа на Акка  му рекол дека треба да ја преземе контролата во борбата против хазрети Халид р.а..

После тоа, Акка тргнал во борба но хазрети Халид р.а. го поразил, а, откако дознал за поразот Махраан побегнал од боиштето а останатите борци се упатиле кон тврдината. Меѓутоа, хазрети Халид р.а. ги заробил останатите борци и го преземал оружјето од непријателот кое било оставено.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Халид р.а. го известил хазрети Абу Бакр р.а. за победата која ја оствариле муслиманите со објаснување зошто ја напуштил Хира после година дена после борбите против непријателите во Анбар и Аин ал-Тамар.

Битката кај Дауматул Џандал

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се случила битка и кај Дауматул Џандал кој се наоѓал во близина на сирискиот град, наречен Медина.

Хазрети Абу Бкр р.а. го пратил хазрети Ајаз во Дауматул Џандал, но тој таму се сретнал со големи проблеми. Кога хазрети Велид бин Укбах р.а. отишол кај хазрети Абу Бакр р.а. со вести за победата кај Анбар и Аин ал-Тамара, хазрети Абу Бакр р.а. го упатил да отиде и да му помогне на хазрети Ајаз во Дауматул Џандал.

После пристигнувањето хазрети Велид бин Укбах р.а. проценил во каква тешка ситуација се наоѓа хазрети Ајаз и го советувал да побара помош од хазрети Халид р.а..

Хазрети Халид р.а., после победата кај Аин ал-Тамар, својата војска ја повел кон Дауматул Џандал. Кога луѓето дознале за доаѓањето на хазрети Халид р.а. нивни водачи се скарале.

Еден од нив, по име Укајдар, побарал од останатите да се согласат со непријателот за мир, додека останатите инсистирале да се борат против непријателот. После тоа Укајдар заминал но муслиманите, во меѓувреме, го заробиле. Тој бил одведен кај хазрети Халид р.а., бил затворен и подоцна убиен.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. даде објаснување зошто Укајдар бил убиен во текот на битката кај Табук, и за тоа дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го пратил хазрети Халид р.а. кон Дауматул Џандал.

Во тоа време Укајдар се залагал за мир и договорил спогодба за тоа, но во меѓувреме, тој ја прекршил спогодбата. Поради ова кршење на спогодбата хазрети Халид р.а. имал прилика да го казни поради неговото предавничко однесување.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, кога хазрети Халид р.а. пристигнал со својата војска во Дауматул Џандал следувала жестока битка, после која муслиманите однеле голема победа.

Голем дел од поразените борци се повлекле во својата тврдина, но, хазрети Халид нашол начин да се инфилтрира меѓу непријателот и најголем дел од нив бил заробен.

Оваа победа во големо ги зацврстила тактичките позиции на муслиманите бидејќи Дауматул Џандал се наоѓал на раскрсница меѓу три важни стратешки места; Ирак, Иран и Сирија.

Битките кај Усаид и Кханафис

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. нагласи и за случувањата во битките кај Усаид и Кханафис.

Хазрети Халид р.а. се наоѓал во Дауматул Џандал кога Арапите склопиле договор со другите племиња да се осветат за смртта на Акка. Тогаш, војските од Багдад кренале со намера да се состанат кај Усаид и Кханафис.

Кога хазрети Халид р.а. се вратил во Хира дознал за овие активности на непријателот и ги пратил хазрети Ка’ка и хазрети Абу Лејл да се борат против двете војски, а подоцна и самиот со свјата војска се упатил кон тие места.

Хазрети Халид р.а. на хазрети Ка’ка му наложил да се упати кон Усаид, а на хазрети Абу Лејл да оди кон Кханафис, и двајцата требало да ги насочат и двете војски на едно место, а ако тоа не успеат да го направат, тогаш да ги нападнат војските посебно.

Муслиманите, се покажале како победници во битката кај Усаид а оние кои преживеале во битката се упатиле кон Кханафис.

На крајот, муслиманите победиле и во битката кај Кханафис.

Битката кај Мусајјак

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа и за битката кај Мусајјак, место кое се наоѓа во близина на Дамаск.

Хазрети Халид р.а. и неговите генерали нападнале од три различни страни и на крајот победиле во битката.

Во текот на оваа битка двајца муслимани случајно биле убиени од страна на својата (муслиманската) војска, и кога хазрети Абу Бакр р.а. дознал за тоа понудил крвави пари за нив на нивните семејства.

Иако хазрети Омер р.а. сакал хазрети Халид р.а. да се казни поради тоа, хазрети Абу Бакр р.а. објаснил дека такви ситуации се сосема можни во борбите кога помеѓу непријателот имало и муслимани.

Хазрети Абу Бакр р.а. се заколнал дека ќе се погрижи за образование на нивните деца.

Битките кај Саниј и Зумаил

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека се случиле инциденти кај Саниј и Зумаил. Рабиј, кој сакал да ја освети смртта на Акка, подигнал логор кај Саниј. Хазрети Халид р.а. дознал за тоа и одлучил повторно да нападне од три страни, што се покажало како добра стратегија која повторно им помогнала на муслиманите да бидат победници во таа битка.

После тоа, муслиманите заминале во Рузаб кој, исто така, бил освоен без било какви проблеми.

Битката кај Фираз

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. раскажа за битката кај Фираз, кој се одвивала помеѓу муслиманите и Римјаните.

Битката се случила во текот на месец Рамазан, и поради тоа хазрети Халид р.а. не можел да пости.

Хазрети Халид р.а. со својата војска се движел покрај реката Еуфрат кон југ, и додека минувал низ разни подрачја, жителите на тие места се согласувале на мировни договори со муслианите. Потоа стигнал до Фираз.

Иако во почетокот тоа не бил некој посебен план, Аллах џ.ш. бил тој кој отворил многу патишта за ширење на победата на исламот.

И во таа ситуација, муслиманите однеле победа во битката кај Фираз.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. прочита изјави на неколку историчари за големите победи кои ги постигнал хазрети Халид р.а., кои се случиле благодарение на упатите и лидерството на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека со тоа завршува со извештаите за битките кои се случувале за времето на хазрети Абу Бакр р.а., и дека во идните хутби ќе продолжи да зборува за животот на хазрети Абу Бакр р.а..

Почеток на Џалса Салана во Велика Британија

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. дека следниот понеделник го оделжува почетокот на Џалса Салана во Велика Британија и ги замоли сите да се молат оваа Џалса Салана да биде благословена во секој поглед. Оние кои ќе присуствуваат на собирот да имаат безбедно патување а оние кои ќе ги извршуваат своите должности да имаат можност тоа да го сторат на најдобар начин.

Оваа година, Џалса Салана, после три години, се одржува во целосен облик и поради тоа можат да се случат и некои потешкотии.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ги отстрани сите недоразбирања и потешкотии.