In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Одлука за војската на хазрети Усама р.а.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за животот и тешкотиите на хазрети Абу Бакр р.а. по изборот за Халифа.

Голема тага по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека прва тешкотија била тагата која настанала по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Бакр р.а. му бил најблизок другар и го познавал уште од детството. Тој му бил исклучително одаден и верен и многу го сакал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., така што неговата смрт многу тешко му паднала. Сепак, наспроти тагата, тој бил силен што, дури и кога многумина други не ја прифатиле смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тој ги тешел и помагал да ја прифатаат реалноста.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. навел ајет од Чесниот Кур’ан.

„А Мухаммед е само Пратеник. Навистина, сите пратеници починале пред него. Ако тогаш почине или биде убиен, дали ќе се свртиш на своите пети? А оној кој се сврти на петите, ништо нема да му наштети на Аллах. А Аллах сигурно ќе ги награди     благодарните.“

(Чесниот Кур’ан, 3:145)

На овој начин, хазрети Абу Бакр р.а., не само што им помогнал на муслиманите да најдат утеха, туку, исто така, го потврдил Аллаховото единство.

Решавање на прашањето на Халифатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека уште една потешкотија била обединувањето на муслиманите во врска со Халифатот. На почетокот изгледало дека Ансариите немале желба да прифатат халифа од редовите на Мухаџирите, ниту Мухаџирите биле подготвени да прифатаат од редовите на Ансариите. Меѓутоа, муслиманите се обединиле по прашањето на Халифатот благодарејќи на моќта на убедување на хазрети Абу Бакр р.а..

Донесување одлука за војската која била под команда на хазрети Усама р.а.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека третата тешкотија се однесувала на заминувањето на војската на хазрети Усама р.а..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. ја пратил оваа војска во Сирија да се подготви за борба против Римјаните, поради стравот дека би можеле да ги нападнат Арапите.

Значи, хазрети Усама р.а. бил пратен заедно со војската два дена пред смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. му дал инструкции дека, ако победат, таму треба да останат само кусо време, и  пред мисионерот треба да испрати прво извидувач.

Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. на хазрети Усама р.а. му го дал знамето. Војската се собрала надвор од Медина, а сите асхаби, вклучувајќи ги и раните асхаби, биле повикани да и се придружат. Некои се пожалиле дека за водач на постарите била избрана млада личност.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. дознал за ова, им се обратил на муслиманите и рекол дека луѓето го доведувале во прашање поставувањето на таткото на Усама р.а. за водач, но и двајцата биле способни да бидат водачи и биле најомилени луѓе на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

И покрај слабото здравје Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. инсистирал војската да продолжи. Додека војската се подготвувала хазрети Усама р.а. го посетувал Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., но поради слабоста не можел да зборува, и само ги ставал рацете на главата на хазрети Усама р.а. и со тоа покажувал дека се моли за него.

Кога Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. починал оваа војска се вратила во близина на Медина каде што се подготвувала за поход.

Потоа, кога хазрети Абу Бакр р.а. бил избран за Халифа, рекол дека нејзината мисија треба да продолжи како што било претходно планирано.

Меѓутоа, по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. луѓето се одметнувале, а  Евреите и христијаните сметале дека муслиманите се слаби и дека стануваат сè по малобројни.

На хазрети Абу Бакр р.а. луѓето му кажувале дека сето тоа се случува поради фактот што останатите сметаат дека сè што останало од муслиманите е само војската на хазрети Усама р.а., која броела 3000 души. И велеле дека е подобро оваа војска да се испраќа напред.

Меѓутоа, хазрети Абу Бакр р.а. останал решителен во својата одлука. Рекол дека неговото прво дело во својство на Халифа не може да биде сопирањето на војска која ја подготвил и самиот ја пратил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека и во случај на голема опаснот тој ќе остане при својата одлука.

Значи, тој ја потврдил одлуката на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. и рекол дека и останатите кои добиле инструкции од Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. треба да бидат дел од војската, и дека треба да  се вратат во нејзините редови..

Кога војската повторно се собрала надвор од Медина, хазрети Абу Бакр р.а. отишол и ја прегледал војската. Побарал од хазрети Усама р.а. со себе да го земе и хазрети Омер р.а. за да му помогне во разни работи.

Десет совети за војната

Хазрети Абу Бакр р.а. тогаш војската ја советувал за десет работи;

  1. Да не изневеруваат
  2. Да не крадат од пленот
  3. Да не ја кршат заклетвата
  4. Да не ги оскрнавуваат телата
  5. Да не убиват деца, стари или жени
  6. Да не ги сечат или палат урмите и други овошја
  7. Да не ги жртвуваат животните освен за храна
  8. Ако сретнат монаси или свештеници да ги остават намира
  9. Ако некој друг им понудил храна, треба да ја земат во Божјо име и да ја јадат

Потоа, им рекол дека ќе сретнат луѓе кои ги обричиле главите од средина и од бочните страни на главата – тоа не се свештеници туку христијански водачи. Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека треба да внимаваат и да се борат против нив.

Тогаш, хазрети Абу Бакр р.а. го советувал хазрети Усама р.а. да го направи точно тоа на што го упатил Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека војската тргнала напред во борба и на крајот и победила. Хазрети Абу Бакр р.а. бил исклучително задоволен со нивното враќање во Медина, кое наводно се случило по 40-70 дена.

Забележано е дека знамето кое Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. го дал останал дома кај хазрети Усама р.а. сè до неговата смрт.

Кога се виделе исклучителните последици од победата на оваа војска, дури и оние кои на почетокот се противеле на идејата таа да се испрати, ја сфатиле голема мудрост и далековидност на одлуката која ја донел еден Халифа.

Одлука во врска на оние кои одбивале да платат зекат

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека четвртиот проблем со кој се соочил хазрети Абу Бакр р.а. бил предизвикот на оние кои се противеле на зекат.

Забележано е дека луѓето од разни племиња се одметнувале од исламот по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога Курејшиите, муслиманите тоа го виделе почнале да се сомневаат во својата вера. Хазрети Сухаил бин Амр р.а. ги советувал дека, бидејќи тие последни го прифатиле исламот, не треба да бидат првите кои ќе станат одметници, уверувајќи ги дека на крајот исламот ќе биде победник. Тоа повторно ја потврдило верата на Курејшиите и тие останале решителни.

Луѓето се одметнувале од различни причини и на различни начини. Некои потполно ја напуштале верата, некои ги прифаќале лажните пророци, некои отфрлале работи како што се молитвите и зекатот, додека други го отфрлале и намазот или зекатот наведувајќи дека овие работи се ограничени на времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Хазрети Халифатул Месих рекол дека во врска со оние кои се противеле на зекатот, хазрети Абу Бакр р.а. разговарал со постарите асхаби за тоа дали треба да се преземат мерки против нив. Некои од нив го советувале да ги смета за отпадници, некои го советувале да преземе строги мерки против нив, додека други сметале дека треба да се обидат да ги вразумат луѓето за повторно да почнат да даваат зекат.

Хазрети Омер р.а. рекол дека Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с. добил инструкции да се бори сè додека луѓето не прогласат дека нема друг Бог освен Аллах, по што нивните животи и нивниот имот ќе бидат сигурни.

Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека ќе се бори против оние кои не  дале зекат, бидејќи тоа спаѓало во обврската кон верата.

По ова објаснување, хазрети Омер р.а. прифатил и се согласил со хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека и во иднина ќе продолжи да зборува на оваа тема.

Лекција за муслиманските нации во светлината на моменталната ситуација во светот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. уште еднаш го сврти вниманието на молитвите за моменталната состојба во светот.

Неговата Светост, Хузур а.т.б.а. се молеше владите да се вразумат и да го избегнат крвопролевањето.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека муслиманите треба да учат од моменталната состојба во светот и да согледаат дека светот се обединил, но муслиманите сè уште не се во состојба да се обединат и наспроти тоа што изјавуваат истата вера.

Земјите, како што се Ирак, Сирија и Јемен се соочуваат со уништување од страна на други, но муслиманите не се во состојба да се обединат.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше муслиманскиот свет да се обедини, а тоа може да се случи само ако го прифатаат Имамот на ова време.

Хузур а.т.б.а. се молеше муслиманите да се реформираат и да се молат, а останатиот свет да се спаси од војувањето.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа во отсуство на следната почината личност.

Сједах Касирах Зафар Хашми

Сједах Касирах Зафар Хашми, жената на Зафар Икбал Хашми од Лахор.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

По мажењето живеела во разни места. Во Заедницата служела во Лахор. Поседувала многу добри квалитети и била на чело на финнсиското жртвување.

Зад неа останале маж, пет сина и ќерка. Еден од нејзините синови моментално е затвореник на Аллаховиот пат во Пакистан.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека состојбата е таква што затворен Ахмад не смее да клања џеназа, додека на обвинетите за грди злочини, во таква ситуација, добиваат дозвола да излезаат од затвор.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еден од нејзините внуци, Асим Икбал Хасми, служи како мисионер во Велика Британија. Тој се молеше нејзините потомци да продолжат со нејзините добри дела и Аллах џ.ш. да и подари прочка и милост.