In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Хазрети Абу Бакр р.а. II – Борба против побуната

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека ќе продолжи да зборува за темата како хазрети Абу Бакр р.а. се однесувал кон луѓето кои одбивале да плаќаат зекат.

Реакцијата на хазрети Абу Бакр р.а. кон оние кои одбивале да даваат зекат

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека се собрале разни племиња кои се противеле на зекатот, и потоа пратиле претставници во Медина. Тие биле одведени кај хазрети Абу Бакр р.а. и го условиле дека ќе продолжат со клањањето на намаз, но одбиваат да даваат зекат.

Хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека нема да толерира такво однесување, па дури и да одбијат да го дадат јажето кое било зекат во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Кога овие претставници ја слушнале одлуката на хазрети Абу Бакр р.а. ја напуштиле Медина, со сознание дека хазрети Абу Бакр р.а. нема да го промени својот став за зекатот.

Потоа, почнале да планираат напад на Медина, бидејќи сметале дека со тоа можат да го урнат исламот.

Во таква ситуација, тие се вратиле  во своите племиња и кажале како во Медина има малку луѓе и дека треба да ги нападнат.

Меѓутоа, кога овие претставниците ја напуштиле Медина, хазрети Абу Бакр р.а. наредил во секој дел на Медина да се постават стражари, и ги советувал муслиманите да бидат подготвени за одбрана.

Неуспешен обид за напад на Медина

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. бил во право, бидејќи, само три вечери откако делегацијата заминала, ја нападнале Медина.

Хазрети Абу Бакр р.а. се подготвил со муслиманската војска и пред зора муслиманите и противниците се нашле лице во лице. Додека сонцето да излезе, противниците на зекатот биле поразени и избегале.

Ова била првата битка за времето на хазрети Абу Бакр р.а..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оваа битка, според своето значење, се споредува со првата битка во исламот, битката на Бедр.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека послабите племиња, кои се противеле на зекатот, кога го виделе поразот на овие појаките почнале да се враќаат во Медина и да го плаќаат зекатот.

Во тоа време војската на хазрети Усама р.а., како победник, се вратила во Медина.

Хазрети Абу Бакр р.а. го исполнува исламското учење во врска со противниците на зекатот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека поразените племиња ја сфатиле силата на исламот. Овие племиња, исто така, ги прифатиле лажните пратеници, поради што била неопходна борба против нивната побуна.

Хазрети Омер р.а. дури предложил да се покаже попустливост, но, хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека мора да се следат наредбите на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., дури и ако тие луѓе не даваат јаже кое го давале за зекат во времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., тој сепак би се борел против нив сè додека не почнат да дават зекат.

Дури, и ако никој не застане до него, тој самиот ќе се бори против нив.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека една од должностите на Халифата е исполнување на шеријатот (исламски закон).

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека хазрети Абу Бакр р.а. покажал витинска вера. Ако и ние ја усвоиме истата вера, тогаш ќе станеме успешни во сите аспекти на животот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека оние кои се противеле на зекатот сметале дека оваа наредба е ограничена само на времето на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и дека зекатот само нему треба да се даде. Меѓутоа, како што намазот и постот биле постојани наредби кои требало да се спроведуваат и по смртта на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с,. така била и наредбата за зекатот, и тие наредби требало да ги почитуваат следбениците на Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с..

Противниците на зекатот се враќаат во исламот

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека истрајноста на хазрети Абу Бакр р.а. се покажала плодоносна. Асхабите го советувале да не ја испраќа војската на хазрети Усама р.а., меѓутоа хазрети Абу Бакр р.а. сепак ја пратил војската, според наредбите на Чесниот Пратеник с.а.в.с..

После 40 дена војската се вратила како победник.

Асхабите се советувале да не се борат против лажни пратеници и против противниците на зекатот. Меѓутоа, хазрети Абу Бакр р.а. рекол дека мора да се придржуваат до учењето на исламот, ѝ, како резултат на тоа, муслиманите победиле и тие кои се побуниле се вратиле во исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе продолжи да зборува на оваа тема и во идните худби.

Молитви светот да го препознае својот Создател.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ги насочил членовите на Џемаатот да не ги намалуваат своите молитви во врска со моменталната ситуација во светот.

Посебно, треба да се молиме светот да го препознае својот Создател, бидејќи, тоа е вистински начин светот да се спаси од уништување.

Нека Аллах џ.ш. ни се смилува и нека ги прими нашите молитви.

Џеназа

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека ќе клања џеназа намаз во отсуство на почитуваниот Маулана Мубарак Ахмад Назир.

Маулана Мубарак Ахмад Назир

Маулана Мубарак Ахмад Назир бил бивш директор на Џамија Ахмадија во Канада и бивш мисионер во Канада.

’Навистина, на Аллах му припаѓаме и Нему ќе Му се вратиме.‘

Бил исклучително несебичен, побожен и имал голема доверба во Бог.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека секогаш го доживувал како прав постар побожен човек.

Маулана Мубарак Ахмад Назир бил син на истакнатиот мисионер на Заедницата Маулана Назир Ахмад Али сахиб.

Еднаш, додека со брод три месеци патувал со својот татко во Сиера Леоне, силно се разболел до таа мера што изгледало дека нема да преживее.

Кога влегувале на бродот, на неговиот татко му било кажано дека здравјето на неговиот син е многу лошо и дека во случај на смрт не постои просторија во која би го сместиле телото. Капетанот на бродот им дозволил да влезат, под услов да во случај на смрт телото на детето да биде фрлено во морето.

Мајката на Мубарак Назир сахиб била многу загрижена и не сакала да се качи на брод, меѓутоа, Маулана Назир Али сахиб рекол дека него Халифата го пратил и тој не може да го одложи патувањето. Тој ја уверил својата жена дека е мисионер и дека Аллах џ.ш. ќе ги заштити. Така, се качиле на бродот и Мубарак Назир сахиб го преживеал патувањето.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Мубарак Назир сахиб подоцна се посветил на служењето на Заедницата. И служел во Сиера Леоне, на истото место каде бил погребан неговиот татко.

Подоцна, имал полно работно време, а потоа како мисионер бил испратен во Канада. Четвртиот Халифа р.х. одобрил да служи во Ахмадија Џамија во Канада и го поставил Мубарак Назир сахиб за директор.

Меѓутоа, џамијата не можела да се отвори за времето на Четвртиот Халифа р.х., туку била отворена во времето на Петтиот Халифа кој ги исполнил упатствата на Четвртиот Халифа р.х. и го поставил за прв директор на институцијата. Бил толку добар говорник што ги заробувал срцата на слушателите.

На англиски јазик превел неколку книги од Ветениот Месија а.с., како и книгата ’Криза во Заливот‘ од Четвртиот Халифа р.х..

Зад него останала сопруга, три сина и две ќерки.

Бил примерен човек кој животот го дал во служба на верата. Посебно бил пример на мисионерите и бил пример за давање на предноста на верата над световното.

Имал особен талент за урду и англиски јазик. Не само што бил примерен мисионер, туку бил пример и за сопруг и татко. Секогаш бил во служба на Заедницата. Кога и да можел апелирал за парични прилози, и прво го давал својот придонес, а потоа ги повикувал и другите на таков начин што останатите итале да дадат придонес.

Еднаш, во Сиера Леоне, додека се градела џамија, работниците дошле кај него за исплата, но во тој момент тој немал пари за да им исплати. Им кажал да почекаат и да се молат. Тогаш дошла една личност која рекла дека слушнала за изградба на џамија и дала донација за тоа. Пред да успее да праша кој е тој, личноста заминала, а Мубарак Назир сахиб бил уверен дека ова била Аллаховата помош.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молеше Аллах џ.ш. да ја воздигне неговата положба, неговото потомство да ги следи неговите стапки и да ги добијат благословите од неговите молитви.

Нека Аллах џ.ш. и понатаму ја благословува Заедницата со такви луѓе.

Учениците на Џамија во Кадијана напишале многу работи за тоа како Мубарак Назир сахиб ги подучувал и водел.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека сето тоа не треба само да го прераскажуваат туку и да се трудат практично да ги применат неговите лекции.