In the name of Allah, the Gracious, the Merciful
There is none worthy of worship except Allah, Muhammad is the Messenger of Allah
Muslims who believe in the Messiah,
Hazrat Mirza Ghulam Ahmad Qadiani (as)

Целта на доаѓањето на Имам Махди а.с.

По проучениот шехадет, та’уза и сура Ал Фатиха, хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека пред два дена бил 23 март, кој во Ахмади заедницата е познат како ’Ден на Ветениот Месија а.с.‘.

Ова е ден кога за прв пат го земал баи’атот (заклетва на верноста).

Хазрети Халифа-тул Месих V (нека Аллах биде негов помагач) рече дека Заедницата одржува Џалси (собири) за обележување на овој ден, спомнувајќи ја целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. кое го предвидел Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., и за многу знаци на неговото доаѓање.

Целта на доаѓањето на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека мисијата на доаѓањето на Ветениот Месија а.с. е поради тоа што Аллах џ.ш. му наредил да го брани исламот во времето кога бил нападнат од сите страни. Всушност, во Индија имало околу 60 милиони муслимани и имало 60 милиони книги напишани против верата на исламот. Ако Аллах џ.ш. не обезбедил средства за неговата заштита тогаш исламот ќе бил избришан од лицето на земјата. Меѓутоа, Аллах не допуштил тоа да се случи, и според своето ветување воспоставил средства за заштита на исламот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, од литературата на Вториот Халифа, хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. ќе наведе неколку работи во врска со Ветениот Месија а.с..

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека слушањето на овие говори може да биде од корист само ако за нив размислуваме и ги користиме како средство за засилување на нашата вера.

Одговори на обвиненијата

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека едно од обвиненијата кои обично се изнесуваат против пратениците е дека некој друг им зборува, или ги подучува, на зборовите кои ги употребуваат. Ова тврдење, исто така било употребено и против Чесниот Пратеник Мухаммед с.а.в.с., а всушност зборовите не биле на никој друг.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека истите обвиненија биле покренати и против Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека, наводно, Маулви Ќарагх Али пишувал за разни теми во врска со Ветениот Месија а.с., и тоа на Ветениот Месија а.с. му послужило да го напише делото Брахеен-и-Ахмадија.

Хазрети Мирза Башир-уд-Дин Махмуд Ахмад р.а. кажува дека, нема логика мислењата на Маулви Ќарагх Али своите најдобри мисли да ги земал и да ги прател на некој друг, наместо самиот да ги објави. Понатаму, ако ги споредиме книгите на Ветениот Месија а.с. со книгите на Маулви Ќарагха Али ќе стане потполно јасно дека апсолутно нема никаква сличност помеѓу нив двајца. Маулви Ќарагха Али во своите книги само потсобрал библијски референци, додека Ветениот Месија а.с. во своите книги покажал такво познавање на  исламот кое никогашне било изведено на светлина во последните 1300 години.

Опозиција дава помош

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитирал хаз рети Мирза Башируддин Махмуд Ахмад р.а. кој навел дека Ветениот Месија а.с. дека му пречело кога луѓето го проколнувале, но и му пречело ако тоа не го правеле, бидејќи без противењето  Заедницата немало да напредува. Во разни прилики вов ремето на Ветениот Месија а.с. опозиција предизвикувала неред и луѓето мислеле дека ќе случи крајот на Заедницата.

Меѓутоа, секој пат, соочена со такви противења Ахмадија заедница излегувал засилена. Хазрети Халифатул месих рекол дека од секогаш било така и така и ќе остане. Дури и денес лицемерите и противниците даваат се од себе, но Ахмадија заедница ќе истрае само ќе се засилува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во моменти кога противниците зборуваат против Заедницата, луѓето сепак ја гледат реалноста и дали во нејзините тврдења постои вистина. Еднаш во времето на Ветениот Месија а.с. еден човек од Рампур дошол кај Ветениот Месија а.с. и кажал дека сака да земе баи’ат. Ветениот Месија а.с. бил изненаден и запрашал како дознал за него, бидејќи нема многу членови на Заедницата во Рампур ниту Заедницата на големо ја ширела својата порака таму.

Човекот кажал дека добил книга од Маулви Санауллах во која пишувал против Ахмади заедница и собрал разни референци во врска со Ветениот Месија а.с. Овој човек сакал да ги провери податоците во врска со Ветениот Месија а.с. и бил изненаден од начинот на кој ја фалел и ја искажувал љубовта спрема Чесниот Пратеник с.а.в.с. и начин на кој го бранел исламот. Ова го сменило неговото срце и тој решил на Ветениот Месија а.с. да му даде баи’ат.

Пример на понизноста на Ветениот Месија а.с.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека едно од обвиненија  против пратениците било дека тие понекогаш се строги. Хазрети Мирза Башируддин Махмуд Ахмад р.а. објаснил дека пратеникот никогаш не е сгтрог поради себе, туку сторгоста е поради заштита на својата вера. Ианку, кога тие с ево прашање, пратениците усвојуваат крајна понизност. На пример, еднаш додека Ветениот Месија а.с. шетал низ Лахор, поминал човек и го турнал. Ветениот Месија а.с. сепак не и дозволил на пратња да му вовозвратат.

Наместо тоа, Ветениот Месија а.с. рекол дека човекот тоа го направил мислејќи дека со такво нешто ја вистината, бидејќи зналците го промениле мислењето дека Ветениот Месија а.с. бил лажен. Значи, пратениците само ја бранат верата и ја усвојуваат понизноста кога се самите во прашање.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах одлучува кого ќе почитува, а во денешно време вистинска чест се поврзува со Ветениот Месија а.с. Хазрети Халифатул Месих рекол дека и денес ваквите зналци стануваат истакнати и познати само кога ќе го кренат гласот против Ахмадијатот.

Обиди за омаловажување на Ветениот Месија а.с. имаат ?

Хазрети Халифатул Месих рекол дека еднаш Маулви Мухаммад Хусаин Баталви изнел лажни обвиненија против Ветениот Месија а.с. поради што било закажано судење. Кога Ветениот Месија а.с. стасал, капетан Даглас, заменикот на комесарот, му понудил на Ветениот Месија а.с. столче да седне. Маулви Мухаммад Хусаин Баталви сето ова го смислил за да го понизи Ветениот Месија а.с. и се налутил кога видел дека Ветениот Месија а.с. го почитуваат и дека добил столица. Поради тоа и и Баталви побарал столица, на што капетан Даглас строго му кажал дека нема да му даде столче. Значи, и покрај тоа што Баталви сакал да го понизи Ветениот Месија а.с., Аллах всушност него го понизил.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека во една прилика Ветениот Месија а.с. имал дебата со некои христијани. Кога христијаните сфатиле дека ниту еден од нивните аргументи не успеал, смислиле интрига и довеле слепи, глуви и болни луѓе и кога Ветениот Месија а.с. дошол од него побарале да ги излечи бидејќи ако веќе тврди дека тој е второто доаѓање на Иса а.с. тогаш како  што Иса а.с. ги лечел луѓето и тој тоа би требало да го направи.присутните муслимани станале загрижени, меѓутоа Ветениот Месија а.с. одговорил дека според исламот, Иса а.с. таквите луѓе не ги лечел физички. Рекол дека може да покаже чуда слични на оние кои ги покажувал Чесниот Пратеник с.а.в.с.

Ако христијаните веруваат дека Иса а.с. физички ги лечел луѓето, Библијата тврди дека ако некој поседува вера дури и како зрно, тогаш тој не можел на тој начин да ги лечи луѓето.

Ветениот Месија а.с. рекол дека христијаните многу му ја олесниле работата, и рекол дека според нивното сопствено верување, дури и да имале зрно вера,  лечењето на овие луѓе би бил доказ. Овој одговор на Ветениот Месија а.с. ги занемел христијаните.

Поддршка на Ветениот Месија а.с. од Аллах

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека еднаш една личност кажала на Ветениот Месија а.с. дека муслиманите ги слушаат само своите зналци, и ако сака да ја рашири оваа порака тогаш треба да ги повика тие зналци и да им објасни дека Иса а.с. е мртов, и потоа би требало да им даде докази во врска со второто доаѓање на Иса а.с. и со самото доаѓање на Ветениот Месија а.с. Ветениот Месија а.с. рекол дека неговата мисија не ја направил човек и дека самиот Аллах ќе се погрижи за ширењето и успехот.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека  постојал знак во вид на помрачувањетона Сонцето и на Месечинат акои се исполниле како знаци на вистинитоста на Ветениот Месија а.с. Имало многу знаци кои се исполниле, меѓутоа муслиманите кажале дека тие претскажувањата за доаѓањето на Месијата се случајни и дека Ветениот Месија а.с. тоа го искористил да тврди дека се работи за него.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. рече дека Аллах секогаш го поддржувал Ветениот Месија а.с. Постоеле многу завери против Ветениот Месија а.с. и разни обвиненија биле кренати против него. Меѓутоа, Аллах секогаш ги разоткривал лагите вов рска со овие тврдења. Еднаш додека луѓето планирале како да го поразат Ветениот Месија а.с. и смислувале интриги, еден човек Маулви Умаруддин сугерирал дека не постои причина да се смислуваат такви завери туку тој едноставно ќе оди и ќе го убие Ветениот Месија а.с.

Тогаш му кажале дека имало обид за такво нешто но не успеале. Маулви Умаруддин помислил ако имало толку многу обиди а Ветениот Месија а.с. се уште е жив, тогаш мора да е вистинит. Отишол во Кадијана и дал баи’ат. Имало многу противници кои сакале да го елиминираат Ветениот Месија а.с. но по своето ветување Аллах секогаш го заштитувал Ветениот Месија.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. го цитирал Ветениот Месија а.с. и рекол дека семето кое го посеал Аллах го штитат мелеци. Ако ова движење го направил човек, тој ќе бил избрисан, но кога Аллах го воспоставил, тогаш ќе остане силен и ќе напредува.

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. се молел Аллах да ни овозможи да ги исполниме нашиот баи’ат и со ширењето на пораката да ги примиме Аллаховите благослови. Никогаш да не се најдеме меѓу нелојалните.

Покренување  на курдска веб страна

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. најавил покренување на веб страна на Ахмадија заедница на курдски јазик, што е уште едно средство за ширењето на пораката на Ветениот Месија а.с. Веб страницата содржи многу статии, коментари, видеа и записи. Исто така ја  содржи и литературата на Заедницата, вклучувајќи ја и литературата на Ветениот Месија а.с. и на Халифата хазрети Халифатул Месих и рекол дека оваа веб страница ќе биде извор на благослови.

Апел за молитви

Хазрети Халифа-тул Месих V а.т.б.а. уште еднаш упатил апелза дови вов рска со ситуација во светот. Нека Аллах го спаси светот од уништувањето, нека на луѓето им подари чист разум за да го препознаат својот Создател.